Кај неинформираната јавност преовладува мислењето дека корисниците на канабис, главно се припадници на помладите генерации. Но, всушност тоа најмногу се групите на возраст од 45 до 64 години, покажуваат анализите
Канабисот е лек за сите возрасти! |
Неодамнешните изтражувања за употреба на канабис во Канада откриле дека скоро 5 милиони луѓе на возраст меѓу 15 и 64 години потрошиле околу 5,7 милијарди долари за канабис во текот на 2017 година. Тоа се еден од пет луѓе во оваа возрасна група. Поголемиот дел од парите се потрошени за канабис за рекреативни, отколку за медицински цели, што во моментов е нелегално во Канада. Не е изненадување што индустријата за канабис во Канада сега е поголема од индустријата за пиво и тутун.
Па, можеби мислите дека така е само во Канада, но грешите. Во Австралија, канабисот повеќе од двојно се користи помеѓу 2004 и 2013 година кај над 50 годишните. Велика Британија има слични трендови, со користењето на канабис во возрасната група од 65 до 74 години, која се зголеми повеќе од седумкратно помеѓу 2000 и 2014 година. Во САД, стапката на самопријавени корисници на канабис во текот на претходните 12 месеци кај луѓето на возраст од 65 години и погоре, исто така, скокна масовно помеѓу 2003 и 2014 година.
Потребата за канабис
Старосната група се поместила, исто така се зголемила популарноста на рекреативната употреба на канабис помеѓу постарите лица. Значи, тие се запознаени со лекот. Не може да биде сосема изненадувачки што неодамнешните истражувања укажаа на тоа како постарите луѓе користат канабис за олеснување од болката кога им се развиваат здравствени проблеми во текот на стареењето, но и за грижата до крајот на животот, заминување од овој свет без агонија од болки.
Каде е правото на избор дали да купиш или да си одгледаш? |
Во Велика Британија, болките во долниот дел на грбот и вратот се најчеста причина за попреченост, особено кај Baby Boomers. Со растечкиот потенцијал за злоупотреба на лекови против болки, како што се опиоиди и габапентиноиди, сосема е можно употребата на канабис кај постарите луѓе да расте. Ова е затоа што олеснувањето на секојдневното абење на вратот, колковите и колената кај населението кое се очекува да се зголеми двојно во развиените земји, ќе биде предизвик.
Најдобро време за промена?
Речиси секој месец некоја нова држава да објавува нови планови за промена на нивната политика во врска со канабисот. Околу 30 американски држави сега дозволуваат пристап до канабис на еден или друг начин. Но, низа регулаторни модели покажуваат дека не е само случај на „легализирање“ на канабисот - бидејќи некои Влади ќе дозволат пристап до канабисот најпрво само од медицински причини, без разлика што секоја употреба на канабис е лековита...
Исто така, постојат ограничувања за видовите на здравствени проблеми на кои што им е одобрено и може да им се препише и издаде медицински канабис. Во моментов, лековите што содржат канабис се лиценцирани само за ограничен број здравствени проблеми. Една од нив е оштетување на нервите, но само кај повеќекратна склероза.
Иако потребни се веродостојни докази базирани на студии за придобивките, како и ризиците од употреба на канабис кај постарите лица, искуството на пациентите ширум светот потврдува дека не само што канабисот е добар за болките предизвикани од разните состојби кај нив од здравствени проблеми поврзани со стареењето. Канабисот исто така успешно ги елиминира и негативните последици од лековите на рецепт што „мораат“ да ги земаат. Во комбинација со голем број други долгорочни состојби кај постарите луѓе, ризиците од користење на канабис како лек против болки се чини занемарливи, со спореднба со бенефициите кои ги пружа овој природен лек.
Автор: Кристина Т.
Главен и одговорен Уредник: MoniQue Konopova
Извор: The conversation
No comments:
Post a Comment