Monday, January 28, 2019

Како да си направите сапун од коноп во домашни услови?

Без разлика дали барате природна и здрава алтернатива за комерцијалните сапуни полни со хемикалии или сте во потрага по креативна и корисна занимација, правењето домашен сапун е забавно и не е премногу комплицирано. Откако ќе ги разберете основите за тоа како да направите сапун, можете веднаш да започнете


Поради брзиот начин на живот, не внесуваме доволно активни биоактивни материи во нашиот организам, при тоа доаѓа до денешните таканаречени „lifestyle“ болести, како што се дигестивни нарушувања, слаб имунитет, алергија, егзема, кардиоваскуларни и други заболувања. Многу од тие болести може да се спречат со правилна нега на нашата кожа, којашто е орган од витално значење, затоа што нè заштитува од надворешниот свет, микроорганизмите, токсините. Во последно време сите ги знаеме благодетите на маслото од коноп кое е едно од најздравите масла, поради неговиот незаменлив состав. 

Содржи незаситени масни киселни омега-3, омега-6 и 9, фитостерол, минерали, калциум, магнезиум, калиум, железо и витамини А, Д, Е и некои од групите Б. Коноповото масло поради своите лековити особености исклучително благотворно дејствува на кожата, ја негува, ја обновува и регенерира, а особено е корисно за проблематична кожа и слузница зафатена со псоријаза, дерматитис, егземи, херпеси, афти, чиреви, мозолчиња и други проблеми. Преку кожата организмот го доведува до еквилибриум. Важно е што нанесуваме на кожата после миење, но уште поважно е со што ја миеме кожата? Постојат неколку различни методи за правење домашен сапун. Откако ќе ги разберете основите за тоа како да направите сапун, можете веднаш да започнете. Маслото од индустриски коноп не содржи (психо)активни канабиноиди. Квалитетното коново масло најсоодветно за изработка на сапуни е со зелена боја поради високата застапеност на хлорофил, што ја зголемува епилитизацијата на кожата и масното ткиво.

Бидејќи кожата, косата и ноктите произлегуваат од истата линија на дермални клетки, коноповото масло го подобрува квалитетот на косата, со тоа што го зајакнува влакното и прави блескав сјај. Коноповото масло е речиси идентично со нашите липиди така што ја израмнува површината. Коноповото масло не само што ќе ги нахрани новите клетки во кожата, туку ќе помогне во отстранувањето на старите клетки и ќе го отстрани првутот, ќе помогне во заздравувањето на раните и лузните, ја детоксифицира кожата и може да ја изедначи бојата на кожата (важно за лица со Витилиго) и притоа не ги затвора порите. Доколку третирате пациент со рак на кожа, за изработка на сапуните може да употребите домашен фул екстракт од канабис за лекување канцери (со целосен спектар на активни канабиноиди). Покрај орална терапија, пожелно е да се мачка со маслото од канабис растворено со кокосово масло и да се мие со сапунот, не заборавајте дека ендоканабиноидни рецептори имаме и во кожата ;)


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • Палмино масло: 400 g
  • Конопово масло: 400 гр
  • NaOH: 103 g
  • Вода: 264 g
  • Етерично масло (по ваш избор, може лаванда) 10 ml


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Калапот го обложуваме со хартија за печење;
  • Земаме дестилирана вода;
  • Додаваме NaOH; НИКОГАШ ОБРАТНО, при мешање на NaOH со вода доаѓа до загревање и висока температура. Оставате да се олади и повремено промешувате. Пареата обично е токсична, па затоа внимајте да не ја вдишете, потребна ви е добра вентилација или провев. Најдобро е лесно промешување се додека содата не се растопи;
  • Го додаваме маслото;
  • Го загреваме маслото;
  • Со помош на термометар ја следиме температурата. Кога темпратурата на маслото е приближна како и собната температура го додаваме садот со дестилираната вода и NaON (сода) и мешаме;
  • Целата смеса ја мешате се додека не ја смени бојата и стане густа (како ретка смеса за пудинг);
  • Мешате се додека смесата не почне да се лепи за миксерот, потоа ја пренесувате во калапот;
  • Смесата се израмнува и ја поклопуваме;
  • Калапот го оставаме покриен со крпа да отстои 24 часа;
  • Можете да употребите мали калапи и може да додате есенцијално масло за мирис, листови од коноп за декорација или семе од коноп за полесен пилинг.



Новинар: Симона Г.
Уредник: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Рецепт за подготовка на кана-кокосово масло!

Како да се третира егземата и други кожни заболувања со помош на канабис?

Производи со екстракт од канабис за нега на новите тетоважи

1 comment: