Сите имаме ендоканабиноиден систем и сите треба редовно да консумираме канабис за да живееме најоптимално здравје, но понекогаш (кога некои одредени услови тоа го бараат) е потребно да се „детоксифицираме“ и да ги отстраниме траговите од канабис од нашиот систем
Најлесен начин е да подметнете урина од мало дете :) |
Зборот „исчистиме“ и „детоксицираме“ ги ставив во наводници, затоа што сакам да нагласам дека канабисот воопшто не е токсичен, напротив со помош на канабис ние се детоксицираме од штетните лекови и третмани, како хемотерапија, зрачења итн. Сепак, за жал сè уште некогаш немаме друг избор и мораме да ги отстраниме остатоците од канабис (или да направиме одредена пауза од консумирање) бидејќи многу од работните места налагаат да направиме тест за присуство на дроги (иако тоа е нарушување на приватноста, не ја одредува работноспособноста на лицето и исто така канабисот веќе треба да биде тргнат од категоријата на штетни наркотични супстанци и треба да престане да се мери со смртоносниот хероин).
Животот понекогаш не е најлесен, пријатели... Иако ТНС останува во нашиот систем само една недела, точно 7 дена, да се помине тестот за дрога е предизвик за редовните пушачи на канабис и пациенти кои се лекуваат со масло. За среќа постојат неколку начини да ги отстраниме ТНС метаболитите.
Што се ТНС метаболити и што детектираат тестовите за дрога?
Метаболит од канабисот... |
Тестовите за присуство на дрога вклучуваат тестирање на урината за присуство на метаболити. Но, што се метаболити? Мило ми е што се запраша :) Метаболит е страничен ефект на супстанца којашто е веќе процесирана од телото. Во овој случај, дечките во бели мантили ќе пробаат да детектираат ТНС метаболити или по хемиска формула ТНС-СООН. За да знаеш дали си подготвен/а за тестирање треба да знаеш да го камуфлираш количеството на ТНС метаболити во твојот систем. Звучи комплицирано, но возможно е и ќе го објасниме овој процес подетално.
Колку долго марихуаната останува во твојот ситем?
Полуживотот на ТНС метаболитот е 7 дена. Ова значи дека количеството на метаболити во телото ќе се намали за 50%. Значи, можеме да претпоставиме дека телото целосно ќе се ослободи од ТНС метаболити за 3-4 недели. Но, тука важно е да се напомене дека овие бројки зависат од тоа колку многу и често пушиш (и колку е јака марихуаната што ја пушиш или екстрактот што го користиш), но и од тоа колкава е твојата телесна маса. Бидејќи ТНС е растворлив во масти, лесно се складира во масното ткиво.
Поздрав од Струмица... |
Како да го положите тестот за дрога?
Основен метод за поминување на тестот е разредување на урината доволно до ниво под 50мг/мл. Но, постои еден проблем во врска со ова. Дечките со бели мантили можат лесно да забележат разредена урина. Значи не само што треба да ја разредиш урината, туку ќе треба и да го сокриеш фактот дека урината ти е разредена. Скоро невозможно, но постојат начини да се маскира разредената урина.
Како да прикриеш разредена урина?
Постојат неколку начини да се разреди урината. Да почнеме со вода. Водата е Боженствен прочистувач на системот, но не треба да локаш вода недели или денови пред тестирањето бидејќи водата ја разредува урината само во моментот на внес, а исто така можеш да си ги преоптовариш бубрезите. Овде работата може да ви ја заврши препаратот Clear Choice Rescue Cleanse. Подобро да испиеш 3-4 Л во текот на денот пред тестот и уште 1.5 - 2 Л неколку часа пред тестирањето. Најважно овде е да си ги знаеш границите и навистина не би требало да пиеш повеќе од 2 Л бидејќи прекумерниот внес на вода може да резултира со смрт (ете уште еден факт колку канабисот е побезбеден дури и од водата). После многу вода, урината останува безбојна и количеството на креатин се намалува. Супер, нели? Не, баш. Со безбојна урина сиромашна со креатин, испитувачите ќе забележат дека доста си се потрудил да си ја подготвиш урината за тест. А, ти не го сакаш тоа!
Како да го поминеш тестот и покрај се?
Вештачка урина :) |
1. Не вежбај!
Не вежбај барем 24 часа пред тестирањето. За некои од нас ова не е воопшто тешко да се оствари бидејќи вежбање со зборот „прескокне“ одат рака под рака. Но, сите вие теретана фанатици стрпете се барем 24 часа бидејќи вежбањето ќе ти ги открие ТНС метаболитите.
2. Алтернирај го текот.
Батка или дадичке, кога мочкаш во чашичката треба да ја наполниш само со средниот дел од текот на урината, бидејќи првиот и последниот дел од течението се предавници - содржат најголем број на ТНС метаболити.
Детокс пијалоците за разредување на урината содржат витамин Б и креатин кои ќе ја прикријаат разреденоста. На пример, како Clear Choice Rescue Cleanse за кој споменавме погоре.
4. Синтетичка урина
Ако времето ти избега, не се секирај бидејќи постои синтетичка урина, а исто така може да подметнете урина од мало дете. Clear Choice Sub Solution е популарен производ кој се препорачува на Интернет. Clear Choice е една од најстарите и најдоверливи компании за синтетичка урина. Ако си редовен пушаш или имаш високи нивоа на масти, разредувањето нема да е ефективно, но ако знаеш што правиш, се ќе биде во ред.
Најдобронамерно ве советуваме да одбирате работни места каде што ќе можете да бидете навистина она што сте - без никакви ограничувања, како што никој нема да ви го оспорува овој природен лек од Бога даден! Среќно! Ние веруваме дека овој текст уште малку и нема да ни биде потребен, затоа што знаеме дека во Република Македонија канабисот наскоро ќе биде целосно ослободен :)
Најдобронамерно ве советуваме да одбирате работни места каде што ќе можете да бидете навистина она што сте - без никакви ограничувања, како што никој нема да ви го оспорува овој природен лек од Бога даден! Среќно! Ние веруваме дека овој текст уште малку и нема да ни биде потребен, затоа што знаеме дека во Република Македонија канабисот наскоро ќе биде целосно ослободен :)
Автор: Никола Станчески
Извор: HERB
very cool stuff , good job Monique
ReplyDeleteTHANK YOU!!!
DeleteMnogu korisni informacii vo tektsot.
DeleteБлагодариме за поддршката! Те замолуваме да ја оцениш оваа страница - https://www.facebook.com/pg/420macedonia/reviews/
DeleteСекое добро!
Поздрав од нашиот тим <3