Showing posts with label терпен. Show all posts
Showing posts with label терпен. Show all posts

Friday, May 22, 2020

КАРИОФИЛЕН - Кои се својствата на овој лутникав канабис терпен и за што се користи?

Терпенот кариофилен е присутен во многу билки и зачини, вклучувајќи: црн пипер, босилек и оригано, а врстите канабис со високи нивоа на овој терпен му даваат зачинета, забавна топлина на носот, слична на цимет и каранфилче. Тој е единствениот терпен познат по тоа што се однесува како канабиноид, бидејќи може да го активира нашиот ендоканабиноиден систем


Кариофиленот дава лута зачинета арома
Терпените обезбедуваат широк спектар на ароматични својства, кои се движат од цветни и земјени ноти, до мошусни и цитрусни. Кога станува збор за зачинетата страна на ароматичниот спектар, кариофиленот е на врвот на оваа листа. Она што го прави кариофиленот (β-Caryophyllene) интригантен терпен е неговата врска со нашиот ендоканабиноиден систем, особено со неговата способност да се врзува за CB2 рецепторите. Поради ова, неговата употреба нуди низа потенцијални медицински придобивки.


Уникатен профил на Кариофиленот

Исто така, наречен бета-кариофилен (beta-caryophyllene) или BCP, овој терпен може да се најде во ароматичните масла како она од рузмарин и масло од каранфилче. Во природата најчесто го има во: хмељот, каранфилчето, црниот пипер, ориганото, циметот и босилекот. Одговорен е за малата доза на лутост поврзана со мирисот на издробен црн бибер. Кариофиленот е поголема молекула од терпените како мирцен и лимонен. Молекуларната структура на кариофиленот содржи и циклобутански прстен, нешто поретко во природата и него го нема во ниту еден друг познат канабис терпен.

Карактеристики на кариофиленот

Молекуларна структура на кариофиленот
Ендоканабиноидниот систем на човечкото тело содржи огромна мрежа на рецептори лоцирани низ целото тело и мозок. Постојат два главни вида: CB1 и CB2 рецептори. CB1 рецепторите главно се наоѓаат во мозокот и централниот нервен систем, додека CB2 рецепторите се наоѓаат главно во нашите периферни органи. Кога канабиноид, како што е THC, се внесува, првенствено се врзува за CB1 рецепторите лоцирани во мозокот и централниот нервен систем, создавајќи еуфоричен ефект.

Уникатната молекуларна структура на кариофиленот му овозможува лесно да се врзува за CB2 рецепторите првенствено лоцирани во рамките на нашиот периферн ендоканабиноиден систем. Ова значи дека не предизвикува никакво еуфорично чувство од канабисот, додека дава многу придобивки поврзани со активирање на тие рецептори, како што е намалувањето на воспаленијата. За разлика од кој било друг терпен, кариофиленот е единствениот кој има можност директно да активира канабиноиден рецептор, особено ЦБ2 рецепторите.


Врсти канабис со високи нивоа на кариофилен

Видовите канабис со високи нивоа на кариофилен имаат тенденција да бидат зачинети и мошусни на мирис, а некои се познати и дека имаат забавен профил. Многу од тие врсти се познати дека предизвикуваат исто чувство на пецкање во носот, слично со чувството кога ќе вдишеме бибер. Кариофиленот се наоѓа на високо ниво во многу видови на семејството канабис наречено „Cookies“ (Колачиња): - Platinum GSC, GSC, Cookies & Cream, Candyland (Platinum Cookies x Grandaddy Purple).


Некои врсти канабис со повисока количина на кариофилен од просечната се: 
Некои врсти со многу кариофилен


  • GSC (Girl Scout Cookies)
  • Bubba Kush
  • Sour Diesel
  • Chemdog
  • Candyland
  • Death Star
  • Original Glue
  • Cookies and Cream
  • Gelato
  • The White
  • Master Kush

Овој терпен кој го олеснува стресот е присутен и во многу хибридни врсти канабис, познати по тоа што предизвикуваат релаксација и ја намалуваат вознемиреноста. Со оглед на неговите уникатни ароматични ноти, лесно е да се открие во врстата. Многу кремови, масти и мелеми од канабис користат видови со високи нивоа на кариофилен, покажувајќи го неговиот природен ароматичен профил, а истовремено даваат и терапевтски придобивки.


