Sunday, January 27, 2019

Како кетогената исхрана ги ослабнува клетките на ракот?

Научните студии исто така потврдуваат дека Кетогената диета идеално функционира со анти-канцер третманите. Можете да прочитате повеќе за храната што го спречува растот на клетките на ракот, како и повеќе за тоа кои продукти да ги одбегнувате, но најважно е минимизирањето на јагленохидратите и нивна замена со здрави масти и протеини


Хранете се правилно за време на третманот!
Храна којашто помага во борбата со канцерот

Покрај употреба на квалитетно масло од канабис, треба да му помогнете на организмот и со правилна антиканцерогена исхрана. Истражувањето покажува дека шеќерот е главен извор на гориво што го храни ракот и придонесува за воспалително опкружување. Диетата со ниски јаглени хидрати создава метаболна состојба позната како кетоза. Ова е процес во кој телото согорува кетони за да направи енергија, наместо да се потпира на шеќер или јаглени хидрати. Вие можете ефикасно да произведувате кетони со ограничување на јагленохидратите и протеините во вашата исхрана. Кетогената диета за пациентите со рак треба да се примени за да ги ослабне клетките на ракот. При евалуација на било кој рак, без разлика на стадиумот, од витално значење е да се утврди причината. Имунолошкиот систем е катализатор помеѓу развојот на ракот и неговиот пресврт. Според зборовите на д-р. Бен Џонсон (Ben Johnson): „Кај секој пациент со рак, нивниот имунолошки систем го пропуштил ракот“. Нашиот организам има вродена способност да се брани од нападите, додека секојдневно ги потхранува клетките на ракот. 


Внимание: ШЕЌЕР!

Јаглехидратите се расчленуваат на гликоза која ги храни клетките на ракот. Со отстранување на јаглените хидрати од вашата исхрана, исто така можете да ги осиромашите клетките на ракот од нивното снабдување со енергија. Најниската стапка на преживување кај пациенти со рак е меѓу оние со највисоко ниво на шеќер во крвта. Кетогената исхрана е особено ефикасна кога се комбинира со периоди на наизменично постење. Постот го зголемува производството на кетони и може да ги ублажи клетките на ракот. Шеќерите и јаглените хидрати ретко треба да бидат вклучени во нашата исхрана. Основачот на Американскиот институт за борба против ракот (AACI), Боб Рајт (Bob Wright), додава: „Една лименка сокче има доволно шеќер за да изгаси 50% од нашиот имунолошки систем за најмалку 4 часа“. Кога ќе консумираме шеќер, ние истовремено ја исклучуваме нашата одбрана додека фрламе бензин на оганот (ракот). Кога ќе земеме предвид дека „50 до 70% од вкупниот број на клетки од имунолошкиот систем не можат да го видат ракот“, идејата за додавање шеќер во исхраната на пациентите со канцер се чини опасна!


Шемата на кето-диетата е доста едноставна
Строгата кетогена диета за пациентите со рак, која повикува на минимизирање на јагленохидратите и нивна замена со здрави масти и умерени количини на висококвалитетни протеини, може да понуди надеж за побрза победа на ракот - како за превенција, така и за третман. Вашите нормални клетки имаат метаболичка флексибилност за да се прилагодат од употребата на гликоза кон употреба на кетонски тела. Канцерските клетки ја немаат оваа способност, па кога ќе ги намалите јаглехидратите само на не-скробен зеленчук, вие ефикасно го изгладнувате ракот. Ракот може попрецизно да се класифицира како митохондријална метаболна болест. Диетите со високо ниво на протеини, исто така, можат да го хранат ракот. Умерена протеинска исхрана се препорачува заедно со кетогената диета. Може да го изгладнете ракот со практикување кетогенска исхрана која се состои од изобилство на здрави масти (околу 75 проценти), 20 проценти протеини и не повеќе од 5 проценти јаглени хидрати. Дополнувањето на исхраната со висококвалитетни (несинтетички, туку од органско потекло) мултивитамини, пробиотици и омега-3, се препорачува со кетогенската диета, но по претходна консултација со лекар или нутриционист.


Ескимите често служат како пример за да научиме како нивната слаба потрошувачка на јаглени хидрати ги одржува нивните тела здрави за време на суровите временски услови. Излезе дека нивната ниска хибернација го сменила метаболизмот за да согорува масти наместо шеќер или гликоза. Малку луѓе наследуваат гени кои доведуваат до рак (повеќето наследуваат гени кои го спречуваат ракот), а наследните мутации обично ја нарушуваат функцијата на митохондриите. Митохондриите се главниот генератор на енергија во вашите клетки и се верува дека се централна точка за потеклото на многу видови на рак. Вашите митохондрии можат да бидат оштетени не само со наследни мутации, туку и со широк спектар на фактори од животната средина и токсини. По строга кетогена исхрана за пациентите со рак во комбинација со постење, има извонредни здравствени придобивки и ги зајакнува мрежите на вашите митохондрии низ вашето тело. Додека вашите митохондрии остануваат здрави и функционални, малку е веројатно дека ќе се развие рак.


ДА!

  • Месо: Секаков вид, вклучувајќи: говедско, свинско, јагнешко, пилешко, риба и школки;
  • Јајца: Цели јајца, вклучувајќи жолчки;
  • Зеленчук: Одгледан над земја, вклучувајќи: зелка, карфиол, брокула, зеље, аспарагус, тиквички, модар патлиџан, маслинки, спанаќ, печурки, краставици, зелена салата, авокадо, кромид, пиперки, домати итн;
  • Млечни производи: Секогаш избирајте полномасни опции, како вистински путер, павлака, намаз, јогурт, кисело млеко и мрсни сирења и кашкавали;
  • Јатки: Бадеми, ореви, лешници, макадамија, семки од сончоглед, семки од коноп и семки од тиква.


Правилно одбирајте ја храната
РЕТКО!

  • Корени: Слатки компири, моркови, цвекло, репа, пастернак;
  • Овошје: Јадете еднаш дневно во мала количина. Однесувајте се кон овошјето како природна форма на бонбони;
  • Алкохол: Суво вино, виски, ракија, вотка и коктели без шеќер - еднаш или двапати неделно;
  • Темно чоколадо: Над 70% какао, по можност само малку, еднаш или двапати неделно.


НЕ!

  • Шеќер: Нешто што содржи додаден (рафиниран) шеќер, како што се безалкохолни пијалаци, бонбони, сокови, спортски пијалаци, чоколади, колачи, крофни, торти, сладолед и житарки за појадок. Избегнувајте ги и засладувачите!
  • Скроб и житарици: Леб, тестенини, компири, помфрит, чипс, смоки, житарици, каша, житни плочки, мусли и др;
  • Преработени масла: маргарин, масла за готвење;
  • Пиво: Затоашто е преполно со јаглехидрати!

Уредник и новинар: MoniQue Konopova

1 comment: