Showing posts with label екстракција. Show all posts
Showing posts with label екстракција. Show all posts

Sunday, May 13, 2018

Најдобри методи за екстракција на концентрати од канабис

Техниките за екстракција се користат за одделување на активните компоненти на канабисот и нивно отстранување од растителната матрица. Техниките за екстракција се користат и за концентрација на одредени состојки. Разни методи можат да го поделат растителниот материјал од канабис во делови или екстракти, кои содржат различни состојки


Разни техники за екстракција често се користат за изолирање на специфични посакувани соединенија, а канабисот содржи над 113 канабиноиди и секојдневно се откриваат нови. Од друга страна, производителот на екстракт често пати сака да создаде единствен екстракт со многу од посакуваните соединенија од канабисот со широк канабиноиден спектар и овие екстракти понекогаш се нарекуваат целосни растителни екстракти, наспроти изолираните екстракти. Вклучувајќи ги и подобро познатите канабиноиди, научниците идентификувале повеќе од 550 хемиски состојки во канабисот воопшто, вклучувајќи компоненти како терпени. 


Тинктура направена со алкохолна екстракција
Оваа статија стручно ги објаснува најчестите методи за екстракција на канабис, пред сè оние најчесто користени во домовите. Овој вид на „готвење“ не секогаш може да се изведе во домашни услови, со она што ни се наоѓа при рака. Некои од нив бараат вистинска лабораториска опрема неопходна за правилно и безбедно да се изврши екстракцијата. Во многу случаи, реагенсите, растворувачите и начинот на кој тие се користат, плус малку невнимание и непромисленост (на пример искра во просторија во која испарува растворувачот), можат да создадат опасни ситуации! Како резултат на тоа, многу од техниките бараат сигурносна опрема, како аспиратор на пример, боца за гасење пожар и сл. Процесот на екстракција мора да се прави правилно за да се произведе безбеден и потентен производ за хумана употреба, а резултатите треба да се проверат со соодветно аналитичко тестирање.


The Ethos-4 closed-loop ethanol extractor
Алкохолна екстракција на канабис

Неколку вообичаени форми на екстракција на канабис се потпираат на растворувач, како што е алкохолот или медицинскиот бензин. Накратко, канабисот се пере еднаш, два или три пати во алкохолот, обично етанол од 96% па нагоре, потоа растителниот материјал се отстранува, течноста се филтрира и алкохолот се отстранува со некоја форма на испарување, за на крајот да се направи декарбоксилација. Еден од најголемите предизвици е вродениот поларитет на растворувачите како етанол, што значи дека има склоност да се меша со вода и воедно да се раствораат водорастворливите молекули како хлорофилот. Отстранувањето на хлорофилот со помош на замрзнување на материјалот од екстрактот е важно бидејќи ако е оставен, создава непожелен, горчлив вкус и екстрактот добива зелена боја, наместо килибарно-златна. 


Овој метод може да се изведе при атмосферски притисок, но температурата внимателно се контролира, особено за време на испарувањето. Овој процес, исто така, може да потрае неколку часа и мора да се прави внимателно, за да се избегне опасноста од експлозија бидејќи етанолот е многу запалив. Една од најголемите придобивки од оваа форма на екстракција е дека не постои ризик од оставање на токсични остатоци од хемикалии во финалниот екстракт од канабис, благодарение на испарувањето и овозможува ко-екстракција на сите соединенија од интерес, главно канабиноиди и терпеноиди. Овој метод е најчесто употребуван во домашни услови од страна на пациентите и познат е исто и како методот на Рик Симпсон, RSO метод.




Eden Labs LLC - Екстрактот се ослободува од СО2 систем 
Co2 екстракција на канабис

Користењето на реагенс од секаков вид може да додаде трошоци и време за расчистување по завршувањето, па затоа треба да се земат предвид разни техники, а една од почистите е екстракција со CO2. Наместо да користи алкохол, овој метод ги отстранува компонентите од канабисот од растителната матрица со помош на јаглерод диоксид. Високиот притисок и топлината се користат за претворање на СО2, што истовремено е како течност и гас. Трошокот за опремата за овој метод е значително поголем од екстракцијата со алкохол, но произведува повисоки приноси и се губи помалку вреден материјал. Плус, овој метод може да се прилагоди за да се извлечат специфични соединенија со менување на температурата, притисокот или траењето - т.е. некаква комбинација од овие фактори. Покрај тоа, една студија покажа дека различни соединенија се концентрираат на различни стапки во истиот процес. Значи, екстрактот треба да се анализира, особено кога сакате да добиете концентрати од специфични соединенија.


Суперкритична CO2 опрема за екстракција достапна од Eden Labs
Со екстрахираните компоненти од канабисот, суперкритичниот СО2 оди во кондензатор и се претвора во течност која може да се филтрира и повторно да се користи. Како резултат на тоа, се користи многу мал реагенс. Тоа го прави овој метод релативно почист, со што ја намалува потребата за отстранување на отпадот. Дополнително, ако било колку СО2 останува во екстрактот по процесот, тоа само испарува. Ова е особено важно за сите препарати за медицинска употреба, бидејќи производителот кој го користи овој метод може да гарантира дека во финалниот производ нема да има апсолутно никаков преостанат растворувач. И покрај потребата од некои финансиски инвестиции во системот за екстракција со CO2, производителот може да разгледа различни нивоа на опрема. На пример, Apeks Supercritical прави системи за екстракција со висока продуктивност и дури нуди реновирани системи. Ова им дава на пациентите отворено поле за размислување за да донесат соодветна одлука врз основа на нивниот семеен буџет.


Бутански екстракт од Coaster420
Екстракција на канабис со бутан или пропан

Користењето на бутан како растворувач за екстракција го создава она што е познато како butane хаш масло (BHO - Butan Hash Oil) за дебинг. За да го направите ова, процесот започнува со канабис и течен бутан гас во систем под притисок и топлина. Со користење на испарување под вакуум, тогаш е можно да се отстрани бутанскиот растворувач. Вакуумот го претвора бутанот од течност во пареа, што го олеснува отстранувањето. Екстрактот што се добива при овој вид на екстракција е исто така познат како шетер (shatter), што е стаклест цврст концентрат кој обично вклучува THC, CBD и други хемиски компоненти, а исто така и терпени. За да направите шетер, што е цврста верзија на бутан хаш масло, содржината на терпените мора да се чува на ниско ниво, кои спротивно функционираат како растворувач што го прави екстрактот мек. Вистинската почетна мостра може да помогне да се намалат терпените присутни во финалниот производ, како на пример работење со цветови кои поминале кјуринг. Од друга страна, бутан хаш маслото може да се загрее за да се отстранат терпените по екстракцијата, бидејќи се многу понестабилни од канабиноидите како ТХЦ и ЦБД.



The Summit T1 Extraction System од Summit Extraction Systems
Овој метод вклучува некои потенцијални опасности. Една работа, бутанот лесно гори во својата гасна фаза. Значи, користената температура мора внимателно да се управува, во спротивно постои сериозен ризик од експлозија на гас. Покрај тоа, системот треба да вклучува циркулатори кои го отстрануваат и рециклираат бутанот. Процесот на отстранување треба да го намали секој остаток од бутан во екстракт. Во сите случаи, сепак, треба да се направи аналитичко тестирање за да се осигура отстранувањето на бутанот, бидејќи е многу токсичен за луѓето. Оваа опасност може да го направи овој метод помалку посакуван избор од страна на пациентите, но е често користен од страна на рекреативните корисници. Овие методи не се за почетници! Сепак, екстракцијата со бутан е популарен метод за производителите на екстракти од канабис и ентузијасти со години, главно поради релативно малата опрема и трошоците за работа. 


Фактот дека овој метод произведува вкусни екстракти со повисока содржина на терпени, отколку што може да се постигне со екстракција со CO2, на пример. Наместо бутан хаш маслото, некои производители избираат да произведуваат пропан хаш масло. Во овој метод се користи течен пропан наместо бутан. Овде, високиот притисок го задржува пропанот да тече и екстракцијата се јавува на пониска температура, бидејќи точката на вриење на пропанот е помала од бутанот. Температурата на екстракција влијае на компонентите отстранети од канабисот. Значи, овие два слични начини - екстракција со бутан и пропан - произведуваат различни екстракти. Во некои случаи, екстракцијата со бутан и пропан може да се користи во комбинација за да се создаде производ со поширок хемиски профил. Сепак, како и процесот со бутан, посебно внимание треба да се преземе при екстракција со пропан за да се отстрани колку што е можно повеќе од хемикалијата и да се докаже истото со хемиска анализа.