Потенцијални придобивки од кариофилен

Студиите за кариофилен укажуваат на широк спектар на терапевтски потенцијал. Студијата на терпенот кариофилен од 2014 година покажува својства за ослободување од болка кај глувци, а друга студија на глодари покажува потенцијал на кариофиленот да го намали внесот на алкохол, со што овој терпен е можен третман за зависности. Исто така, се покажа дека кариофиленот има антиоксидантни и антиинфламаторни својства и е можна терапија за лекување на воспалителни заболувања на цревата. Истражувањата дури откриле дека кариофиленот може да лекува вознемиреност и депресија. Тековните студии се надеваат дека ќе откријат уште поголем дел од терапевтскиот потенцијал на кариофиленот, вклучително и истражувања кои укажуваат дека може да помогне во зголемувањето на животниот век, со намалување на генскиот стрес.

Интересен факт 1: Доколку некогаш се надувате премногу, кариофиленот може да го намали тоа чудно чувство и да спречи анксиозност или параноја, благодарение на неговото анти-психотично дејство!

Интересен факт 2: Кариофиленот е единствениот терпен познат по тоа што се однесува како канабиноид, бидејќи може да го активира нашиот ендоканабиноиден систем и да предизвика анти-воспалителни реакции.






Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: Leafly, Royalqueenseeds

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

ЛИНАЛОЛ - Како делува овој цветен канабис терпен и кои се неговите придобивки?

Терпените играат клучна улога во разликувањето на вкусот и ефектот на некои врсти канабис

Што се тоа канабис флавоноиди и за што служат овие биоактивни состојки?

Wednesday, May 6, 2020

ЛИНАЛОЛ - Како делува овој цветен канабис терпен и кои се неговите придобивки?

Ароматичните соединенија кои се наоѓаат во канабисот, наречени терпени, имаат сè повеќе ценета улога како дел од лековитите придобивки на растението. Овие состојки спаѓаат во различна класа од канабиноидите и флавоноидите. Можеби од таа причина добиле значително помалку истражувачко внимание. Канабисот произведува широк спектар на терпени, но во оваа статија ние се фокусираме на ЛИНАЛОЛ (linalool) заради неговите нови терапевтски придобивки


Линалол дава арома на лаванда
Терпените традиционално се сметаа дека само придонесуваат за субјективното искуство со канабис, збогатувајќи ја неговата арома и вкус. Во поново време, терпените добија внимание од појавата на теоријата за синергискиот „ефект на придружба“, кој предлага терапевтските придобивки од канабисот да се подобрат со додавање на повеќе канабиноиди и терпени во споредба со изолирани канабиноиди. Ова укажува на тоа дека терпените можат да ја модулираат јачината на индивидуалните канабиноиди врз дејството во мозокот и телото. Но, ефектот на придружба не исклучува директни дејства на самите терпени за различни цели во телото. Сега се верува дека терпените директно влијаат на обработката на мозокот со модулирање на однесувањето на мозочните клетки. Терпените и терпеноидите се органски соединенија што постојат во растенијата и им даваат мирис и вкус. Терпените се состојките што ја прават секоја врста на канабис посебна, даваат специфични нијанси на мирисот и вкусот на димот кога тревата се пуши и затоа секоја врста е извонредна.



Терпените сами по себе не даваат ХАЈ. Но, во комбинација со THC (и другите психоактивни канабиноиди) и хемиските процеси во телото, тие се она што го прави секој ХАЈ посебен! Тие го модулираат начинот на кој THC влијае врз нас. Концептот дека терпените директно влијаат врз функцијата на мозокот за некои може да изгледа очигледно, но многу години тешко беше да се разликува директниот ефект на терпените врз функцијата на мозокот, наспроти неговиот индиректен ефект врз расположението и субјективната состојба преку модулација на мирисната обработка (т.е. чувството за мирис). Нашето чувство за мирис е сложено поврзано со центрите за емоции и меморија во мозокот, воспоставувајќи потенцијална причина и последица помеѓу пријатниот флорален мирис на лаванда (причината) кај терпенот линалол, со опуштено и подобрено расположение (ефект). Додека миризливата сензација сè уште може да придонесе за ефектот на терпенот, сега се верува дека терпените директно влијаат на обработката во мозокот со модулирање на однесувањето на мозочните клетки.


Аромата на линалол

Linalool не е специфичен за канабисот. Неговиот карактеристичен мирис на лаванда е вообичаен за над 200 видови на растенија. Всушност, толку е вообичаен што дури и оние кои не користат канабис, завршуваат да консумираат над два грама линалол секоја година преку нивната храна. Можеби тоа изгледа дека е многу, но постои многу мал ризик од неповолните ефекти на овој терпен. Линалолот не се задржува во вашето тело и не се акумулира како канабиноидите што се чуваат во масните ткива на телото и мозокот.



Врсти на канабис што содржат линалол

Неколку видови канабис содржат високи нивоа на линалол, иако тој ретко се вбројува во првите три најзастапени терпени. Но подолу, ќе најдете неколку врсти кои го содржат, како нивни трет најзастапен терпен:

1. Do-Si-Dos
2. Scooby Snacks
3. Zkittlez

Врстата До-Си-Дос содржи повисока од просечната количина на линалол, но во просек сè уште е третиот најзастапен терпен во неговиот профил. Се појавува со виолетова нијанса во туфките.



