Кога одгледувачот сака да ја опраши билката за да го обезбеди семето, најдобро е да започне со светлосен режим од 12 часа светлина и 12 часа темнина во времетраење од седум дена, по што машката билка треба да се премести во собата за цветање
Поленов прав од машки билки од канабис |
Пред да зборуваме за собирање на поленот, да го разгледаме начинот на зашеметување (staggering) и што тој прави за опрашувањето на канабисот. Staggering е тактика која му овозможува на одгледувачот на канабис да добие максимум семе во секоја канабис билка. Ако сакате да дознаете повеќе за полинацијата и бербата семе од канабис, може да ги усовршите своите практични и теоретски знаења со добивање на мастер сертификат за канабис, онлајн на Универзитетот за канабис тренинг (Cannabis Training University).
Временска рамка
Треба да се има на ум дека секоја врста ќе биде различна во текот на овој временски период. Ако сакате да го одгледувате вашиот канабис или да направите семе од канабис, потребно е исто така да знаете како ќе го собирате поленот и ефективно ќе го опрашите растението.
Отворете ги ќесињата со полен
Откако машките растенија од канабис почнуваат да цветаат, можете да го соберете поленот. Ако женската билка ги феминизира своите семиња, можете да го направите истото. Веднаш штом ќе ги видите топчињата со полен кои пукаат на билката како да се отвораат, треба да бидете подготвени да го соберете поленовиот прав. Еден начин на кој може да се каже дали вашиот полен е подготвен за да биде собран е внимателно да ги отстраните вреќичките со полен и да им овозможите да се исушат за една недела. Откако ќе се исушат, тогаш ќе ги ставите сите во зиперка. За да знаете сигурно дека се подготвени, едноставно ја тресете затворената зиперка со полен и жолтеникавиот прав треба лесно да се истури.
Чување на вашиот полен
Сега, кога успешно сте го собрале поленот, веќе е време да го зачувате. Непријателот за чување на поленот е влагата. Таквиот полен во голема мера може да го оштети семето од канабис. Додавањето брашно за готвење за премачкување на собраниот полен или зрна ориз успешно ја задржуваат влагата. Ако додадете повеќе брашно и го ставите поленот во замрзнувач, всушност може да го зачувате вашиот полен за една година или дури и подолго. Користете кутии за замрзнување, наместо пластични ќеси за замрзнувач.
Опрашување на женските билки
Почекајте додека вашите женски растенија не се до три недели во фазата на цветање, пред да го разгледувате опрашувањето. Сега, кога вашата мајка е во својата трета недела на цветање, користете четка и аплицирајте го феминизираниот полен каде туфките се развиваат. До третата недела, туфките треба да покажат многу тенки бели влакна. Ќе го нанесете поленот на овие тенки бели влакна. Ќе забележите дека цветовите што го допираат поленот се единствените кои ќе создадат семе од марихуана. Можете да одлучите да опрашите неколку туфки или сите. Бидете сигурни дека сите женски влакна се допираат со поленот.
Бербата на семињата
Треба да почекате околу шест недели пред бербата на семето, бидејќи тоа е времето кое ќе биде потребно за семето од канабис да се развие. Бидете сигурни дека канабис растенијата ќе останат живи пред да падне семето. Можете веднаш да ги користите вашите семиња за садење или да ги чувате на суво и темно место, додека не ви се потребни, дури и со години. Сепак, секогаш означете го семето, ставајќи го датумот на складирање на етикетата, но и врстата или вкрстените врсти од кои е добиено.
Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Cannabistraininguniversity
No comments:
Post a Comment