Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Зошто да ги уништуваме шумите? „HempWood“ (даските од коноп) се за 20 проценти потешки од дабот и суровината расте 100 пати побрзо. Тоа е одржлива алтернатива за мебел од полно дрво, дрвени предмети, подови и многу повеќе
Даски од конопни влакна!
Сега кога е веќе легално да се одгледува коноп во САД, човекот кој ја минал последната деценија во развојот на „цврсто дрво“ од коноп, гради фабрика во вредност од 6 милиони долари за масовно производство на овој индустриски конопен производ. Неговиот патентиран производ наречен „HempWood“ е направен од компримирани растителни влакна од коноп, кои се спојуваат заедно со лепило засновано на соја. Додека тоа може да звучи како некоја нова верзија на шпер-плоча, тоа не е така.
Изгледа и дава чувство како да е даб, но „конопното дрво“ всушност е за 20 проценти потешко од најпознатото цврсто дрво. Исто така, конопот расте побрзо за 100 пати (3-4 реколти во годината, бидејќи созрева за 3-4 месеци). Додека на дабовото дрво потребни му се најмалку 6 децении за да созрее. Тоа е добра вест за екологистите и за дабовите шуми, бидејќи тие се меѓу најзагрозените дрвја на планетата, поради високата побарувачка за цврст дабов мебел. Сопственикот на новата start up компанија Fibonacci, Грег Вилсон (Greg Wilson), беше пионер во индустријата за подови од бамбус пред конопот да стане легален.
Компанијата користи технологија популаризирана од кинеската индустрија за плетење бамбус, како надополнување на технологијата развиена во другата компанија на Вилсон, SmartOak, која создава конструирани производи од дрво користејќи трупови, кои инаку би биле претворени во дрвени струготини. HempWood ќе се користи за производство на блокови, плочки, подни летви, плочи за сечење и скејтборди, сите по цени кои се многу поевтини од дабот, велат од компанијата. Компанијата ќе биде со седиште во Кентаки, каде веќе се одгледува повеќе од 40.000 хектари коноп.
Што да облечам денес? Јас повеќе не сакам да носам токсични материјали, кои ја загадуваат животната средина! Јас сакам да носам облека од коноп, која е многу потрајна и поеколошка од памучната! Levi Strauss & Co. создаде нова линија на облека направена од коноп која „дава чувство како да е од памук“ Облекувај се еколошки! LEVI’S® WELLTHREAD™ X OUTERKNOWN ви го презентираат „памучниот коноп“!
Конопот бара многу помалку вода и земјиште во вегетативната фаза и има околу половина од јаглеродниот отпечаток на конвенционално израснат памук, но за жал сè уште нема широка примена во индустријата за облека и обувки, заради тоа што е малку погруб од памукот, но потраен... Фармерките направени од коноп се најиздржливите. Првите Levi's фармерки биле произведувани токму од коноп, сè додека не се изврши притисокот ткаенините да се произведуваат исклучиво од памук. За среќа сега повторно, компанијата Levi’s има започнато процес развиен од специјалисти за фибер технологија, кој го омекнува конопот, давајќи му изглед и чувство како „речиси да не се разликува од памукот“ - вели компанијата.
Новите конопни облеки од колекцијата „Wellthread x Outerknown“ пролет/лето вклучуваат фармерки и камионџиски јакни. Тие се направени од 70/30 мешавина од коноп/памук. Конопот е добиен со наводнување од дождовница, со намалена употреба на вода за одгледување на растителните влакна за околу 30%. Овој материјал, компанијата на својата страница вели дека може да се нарече cottonized-hemp - „памучен коноп“. Одржливата компанија за облека Outerknown го разви третманот за омекнување на конопот, кој се користеше во колекцијата Wellthread. Левис вели дека повеќе парчиња облека ќе го користат материјалов во наредниот период.
Новата колекција, исто така, вклучува и шорцеви за бордање од самостојни најлонски влакна, во кои сите материјали - ткаенината, јадрото, рабовите - се направени од најлон и затоа можат целосно да се рециклираат - „со што се постигнува можноста за рециклирање во затворен циклус, што долго време беше избегнувано од страна на компаниите за облека“ - велат Левис. Уште во 2015 година американскиот премиум џинс бренд Hemp Blue започна со производство на тексас од коноп. Колекцијата на Левис Wellthread исто така, лансирана во 2015 година, е создадена со безводна технологија на боење, која користи до 70% помалку вода во споредба со конвенционалното индиго фарбање.
Колекцијата Wellthread x Outerknown започна минатата есен. Линијата вклучува кошули, фармерки и јакни што обезбедува колку што е можно повеќе можност за рециклирање, велат двете сплотени компании. На пример, ватираната камионџиска јакна, има повеќебоен внатрешен облик направен од механички рециклиран памук. Надворешноста од тексас материјал е вткаена со Tencel x Refibra, влакно произведено од дрвени извори од одговорно управувани шуми и хемиски рециклирани памучни остатоци. Outerknown е компанија за облека којашто се занимава со продажба на облека за сурфање направена од еколошки суровини, стартувана во 2015 година со филозофијата на правење на работите на „вистинскиот начин“.
Вестерн кошула: изработена од памучно-конопна мешавина
Со своето мото „People and Planet“ (Луѓе и Планета), компанијата се фокусира на создавање на облека направена одржливо и го признава фактот дека таквата облека мора да има поголема цена. „Ние градиме многу профитабилен бизнис од клиенти, кои не само што ќе плаќаат повеќе за склопот на влакна, туку само ќе носат работи кои ги користат преферираните влакна“ - рече Марк Вокер (Mark Walker), извршниот директор на компанијата. Индустријата за облека сè повеќе се преиспитува за својата одржливост (или недостиг од неа), од употребата на суровини, преку производствениот процес, па сè до пласманот на пазар. Практиките што можеби се игнорирале во минатото - со употреба на токсични хемикалии, нееколошки материјали - ги поттикнуваат брендовите да прават позитивни промени за подобрување на иднината на човештвото и спас на планетата.
Везена камионџиска јакна: изработена од памучно-конопна смеса
Освен Levi's, дел од компаниите кои се чини дека практикуват одржливост кон еколошки одговорни иницијативи се: C&A, The North Face, Timberland и Vans.
„ПОДОБРО ЗАЕДНО“ - велат тие!
„Оваа сезона, ќе ги видите овие принципи отелотворени во лежерна и лесна колекција. Во дел од тековната соработка со Калифорнискиот бренд за сурфање Outerknown, ќе најдете потполно рециклирани, 100% најлонски шорцеви за бордање, маички направени од рециклирани фармерки, стилска везена вестерн кошула, камионџиска јакна и 511™ Slims направени од памучен коноп и завршени со користење на нашите технологии Water<Less®“ - велат Levi's на нивната официјална Веб страница.
„НАСТРАНА ОД ПАМУКОТ“
„Воведувањето на памучниот коноп е од огромно значење. Не само за оваа колекција, туку за целата индустрија. Додека конопните култури користат значително помалку вода со помалку од половина од јаглеродниот отпечаток, до сега, тоа даваше груба текстура, поблиска до ленот, отколку до памукот. За да го решиме ова, соработувавме со специјалисти за фибер-технологија за да создадеме процес на „памукување“ (cottonization - котонизација) кој ќе ги омекне влакната - користејќи многу малку енергија или хемиска обработка - за да го направи да изгледа и, што е уште поважно, да дава чувство кое речиси не може да се разликува од памукот. Иновативниот развој на овој коноп хранет со дожд овозможува да биде вткаен како памукот во вашите фармерки - исто одлично чувство, многу помалку вода“ - заклучуваат тие.
Коноп - Употреба и бенефиции; Конопот е едно од најкорисните растенија на Земјата. Низ илјадници години луѓето користеле делови од оваа прекрасна билка за храна, текстил, хартија, ткаенина, гориво, градежен материјал и мазут, а и денес се прави градежен и материјал за изолација, лиена пластика и сл.
Индустрискиот коноп е тврдо, брзо растечко тревно растение. Широкиот лист ја блокира сончевата светлина што ги инхибира конкурентните гранчиња, намалувајќи ја потребата за употреба на тешки хербициди. Во денешно време многу коноп се одгледува органски, без потреба од синтетички земјоделски адитиви. Може да достигне височина до 4,5 метри и може да биде подготвен за жетва за околу 100-120 дена по сеидбата. Но, наместо да се сади во текот на целата година, најдобро се користи ротациона култура, со соја, сорго, итн, бидејќи нивниот долг корен и лиснат зеленчук го враќа многу потребниот азот на некогаш истрошените почви. Еве некои од најважните апликации на конопот:
Храна
Семето од коноп и маслото се многу хранливи. Семето е одличен извор на протеини, минерали и диетални влакна. Тоа е единствената билка која ги содржи сите есенцијални масни киселини и амино киселини потребни за функциите на телото, вклучувајќи го и метаболизмот, кожата, мозокот и срцето. Многу луѓе јадат риби и земаат додатоци од рибино масло за да ги добијат овие суштински масти, но загриженоста околу риболовот и хемиската контаминација на современите риби предизвикаа многумина да се префрлат на вегетаријанска и одржлива опција од коноп (кој содржи омега 3,6 и 9). Конопот е исто така, добар за животните, а некои ветеринари препорачуваат да се вклучи во исхраната на домашни миленици и добиток.
Поради високата содржина на корисни масла и природни емолирни својства, конопот станува заедничка состојка во лосиони и многу други производи за нега на кожа, коса и козметички производи. Тоа е добра алтернатива на токсичните хемикалии присутни во многу нафтени базирани лосиони и козметички производи.
Конопот е идеален материјал за правење хартија. Историски гледано, се користел за правење хартија илјадници години наназад. Од конопот се прави фина хартија, која е природна без киселина и не станува жолта и кршлива или со текот на времето се дезинтегрира како конвенционалната хартија од дрвена целулоза. Тоа е побрз и поефикасен начин на растење на растителни влакна, отколку употребата на дрвјата.
Конопот може да се користи за да се направат различни ткаенини, слични на, но потрајни од памукот. Зборот платно доаѓа од латинското име за коноп. Исто така е одличен за правење килими и други текстили. Најстарата позната ткаена ткаенина е направена од коноп, како и оригиналните дресивни фармерки на Леви Штраус и првото американско знаме. Тоа беше чест материјал за облека додека индустријата за памук не се здоби со сила во Америка. Оваа неверојатна билка е традиционалниот извор на влакно за производство на јаже, поради нејзината флексибилност, сила и отпорност на оштетување од водата. Во изминатите векови, тоа беше исклучително важно за Морнарицата, превозот на стоки и риболов, бидејќи беше искористена за правење јажиња, мрежи и едра.
Со векови, маслото од коноп се користело како масло за лампи. Тоа започна да се прекинува во Америка во 1870-тите, кога беше воведена нафтата. Денес маслото од коноп може да се користи за создавање биогорива како замена на бензинот за дизел мотори. За разлика од фосилните горива, биогоривата се обновливи и произведуваат помалку јаглерод моноксид стакленички гасови.
Стандардна пластика се прави од фосилни горива со токсични хемикалии. Различни алтернативи на пластика може да се направат од коноп. Во 1941 година, Хенри Форд одржа медиумски настан каде што беше претставен прототип автомобил тело (каросерија) од коноп и друг растителен материјал, за да го докаже ова. Технологијата никогаш не била ставена во масовно производство, автомобилите продолжиле да се прават од челик, а пластиката направена од петрохемиски производи станала норма.
Материјалите базирани на коноп можат да го заменат дрвото и другите материјали што се користат за изградба на домови и други објекти, вклучувајќи темели, ѕидови, ќерамиди, облоги, цевки и бои. Современите градежни материјали Хемпкрит (Hempcrete) и Ајзоканвер (Isochanvre) се лесни, водоотпорни, огноотпорни, звучна изолација, самоизолаторни и отпорни на штетници.
Дали знаеш дека деоксирибонуклеинската киселина ДНК може да се оштети, но и да се регенерира? ДНК е наследниот материјал во клетките на сите организми и секоја една клетка во своето јадро има ДНК спакувана во 23 пара на хромозоми
Конопот може да го спаси Светов!
Користењето канабис е запишано во нашите гени! Најголемиот број на гени ги содржат информациите потребни за синтеза на сите протеини, а останатиот помал број на гени синтетизираат други молекули кои им помагаат на клетките да ги склопат протеините. Патот од ген до протеин е комплексен и е интензивно контролиран во секоја клетка. Се состои од два чекори транскрипција и транслација - заедно познати како генска експресија. При процесот на транскрипција информацијата од ДНК на генот се пренесува во сличен молекул наречен РНК (рибонуклеинска киселина) која се наоѓа во јадрото на клетката (и ДНК и РНК се изградени од синџири на нуклеотидни бази). Типот на РНК кој ја содржи информацијата за синтеза на протеини се нарекува информациона РНК бидејќи ја пренесува информацијата од ДНК од јадрото во цитоплазмата на клетката.
Гените ја насочуваат синтезата на протеините. На пример, протеинот (синџир од амино киселини) може да биде ензим кој катализира одредена хемиска реакција во телото или да служи во функција на зајакнување на имуниот систем. ДНК може да се оштети на повеќе начини. Водата, воздухот (преку геоинженерство, барај chemtrails) и храната (приготвена со бура од вештачки засладувачи, бои и конзерванси) се загадени до тој степен што не се сомневам дека нивното негативно влијание врз нашата ДНК е веќе одразено. Други начини на кои може да се оштети ДНК се: оксидација, УВ зрачење од сонцето, Х-зраци, вируси, растителни токсини и хемикалии произведени од човекот како хлорин, јаглеводороди, чад, загадување. Некои последици од оштетена ДНК се: предвремено стареење, рак, диабетес мелитус (diabetes mellitus) (дијабетесот сам по себе ја оштетува ДНК), Алцхајмерова болест, синдром на хроничен замор и др.
Клетките не можат да функционираат правилно ако ДНК се оштети но, преку хемиски реакции можат да направат осврт при оштетувањето. Коноповото семе и маслото од конопово семе претставуваат круцијален фактор при обновувањето на ДНК. Конопот се состои од 65% протеини од кои 35% отпаѓаат на протеинот едестин. Овој протеин е најблизок до човековиот глобулин и лесно се дигестира во телото. Едестинот е главен фактор во обновувањето на ДНК бидејќи клетките го користат за да го корегираат оштетувањето на ДНК. Бидејќи конопот е најобилниот извор на едестин протеинот и е одговорен за зајакнување на имуниот систем, тој е совршен додаток во исхраната. Па, бидејќи сите на некој начин имаме оштетена ДНК, да не чекаме да го интегрираме коноповото семе во нашата секојдневна исхрана! Јас веднаш имам еден „сладок непсихоактивен 420 рецепт“ за сите вие кои постојано сакате да бидите најоптимално здрави и се грижите да оставите квалитетни гени во своето потомство. Овој рецепт е за сите, особено за оние кои самошто одлучиле да ги регенерираат своите гени со помош на канабис, при читањето на овој едукативен текст.
+ сладок 420 РЕЦЕПТ: КОНОПОВИ БОМБИЦИ
Состојки:
* 1 филџан урми (одлична алтернатива на рафиниран шеќер);
* 3 кафени лажички излупено семе од коноп;
* 3/4 филџан мелени бадеми;
* 1/2 кафена лажичка цимет;
* 1 полна кафена лажичка прав од сурово какао;
* ванила по вкус
Начин на подготовка:
-Ако урмите не се меки се оставаат 2 часа вода да омекнат и потоа остави ги да се исушат. Додај ги семките од коноп (и малку ванила за вкус). Изблендирај со толчник и измешај. Додај ги циметот и бадемите. Измешај со лажица притискајќи надолу. Додај го какаото и продолжи да мешаш додека не се измеша сè заедно. Потоа формирај ги бомбиците и „сролај ги“ во кокосови трошки и насладувај се!
*Урмите, бадемите и какаото се обилен извор на антиоксиданси, витамини и минерали, а особено какото кое претставува еден од најмоќните - ако не и најмоќниот антиоксиданс на планетата (значи за да се негува младоста исклучително важно е да конзумираме канабис и какао често). Бидејќи во Македонија не се произведува какао и не се увезува органско и непреработено какао - онакво какво што доаѓа од природата, користиме индустријализирано какао...
Домашна задача за проширување на свеста :)
(одговори на следниве прашања)
1.Дали мислите дека е во ред Македонија да не увезува природно и непреработено какао и слични продукти кои СУПЕРИОРНО му служат на човекот за ОПТИМАЛНО здравје?
2.Замисли ја комбинацијата од какао кое те чува млад и канабис кој ти ја изострува свеста преку поттикнување на пинеалната жлезда...
Археолозите откриле дека конопот - мешавина од коноп, глина и вар - ги спречил познатите антички Ellora пештери од распаѓање. Студиите спроведени во Европа сугерираат дека објектите изградени со употреба на cannabis sativa може да траат до 600-800 години! Овие пештери докажуваат дека само 10% од канабисот помешан со глина или вар може да трае како градба над 1.500 години...
Влакната од канабисот по сé изгледа имаат подобар квалитет и издржливост од останатите влакна. Дополнително, смолестите и лепливи својства на канабисот веројатно исто така помогнале глината и варта да се сврзат во поцврст сврзувачки материјал.
Влакната од конопот имаат голема издржливост и квалитет, тие ѝ помагаат на глината и варта да се сврзат. Извесни студии од Европа проценуваат дека малтерот од канабис може многу долго да трае и покрај надворешните влијанија и зголемената влажност за време на дождовните сезони во Индија!