Што да облечам денес? Јас повеќе не сакам да носам токсични материјали, кои ја загадуваат животната средина! Јас сакам да носам облека од коноп, која е многу потрајна и поеколошка од памучната! Levi Strauss & Co. создаде нова линија на облека направена од коноп која „дава чувство како да е од памук“ Облекувај се еколошки! LEVI’S® WELLTHREAD™ X OUTERKNOWN ви го презентираат „памучниот коноп“!
Конопот бара многу помалку вода и земјиште во вегетативната фаза и има околу половина од јаглеродниот отпечаток на конвенционално израснат памук, но за жал сè уште нема широка примена во индустријата за облека и обувки, заради тоа што е малку погруб од памукот, но потраен... Фармерките направени од коноп се најиздржливите. Првите Levi's фармерки биле произведувани токму од коноп, сè додека не се изврши притисокот ткаенините да се произведуваат исклучиво од памук. За среќа сега повторно, компанијата Levi’s има започнато процес развиен од специјалисти за фибер технологија, кој го омекнува конопот, давајќи му изглед и чувство како „речиси да не се разликува од памукот“ - вели компанијата.
Новите конопни облеки од колекцијата „Wellthread x Outerknown“ пролет/лето вклучуваат фармерки и камионџиски јакни. Тие се направени од 70/30 мешавина од коноп/памук. Конопот е добиен со наводнување од дождовница, со намалена употреба на вода за одгледување на растителните влакна за околу 30%. Овој материјал, компанијата на својата страница вели дека може да се нарече cottonized-hemp - „памучен коноп“. Одржливата компанија за облека Outerknown го разви третманот за омекнување на конопот, кој се користеше во колекцијата Wellthread. Левис вели дека повеќе парчиња облека ќе го користат материјалов во наредниот период.
Новата колекција, исто така, вклучува и шорцеви за бордање од самостојни најлонски влакна, во кои сите материјали - ткаенината, јадрото, рабовите - се направени од најлон и затоа можат целосно да се рециклираат - „со што се постигнува можноста за рециклирање во затворен циклус, што долго време беше избегнувано од страна на компаниите за облека“ - велат Левис. Уште во 2015 година американскиот премиум џинс бренд Hemp Blue започна со производство на тексас од коноп. Колекцијата на Левис Wellthread исто така, лансирана во 2015 година, е создадена со безводна технологија на боење, која користи до 70% помалку вода во споредба со конвенционалното индиго фарбање.
Колекцијата Wellthread x Outerknown започна минатата есен. Линијата вклучува кошули, фармерки и јакни што обезбедува колку што е можно повеќе можност за рециклирање, велат двете сплотени компании. На пример, ватираната камионџиска јакна, има повеќебоен внатрешен облик направен од механички рециклиран памук. Надворешноста од тексас материјал е вткаена со Tencel x Refibra, влакно произведено од дрвени извори од одговорно управувани шуми и хемиски рециклирани памучни остатоци. Outerknown е компанија за облека којашто се занимава со продажба на облека за сурфање направена од еколошки суровини, стартувана во 2015 година со филозофијата на правење на работите на „вистинскиот начин“.
Вестерн кошула: изработена од памучно-конопна мешавина |
Со своето мото „People and Planet“ (Луѓе и Планета), компанијата се фокусира на создавање на облека направена одржливо и го признава фактот дека таквата облека мора да има поголема цена. „Ние градиме многу профитабилен бизнис од клиенти, кои не само што ќе плаќаат повеќе за склопот на влакна, туку само ќе носат работи кои ги користат преферираните влакна“ - рече Марк Вокер (Mark Walker), извршниот директор на компанијата. Индустријата за облека сè повеќе се преиспитува за својата одржливост (или недостиг од неа), од употребата на суровини, преку производствениот процес, па сè до пласманот на пазар. Практиките што можеби се игнорирале во минатото - со употреба на токсични хемикалии, нееколошки материјали - ги поттикнуваат брендовите да прават позитивни промени за подобрување на иднината на човештвото и спас на планетата.
Везена камионџиска јакна: изработена од памучно-конопна смеса |
Освен Levi's, дел од компаниите кои се чини дека практикуват одржливост кон еколошки одговорни иницијативи се: C&A, The North Face, Timberland и Vans.
„ПОДОБРО ЗАЕДНО“ - велат тие!
„Оваа сезона, ќе ги видите овие принципи отелотворени во лежерна и лесна колекција. Во дел од тековната соработка со Калифорнискиот бренд за сурфање Outerknown, ќе најдете потполно рециклирани, 100% најлонски шорцеви за бордање, маички направени од рециклирани фармерки, стилска везена вестерн кошула, камионџиска јакна и 511™ Slims направени од памучен коноп и завршени со користење на нашите технологии Water<Less®“ - велат Levi's на нивната официјална Веб страница.
„НАСТРАНА ОД ПАМУКОТ“
„Воведувањето на памучниот коноп е од огромно значење. Не само за оваа колекција, туку за целата индустрија. Додека конопните култури користат значително помалку вода со помалку од половина од јаглеродниот отпечаток, до сега, тоа даваше груба текстура, поблиска до ленот, отколку до памукот. За да го решиме ова, соработувавме со специјалисти за фибер-технологија за да создадеме процес на „памукување“ (cottonization - котонизација) кој ќе ги омекне влакната - користејќи многу малку енергија или хемиска обработка - за да го направи да изгледа и, што е уште поважно, да дава чувство кое речиси не може да се разликува од памукот. Иновативниот развој на овој коноп хранет со дожд овозможува да биде вткаен како памукот во вашите фармерки - исто одлично чувство, многу помалку вода“ - заклучуваат тие.
Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: Environmentalleader, Levi
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
* * *
ReplyDeleteBest cookie punch Summer y- edition online.
Best orange creamsicle summer edition near me.
Best place to order big chief extracts online.
Best nerds grape strawberry near me.