Канабисот и опиоидите се познати по своите аналгетски ефекти. Сепак, опиоидите создаваат голема зависност, која што најчесто е летална поради тоа што пациентите лесно може да се предозираат, што не е случај со канабисот!
Како канабисот ја стопира болката? ПРИРОДНО! ;) |
Помеѓу 1999 и 2014 година, продажбата на опиоиди на рецепт во САД се зголемила четири пати, со неверојатни зголемувања на бројот на предозирањата. Во здравствениот систем, 49% од пациентите кои бараат третман за болка заминуваат со рецепт за опасни опијати кои предизвикуваат сериозна зависност. Бидејќи ризикот од зависност и предозирање поврзан со опиоиди е толку голем, наоѓањето на заменска безбедна супстанца со помал потенцијал за злоупотреба е од круцијално значење и за нашата земја. Канабисот преку ендоканабиноидните рецептори од ендоканабиноидниот систем делува на сензорите за болка во телото, без да постои опасност од смртно предозирање. Фактички канабисот е најбезбедната билка и воопшто предозирањето е невозможно - нула документирани смртни случаи поради канабис до сега.
Аманда Реиман (Amanda Reiman) менаџер на Законот за марихуана во Алијансата за политика на лекови (Marijuana Law and Policy at the Drug Policy Alliance), ја дефинира супституцијата како „свесен избор за користење на еден лек (легален или недозволен) наместо или во поврзаност со друг поради проблеми како: перцепирана безбедност; ниво на потенцијал на зависност; ефикасност во ослободувањето на симптомите; пристап и ниво на прифаќање“. Важно е да се земат предвид овие фактори при одредување на заменскиот потенцијал на канабисот. Идеалната природна и органска растителна замена ќе даде подобри резултати од претходно употребуваните фармацевтски лекови за болки со тоа што треба да биде подостапна и легална за широка употреба кај повеќе здравствени состојби.
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
Автор: MoniQue Konopova (Моника Ристеска)
Референци: Leafly, Cannabis Nurse Navigator
No comments:
Post a Comment