Showing posts with label затвор. Show all posts
Showing posts with label затвор. Show all posts

Saturday, May 23, 2020

ГОДИНА во ќелија поради 14 грама трева за КОНОПОВА, додека канабис бизнисот во „РCМ“ си цвета...

Затворска ќелија А-3 во Шутка може да ја добиете ако ве фатат со 14 грама канабис! Условите се ужасни, како во турска апсаана од пред 100 години. Плус ќе си одлежите и една година во Идризово каде што условите не се ништо поарни...


Моника во притвор - Шутка
КПУ Затвор „Скопје“ - Скопје
Меѓутоа, ако ја уценувате целата држава тогаш ќе добиете ќелија во хашкото одделение, каде што условите се многу подобри, а за затворска казна во Идризово нема ни да стане збор. Срамота за системот, судството, обвинителите, бранителот, полицијата. Срамота за државата во целост. Срамота за сите граЏани и граЏански здруженија, кои при очи се прават слепи за гадотииве што ги прават и толерираат.


Да ви се плукнам!




Додека бизнисот на легалните компании со лиценца цвета во Македонија и додека докажано е веќе дека секоја употреба е медицинска, сепак користењето на канабисот за рекреативни цели е кривично дело и казниво е со затвор, а марихуаната се изедначува со тешките синтетички дроги, како што се кокаинот или хероинот.

Како е во македонските поправни установи, кои ги „оправаат“ интелектуалците и активистите за целосно да го спречат слободоумието и слободата на говорот? Во врска со ова прашање надоврзувајќи се комично на моменталната ситуација со полицискиот час поради „пандемијата“ со КОВИД19 којашто може да се стави под контрола со помош на канабис, како што велат научните истражувања, на својата фејсбук страница Моника изјави: „Сѐ е исто ради политичкиот час, само што сега нема решетка... Барем плата од 300 ден имав...

Новите лични карти на
Северна Република Македонија
Извадок од Порталот „Мета.мк“: “Борбата” за легализирање на канабисот не била лесна за Моника Конопова. Таа повеќе пати завршила зад решетки, за ова е горда и вели дека ова е само почетокот на нејзиниот активизам. Моника таму изјави: „Според мене, се наоѓаме на половина пат од легализирањето на канабисот. Сега редот е на нашите политичари, пратениците кои треба да ги изменат законите што иритираат кои што канабисот го рангираат на исто ниво со синтетичките и опасни и смртоносни дроги” вели Конопова, активистка од Здружението на граѓани „420 Macedonia“.

На прашањето за Порталот „Пулсот на мастилото: Поголемиот дел од затворениците во Македонија се соочиваат со проблем при наоѓање на работа после излегувањето од затвор. Дали си размисливала да создадеш проект преку кој поранешните затвореници ќе ги покажат своите таленти пред лицето на јавноста? Моника Конопова одговара: „Да бидам искрена, таа мисла повеќе пати ми се вртеше низ глава додека бев таму и додека по цели денови гледав во ѕид или во таван, кога не можев да читам книги. Не ги осудувам осудениците за нивните дела, секој има право на грешка, имале свои причини да ги сторат делата, но таму сватив што се вистински злосторници, злобници и злонамерници… Цела година бев опкружена со убијци, крадци, разбојници, во крајно нехумани мизерни услови, со бубачки насекаде, лоша и оскудна храна (една сардина и нарезок се дели на две порции) искршени прозорци и генерално понижувачки однос од страна на затворската полиција – тоа мора да се подобри. За среќа не се сите осуденици такви, се сретнав и со нормални луѓе со големо срце и душа како мене, кои ете од икс причини се нашле таму, кои ми останаа до ден денес пријатели.

Конопова зад решетки
во КПУ Идризово
За мене лично не верувам дека ќе имам проблеми во наоѓањето работа, затоа што имам квалификации и високо образование и сакам легално да работам во канабис индустријата во Македонија, во областа заради која бев притворена, бидејќи немав „лиценца“ и тоа што ми се случи е само пат кон остварување на таа цел. Што се однесува до затворениците, запрепастена сум од бројот на необразовани! Има затворенички кои не знаат ни самите да се потпишат, а нашава држава не прави ништо во врска со тоа… Се одржуваат курсеви за пекари, за фризери, за готвачи, но за жал не постои начин барем оние со поголеми казни да имаат можност забрзано да го завршат основното образование, барем да научат да читаат и пишуваат додека се таму и да излезат од таа поправна установа со неков сертификат за завршено основно образование, со што би можеле да најдат некаква работа многу полесно… Токму поради тоа и се осудени да станат повратници, да го повторат делото, бидејќи мораат да се прехранат и некако да опстанат… Со тоа можеби би се занимавала понатаму во животот, како една од моите следни мисии и решена сум дека кога јас ќе имам мој бизнис, предност ќе им давам токму на лицата коишто биле во затвор!“.

