По неколку години колебања, Грција конечно може да биде на пат да се пронајде себеси на ветувачки финансиски пат. Пред должничката криза, Грција беше една од најбрзо растечките економии во Европската унија. Меѓутоа, големата рецесија доведе до несигурни околности кои веќе со години се натрупуваат
За да се подмлади после распадот претходниот режим во средината на 20-тиот век, Грција спроведе децении на политики кои ги развиваат социјалните услуги и војската. Тоа исто така значеше и дека се трошат повеќе пари отколку што се внесуваат покрај ниските даноци во земјата. Овој буџетски дефицит стоеше заедно со државниот долг на земјата, вклучувајќи ја и големата германска помош која следеше по големата рецесија. Финансискиот колапс ги попречи и двата најважни сектори во Грција, испораката и туризмот, бруто домашниот производ започна да слабее. Сè беше поставено совршено за да се загрози грчката економија, а во 2008 година токму тоа се случи...
Може ли марихуаната да ја заживее грчката економија?
Стапката на долг кон БДП продолжи да расте, иако проекциите во 2011 година очекуваа мерки на штедење и нови регулативи за да предизвикаат пад. Таа сега се наоѓа на неверојатни 180%, повеќе за 77% од каде што беше во 2007 година и втора највисока земја во светот по Јапонија. После падот, БДП на Грција сè уште се намалува за околу 0,2% помеѓу 2015 и 2016 година. Од 2008 година над 244.000 бизниси се затворени, а невработеноста изнесува 23% (44% за млади луѓе под 24 години). Но, барем едно нешто во грчката економија се чини дека се враќа во пораст. Грчкиот туризам сега ги прекршува рекордите, во 2017 година ќе донесе 30 милиони туристи - речиси три пати повеќе луѓе отколку што живеат во земјата. Министерот за туризам, Елена Кунтура (Elena Kountoura), забележа 70% скок во летните резервации во некои области, што значи дека втората најважна индустрија во земјата конечно се враќа на нозе и многу повеќе од тоа. Повеќе од само генерирање на БДП, оживувањето на туризмот, исто така, создава работни места - 181.500 во април и мај годинава.
Туризмот не е единствената индустрија која треба да расте низ целата земја. Грција, исто така, легализираше медицинска марихуана, отворајќи ја вратата за многу од растечките пазари за канабис во светот. Условите на грчката програма за медицинска марихуана вклучуваат хронични и невропатични болки, несакани ефекти од рак и хемотерапија и некои нарушувања во исхраната. Поважно е тоа што овој природен лек е прекласифициран и не е повеќе во ист ред со хероинот и ЛСД до нивото на кое Владата во целост ја признава медицинската вредност на канабисот. Се претпоставува дека дозволите за одгледување ќе бидат издавани само од Владата и ако структурата на грчката програма за медицинска марихуана развива нешто како приватен докторско-диспанзерски комплекс како во Калифорнија, земјата би можела да застане на работ од отворањето на огромен пазар. Се шпекулира дека може да се случи и како во Уругвај и Грција да го легализира рекреативниот канабис за жителите и посетителите.
Грција, со веќе воспоставениот туристички сектор и погодности е совршено место за приливот на туристи кои ќе ја донесат целосната декриминализација на марихуаната на целиот Балкан. И покрај стимулирањето на угостителството и рестораните, самата индустрија за марихуана, од одгледување па до продажба, ќе обезбеди дел од работните места и даночните пари што на земјата ѝ се потребни многу, како што продолжува да се лекува од рецесијата. Bloomberg објави дека инвеститорите за марихуана веќе се спремни да инвестираат во медитеранската земја, при што одгледувачите изразуваат зголемен интерес да потрошат повеќе од 1,5 милијарди евра во проекти за изградба на стакленички паркови за одгледување и производство на канабис. Легислативата за формализирање на грчката програма за медицинска марихуана е во тек, а растењето канабис треба да започне следната година. Само времето може да покаже дали грчкиот економски пазар ќе расте заедно со културата...
Автор: К. К.
Извор: HERB
No comments:
Post a Comment