Saturday, January 26, 2019

Општи совети за правилна исхрана кај пациентите со канцер

Добрата исхрана е особено важна за луѓето со рак. Со правилна исхрана шансите за побрзо оздравување се многу поголеми. Јадењето разновидна храна и добро избалансираните оброци може да ви помогне да се чувствувате подобро и да останете посилни


Покрај квалитетно фул екстракт масло од канабис подготвено во домашни услови со целосен спектар на канабиноиди и со многу висок процент на ТХЦ (над 80%), правилната исхрана за време на анти-канцер третманот е круцијална! Правилната исхрана помага да се одржи вашата телесна тежина, да се подобри вашата сила и енергија, да се намали ризикот од инфекција и да му се помогне на вашето тело во самолекувањето и заздравувањето. Ова е особено важно доколку пациентот покрај масло од канабис користи и штетни третмани како хемотерапија или зрачење или пак, доколку се опоравува од операција.


Најдобро е да се консултирате со лекар или нутриционист, кој ќе ви предложи соодветен план на исхрана за вашите конкретни потреби и кој најстручно ќе ви објасни како да се заштитите од несаканите ефекти на конвенционалните третмани. Треба да не се консумираат канцерогени продукти, пржена и процесирана храна, конзерванси, вештачки бои и сл. Што е можно посурова исхрана, повеќе зеленчук и помалку шеќери, бидејќи шеќерот го храни канцерот, затоа треба да се внимава и со овошјето. Здравата исхрана опфаќа јадење и пиење на храна и течности, цедени сокови, шејкови и смуди со повеќе хранливи материи и растителни влакна што ги задоволува потребите на вашето тело: протеини, јаглени хидрати, масти, витамини, минерали и вода.


Важноста на калориите и протеините

Секој човек со рак има различни потреби за исхрана, но луѓето што се лекуваат од рак понекогаш имаат потреба од повеќе протеини и калории (енергија) од вообичаеното.


Јадење повеќе ужинки

Закусите меѓу оброците може да им помогнат на луѓето кои имаат рак да добијат на тежина, да го зголемат внесот на протеини и калории и да го зголемат нивото на енергија.


Внесување повеќе протеини

Луѓето што имаат рак можеби ќе треба да консумираат високо ниво на протеини. Протеините се важни за раст на клетките и закрепнување на имунолошкиот систем. Без доволно протеини, на телото може да му е потребно подолго време за да се опорави од самата болест и „третманите“. Добар извор на протеини вклучуваат: риба, живина, посно црвено месо, јајца, млечни производи, ореви и јатки, грав, грашок, леќа и храна од соја.


Јадење повеќе калории

Калориите се важни за одржување на тежината. Можеби ќе треба да јадете храна богата со калории, особено ако губите тежина. Калориите обезбедуваат дополнителна енергија што ви треба кога се опоравувате од канцер-операцијата. Јаглехидратите и мастите се добри извори на екстра калории.


Начини за зголемување на калориите и протеините


  • Јадете помали, почести закуски во текот на денот;
  • Јадете ја омиленате храна во секое време од денот;
  • Јадете на секои неколку часа - не чекајте додека да огладнете;
  • Најголемиот оброк изедете го кога сте најгладни;
  • Обидете се да избирате висококалорична, високо-протеинска храна за време на секоја ужина;
  • Вежбајте лесно пред оброците за да го зголемите вашиот апетит;
  • Пијте високо-калориски, високо-протеински смуди и шејкови;
  • Пијте течности помеѓу оброците, наместо со оброците.

Вода

На вашето тело му треба вода и други течности за побрзо да оздравите. Ако не земате доволно течности и почувствувате несакани ефекти од хемотерапијата, како што се повраќање или дијареа, лесно може да се дехидрира.

Алкохол

Подобро е да не пиете алкохол за време на третманот. Иако алкохолот може да се меша со некои лекови, третмани (како што е хемотерапијата) тој само го отежнува лекувањето, дури и во „умерени“ количини. Доколку сте страствен љубител на алкохолот, поради тоа што ви помага да уживате во вашиот оброк или ви го зголемува апетитот, најдобро е да се консултирате со лекар, за тоа кои се најсоодветните количества алкохол дозволени за вас. Сепак, алкохолот исто така го зголемува ризикот од развој на одредени видови на рак, а во поголеми количини може да го зголеми гадењето и да ја зголеми анксиозноста и депресијата. Алкохолот има ниска хранлива вредност и високо ниво на калории, па може само да ве залаже и привремено засити, па потоа нема да сте во состојба да го изедете планираниот оброк според вашата шема за исхрана.


Кога едноставно не можете да јадете

Може да има моменти кога ќе почувствувате дека едноставно не можете да јадете. Доколку немате апетит или ако се чувствувате премногу уморни или болни за да јадете, може да биде тешко да ги задоволите сите ваши нутритивни потреби само од пијалаци. Ако не можете да јадете повеќе од неколку дена, разговарајте со вашиот здравствен работник, диететичар или нутриционист околу додатоци во изхраната.


Комерцијални прехранбени додатоци

Комерцијалните суплементи се добар извор на калории и хранливи материи. Тие доаѓаат во различни вкусови и форми, вклучувајќи подготвени за употреба како пијалак (сличен на млеко), прашок, пудинг или протеинска плочка. Потрудете се по консултација со нутриционист да ги најдете соодветните за вас и истите да бидат од органско потекло. Тие се продаваат во аптеки и продавници за здрава храна и не ви треба лекарски рецепт за да ги купите, сепак проверете некои од нив да не се вклучени во здравственото осигурување.


Витамини и минерали

Вашето тело има потреба од витамини и минерали за да функционира правилно. Најдобар начин да се добијат витамини, минерали или други хранливи материи е со јадење здрава храна. Но, ако ракот и неговите третмани ви го отежнуваат јадењето здрава храна за подолг временски период, некој од вашиот здравствен тим може да сугерира секој ден да земате додатни витамин и минерали. Треба да бидете сигурни дека земањето витамински и минерален додаток е соодветно и безбедно, особено ако примате хемотерапија или радиотерапија напоредно со канабисовото масло. Некои луѓе, исто така, може да размислат за користење на додатоци во исхраната или „природни“ здравствени производи. „Природно“ не секогаш значи безбедно, па затоа задолжително разговарајте со вашиот лекар или диететичар за да го направите најдобриот избор за вас!


Цевки за хранење

Многу од канцер пациентите имаат проблем да внесат доволно хранливи материи ако не можат да јадат или да пијат (зависно од ситуацијата). Многумина имаат проблеми со голтањето, болна уста или грло или пак, не можат правилно да ги апсорбираат хранливите материи. Во некои екстремни случаи вашиот здравствен тим може да предложи користење на цевката за хранење и/или инфузии, во тие случаи најдобро маслото од канабис да се внесува во форма на чепче (ректално). Ако дигестивниот систем не работи правилно, може да се даде парентерална исхрана. Таа обезбедува течности и есенцијални хранливи материи директно во крвотокот преку интравенски (IV) катетер.

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Canadian Cancer Society

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 













1 comment: