„Канабисот полека, но сигурно игра улога во третманот на болка“ - вели панелист во форумот кој се одржа во Холиок (Holyoke), Масачусетс на 29 мај оваа година, за време на настанот насловен „Канабисот и опијатите: превенција или третман“ (Cannabis and Opioids: Prevention or Treatment)
За време на дискусијата панелистите се задржаа многу подетално на улогата што ја има растението марихуана како алтернатива на опиоидите за лекување на болките, но и за останатите прашања поврзани со канабисот, како на пример дека е засилувач на економијата. Точките за кои се дискутираше за време на настанот, ги вклучуваа: степенот на смртност и зависности предизвикани од употребата на опиоиди; потребата за повеќе истражувања за тоа како марихуаната може да помогне медицински; дека потенцијалот за појава на зависност од марихуана е низок; потребата за објаснување на луѓето за тоа како да се користи марихуаната и за тоа како користењето ги менува перцепциите и чувствата; правните прашања: незаконитоста на канабисот на федерално ниво.
Марихуаната не ни блиску до проблемот со зависноста од никотин или алкохол, изјави еден од лекарите на панел-дискусијата во вторникот. Единствениот начин на кој марихуаната дејствува како „gateway drug“ е само како излез од опијатите и останати тешки дроги. Д-р Питер Гринспун (Peter Grinspoon) од Општата болница во Масачусетс изјави за време на дискусијата дека хроничната болка ќе ги погоди повеќето лица во одреден момент во време кога луѓето живеат подолго и ужасите на опиоидните зависности се застрашувачки. „За мене, канабисот е очигледен начин за лекување на хроничната болка кај луѓето“ - рече Гринспун во панел дискусијата. „Јас само мислам дека е комплетна пропаганда дека тоа е влез. Таа е поврзано со друга употреба на дрога, но тоа не значи дека е каузално поврзана со друга употреба на дрога... Мислам дека канабисот, ако ништо друго, е излез“ - заклучува д-р Питер.
„За мене, канабисот е очигледен начин за лекување на хронични болки кај луѓето“ - додава Гринспун. Познати се позитивните аспекти на марихуаната. Но, тоа доаѓа по децении на дезинформации како што е дезинформацијата дека марихуана предизвикува зависност како и другите синтетички супстанции, но и онаа лага дека студиите мора да започнат со претпоставка дека марихуаната е штетна. Други земји како Израел ја истражуваат марихуана пообјективно од САД, рече тој. Други точки кои беа продискутирани за време на форумот беа дека: потребни се повеќе истражувања за медицинските придобивки на марихуаната, како на пример да се утврди кои видови на растението се ефективни против кои болести, како и важноста на објаснување околу дозата, начинот на употреба и ефектите што ги има марихуаната кај моменталното менување на перцепцијата особено кај почетниците, но не и свеста.
На панелот беа вклучени државни претставници, Арон М. Вега (Aaron M. Vega), д-р Марион МекНаб (Marion McNabb) - извршен директор и ко-основач на Канабис заедница за грижа и истражувачка мрежа (Cannabis Community Care and Research Network - C3RN) од Сомервил, која го организираше форумот. Вега рече дека легализацијата во Масачусетс за медицинска и рекреативна марихуана со прописи, овозможила напредок и сознание дека се потребни повеќе истражувања. Учењето продолжува за тоа како марихуаната може да се бере и да се одгледува на одредени начини за да се постигнат одредени резултати. Марихуаната може да им помогне на некои пациенти, но можеби и на други, рече тој. „Тука има голем потенцијал“ - истакна Вега, нагласувајќи го економскиот развој.
„Како што градот ја менува својата економија, иновациите стануваат клучни. Прифаќањето на канабис индустријата и работните места и приходите од даноци што ги носи се иновација во која градот се препушта“ - рече Маркос Марреро (Marcos A. Marrero), директор на Одделот за планирање и економски развој во Холиок (Holyoke Department of Planning and Economic Development), обраќајќи се пред публиката на панелот. „Вашето присуство тука е од витално значење во таа вертикална интеграција на вредностите. Каде ќе се одгледуваат и обработуваат најдобрите видови на канабис за каква било употреба, без оглед дали е медицинска или рекреативна? Не знаеме, но квалитетот е дефинитивно нешто за што ќе мораме да се натпреваруваме во иднина“ - објаснува Марреро.
Настанот беше спонзориран од Cannabis Community Care и Research Network, на скратено „C3RN“, консултант за канабис индустријата со седиште во Сомервил, а воедно и застапник. Организацијата се опишува себеси на својата веб-страница како „група на сличномисленици од канабис индустријата, за застапување, академски, јавно-здравствени, клинички, пациенти, политички и експерти од заедницата кои ги прифаќаат отворените принципи за водење на соработувачката наука во канабис индустријата“. Македонски лекари, како здружение на граѓани Ве молиме земете пример од вашите напредни колеги од напредните земји кои постојано сакаат да ги продлабочуваат своите знаења за да можат повеќе да допринесуваат кон својата заедница. Ве молиме едуцирајте се за безбедниот потенцијал на марихуана за олеснување на болките, наместо да препишувате тешки опијати и своите пациенти да ги претворате во зависници и наркомани!!!
Прошири ги своите хоризонти:
Автор, Главен и одговорен уредник, Претседател на здружението: MoniQue Konopova
Извор: Masslive
No comments:
Post a Comment