Thursday, May 3, 2018

Дознајте дали треба да отворите сопствен канабис бизнис?

Економски аспект на канабисот. Во овој натпис разработуваме три главни прашања коишто треба да си ги поставите пред да се одлучите да отворите свој канабис бизнис. Овие три прашања ќе ви помогнат да го обликувате вашиот бизнис со канабис

Следните прашања не само што ќе ви овозможат да дознаете дали можете и треба активно да учествувате во канабис индустријата, туку ќе ви помогнат и да го обликувате вашиот иден бизнис за успешно да напредува. Одговорањето на овие прашања ќе биде од суштинско значење за креирање на вашиот бизнис план и финансиски модел. Размислете за почетниот капитал и разгледајте ја правната рамка.


1. Дали овој бизнис е правиот за вас?

Поддршката за легализација на канабис во светот е на рекордно високо ниво. 64 проценти од Американците изјавиле во октомври 2017 година дека марихуаната треба да биде легална, според истражувањето на Галуп. Како што заклучува Галуп, овие бројки покажуваат дека, како што позитивните резултати од легализацијата стануваат поочигледни во повеќе држави, јавната перцепција за марихуаната се менува, а стигмата околу тревата постојано се надминува - во голема мера поттикнато од граѓанските движења за декриминализација. Единствената вистинска стигма која останува денес е поврзана со незаконитоста на канабисот, а не со перцепцијата на јавноста, тврди Том Адамс (Tom Adams) од BDS Analytics.


Прописите околу канабисот брзо се менуваат низ целиот свет, заедно со социјалното прифаќање“ - вели Дерек Ридел (Derek Riedle), основач и извршен директор на медиумска компанија за канабис и животен стил Civilized. „Размислете за ова во целост на времето: За неколку години, опозицијата на канабисот ќе стане маргинализирана, бидејќи канабисот станува сè повеќе мејнстрим и луѓето продолжуваат да сфаќаат дека тоа не е страшило како што ни беше кажувано дека е со генерации“ - додава. Секој кој сака да се вклучи во оваа индустрија мора да го преземе репутацискиот ризик и правниот ризик, бидејќи иако голем број држави го легализираат, канабисот e контролирана супстанца.


2. Дали сте подготвени за уникатен бизнис модел?

Освен правните ризици, можните проблеми со даночните и царинските служби, заинтересираните за оваа индустрија мора да се справат со опасностите за водење бизнис кој главно се занимава со готовина. Тајлер Стратфорд (Tyler Stratford) од Canna Advisors додава дека ова е индустрија за луѓе со дебела кожа. „Треба да издржите и да се борите против неволјите во овој простор и да сте подготвени да помогнете да го промените текот напред“ - вели тој. „Бидете подготвени да бидете оператор во индустријата и да се залагате за промена“.


Ако сакате да напредувате во канабис бизнисот, треба да се борите за поголеми права за вас и стравот да го оставите дома. Стравот заменете го со факти, канабисот всушност беше дел од нашата култура илјадници години, а само многу краток временски период е забранет, додава соосновачот на Canna Advisors, Дајан Чарковски (Diane Czarkowski). „Ако не можете да зборувате за ова со луѓето, не гледам како ќе успеете, бидејќи ќе продолжите да го одржувате истиот систем на верување“. Затоа, подгответе се да ја оспорите стигмата, да се едуцирате, да се залагате и да се борите и за правото на луѓето да користат канабис и вашето право да го водите бизнисот со најлековитата билка. Клопчето на почетокот полека се одмотува, но потоа го забрзува своето темпо!


3. Дали сте подготвени на неизвесноста и честите промени?

Ако не, тогаш оваа индустрија во зародиш не е за вас. „Ништо од ова досега не е направено“ - тврди Чарковски. „Понекогаш промената се случува толку често што немате време да ја имплементирате последната промена, пред да мора повторно да направите промена“ - додава. Се разбира, постои една шанса што ќе треба да ја преземете како претприемач, започнувајќи бизнис во која било индустрија: Дали сте подготвени да ја вложите целата ваша верба во вашите способности за решавање на проблемите, ризикувајќи ја вашата финансиска сигурност во потрагата по поголема награда? „Треба да бидете во можност да стигнете до работ на карпата и да одлучите дека ќе скокнете“ - заклучува Ридел од Civilized.


Поврзани статии:






Напишано од: MoniQue Konopova
Извор: Newstimes

No comments:

Post a Comment