Потенцијални придобивки на Линалол

Зошто толку многу различни растенија произведуваат линалол? Неговите антимикробни својства се заштитни за растението и претставуваат потенцијална терапевтска употреба кај луѓето. Дали се користеше како ран антибиотик, не е познато, но линалолот (често во форма на лаванда или стебла од кикиритки и лисја) се користи во традиционалните медицински практики и во ароматерапијата, поради неговите седативни и антиепилептички својства. Глувците изложени на пареа од линалол покажуваат намалено ниво на вознемиреност и поналку однесувања слични на депресија. На овие тестови, глувците изложени на пареа од линалол поминуваат повеќе време во околини кои предизвикуваат страв и ќе продолжат да работат за да избегаат од навидум безнадежна ситуација. Ова не е исто како тестирање на вознемиреност и депресија во клиника, но според овие добро проверени мерки, линалолот се чини дека помага.


Линалолот исто така го прави имунолошкиот систем поотпорен на деструктивните ефекти од стресот. Стресот предизвикува промена во распределбата на белите крвни клетки во организмот (т.е. клетките на имунолошкиот систем); процентот на лимфоцити се намалува, а се зголемуваат неутрофилите. Кај стаорци, линалолот ја спречува оваа промена и притоа ги спречува стресните промени во начинот на кој ДНК-то на стаорците беше изразено. Интересно е што авторите на студијава оправдаа дека оваа заштита е посредувана од можноста на линалолот да го активира парасимпатичкиот одговор на телото, кој се активира кога телото мирува и вари храна, а со тоа се вклопува во анти-анксиозните ефекти на линалолот.



Како линалолот влијае врз мозокот?

Студиите индицираат дека ефектите во однесувањето на линалолот може во голема мерка да бидат посредувани од неговите ефекти во мозокот. Еден начин е преку блокирање на рецепторите за примарната ексцитаторна мозочна хемикалија, глутамат, што може да претставува потенцијално антиепилептично својство на овој терпен кај некои форми на епилепсија. Овој терпен, исто така, има можност да го подобри ефектот на другите седативи, како што е пентобарбитал.


Дополнително, линалолот може да делува релаксирачки во мускулите и да има ефекти за ослободување од болка преку дополнителни карактеристични механизми. На пример, линалолот ја намалува сигналната сила на ацетилхолинот, мозочна хемикалија која е потребна за мускулна контракција и движење. Линалолот може да има ефекти слични на анестетици со намалување на ексцитабилноста на клетките во 'рбетниот мозок кои пренесуваат сигнали за болка во мозокот. Некои од способностите за ублажување на болката на линалолот може да се припишат на неговото покачување на нивоата на аденозинот, инхибиторна хемикалија на мозокот, која е особено блокирана од кофеинот. Заедно, ова мноштво цели на нервниот систем придонесуваат за неговите седативни својства, намалување вознемиреност и има придобивки за намалување на болката.


Овие ефекти обезбедуваат основна поддршка за придобивките на линалолот во терапијата со болка. Во една студија, пациенти со прекумерна телесна тежина кои биле подложени на операција за смалување на желудникот, биле изложени на пареа од масло од лаванда богата со линалол. Само 46% од пациентите кои вдишувале масло од лаванда барале пост-оперативен опиоиден лек, споредено со 82% од контролната група. Понатаму, морфиумските потреби на оние кои се во групата со лаванда, биле скоро колку половина од потребата од контролната група, заедно сугерирајќи дека линалолот може да ја намали потребата за пост-оперативен третман за болка базиран на опијати.


Потенцијални придобивки на линалол кај Алцхајмеровата болест

Можеби највозбудливата терапевтска употреба на линалолот е неговиот потенцијал како нов третман кај заболени од Алцхајмерова болест. Алцхајмеровата болест е прогресивно и во моментов неповратно заболување предизвикано од дегенерација на мозокот. Оваа дегенерација предизвикува сериозни проблеми во сеќавањето и когнитивно оштетување. Во моментов нема лекови за Алцхајмерова болест и тековните стратегии за лекување се во голема мерка неефикасни за закрепнување на мозочната функција. Ова ги натера научниците да бараат идентификација на техники во обид да го вратат курсот на болеста и да ја вратат нормалната функција на мозокот.


