Oткако се легализира канабисот во многу држави, започнаа да се појавуваат и нови работни места. Калифорнија ја легализираше рекреативната марихуана на самиот почеток од 2018 година. По две недели, околу дваесетина бизниси во Лос Анџелес добиле дозвола да ги продаваат производите за рекреативна употреба. Одеднаш, канабис-индустријата започнува да се развива со брзина на светлината!!!
Локалите за продажба добиваат дозвола да ги продаваат производите за рекреативна употреба. Индустријата се развива, а со тоа и луѓето воочуваат дека тоа е нов начин за легално правење пари. Постојат повеќе начини на кои можете да инвестирате во овој бизнис. Во секој случај, секој што бара брза заработка нема да ја пронајде во тој бизнис. Но, доколку верувате во потенцијалот за вложување во канабисот и се стремите кон долгорочно вложување, ова се најдобрите опции што можете да ги разгледате и примените.
Медицински производи со канабис и компании
Акциите за канабисот се нов и невообичаен начин на вложување, во споредба со вообичаените вложувања, во овој случај нема никаква сигурност. Медицинската марихуана нуди повеќе опции отколку рекреативната, со оглед на тоа што во многу повеќе држави е легализирана медицинската употреба на канабисот отколку рекреативната. Во Канада, медицинската марихуана се користи речиси две декади.
Канадски компании за канабис
Некои од овие канадски компании успешно се докажале во оваа индустрија. Organi Gram (OGRMF), лиценциран производител и одгледувач на медицинска марихуана, е една од нив. Со растењето на бројката на пациенти кои користат медицинска марихуана, се зголемува и нивната продажба. Canopy Growth Corporation (TWMJF) е исто така популарна канадска компанија, која освен тоа што го произведува канабисот, воедно и го проучува. Неодамна компанијата беше вредна 4.35 милијарди долари. Голема конкуренција на оваа компанија е Aurora Cannabis (ACBFF), компанија која брзо се проширува. За жал, медицинскиот канабис не е насекаде проширен како што е во Канада. Поради тоа, луѓето покажуваат повеќе интерес за канадските компании, кои се многубројни.
Трговци на мало со канабис и CBD
Иако е помалку застапена од медицинската, рекреативната марихуана во моментов е одобрувана повеќе од било кога. Канабисот е 100% легализиран, вклучувајќи го и рекреативниот канабис, во девет земји во САД. Канада цели кон тоа да се легализира и рекреативната употреба, додека министерот Justin Trudeau продолжува да изјавува дека планира тоа да се случи ова лето 2018. Компаниите за медицинската марихуана ќе имаат придобивка од новите муштерии, но тие исто така ќе имаат и поголеми трошоци. Тоа е важно – од канабисот може да се направат пари, но исто така прво треба и да се потрошат пари, добро да се инвестира. Не секој локал за канабис ќе има ист профит само поради тоа што ќе се легализира.
Фондови за тргување со марихуана
Како што акциите на марихуаната стануваат се почеста појава, така и фондовите со кои се тргува со марихуана. Тие дозволуваат тргување со голем број различни хартии од вредност во еден фонд, со што се добива разновидно портфолио. Тие се примамливи и се дури понови и од акциите на канабис. Ако банките сè уште се претпазливи на одредени акции на канабисот, дефинитивно ќе бидат уште попретпазливи со повеќе од нив.
Тргување со масло
Hemp Inc. (HEMP) постои од 2008 година и учествува во производството на масло (екстракт) од канабис. Тие го одгледуваат, обработуваат, го вадат екстрактот, па дури и продаваат производи со масло. Како што неодамна најавил сенаторот Mitch McConnell, маслото наскоро ќе се легалицира на ниво на целата федерација. Ако тоа се случи, компании како Hemp Inc. кои и досега го работеле тоа, најверојатно ќе достигнат поголем успех отколку новите компании.
Акции индиректно поврзани со канабисот
Уште еден паметен начин да се инвестира во бизнисот поврзан со марихуаната е да се пронајде компанија која делумно се занимава со канабисот или пак, е индиректно поврзана со него. Abbie Inc. (ABBV) е генерално фармацевтска продавница. Компанијата го има во продажба Мarinol, синтетички канабиноид, кој служи за олеснување на гадењето кај пациентите кои страдаат од рак или пак, СИДА. INSYS Therapeutics, Inc. (INSY) e фармацевтска компанија која доби одобрение за синтетичкиот канабис - и покрај тоа што во минатото компанијата донирала за друштвата кои биле против марихуаната. Constellation Brands Inc. (STZ) пак, е компанија која произведува пива и ликери, а неодамна купи мал удел од 9.9% од компанијата Canopy Growth. Тоа е привлечна опција за оние кои се заинтересирани во бизнисот со канабис, а сепак сакаат сигурни вложувања.
Избор на уредникот:
Автор: Ангела Т.
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Thestreet
No comments:
Post a Comment