Дното од грендер преполно со киф
Екстракции без растворувачи

Вреди да се спомне дека постојат повеќе примитивни техники за екстракција на посакуваните компоненти од растителната матрица на канабисот. Кифот, на пример, може да се одвои од туфките на канабисот, едноставно со мелење и просејување. Постојат неколку спратни грендери со сито специјализирани за таа намена, за собирање на кифот во домашни услови. Овие кристални формации сочинуваат дел од структурите познати како трихоми кои се наоѓаат на многу растенија, вклучувајќи го и канабисот. Трихомите од канабисот се првенствено заштитни структури произведени од женските билки кога цветаат. Нивниот интензивен горчлив вкус и силните ароми го прават растението неприфатливо за тревопасните животни и исто така, се верува дека го инхибираат растот на некои габи. Кога се одделува од канабисот, кифот изгледа исто како прав или полен. Бидејќи канабиноидите и производството на терпеноиди се особено концентрирани во трихомите, овој прав може да се додаде во производите од канабис за да се зголеми потентноста или може да се консумира како самостоен производ, активиран или суров.




Блокчиња пресуван хашиш
Традиционалниот хаш или хашиш, е уште еден пример за екстракт од канабис кој не содржи растворувачи. Повторно, идејата е да се одвојат трихомите од растителниот материјал, бидејќи тие содржат највисока концентрација на пожелни соединенија. Постојат два главни методи за создавање хаш: еден вклучува преземање на замрзнати туфки од канабис и нивно кршење на помали и помали делови над платното. Во процесот, трихромите се одделени од растението и паѓаат низ ситото, а потоа се притискаат во блокови; Друг примарен метод на екстракција без растворувачи вклучува употреба на замрзната вода, за да се одделат трихомите од туфките. По сушењето, потоа добиената екстрахирана смеса може да се оформи во хаш-блок. Чарасот е друга форма на екстракт без употреба на растворувач, со собирање на смолата од цветовите и листовите со помош на дланки.


Пневматска топлотна преса за екстракција од Rosin Industries
Розинот (rosin), исто така, стана многу популарен во текот на последните неколку години. Произведен од цвеќиња, хаш или киф, станува збор за проѕирна супстанца цврста по конзистенција, обично направена со примена на топлина и притисок на материјалот од кој сакате да се извлече и резултира со производ кој е многу сличен со финалниот продукт од бутанска екстракција. Аналитичкото тестирање покажа дека овој едноставен пристап ефикасно ги екстрахира канабиноидите и терпените со апсолутно никаков ризик да остави зад себе токсични резидуални растворувачи како бутан. Ентузијастите се во можност да произведат многу потентен розин екстракт со пегла за коса, пергамент хартија за печење и алатка за собирање. Комерцијалните розински преси се исто така достапни за обработка на материјалот во многу поголем обем, но концептот е во суштина ист. Рамен топлински механизам за притисок се користи за да се притисне материјалот и при одредена топлина и притисок, екстрактот е изваден. Погледнете го видеото подолу. Секој екстракт од канабис е лек!





Автор и главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Analyticalcannabis

Saturday, December 9, 2017

„THC-O-acetate“ - овој канабиноид е 300% попотентен од THC

Можеби сте слушнале за THC-A-Crystalline - најјакиот хашиш со 99.99% THC, најпотентниот канабис производ? Но, постои нешто уште појако. THC-O-acetate е канабиноид за којшто се смета дека е два до три пати појак од THC. Книгата на Мајкл Старкс (Michael Starks) „Хемијата на марихуаната: генетика, обработка, потентност“ (Marijuana Chemistry: Genetics, Processing, Potency) дури го опишува THC-O-acetate како 300% појак од THC


Според „Алхемијата на канабисот: Уметноста намодерното правење хашиш“ (Cannabis Alchemy: Art of Modern Hash Making),  THC-O-ацетатот екафеаво масломкоешто е растворливо во нафтен етер, како и етанол. Доналд Купер (Donald Cooper) од Американската Агенција за справување со дроги (Drug Enforcement Agency) истакна дека администрацијата најпрво наиде на овој канабиноид во текот на 1978 година во Џексонвил, Флорида. И очигледно, тоа беше направено од ТХЦ. „Во овој случај, концентриран екстракт од канабис бил добиен со Soxhlet екстракција“ - се вели во извештајот напишан од Купер. „Екстрактот беше ацетилиран со ацетниот анхидрид, а во последниот чекор, вишокот на ацетат е отстранет со дестилација“.

Уште од тој наод, лабораториите на ДЕА допрва треба да се сретнат со друг примерок од ТХЦ-О-ацетат, иако имаше разговори за класифицирање како контролирана супстанца. Владата одлучи да не продолжи, бидејќи инцидентот беше изолиран. Сличен случај дојде и во 1995 година во Велика Британија. Како што се испоставува, еден човек ја користел книгата на D. Gold за да ги формулира сопствените екстракти на THC-O-ацетат. Полицијата го уапсила човекот и THC-О-ацетат екстрактите и оттогаш било одлучено да биде дрога од класа А. Новозеландската полиција, исто така, наводно наиде на THC-О-ацетат истата година.

