Showing posts with label домашно. Show all posts
Showing posts with label домашно. Show all posts

Wednesday, December 19, 2018

Дали канабисот може да го спречи семејното насилство?

Дали канабисот може да го спречи семејното насилство? Науката вели дека постои истражување кое може да укаже на дефинитивен одговор. Насилството се намалило кога барем еден партнер консумирал канабис


Истражувачите и другите професионалци го поврзаа алкохолот и другите злоупотреби на супстанции со зголемување на семејното насилство многупати во минатото. Но, дали канабисот може да го спречи домашното насилство? Истражувачите од Универзитетот Јеил, Универзитетот во Бафало и Рутгерс можеби се поблиску до обезбедување на одговор со студија која беше објавена во 2014 година за Psychology of Addictive Behaviour. Истражувањата покажаа дека колку почесто паровите пушат заедно, толку е помала веројатноста тие да се вклучат во форми на семејно насилство.


Студијата се одвиваше помеѓу 1996 и 1999 година, следејќи 634 парови првите девет години од бракот. Главната цел? Испитувањето требаше да провери дали марихуаната влијаела на насилството врз интимниот партнер или не. Центрите за контрола на болести и превенција го дефинираат ова како „физичко насилство, сексуално насилство, следење и психолошка агресија (вклучувајќи и присилни дејствија) од страна на сегашниот или поранешниот интимен партнер“. Студијата, сепак, го категоризира ова како чин на физичка агресија.


Во текот на девет години, секој пар пополнувал и прашалници по пошта. Истражувањата побараа од нив да го пријават секое насилство извршено од нив или нивниот партнер за мерење на ефектите од употребата на канабис врз семејното насилство. По првата година, 37,1% од мажите извршиле насилен чин. Имаше просечна фреквенција од четири пати годишно. Мажите повеќе се обврзаа да ја признаат нивната употреба на марихуана, а 28% велат дека пушеле трева во текот на годината. Само 22,7% од жените признале дека користат канабис.


Паровите не само што беа прашани за нивната употреба на канабис, туку и дали тие користат други лекови или консумираат алкохол? Истражувачите забележаа дека повеќето студии за употреба на супстанци и насилство се фокусираат на алкохолот и дека се сметаат за ризик и последица на насилството. По деветте поминати години, бројни резултати излегоа од студијата. Заклучокот е дека марихуаната го намалува семејното насилство. Резултатите наведоа дека „почеста употреба на марихуана вообичаено предвидува поретки испади на насилство кај мажите и жените во првите 9 години од бракот“.


Тие не само што заклучиле дека насилството се намалило кога еден партнер пушел канабис. Студијата, исто така, покажа дека ризикот од интимно насилство на партнер бил најнизок кога двата партнера пушеле марихуана. Истражувачите понатаму опишуваа дека хроничните корисници покажуваат „збунета емоционална реакција на дразбите за закана“. Во суштина, пушењето го намалило инстинктот за борба кај поединецот. Марихуаната е различна од другите супстанци, како што е алкохолот, бидејќи го намалува конфликтот и агресијата, велат научниците.


Дали канабисот може да го превенира семејното насилство? Очигледно, марихуаната нема моќ целосно да сузбие нечиј гнев, сепак смирувачкиот ефект помага личноста да размисли два пати пред да стори нешто. Семејното насилство најчесто е резултат кога еден партнер чувствува потреба за контрола и доминантност врз својот партнер. Искуството покажува дека оние кои се сведоци на овој вид насилство може да имаат поголема веројатност да учат и да го користат во иднина. Сега одморете се и олеснете го расположението со партнерот и уживајте во релаксирачкиот ефект на индика канабисот. Постојат начини како тревата може да помогне во подобрувањето на вашата врска. Но, осигурајте се дека постои разбирање и дека редовно комуницирате со вашиот партнер за да разберете што им е пријатно или не. Важно е да бидете искрени и да одржувате меѓусебно почитување.

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova

Wednesday, September 5, 2018

Внатрешно наспроти надворешно одгле-дувана марихуана: визуелен водич

Дали можете да разликувате канабис што е одгледуван во затворени простории од оној што се одгледува на отворено? Овој прирачник е создаден да помогне за полесно разликување на бесконечните варијанти на канабисот. Кои се разликите, а кои сличностите? Ова не важи за сите видови, бидејќи секој вид има различни карактеристики и расте различно со засебната индивидуална грижа на одгледувачите


Лево: Outdoor; Десно: Indoor. ПОГОДИВТЕ?! :)
На крајот од денот канабисот е незаменливо растение и не сите различни фактори ќе дојдат до израз во секоја конкретна ситуација затоа што секоја сорта е уникатна. Важно е да се забележи дека туфките можат да бидат одгледани правилно и неправилно, независно од тоа дали се гледани внатре или надвор на собна температура, неправилно одгледување во затворени простори може да изгледа како надворешното и обратно. Сепак, постојат некои одредени стандардни критериуми кои се важни за ваква форма на елаборирање. Сега, ајде да ви дадеме неколку корисни насоки за лесно да можете да препознаете како и каде канабисот е одгледуван, преку некои стратешки визуелни индикации:



Големината на туфките 

Големината на цветовите е меѓу првите визуелни знаци и клучни показатели било да се внатрешно одгледани или надворешно. Но, генерално правило е дека сѐ е поголемо кога е надворешно одгледано. Поголеми и порунтави се цветовите кога се на отворено, но разликата може да се забележи единствено ако се погледне дршката на цветот. Надворешните туфки ќе имаат подебели стебленца од оние култивирани во плакарот. Внатрешните туфки типично ќе се помали од надворешните и позбиени, погусти.



Трихомна густина

Трихомната густина е клучна визуелна показателна точка, кога се обидуваме да најдеме диференцијација помеѓу собно и надворешно одгледана трева. Собните туфки се помали, бидејќи се растени и зосревале поблиску до светлината во перфектно контролираната животна средина и тие типично се рангирани високо на трихомната густинска скала. Со набљудување и евалуирање на беспрекорно одгледана собна туфка, јасно видливи се и со голо око малечките кристали кои блескаат и ги има навистина многу. Надворешните туфки се генерално поголеми и нивните трихоми најчесто не се во состојба да ја покријат целата површина на надворешно одгледаниот цвет. Додатно, надворешните растенија се изложени на влијанија што можат да ги нарушат трхомите и нивното развивање. Трихомната густина е типично поразредена на надворешно култивирана туфка, во споредба со оние растени во гроу-бокс.



Лево: Indoor; Десно: Outdoor. ПОГОДИВТЕ?! :P
Боја

Една од најинтересните визуелни карактеристики што можат да се употребат за разликување на канабисово растение растено на сонце, наспроти она собното на струја - е бојата! Надворешно одгледаното има тенденција да има генерално потемна боја. Ако одгледувачот расте врсти на канабис кои произведуваат зелени цветови, надворешните туфки ќе се појават како потемно зелени можно е дури и боја која води накај кафеава. Ако одгледувачот расте канабис кој произведува виолетови или розови цветови, надворешните туфки ќе изгледаат длабоко виолетови/розеви, односно темно виолетови/розеви. Друга визуелна карактеристика е долниот дел на цветовите. Туфките култивирани надвор речиси секогаш имаат светло кафени нијанси околу дршката на самата основа од цветот (не станува збор за мувла). Цветовите одгледани во затворени простори од друга страна имаат светло зелена или виолетова нијанса на истите места.




Канабиноиди

Има раширени митови за тоа дека канабиноидите од надворешно потекло се помалку потентни од внатрешно култивираните. Ова не е точно. Посветените одгледувачи од „Sunna Ra Acres“ го пробија овој мит еднаш засекогаш. Последните неколку години имаат направено споредбени тестови на два клона земени од иста мајка-растение, едно растено собно, другото надворешно. Го спроведоа експериментот со варијатети на видови и подвидови коноп истовремено и се покажало дека растенијата култивирани надвор во природни услови под сонцето, резултираат со целокупен поразноврсен и поголем канабиноиден профил. Ова значи дека имаат повисоки нивоа како на ТХЦ, така и на ЦБД, но и на останатите активни состојки. Овој експеримент покажа дека сонцето го ослободува вистинскиот потенцијал на растението и неговата медицинска вредност, а сличен е случајот и со зеленчукот кој се одгледува под сијалица, во споредба со оној одгледан во природата под сонцето... Затоа екстрактите подготвени од неколку врсти одгледани под сонцето се секогаш подобар избор за пациентите.



Лево: Надвор; Десно: Внатре
Терпени

Во овој случај, терпените се многу слични на канабиноидите, затоа што нивните профили се интензивираат од сонцето. Низ долгогодишното експериментирање во Sunna Ra Acres, одгледувачите откриле дека ако две идентични растенија се одгледуваат „рамо до рамо“ - едното одгледувано надвор, другото одгледувано внатре - билката што се одгледува надвор ќе има повисок процент на терпени. Во некои случаи пак, растенијата од надвор дури откриваат и терпени за кои никој не знаеше дека биле таму. Кога овие две растенија се пушат, разликата е многу повеќе од очигледна: сончевите цветови се многу повкусни и поароматични. Исто така, треба да се истакне дека терпените се испарливи, што значи дека ќе исчезнат без соодветно сушење и „кјуринг“ процес. Многу од одгледувачите во затворен простор посветуваат поголема грижа во завршните фази на сушење и лекување, бидејќи нивните билки даваат многу помалку принос и нивниот производ се движи од една просторија затворен во друга, обезбедувајќи поголема контрола низ целиот производствен циклус. Почетниците во одгледувањето на отворени простории наспроти искусните, можат да го прескокнат чекорот на правилно сушење, пред сè поради незнаење или поради големиот принос и со тоа можат да го изгубат својот висок терпенски профил.



Кастрење на цветовите

Додека оваа категорија е многу субјективна и не се применува секогаш, историски погледнато одгледувачите на отворено трошат помалку време за намалување и оформување на нивниот финален производ, наспроти одгледувачите во затворен простор. Туфките под сијалица се поубаво обликувани од оние сончевите. Ова обично е поврзано со количината на приносот, одгледувачите на отворено во просек добиваат по 5, 10 или 20 килограми по растение, додека внатрешните одгледувачи имаат принос од 0,5 - 1 или 2 килограми по растение. Кастрењето на цветовите одгледани надвор, не само што ќе трае неколку недели, туку ќе бидат потребни и повеќе лица со полно работно време. Така, крајниот резултат е обично полабаво засекување, особено зашто растенијата на отворено генерално се полистести и поразгранети. Ако имате среќа да имате пристап до истата врста која се одгледува и во затворени простории и надвор, доколку сте вистински страствен љубител на канабисот неверојатно е чувството да имате шанса не само визуелно да ги споредите, туку да можете да ги споредите и канабиноидните профили, аромата, вкусот, чадот, моменталното чувство што го даваат, како и медицинскиот ефект и долгорочен бенефит!



Ништо не може да го замени сонцето!
Одгледување канабис во стаклена градина

Главната разлика во Outdoor и Indoor одгледувањето е тоа што под сијалица може да имате и 4 реколти во годината, додека под сонцето максимум 2. Оранжериите, стаклениците и пластениците може да се категоризираат како одгледување во затворен простор со користење на силата на сонцето. Тоа е совршен спој на затвореното и отвореното, бидејќи до одредена мера имате контрола врз животната средина како во целосно затворениот простор (одредување на температура, симулација на ветер итн...), со неверојатната моќ на сонцето, наместо вештачко светло од електирчни сијалици. Резултатот најчесто се цветови кои имаат визуелна и ароматична привлечност на Indoor цветовите, но со покачени терпенски и канабиноидни профили што се карактеристика на Outdoor цветовите.



Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:









Monday, April 23, 2018

Рок на траење и чување на домашно изработеното масло од канабис

Сами направете си го лекот!
П. Колку долго може маслото да трае? Засекогаш? Што е најдоброто за скалидање, фрижидер, замрзнувач, шпајз? Благодарам.

О. Во шприц и ако е чувано во темно ладно место маслото ќе трае со години, особено ако успеете да го заштитите маслото од посетители и семејството, имено жените, бидејќи тие се чини дека сакаат да го внесуваат маслото дури и повеќе од мажите.


Од соборците
Во моментот кога жените во твоето семејство ќе дознаат за подмладувачките ефекти на маслото и што тоа прави со брчките, ти нема да треба да се грижиш за тоа колку долго маслото ќе трае, тоа секогаш ќе биде изедено или употребено надворешно многу брзо. Ако сакате да ја зачувате вашата залиха од маслото, не им кажувајте на жените дека козметиката со 20-30% од маслото ќе направи чуда за нивниот тен и ќе направи да изгледаат толку млади колку што е физички возможно, во спротивно тие едноставно ќе ви го одземат без оглед на тоа што ќе се обидеш да кажеш или направиш и ти нема да треба да се грижиш за тоа колку долго ќе трае маслото.


Ова не е (наменето како) сексистички коментар, јас само информирам за тоа што сум го видел дека се случило многу пати, тоа е само набљудување и обидот да се привлече вниманието на она што маслото може да направи за вашиот тен, без оглед на полот. ЈБ



Извор: Извадок од клигата: „Протоколот на Рик Симпсон Лекот за рак“ стр. 88 - 91 - (Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 4 дел)

Wednesday, July 5, 2017

Кое фармацевстко масло од канабис е полошо, а кое е подобро?!?

Вистината е дека и маслото на Реплек и маслото на Freyherr се со недоволна количина на двата главни канабиноиди THC и CBD, како и на останатите канабиноиди, флавоноиди, терпини и други молекули коишто се од круцијално значење кога некој сака да излечи нешто сериозно!

Во суштина ќе треба да се изнафрлате пари за да ја добиете потребната доза, ако сакате да се излечите од некоја од терминалните болести или автоимуни компликации. Со овие масла не може да излечите РАК! Одговорот или решението на овој проблем е бојкотирање на овие масла со нивно некупување, за да ја предизвикаме побрзо целосната либерализација. 

Основното мото на граѓанското движење 420 Macedonia е целосно ослободување на растението коноп/канабис и негово вадење од законските стеги, дозволување на слободно производство, продажба, преработка и секаков вид на употреба и да може секој да си одгледува и произведува растенија и масло во својот дом за свои лични потреби. Во тој случај секој ќе може да си набави семе по лична потреба и да си направи лек по исто така своја потреба, затоа што нели веќе сите знаеме дека секоја индивидуа е различна и реагира поинаку на врстите канабис и дозите. 

Самите научници кажуваат дека екстрактите треба д абидат правени од мешани врсти и да се менуваат од време на време и секој треба да тргне во потрага по соодветната врста најдобра за неговата сдравствена состојба, која ќе му/ѝ прија. Што значи дека наметнувањето од страна на Здружението Зелена Алтернатива дека ова толку преслабо масло го претставуваат како универзално за сите и за сè е тотално апсурдно, бесмислено, лажно и се коси со сите досегашни нивни изјави и ставови кои ги пласираа во јавноста за фармафијата...

Можеби светот пополека се отвора кон насушново прашање за изборот на лекување, но ние имаме шанса тоа да го направиме, не само обезбедувајќи им профит на фирмите, туку и давајќи им можност на луѓето сами да се снаоѓаат, без да бидат материјално или легалистички гонети и онеправдани. 

Ако ракијата е легална да се пече по дворовите (најпотентниот опијат што го познава медицината), како тогаш може да дозволувате забранување на лично производство на лековита билка којашто никого до сега не погубила, а безброј луѓе воскреснала од смртна постела! 

Значи да сумираме: Freyherr божемниот екстракт исто како и божемните масла на Реплек Фарм се производи наменети за продажба, како и секој друг производ на пазарот, кој се бори со пазарната конкуренција со производите слични на него. Не можеме да кажеме кое масло од овие две е подобро а кое е полошо - двете не се добри! :) ...зашто да фрламе толку пари за да испробуваме, кога рецептот за подготовка на вистински висококонцентриран екстракт (смола) од канабис FECO (Full Extract Cannabis Oil) по наједноставниот метод на екстракција РСО со изопропил алкохол го имаме на интернет и најгоре на нашата Фејсбук страница. Уште е рано и уште многу други фирми ќе понудат свој производ на пазарот. Со конкуренција и квалитетот и составот на производите ќе се подобруваат, а до тогаш САМИ ПРАВЕТЕ СИ ГО МАСЛОТО!!! Лекот канабис расте од земја, а не во аптека! ;)