Извадок од Порталот „Женски Магазин: За јавноста e позната како девојката со џоинтот, вели дека се гордее со таа етикета, а и беше доделена кога спонтано одлучила да се сними како пуши џоинт на улица (видео во живо на Фејсбук), додека одела на разговор за работа. Но, сепак смета дека и била нанесена неправда со тоа што беше осудена на казна затвор, бидејќи покрај нехуманите услови таму, вели дека тешко е сега да најде работа бидејќи е обележана со криминално досие. Конопова изјавува: „Сега како и пред да ме затворат, работам симултани и судски преводи, бидејќи сум судски преведувач за македонски-полски јазик и обратно, се снаоѓам, плус тешко е да се најде работа кога веќе си обележан со криминално досие... Но, не престанувам да верувам во себе, во моите квалификации и во она што го правев и правам, и навистина сметам дека ми е нанесена голема неправда со тоа што бев осудена на цела година затвор! Додека на компаниите кои имаат лиценца може да се каже легално им цвета бизнисот, јас за 14 грама цвет од канабис за лична употреба најден во мојот дом, добив цела година, опкружена со тешки злосторници, во мизерни услови со затворска служба за обезбедување која се однесува крајно нехумано... Но, ете издржав, Бог и ангелите се на моја страна, јас само сакам најлековитото растение на планетава целосно да се ослободи! Тие што сакаа да работам за/со нив и претходно сега сакаат уште повеќе затоа што сум исполнителна личност која цврсто стои зад своите ставови. Целта ми е да работам во легалниот канабис бизнис, а на тие луѓе им е потребно моето знаење, па моето досие толку не им пречи.“.


Напиша активист: Зоран Велковски


Последната пресуда на Моника


Има денови кога отворено одделение е позатворено од затворениот третман!

Моника во Идризово - шахти на секој чекор, па да ова е затвор - не е хотел, како што велеа командирките, кои ја присилуваа да ги риба плочките во холот на колена со четка...


Отворено одделеление во Женскиот дел има дворче едвај 10 на 10 м2...


Затворскиот кревет на Моника во Идризово


...спомени од Шутка...


...спомени од Шутка...

...спомени од Шутка...

Македонија штом апси активисти - не ја интересира здравјето на народот!
Моника е Претседател и основач на здружението за демистификација на канабисот „420 Македонија - Скопје“ и нејзиното место не е во затвор!


Моника е дипломиран новинар - првенец на генерација!

Моника е магистер по филмска продукција. Таа сега има хорор искуство...

Активистката Ристеска по речиси 24 часа во станица, спроведена пред судија (првото апсење)

Моника Конопова по една година затвор...


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:










Tuesday, June 12, 2018

„Јас ќе продолжам да одгледувам канабис“ - изјавува уапсената фризерка од Шефилд

Фризерка од Шефилд во Велика Британија, која беше уапсена под сомневање дека се занимава со производство на канабис, вети дека ќе продолжи да го расте лекот за кој вели дека ѝ помага да ѝ ги олесни долгорочните здравствени проблеми


Лиза се гордее со тоа што е корисник на канабис
Лиза Ендрјус (Lisa Andrews) која има 41 година од Китс Роуд во Фокс Хил, беше уапсена на 25 април, како дел од полициската операција што резултираше со 40.000 фунти за нелегални дроги во областа. Полицајците велат дека пронајдоа 50 растенија од билката канабис во нејзината куќа, но Лиза вели дека тие ѝ требаат за да го направи маслото за кое се надева дека ќе ѝ го олесни нејзиното страдање. Таа сега вети дека ќе им се спротивстави на властите и ќе продолжи да го користи и расте канабисот, класифициран таму како дрога од класа Б - тврдејќи дека нема друг избор освен да го прекрши законот. Таа рече: „Јас сум граѓанин кој ги почитува законите - никогаш не сум добила ниту еден билет за пребрзо возење или парична казна“. 


Лиза вели дека почнала да ја расте тревата, откако го загубила фризерскиот бизнис, што за неа претставувал примарен извор на примања. Таа вели дека тревата ѝ помага кај голем број сериозни состојби од кои страда - вклучувајќи проблеми со срцето, висок крвен притисок, анксиозност, депресија, лоша циркулација и гадење. „Не можам да си дозволам да продолжам да го купувам, но знам за фактот дека ми помага за мојата состојба“ - додава таа. „Ако не можат да ме излечат, јас ќе го направам самостојно - јас сум интелигентна дама и знам што е добро за моето тело“ - дообјаснува Лиза. 