Кои се ефектите на ТХЦ-О-ацетат?

Помеѓу 1949 и 1975 година, американските армиски хемиски култури, како дел од експериментите на Едџовуд Арсенал (Edgewood Arsenal), го испитуваа THC-O-ацетатот како потенцијално не-смртоносно средство за онеспособување. По тестирањето на кучиња, истражувачите откриле дека има два пати поголема способност да ја наруши координацијата на мускулите од ТХЦ, формално познат како „делта-9 ТХЦ“. Што се однесува до луѓето, Купер вели дека ефектите се многу психоделични и подуховни отколку обичната трева. Мал недостаток на THC-O-acetat е тоа што ефектите се чувствуваат по 30 минути, а од џоинтот веднаш.

Дали ТХЦ-О-ацетат е легален и каде можете да го најдете?

Во текот на 1986 година, Сојузниот аналоген акт (Federal Analogue Act) направил хемикалија слична на супстанца слична на таа од Прилог 1 или Прилог 2, незаконска на федерално ниво. Сепак, тешко е да се каже дали тоа се однесува на THC-O-ацетатот, односно дека истражувањето за тоа е толку ограничено. Оваа супстанца и нејзините ефекти и употреби сè уште се во фаза на испитување.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Saturday, October 28, 2017

Како да направите хашиш со мраз?

Хашот е форма на канабис концентрат, а хашишот со мраз функционира на принципот дека трихомите се потешки од водата, додека вегетативниот материјал не е

Дејството на канабисот многу зависи од начинот на консумињање, а секој екстракт, тинктура, било која форма на препарат од канабис (во помала или поголема мера) е лековит (нула смртни случаи). Користете мешалка за целосно да го измешате материјалот со ледената вода и ослободете ги трихомите.

Ледената вода се користи, бидејќи ги замрзнува жлездите, така што тие лесно се отстрануваат (може да го ставите и садот во замрзнувачот и до два часа однапред). Потоа извадете ја водата и зелената материја и ќе ви остане хашиш богат со трихоми. Ова ќе треба филтрирање до одреден степен, бидејќи сè уште ќе содржи вода. Го најдовme овој рецепт на Порталот Growers Guide to Cannabis, но процесот е адаптиран за да може да се направат неколку од овие серии истовремено.

Ќе ви требаат:

* кофа/леѓенче;
* прскалка;
* дрвена/метална лажица;
*парче картон;
* пешкир;
* блендер или сад и миксер;
* контејнери/садови и вреќи;
* филтери за кафе за повторна употреба или мрежа (приближно 155 микрони со прачки изработени од влакна од поединечно влакно);
* хартиени кафе филтри;
* мраз;
* мелница за кафе (опционално).

Погледнете го видеото за да ви стане појасно. Водич за правење хашиш со мраз чекор по чекор. Имајте убав викенд :)


Sunday, July 16, 2017

Замрзнувањето е задолжително кога алкохолот се користи како растворувач

Еве едноставен совет за подобрување на квалитетот на домашниот екстракт од канабис - подобрување на бојата и вкусот, т.е. намалување на количеството на хлорофил во екстрактот 


Со замрзнувањето на почетниот цветен материјал и растворувачот (алкохолот, на пр. изопропил од 96% па нагоре) за околу 6-8 часа, а потоа брзо миење од 2-3 минути на почетниот материјал со алкохолот, лесно се отстрануваат трихомните жлезди и откако листестиот материјал е замрзнат, многу од хлорофилот не преминува во маслото... На овој начин не само што се намалува горчината на маслото (горчливиот вкус), туку конечното масло нема да биде темно зеленкасто, туку ќе биде златно-килибарно. Кога ќе се заврши со постапката на подготовка на маслото, серијата ќе биде 90%+ во зависност од врстата/врстите и финалната декарбоксилација... Хлорофилот не се смета за нешто лошо, но за пациентите со канцер и други сериозни хронични заболувања, потребно ви е масло коешто е најмоќно во поглед на THC и со што е можно помачку додатни непотребни примеси.

Теглата од лево е по брзото замрзнато перење, теглата од десно не е...

Извор: од комуникацијата со искусни производители на екстракт од канабис

Wednesday, July 5, 2017

Кое фармацевстко масло од канабис е полошо, а кое е подобро?!?

