Овој преглед на невролошките придобивки на фитоканабиноидите покажа значителни придобивки за невропротекција и намалување на болестите кај широк спектар на невролошки болести и состојби кај луѓето
Позадина:
Бројни физички, психолошки и емоционални бенефиции ѝ се припишуваат на марихуаната од првата пријавена употреба во 2.600 п.н.е. во Кинеската фармакопеја. Фитоканабиноидите, канабидолот (ЦБД) и делта-9-тетрахидроканабинолот (Δ9-THC) се најизучувани екстракти од канабис сатива подвидовите коноп и марихуана. ЦБД и Δ9-ТХЦ содејствуваат уникатно со ендоканабиноидниот систем (ЕКС). Преку директни и индиректни активности, внатрешните ендоканабиноиди и фитоканабиноидите базирани на растителна основа модулираат и влијаат врз различни физиолошки системи под влијание на ЕКС.
Методи:
Во 1980 година, пријавени антиконвулзивни бенефиции од страна на Cunha et al. кај 7/8 субјекти со неконтролирана епилепсија со користење на екстракти од марихуана во фаза I на клинички испитувања. Оттогаш невролошките апликации се главниот фокус на обновените истражувања со користење на медицинска марихуана и фитоканабиноидни екстракти.
Резултати:
Неодамнешните невролошки намени вклучуваат дополнителен третман за малигни тумори на мозокот, Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест, мултиплекс склероза, невропатска болка и детски нарушувања со напади: Леннокс-Гастау (Lennox-Gastaut) и Дравет (Dravet) синдромите. Покрај тоа, со користење на фитоканабиноиди се испитуваат психијатриски и нарушувања на расположението, како што се шизофренија, анксиозност, депресија, зависност, пооперативен синдром и посттрауматско стресно нарушување.
Заклучоци:
„Во овој преглед ќе обезбедиме податоци од животински и човечки истражувања за тековните клинички невролошки намени на ЦБД поединечно и во комбинација со Δ9-THC. Ќе ги нагласиме невропротективните, антиинфламаторните и имуномодулаторните придобивки на фитоканабиноидите и нивните примени во различни клинички синдроми“ - велат истражувачите во оваа научна револуционерна студија за канабисот.
Иако сојузните и државните закони во САД се недоследни за законитоста на производство на канабис, неговите сè повеќе документирани здравствени придобивки го прават уште еднаш релевантен во медицината. Тековното истражување укажува на тоа дека фитоканабиноидите имаат моќен терапевтски потенцијал кај различни заболувања, првенствено преку нивната интеракција со ЕКС. CBD е од особен интерес поради своите широки способности и недостаток на несакани ефекти кај различни невролошки состојби и болести.
Легализација на марихуаната во многу сојузни држави на САД: Потреба од образование!
Поради брзата легализација на медицинската марихуана од страна на мнозинството државни законодавни тела во САД, лекарите се соочуваат со недостаток на формално образование и основни познавања за можните индикации, несакани ефекти, интеракции и дозирање при пропишување на медицинска марихуана. „Поради федералните ограничувања за човечки истражувања во САД, го немаме бројот и квалитет на човечки обиди кои обично се користат при препишување на лекови. Овој преглед на невролошките придобивки на фитоканабиноидите покажа значителни придобивки за невропротекција и намалување на болестите кај широк спектар на невролошки болести и состојби кај луѓето“ - се вели во истражувањето.
Уредник и Новинар: MoniQue Konopova
Извори: NCBI, Surgicalneurologyint
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - ВОВЕД (2 дел)
* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - ВОВЕД (2 дел)
No comments:
Post a Comment