Таа вели дека ситуацијата е дури и повеќе од нелогична и неправедна со оглед на износот на канабис што Велика Британија го произведува секоја година за медицински и научни цели. „Во 2016 година Велика Британија произведе 95 тони канабис - тие се најголемиот дилер во светот“ - вели таа. „Сепак, тие велат дека воопшто нема медицинска или терапевтска вредност. Зошто тогаш произведуваат толку многу од тоа? Тоа е незамисливо за Владата да каже дека не сака да го одобри, но сепак да ја извезува во остатокот од светот“ - додава таа. Полицијата ја уапси Лиза за поседување канабис и за одгледување и таа и понатаму е под истрага. Таа вели дека ќе продолжи да го расте лекот и дури стапи во контакт со полицијата од Јужен Јоркшир за да побара појаснување на законот, но досега нема одговор.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Thestar

Wednesday, February 28, 2018

Канабис активист бара помилување и отштета за оние со пресуди за канабис

Со цел марихуаната да стане легална во јули, истакнат активист за канабис ја повикува Канадската Влада да ги исчисти криминалните досиеја на оние кои се осудени за прекршоци поврзани со ова растение и да ги компензираат ако лежеле во затвор!


Активистот Дана Ларсен
Ако јас бев на чело, би ги избришал сите пресуди за било каков прекршок поврзан со канабис“ - изјави активистот Дана Ларсен (Dana Larsen) за CTV News. „Што се однесува до мене, забраната за канабис отсекогаш била погрешна и неморална. Ларсен рече дека даноците собрани во првите неколку години по легализацијата треба да се стават во фонд кој ќе се користи за надоместување на оние кои биле оштетени од забраната за канабис. Би можеле да создадеме формула на толку многу долари на ден за времето што го поминавте во затвор.“ - додава тој.

Има многу Канаѓани кои биле шест месеци или две години во затвор за едноставно поседување на канабис... Целта е да се извиниме и да ја признаеме штетата“ - објаснува Ларсен. Самиот Ларсен беше обвинет во 2016 година за шверц на семиња со марихуана со масни киселини, но никогаш не бил осуден. Градоначалникот на Сиетл во четвртокот објави дека ќе побара од судовите да ги избришат пресудите за прекршочна постапка, наведувајќи дека постоењето на криминално досие претставува пречка за добивање кредит, за добивање добри работни места.


Минатиот месец, градот Сан Франсиско објави дека ќе го стори истото, иако официјални лица во Калифорнија, кои ја легализираа рекреативната марихуана во јануари, рекоа дека ќе размислат за помилување од случај до случај. Според канадскиот закон, оние кои биле осудени за едноставно поседување до 30 грама, во моментот може да аплицираат за да добијат помилување пет години по завршувањето на казната. Отава не ги отфрли понатамошните реформи, но само по завршувањето на легализацијата.


Ние не сакаме да ги охрабриме луѓето, на каков било начин, додека не се смени законот“ - рече премиерот Џастин Трудо (Justin Trudeau) во јануари. „Откако законот ќе се смени, ние, секако, ќе размислиме за правичноста на начин кој е одговорен да се движиме напред“ - додава тој. Адвокатот на кривичната одбрана, Пол Пирсон (Paul Pearson), вели дека делата со марихуана имаат тенденција диспропорционално да ги засегаат малцинствата и сиромашните. „Има смисла за обид за исправка некоја од неправдите“ - рече тој. „Мислам дека аргументот е: ние никогаш не требаше да им отвориме криминално досие на овие луѓе“ - додава тој. 


Мајк Бабинс (Mike Babins), косопственик на Друштвото на евергрин канабис во Ванкувер (Evergreen Cannabis Society in Vancouver), во принцип се согласува со идејата за извинување или признание од страна на сојузната влада. „Мислам дека треба да се погледне секој случај поединечно и да кажеме каква е намерата?“ - објасни Бабинс. „Малку се помрачни случаите кога зборуваме за луѓе кои се занимаваат со трговија со наркотици... во комерцијален размер“ - додаде Пол Пирсон. 

Според статистичките податоци од федералната влада, 11.970 британскии Колумбијци беа обвинети за прекршоци поврзани со канабис само во 2016 година. Почнувајќи од ова лето, британските Колумбијци на возраст од 19 години ќе можат легално да купат марихуана преку продавници под власта или од лиценцирани приватни трговци. Претходно оваа недела провинцијата објави неколку правила кои ќе ја регулираат продажбата на дрога во Британска Колумбија, вклучувајќи дека рекреативната марихуана не смее да се продава во исти продавници кадешто се продава алкохол.