Вистината е дека и маслото на Реплек и маслото на Freyherr се со недоволна количина на двата главни канабиноиди THC и CBD, како и на останатите канабиноиди, флавоноиди, терпини и други молекули коишто се од круцијално значење кога некој сака да излечи нешто сериозно!

Во суштина ќе треба да се изнафрлате пари за да ја добиете потребната доза, ако сакате да се излечите од некоја од терминалните болести или автоимуни компликации. Со овие масла не може да излечите РАК! Одговорот или решението на овој проблем е бојкотирање на овие масла со нивно некупување, за да ја предизвикаме побрзо целосната либерализација. 

Основното мото на граѓанското движење 420 Macedonia е целосно ослободување на растението коноп/канабис и негово вадење од законските стеги, дозволување на слободно производство, продажба, преработка и секаков вид на употреба и да може секој да си одгледува и произведува растенија и масло во својот дом за свои лични потреби. Во тој случај секој ќе може да си набави семе по лична потреба и да си направи лек по исто така своја потреба, затоа што нели веќе сите знаеме дека секоја индивидуа е различна и реагира поинаку на врстите канабис и дозите. 

Самите научници кажуваат дека екстрактите треба д абидат правени од мешани врсти и да се менуваат од време на време и секој треба да тргне во потрага по соодветната врста најдобра за неговата сдравствена состојба, која ќе му/ѝ прија. Што значи дека наметнувањето од страна на Здружението Зелена Алтернатива дека ова толку преслабо масло го претставуваат како универзално за сите и за сè е тотално апсурдно, бесмислено, лажно и се коси со сите досегашни нивни изјави и ставови кои ги пласираа во јавноста за фармафијата...

Можеби светот пополека се отвора кон насушново прашање за изборот на лекување, но ние имаме шанса тоа да го направиме, не само обезбедувајќи им профит на фирмите, туку и давајќи им можност на луѓето сами да се снаоѓаат, без да бидат материјално или легалистички гонети и онеправдани. 

Ако ракијата е легална да се пече по дворовите (најпотентниот опијат што го познава медицината), како тогаш може да дозволувате забранување на лично производство на лековита билка којашто никого до сега не погубила, а безброј луѓе воскреснала од смртна постела! 

Значи да сумираме: Freyherr божемниот екстракт исто како и божемните масла на Реплек Фарм се производи наменети за продажба, како и секој друг производ на пазарот, кој се бори со пазарната конкуренција со производите слични на него. Не можеме да кажеме кое масло од овие две е подобро а кое е полошо - двете не се добри! :) ...зашто да фрламе толку пари за да испробуваме, кога рецептот за подготовка на вистински висококонцентриран екстракт (смола) од канабис FECO (Full Extract Cannabis Oil) по наједноставниот метод на екстракција РСО со изопропил алкохол го имаме на интернет и најгоре на нашата Фејсбук страница. Уште е рано и уште многу други фирми ќе понудат свој производ на пазарот. Со конкуренција и квалитетот и составот на производите ќе се подобруваат, а до тогаш САМИ ПРАВЕТЕ СИ ГО МАСЛОТО!!! Лекот канабис расте од земја, а не во аптека! ;)

Sunday, June 11, 2017

Квалитет на животот. Зошто е наречено РСО? (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 116 - 119)

Квалитет на животот


Може ли конопот да го подобри животниот век?

Jindřich Bayer - www.hempcures.work
„Ако сите ние би зеле мали дози конопово масло на редовна основа, јас сум цврсто убеден дека ние би живееле подолго и би биле многу поздрави. Подолгиот животен век е многу корисен за човештвото, затоа што тоа ќе им дозволи на оние кои имаат неверојатни таленти да постигнат многу повеќе. Премногу често во денешниот свет, лицата само стануваат подобри во она што го прават и тие се заглавени со медицински проблеми коишто ги завршуваат нивните кариери.

На сите нам ни е дадено ова искуство наречено живот за да се прошират нашите способности и хоризонти за нашиот вид да може да еволуира кон повисоко ниво. Покрај тоа, ние сме обезбедени ова чудотворно растение за воедно да ги зачува и заштити нашите тела од болест. Неверојатно е за мене да разберам дека човечката раса можела да го игнорира лековитиот потенцијал на ова растение уште повеќе. Сега вистината за лековитите моќи на конопот е достапна, ние би биле малку несовесни во нашите должности за обете како нас самите така и нашите сакани ако ние не ја бараме слободната употреба на овој лек веднаш.

