Секој што веќе одгледува се запрашува зашто не започнал да го прави тоа порано? Не само што е важно да ги одберете соодветните врсти, треба да знаете и кога да ги тргнете машките билки надвор од одгледувалиштето
Машки цвет од канабис/коноп |
Растењето марихуана дома не само што е интересно хоби, туку оние кои стекнале соодветно искуство, можат да се гордеат со својата жетва, како и да заштедат многу пари со производство на сопствен лековит цвет. Билката комуницира со одгледувачот и поради тоа ќе ви го даде лекот што ви е најпотребен токму Вам.
Одгледувачот мора да се осигура дека сите машки растенија се отстранети од собата за растење од женските билки, пред поленот да започне да се ослободува од прашниците. Ако ова не се направи на време, тоа може да претставува целосна катастрофа за успехот на жетвата и производството на високо-квалитетни цвеќиња без семе е практично невозможно, поради тоа што женските цветови се претвораат во хермафродити.
Одгледувачите почетници не треба да се обидуваат да ги користат машките билки за размножувачки цели. Вкрстувањето разновидни канабис врсти за создавање на нови меѓувидови е доста напредна постапка со која може да се пофалат поискусните. Најдобар совет за почетниците е да се отстранат машките растенија веднаш по нивната идентификација и да се уништат со тоа што се сечат и фрлаат во пластични ќеси, кои го спречуваат истекувањето на поленот, а може исто така и веднаш да се употребат за чаеви бидејќи листовите се богати со CBD.
Женски цвет од канабис |
Мажјаците обично го откриваат својот пол порано од женките. Одгледувачот мора да внимава на местото каде што поединечните странични гранки ги исполнуваат главните вертикални стебленца на растението. Машките предцветови се појавуваат како staminate primordia, кои се чини дека се мали кластери на топченца кои висат. Женските предцветови се појавуваат во истата област на растението како кај машките, меѓутоа се појавуваат како каликси (pistil primordia) кои се појавуваат како мали тенки бели влакна кои растат нагоре. Машките предцветови може брзо да созреат и да создадат полен во изненадувачки краток временски период! ВНИМАВАЈТЕ!
Денешната канабис индустрија, го негува канабисот во исклучително контролирани средини. Освен за тесно контролирани и следени проекти на одгледување, женските и машките канабис растенија се сегрегирани и се одделуваат едни од други. Кога ќе се избере соодветна машка билка (обично со добра структура и големо производство на смола), потоа нејзиниот полен се собира, па размножувањето на примарната женка се прави по строг протокол.
Кога станува збор за одгледување во домашни услови, практиката на отфрлање на машките растенија е исклучително важна за севкупниот успех на жетвата. Денешните домашни производители обично го набавуваат своето семе од семенска компанија или банка и имаат избор помеѓу феминизираното семе (семе што ќе произведува само женски растенија) и нормално семе (семе што ќе произведува женски и машки растенија). Женските растенија го прекинуваат производството на смола во вид на снегулести, лепливи трихоми на нивните цветови, откако ќе станат опрашени од машкиот полен - а трихомите содржат највисоки нивоа на канабиноиди.
Бессемениот канабис се појавил на црниот пазар, познат како „sinsemilla“, што во превод значи „без семе“ (зборот е изведен од латински sine „без“ [see sans] + semen „семе“ [see semen]). Ваквиот канабис без семе брзо го привлече вниманието на потрошувачите, бидејќи е со многу повисок квалитет во поглед на неговата содржина со високи нивоа на смола. Денес во канабис индустријата, сите комерцијални цвеќиња се sinsemilla и тоа подразбира дека цвеќињата не содржат семе.
Читај повеќе за одгледувањето канабис:
Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Cannabistraininguniversity
No comments:
Post a Comment