Автор: Кристина Т.
Извор: Ctv news

Wednesday, January 10, 2018

Заболениот од мултиплекс склероза Хуанито Луксетич осуден е на две години затвор

Никогаш претходно не бил казнуван. Судијката во Риека го третирала како дилер, а тој сакал само да биде нелегално здрав! Неодамна во Општинскиот суд во Риека е изречена уште една срамна пресуда и тоа врз граѓанин заболен од мултиплекс склероза. Хуанито Луксетич, симболот на хрватската борба за легализација на употребата на масло од канабис за медицински цели, беше осуден на две години затвор, додека неговиот колега Горан Закрајек доби девет месеци. И двајцата се обвинети за нелегално производство и чување марихуана за продажба


Хуанито Луксетич боледува од МС, осуден...
Во образложението на пресудата, судијката од Ријека Татјана Чаргоња истакна дека предметот на обвинителството е голема количина на коноп од кој може да се добие голема количина на масло, со што се проценува наводното обвинение за Луксетич дека во дворот од неговата куќа одгледал 11 стебла индиски коноп заради производство на цвет од марихуана со намера да продава. Според пресудата на судот, одбраната на обвинетиот Луксетич е доведена во прашање, бидејќи се работи за количина на марихуана наменета за производство на масло, а се употребени исклучиво за лична употреба. Во таа смисла, тоа е индикативно, а од друга страна нелогично, да со претрес на домот на Хуанито не е пронајдено ништо што би укажало дека тој произведувал масло од канабис или дека имал некакви резерви од маслото во кругот на фамилијарната куќа – вака гласеше образложението на пресудата.


Случајот на Луксетич стана познат откако во 2014 година, во акцијата наречена „Исцелител“, полицијата влегла во неговата куќа и во дворот пронашла 11 стебленца и 22 килограми марихуана. Луксетич одгледувал индиски коноп за медицински цели, бидејќи страдал од мултиплекс склероза. Пред маслото од канабис ги има пробано сите легални методи за лечење, меѓутоа без резултати. Кауцијата од 70.000 куни му била исплатена на Луксетич од непознати донатори од цела Хрватска кои се лекуваат на ист начин - нелегално со канабис. Пациентите, по повод овој случај испратија протестно писмо до Министерот за здравство Синиша Варги што конечно предизвика бран од промени. Беше формирана комисија за канабис, во предизборната кампања во 2015 година, кадешто сите партии ја декриминализирале марихуаната за медицински цели во нивните програми. 


Ратко Мартиновиќ, претседател на здружението „Медицинска коноп“, отворено коментираше за срамната пресуда на Хуанито Луксетич: „Со оглед на образложението на пресудата, сметам дека судијата не земал предвид низа можности - од потенцијално експериментирање околу сорти на растенија, потенцијали во однос на изложеност на сонце, веројатно доставување на масло на други пациенти и сите други опции од широка палета. Ако е во намера само продажба, тогаш барем треба тоа да се докаже – кога веќе се колне во својата изјава? Нели е основната карактеристика на нашиот правен систем т. н. „презумпција на невиност“, а не „презумпција на вина“? Зарем не звучи неозбилно да се даде ваков сериозен лек и потоа да не се успее да се докаже сопственото тврдење со некои телефонски повици, мобилни пораки или информации на друштвените мрежи? Вака Хуанито, човекот за кого лично се уверив дека има исклучиво благородни и општествено корисни намери, оди во затвор заради нешто што кажала судијката чија претенциозност реално може да го загрози здравјето на човек кој во затворски услови ќе остане без третман. Уште еден голем пораз на хрватските конзервативци кои се залагаат за одгледување традиционална култура, конопот кој го одгледувале нашите стари... Уште еден голем пораз на хрватските либерали кои се залагаат за набљудување на светските трендови за легализацијата на растението ... И најголем пораз за оние на кои судството им удри немилосрден шамар и по кој знае кој пат е докажано дека е подобро да се „заболи од синкопа“ отколку да се лекува со канабис“ – завршува Мартинович. 

Интересно, за судијката од Риека ова не е првпат нејзината пресуда да предизвика медиумско внимание. Во пролетта 2016 година, таа го осуди активистот од Риека и член на здружението „Движење на отпорот - Антикорупциско движење“, Славица Шота, со парична казна од 8.000 куни за клевета. Подготовките, базирани на растенија од canabis sativa и canabis indica биле користени од речиси сите древни народи на огромната евроазиска земја. Растенијата канабис биле прославувани со векови како свети растенија, а препаратите биле користени за многу различни цели, почнувајќи од лечење, па сè до изградба на куќа. Сè до почетокот на дваесеттиот век, кога поради притисокот на фармацевтската индустрија во САД, канабисот беше лажно прогласен за опасна дрога - нула смртни случаи до сега,а безброј оздравени. До кога ќе нè казнувате и затворате затоа што сакаме да бидеме здрави на природен начин?

Автор: Кате К.
Извори: Otvoreno.hr, Novilist.hr