Ако ти или некој друг на оваа земја би сакал да живее подолго во состојба на одлично здравје за да го постигне максималниот потенцијал за кој ние сме способни, јас не гледам како некој би можел да чувствува дека тие го имаат правото да ја наметнат својата волја врз нас или да се обидат да принудат некој да се воздржи од медицинската употреба на ова растение. Откако животот би требало да биде наменет за живеење и сега ти имаш откриено начин за да се избегне целото непотребно страдање, ви посакувам на сите многу долга и здрава егзистенција.



Сигурно сте слушнале како многу луѓе ви кажуваат, „Ова не може да функционира, ништо нема да помогне. Докторот ми рече дека јас ќе страдам од ова до крајот од мојот живот...“

Голем број пациенти дојдоа кај мене со медицински состојби за кои нивните доктори немале успех во лекувањето и тие чувствувале дека нивната ситуација е безнадежна. Доста често, луѓето дури и немаат дијагноза дека навистина е нешто погрешно со нив бидејќи во реалноста докторите не можеле да ги обезбедат со одговор. Повеќето од овие пациенти кои јас ги снабдив со масло не веруваа дека конопот може да помогне за нивните состојби додека тие не ја пробале терапијата. Јас сум бил во контакт со илјадници индивидуи, кои беа целосно запрепастени од она што овој лек направил за нивните состојби. Ако коноповото масло не може да ја излечи твојата состојба, повеќе од веројатно е дека ти ќе откриеш дека ова масло е до сега најдобрата достапна контрола.

Лекарите сакаат да ни кажуваат дека многу болести и состојби се неизлечиви, но овој лек посветува мало внимание на мислењата на докторите и често функционира она што се смета за медицински чуда. Ако ти имаш медицински проблем, дај му шанса на маслото и има добра шанса дека ти самиот ќе ги видиш чудата коишто тоа може да ги произведе.


Дали има смисла да не се обезбедуваат луѓето со лекови базирани на коноп?

Тоа нема апсолутно никаква смисла да се забранува медицинската употреба на конопот за јавноста и во реалноста, никој го нема правото да прави нешто такво. Единствената причина зошто конопот бил некогаш забранет на прво место беше поради фактот дека тоа претставуваше реална опасност за многуте интереси за големи пари. Ограничувањето на медицинската употреба на најмедицинското растение на земјата за оние кои живеат на оваа планета може само да биде наречено како злосторство против човештвото. Се чини дека сегашните влади сè уште сакаат да им дозволуваат на нивните богати пријатели кои ги поседуваат фармацевтските компании да го прават своето, но на крајот тие нема да бидат во можност пак да ја задржат вистината за овој лек. 

Кога конопот ќе го направи своето враќање во конвенционалната медицина, тоа ќе ја уништи целата корупција којашто некогаш стоела против неговата слободна медицинска употреба. Ова растение брзо станува препознавано повторно како најважното лековито растение коешто постои и лековите произведени од него ќе го променат лицето на медицината засекогаш. Наскоро јавноста ќе ги отфрли хемикалиите и отровите коишто ние моментално ги нарекуваме лекови и тие ќе ја бараат употребата на оваа природна супстанца, така што тие ќе можат да се излечат разумно.


Дали мислите дека луѓето кои го спроведуваат законот не сфаќаат дека порано или подоцна тие самите ќе имаат потреба од овој лек?

Многу луѓе кои го спроведуваат законот дефинитивно знаат дека лекот коноп функционира и тие сите треба да сфатат дека тие немаат право да се мешаат во неговата медицинска употреба. Впрочем, јас сум снабдил со овој лек добар број на оние кои работат во полиција во нашето општество. Офицерите од Royal Canadian Mounted Police дури имаат испраќано пациенти кај мене на третман, кои умирале од терминален канцер, па многу полицајци се свесни дека оваа природна супстанца функционира. Полицијата не е поразлична од нас кога станува збор за болест, тие исто така се плашат од рак и други сериозни состојби.

Сепак, полицајците се чини дека има многу потешкотии да ги стават своите глави околу фактот дека политиките на нашата влада кон лекот коноп ги убива нив и нивните семејства исто така. Повеќето полицајци пробуваат да ги избришат нивните злодела во врска со рациите што ги извршуваат против оние што користат коноп како лек велејќи дека тие само си ја вршат својата работа. Но, тоа е истата реченица којашто оние кои работеле во смртоносните кампови на Хитлер ја употребувале и таа не го оправдувала нивното однесување тогаш, ниту пак го оправдува однесувањето на полициските службеници денес.

