Wednesday, January 16, 2019

Презентација на студентскиот проект „Легализација на медицинскиот канабис и рекреативната употреба на марихуаната“

Утре (17 јануари) со почеток во 10:00 до 11:00 часот, во Амфитеатарот на ФИНКИ во Скопје ќе се одржи отворена едукативна презентација и јавна трибина за проектот по предметот „Медиуми и Комуникации“ на група студенти од 2 година на факултетот ФИНКИ на темата „Легализација на медицинскиот канабис и рекреативната употреба на марихуаната“ 


Во првата фаза од овој проект за да го испитаат моменталното јавно мислење за темата, студентите поделени во две групи подготвија прекрасна анкета. Едната група ќе ги презентира придобивките од медицинскиот канабис, додека другата група придобивките од легализацијата на рекреативната употреба на истата билка. 

На настанот ќе гостуваат претставници од здруженија на граѓани кои се борат за легализација на конопот во Македонија, пациенти кои се излечиле со помош на домашно подготвени екстракти од канабис од специфични диојагнози за кои модерната медицина сè уште нема решение, како и експерти во областа. 

Почитувани соборци, Ве замолуваме да ја пополните анкетата и да ја споделите за да им помогнеме на овие студенти да си добијат 10ки. Исто така, Ве покануваме на овој настан во што е можно поголем број за да им дадеме поддршка на овие студенти кои храбро одлучија да го демистифицираат канабисот, а исто така за да го забрзаме процесот на декриминализација на канабисот со масовното присуство и поради можноста за слободно вклучување во дискусијата.

Уредник и новинар, Претседател на Здружението на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“ - MoniQue Konopova

No comments:

Post a Comment