Роџер Бојд (Roger Boyd) од Велика Британија возел велосипед низ Европа, Нов Зеланд, Непал, Индија и Австралија, запирајќи на секои 20 минути за да вапоризира, за да го разбие митот дека корисниците се мрзливи! „Нема граници за моите дневни количества - на трева или на далечина“ - истакна тој
Бојд за време на пауза :) |
Роџер Бојд кој ја води страницата на фејсбук за поддршка на легализацијата на канабисот наречена Healthy Stoner, сака да се надува и да го вози својот велосипед. Толку многу што овој Англичанец ги помина последните три години возејќи над 19.000 милји преку гранични линии и континентални поделби, воедно конзумирајќи канабис на секое запирање. Според Bristol Post, Бојд ја започнал својата Tour De Dank во 2015 година, откако се префрлил од пушењето трева на користење пренослив вапоризатор (испарувач). Со новооткриената моќ на белите дробови, Бојд тргна да го побие митот дека корисниците на канабис се мрзливи, документирајќи ги неговите авантури во велосипедот и канабисот на својот блог Healthy-Stoner.com. Досега, Бојд возел низ Европа, Австралија, Нов Зеланд и Индија, за време на дожд, лапавица и снег, низ автопати и над планините.
Велосипедот на Бојд |
Возејќи повеќе од 100 милји секој ден, Ленс Армстронг (Lance Armstrong) рече дека Бојд застанувал на секои 20 милји за да вапоризира, овозможувајќи му да остане надуван за време на целото патување. „Отсекогаш сум сакал да излезам со мојот велосипед и да вежбам додека сум надуван“ - изјави Бојд за Бристол Пост. „Идејата за мојот велосипедски маратон низ светот се појави една ноќ, но немаше многу на интернет за вежбање и вапоризирање. Постои негативна перцепција за луѓето кои користат канабис, во споредба со оние кои користат алкохол. Но, алкохолот е многу поштетен - таму има нерамнотежа. Совршено сум луциден и безбеден кога се возам, а [марихуаната] ми помага да ги јадам милјите“.
По патот, Бојд рече дека наишол на безброј други стонери - на различни места како Сибир и Непал - кои му се придружиле на импровизираните пушачки сесии. И со својот сакан велосипед („Тој е толку силен и има рогови, па го нареков Rhino [носорог]“ - вели Бојд) покрај себе, Boyd нема планови за забавување на темпото во скоро време. Отфрлен од турнеја на Блискиот Исток поради нивните сурови закони за канабис, Бојд веќе го планира својот следен индика ајронмен. Меѓутоа, овој пат, сепак, сака да ги искористи зелените брзини на Северна Америка и планира да се повлече на панамерикански патеки низ САД и Канада, па вели дека тоа ќе потрае некаде од 18-20 месеци. За претстојната авантура, британскиот опсесивен велосипедист и канабис ентузијаст ќе побара спонзори за поголема промоција на неговата иницијатива. Сепак, со или без финансирање, Бојд ќе продолжи да вози и ќе продолжи да пафка!
Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Marryjane
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
ReplyDeletemarijuana-flower/indica/abusive-og
afghan-marijuana-seeds-fem
sativa/amnesia-haze-strain/
/black-jack-shatter/
<a href="https://buddersweed.com/shop/marijuana-flower/hybrid/black-widow-strain/