Време е полицијата да се разбуди во реалноста на она што тие го прават. Дали полициските службеници мислат дека погрешно е за јавноста да го одгледува најлековитото растение на земјата за производство на овој лек? Или тие самите не би го барале ова масло ако тие би имале личност што ја сакаат која умира и има потреба од лекување? Јас очекувам дека тие би, па можеби време е за полицијата да започне да ги вперува своите пиштоли во вистинските криминалци.

Да се негира употребата на лекот коноп за јавноста е криминал и полицијата мора да престане со спроведувањето на законите кои се ставени против употребата на конопот за медицински потреби. Конопот е едноставно природно безопасно лековито растение. Па како може полицијата или некој друг да мислат дека тие имаат право да лишат некого со сериозен медицински проблем од имањето дозвола за слободна употреба на оваа супстанца?“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското растение


Зошто е наречено РСО?

„Рик не започна да го нарекува РСО, другите почнаа. Тоа е добар термин, поради тоа што тоа ги води луѓето кон информациите на Рик за методите и материјалите. Рик е со право загрижен за луѓето кои го нарекуваат Phoenix Tears или RSO маслото кое не е направено по неговите методи и препорачаните квалитети на почетниот материјал. Тој знае што функционирало низ неговото долгогодишно искуство во третирањето на пациенти, и тој сака да се осигура дека болните луѓе ќе го добијат она што тој знае дека функционира и не е нешто кое „може да биде толку добро“ со истото име...“ - Метју (Matthew)

„Без Рик и неговото видео јас не би знаел дека тоа лекува рак... иако јас сум бил корисник и одгледувач за околу 27 години јас не знаев дека тоа ги има тие квалитети во себе... сега јас му благодарам на Рик Симпсон... и без неговата храброст и искреност сите ние би живееле во мрак околу тоа... поради таа причина мислам дека РСО е добро име за маслото... но РСО мора да биде направено по инструкциите на РС... не некоја смрдлива идеја за што е најдобро... ако тоа не е скршено - не го поправајте.“ - Питер (Peter)

„Џек Херер започна да го нарекува Рик Симпсон Масло (Rick Simpson Oil) или RSO. Рик не сакаше да го нарекува тоа на таков начин и потребно беше некое време да го убедиме дека тоа е всушност добра идеја. Трикот е дека постојат многу конопови/канабисови масла таму и постојат многу начини за производство на масло или екстракт и многу пациенти биле измамени да купат масла или екстракти со послаб квалитет.

РСО е произведено користејќи специфична метода, од специфични материјали, и на специфичен начин, па тоа треба да биде наречено како што е - РСО. РСО не е БХО (BHO - butane honey oil), РСО е декарбоксилирано и многу потентно и седативно. Најдоброто РСО е со 95-98% THC, 1-2% CBD и екстремно потентно и седативно. Повеќето други типови на екстракции едноставно нема да произведат масло коешто е декарбоксилирано и толку потентно и бара многу дополнителна работа. Ние обично преработуваме големи квантитети канабис и методата на Рик е многу ефикасна и дизајнирана за обработка на големи количества канабис. Можете да обработите пола кило канабис и да го произведете маслото за помалку од два часа, користејќи опрема којашто лесно може да се најде во повеќето делови од светот. Поентата е да се направи лекот колку што е можно побрзо така што пациентот да не мора да чека.“ - ЈБ

„Не ми е ГАЈЛЕ како е наречено!!! Ве молам наречете го како сакате но не гнасете човек како Рик кој има спасено илјадници животи и го има дадено целиот негов живот за ширење на зборот. Тоа едноставно не е во ред!!“ - Дона (Donna)

„Јас тоа го нарекувам „конопово масло“ цело време, бидејќи тоа е она што е, тоа е во речникот, само друг збор за Канабис. Тоа е старомоден термин, но исправен термин ништо помалку. Сите ние знаеме за што тој зборува.“ - Дион (Dion)

„Магијата е во топчестите гвалички од трихомите. Никаде на друго место ТХЦ не постои на растенијата. Билката произведува ТХЦ за да ги заштити своите репродуктивни делови. Колку поблиску се доближите до тие делови, туфките, толку повеќе трихоми. Поради тоа туфките имаат најмногу лек на располагање. Тоа е наука, не е шпекулација. Ти благодарам повторно Рик што ме инспирираше за да го направам најдоброто масло што можам. Убава јасна килибар боја.“ - Тони (Toni)

„Колку и пченката? Сите ние не се согласуваме ЈБ. Поевтино би било убаво но ајде сега.“ Рик
-- Рик, ако канабисот се одгледуваше на илјадници хектарски ниви, колку би сакал да платиш за тоа? 20 долари за килограм? Или помалку?

