Колку долго трае концетратот од канабис, зависи од голем број фактори кои се движат од квалитетот и класификацијата на почетниот материјал што се користи за производство на финалниот производ, па сè до начинот на екстракција. Додека некои екстракти и тинктури можат да доживеат деградација на квалитетот за многу краток временски период, други може да останат свежи и употребливи за неодредено време
Влијанието на методот на екстракција врз рокот на екстрактот
Златниот стандард во секоја методологија за екстракција е дека квалитетот на крајниот производ секогаш ќе го отсликува квалитетот на почетниот материјал. Постои директна корелација помеѓу квалитетот на почетниот материјал и она што останува пост-екстракцијата. Инфериорните производи кои содржат компромитирани канабиноидни профили, во секој случај, ќе резултираат со инфериорни екстракти. Терпените речиси секогаш ќе доживеат деградација од некој вид и до некој степен при екстракцијата. Нивното губење не само што ќе влијае на вкусот и медицинската ефикасност на финалниот производ, туку може да игра улога и во рокот на траење на тој производ. Некои производи, како оние што се наменети за dabbing, користат методи за екстракција наменети за зачувување на терпените, како восоци и shatter. Сепак, екстракциите кои се наменети за јадење, како што се разни специјалитети „edibles“ (колачи), за мачкање и тинктури, не мора нужно да ги користат овие методи за зачувување на терпените.
Концентратите доаѓаат во различни форми, кои се движат од екстракти како што се: saps, shatters, crumbles, путери и дестилати, па сè до механички преработените екстракти како: киф, екстракт со ледена вода (IWE) и сл. Нивните атрибути, како што се конзистентност, вискозитет и јасност, се сите нуспроизводи на нивниот метод на екстракција. Основниот принцип на екстракција е да се отстранат многу нечистотии од почетниот материјал, кои вклучуваат растителни материи (хлорофил), масти и липиди и други непотребни компоненти. Многу масти и липиди во концентратите без растворувачи остануваат затоа што тие се потешки за механичко отстранување.
Екстракциите со растворувачи, од друга страна, произведуваат „олеоресини“ (oleoresins) кои содржат комбинација на канабиноиди, флавоноиди и терпени, како и други нечистотии како масти и липиди, во многу случаи. Преку секундарен процес на филтрација со растворувач наречен „зимизација“ (winterization), овие масти и липиди може да се отстранат од производот, оставајќи зад себе повеќе прочистена супстанција. Познато е дека процесот на зимизација предизвикува одредена терпинска деградација која може да го компромитира профилот на вкус и конзистентноста на финалниот производ. Изладувањето (замрзнувањето) на материјалот и растворувачот пред финалниот продукт на пример, остава многу помалку зелена боја (хлорофил). Меѓутоа, овој процес е неопходен за производство на супер-стабилни хаш-маслени продукти, како што се кристалните шетери, како и високо-терпенските шеќерести екстракти.
Терпени, канабиноиди и рок на траење на концентратите
Варијациите на концентратите варираат во конзистентност, од стабилни шетери до путери и шеќерести восоци. Секој вид екстракт содржи различна комбинација од молекули (на пример, канабиноиди, терпени, липиди, нечистотии), но повеќето содржат висока концентрација на канабиноидна тетрахидраканабинолна киселина (THC-A), односно неактивирано ТХЦ. Геометриската структура на чистата THCA е составена од решетки наредени едни на други, формирајќи кристална структура. Сепак, THCA во мешавина на концентрат различно ќе кристализира, зависно од променливите како што е односот на другите нечистотии присутни на агитација и температура.
На пример, шетерите познати по нивната супер стабилна стаклена конзистенција, обично се монокристални во финална форма, што значи дека тие покажуваат многу својства во согласност со аморфните цврсти материи (тие имаат помеки интервали на топење и се појавуваат помалку крути во молекуларната структура) кога се изложени до различни концентрации на терпени, нечистотии или дури и други канабиноиди како ЦБД. Со цел екстрактот shatter да оформи и одржи стаклена физичка структура, тој мора да помине низ понатамошна филтрација за да ги отстрани овие нечистотии. Ако тие се остават во производот, овие други компоненти можат да направат многу работи, од кои едната е да предизвикаат ефект на „buttering“ во концентратот кога се доведува до различни температури.
Кога терпените или дури и други канабиноиди како CBD се присутни во концентратот тие исто така можат да дејствуваат како емулгатори (средство за мешање или растворање) на кристалниот THCA. Концентратот кој е богато заситен и со THCA и терпени, може да преземе различни конзистенции во зависност од тоа како производот бил агитиран и на кои температури тој производ бил изложен. Овие различни фази кои се концентрираат на изложувањето (на пример поликристалински до аморфен) се во голема мера под влијание на многуте нечистотии кои го спречуваат THCA да кристализира. Нечистотиите може да вклучуваат нешто од покачени нивоа на терпени до масти, липиди, растворувачи, како и присуство на други канабиноиди. На пример, концентратите со високо ниво на канабидиол ќе делуваат помеки поради тоа што имаат различна структура на молекулата.
Со текот на времето, некои шетери понекогаш ќе „се исушат“ додека нивните терпени се деградираат, оставајќи ја супстанцијата со повисока концентрација на THCA зад себе. Тоа не е последен индикатор дека производот е расипак и дека не може да се користи за испарување (dabbing). Наместо тоа, тоа едноставно значи дека молекуларната структура на маслото е променета како резултат на терпените кои се деградираат од концентратот. Шеќерестите масла од канабис, кои некогаш биле како шетери по конзистенција, тоа е само нашето визуелно набљудување на она што се случува за време на деградацијата на терпените, кога ТХЦА веќе не мора да се „грижи“ за терпените што се појавуваат на патот на кристализацијата.
Најголемите непријатели на било кој концентрат, без разлика дали тоа е восок, шетер, масло или било кој продукт што во себе го содржи маслото од канабис, се исти: светлина, топлина, воздух и време... Сите овие елементи ја олеснуваат деградацијата на терпени и канабиноиди и ќе го забрзаат процесот со кој се менуваат некои од концентратите. Студени, темни и суви затворени средини се најдобри за одржување на долговечноста и кога се изложени на што е можно помалку загадувачи од животната средина. Некои од овие производи ќе траат многу долго без менување или губење на ништо.
Оптималните опции за чување вклучуваат фрижидери или замрзнувачи. Маслото од канабис најдобро е да се чува во ладилник, а супозиториите во замрзнувач. На тој начин ќе се елиминираат променливите кои имаат тенденција да ги расипуваат екстрактите. Со текот на времето, канабиноидите (и, во некои случаи, терпените) неизбежно ќе се променат на некој начин, без оглед на состојбата. THCA на крајот ќе се деградира до канабинол (CBN), процес кој создава килибарна структура или ефект на затемнување. Шетерите и другите маслени екстракти со повисоки терпенски профили, исто така, може исто така да станат со структура на шеќер.
Автор: MoniQue Konopova
Извор: Leafly
No comments:
Post a Comment