Вие навистина треба да започнете да размислувате за канабисот наместо за грамажа. Побарувачката за маслото ќе биде толку огромна што нема да биде возможно да се одгледуваат сите растенија само во „медицински оранжерии“. Најпотентните и седативни врсти ќе треба да бидат одгледувани на милиони хектари земјиште, во целиот свет.

На пример, откако еднаш дамите ќе сфатат што маслото може да направи со кожата и брчките, тие ќе бараат 20-30% од најдоброто масло во сите нивни козметички производи и наеднаш ќе има побарувачка за милиони тони од најдоброто масло само за козметика. Потоа додадете уште неколку стотици милиони тони од маслото за болниците.

Потребни ви се 5-8 килограми суви туфки за да произведете килограм масло. Едно кило од маслото ќе произведе 5 кила козметички производи -- тоа е да речеме 100 тегли од по 50 гр од мелемот/кремот/лосионот/карминот/кремата за лице/шампонот. И сто тегли од конопови мелеми/креми/лосиони/кармини/креми за лице/шампони е ништо, тоа можете да го раздадете лесно во еден ден, секогаш ќе најдете некој кој ќе може да ги користи.

Значи повторно, започнете да размислувате во тони, не во грамови. Знам дека моменталните цели се многу повисоки. Јас не сум среќен со нив и јас ќе направам сè што можам за да ја добијам цената на сувата надворешна туфка од поле до околу 10-20 долари за кило. Бидејќи таа цена би дала вработување и добра работа за милиони фармери ширум светот. И тоа би донело многу позитивна промена во животот на сите нас. ЈБ

„Дозволете ми да го сумирам повеќето од она што се случува околу Маслото на Рик Симпсон. Инструкциите им велат на луѓето под А, Б, Ц и Д. Лучето ги читаат и прашуваат - ако јас нема да го направам А, дали Б, Ц и Д понатаму ќе функционираат? Ако јас не го направам Б, дали А, Ц и Д понатаму ќе работат? Ако јас не го направам Ц, дали А, Б и Д ќе работат? Што ако јас нема да го направам Д, дали А, Б и Ц сè уште ќе функционираат? И што ако јас го направам А, Б, Ц и Д, различно, дали тоа ѝ понатаму ќе се произведе вистинското нешто?

Општиот одговор е: не, така нема. Ако сакате да го произведете РСО, следете ги инструкциите до збор. Ако сакате да произведете нешто друго, тогаш следете други инструкции. Но ве молам не кривете не кривете нè нас кога ќе произведете различен тип на масло и третманот не успева и завршува со непотребна смрт на пациентот.

Ако ги направите А, Б, Ц и Д, маслото ќе функционира на најдобар можен начин. Тоа е причината зошто инструкциите се таму. Ако не ги следите, тоа нема или можеби нема да функционира. Тоа е толку едноставно, зарем не?

Што вие лично би сакале да добиете ако ви беше потребен лекот? Нешто коешто е докажано дека функционира толку добро или нешто друго, само за да би можел оној кој го направил маслото да ја докаже или негира неговата хипотеза или „метода“? Тоа е вашиот живот кој е во прашање. Па бидете внимателни, размислувајте за себе, и учете од оние кои имаат одено по овој пат пред тебе. 

Најдобри желби до вас. Јиндрих Бајер“


Се надеваме дека оваа книга ти помогна.
Сега ти си на ред за да ни помогнеш нам и на другите.

Креирањето на оваа книга и споделувањето на информациите е труд на љубов. За жал, љубовта не ги плаќа сметките.
Ние работиме за оваа книга да се преведе на 300+ јазици, и пишуваме 10 други различни книги на оваа тема.
Ние сметаме на поддршката од луѓето како Вас за да помогнете со трошоците за преводите, истражувањата, итн.
Ве молиме помогнете сега со одење повторно на Веб-сајтот на http://www.hempcures.work и кликајќи на ДОНИРАЈ преку PayPal копчето подолу и донирајте колку што сметате дека вреди за вас и вашите најблиски.
Алтернативно, вие можете да го употребите PayPal за да испратите донација директно на DONATE@HEMPCURES.WORK или можете да донирате преку BitCoin на:

1D379NRXNqHGLd1dkM56vqZHbkHnisfDJm


Ние ја цениме вашата поддршка и ви посакуваме вам и на вашите најсакани здрав и среќен живот исполнет со коноп.


Споделете го овој текст! Благодариме за поддршката и разбирањето <3


* Симнете си го протоколот бесплатно на англиски и донирајте за да биде преведен на сите јазици! - http://donate.hempcures.work/