Ветувачка студија објавена во 2016 година укажува на линалолот како потенцијален третман за Алцхајмерова болест. Во генетскиот модел на глушец болен од Алцхајмерова болест, линалолот поврати многу од нарушувањата во однесувањето и когнитивните состојби поврзани со оваа болест. Понатаму, тој го намали бројот на плаки во мозокот и клеточните мембрани што ја дефинираат болеста и придонесуваат за дегенерација на мозокот. Линалолот сè уште има многу пречки пред да се започне со негова општа употреба. Но, овие студии кај Алцхајмер, заедно со претходните студии, кои демонстрираат придобивки при болка, вознемиреност и депресија, укажуваат на важноста на континуираното истражување за терапевтските придобивки на терпенот линалол, но и другите терпени што природно се јавуваат во растението канабис.


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Leafly

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Thursday, July 19, 2018

Биомедицинското значење на ароматичните соединенија терпени

Терпените се класа на органски соединенија генерално произведени од четинари. Познати по нивниот карактеристичен мирис, тие имаат големо значење во медицината. Терпените се испарливи по природа и често имаат карактеристична арома. Нивната арома ги прави доста корисни за ароматерапијата


Терпените се одговорни за аромата
Класифицирани според бројот на присутни изопренски единици, терпените можат да бидат хемитерпени, монотерпени, дитерпени, тритерпени и др. Иако здравствените придобивки од терпените сами по себе не се толку популарни како придобивките од канабиноидите CBD или THC изолати или масла со полн спектар, здравствената корист сепак од нивниот удел во клиничките цели не може да се игнорира. Канабисот се вели дека содржи околу 120 различни терпени, покрај канабиноидите, вклучувајќи THC (тетрахидроканабинол), CBD (Cannabidiol), CBN (Cannabinol) и THCV (Tetrahydrocannabivarin). Од ова, само ТХЦ се смета за психоактивна состојка, додека ЦБД и ТХЦВ се сметаат за комплетно безопасни и сите имаат големо биомедицинско значење како терпените, бидејќи сите тие функционираат сигерично.


Терпенско тркало
Од широката палета на присутни ароматични соединенија во канабисот се издвојуваат: лимонен, микрен, пинен, линалол и фитол. Популарни поради нивното биомедицинско значење, терпените имаат посебно место во светот на ароматични соединенија. Терпентите се користат како алтернативен лек за третирање на многу состојби, имајќи посебно својство за намалување на проблеми со дигестивниот систем. Најголемата нивна позитивна страна е дека тие немаат никакви несакани ефекти во повеќето козметички фармацевтски производи. Исто така терпените наоѓаат некои добри апликации во нафтената и маслената индустрија. Се употребуваат за производство на масти и засилувачи на вкус, терпените се практично мултифункционални. Тие лесно можат да излечат многу проблеми со кожата, вклучувајќи болка и чешање.


Каде најчесто се јавуваат терпените?
Терпените наоѓаат најголема примена во лекувањето на депресија и анксиозност, најчесто во ароматерапијата. Имајќи неверојатен седативен ефект, тие го ослободуваат пациентот од стрес и анксиозност. На крајот се чувствувате среќни и задоволни, а користењето на терпените може да помогне за подобар личен и професионален живот. Некои терпени, имено микрен, се толку ефикасни што нивната арома е доволна за да ги покажат своите билни својства. Терпените од некои растенија слични на грмушки, долго време се користат како ефикасен третман за дизентерија, дијареа и дијабетес. Покрај тоа, тие наоѓаат широка употреба во парфемската индустрија и индустриите за производи наменети против инсекти. Нивниот лут мирис ги брка инсектите.


Лимоненот и Пиненот се користат во освежувачите на простории. Имаат антимикробни својства, тие можат ефикасно да се борат со габи и бактерии. Кога се консумираат орално, тие можат да го олеснат варењето на храната. Исто така терпените се користат како природен земјоделски пестицид, терпените наоѓаат апликации и во други индустрии. Тековните истражувања, исто така, сугерираат дека терпените можат да имаат антиканцерогени својства и може да се покажат како корисни во лекувањето на канцерите. Тие имаат инхибиторен ефект врз растот на туморите. Терпените делуваат како бронходилататор кај луѓето кои имаат проблеми со дишењето (особено астматичари), а тие се главно познати и по своите антибактериски и антибиотични својства. Еве некои терпени најкарактеристични за канабисовото растение:


LIMONENE - ​​Лимонен е монотерпен кој е одговорен за карактеристичната арома на цитрусните плодови. Се користи како популарен ароматичен додаток во некои спакувани прехранбени производи, а има големо биомедицинско значење. Соединението се користи за многу медицински цели, вклучувајќи го и третманот на рак и бронхитис. Познат е за намалување на воспалението на срцето и други кардиоваскуларни проблеми.

BORNEOL - Борнеол е терпенски дериват кој се користи во традиционалните кинески методи на лекување. Природен отстранувач на инсекти, борнеолот ги наоѓа своите употреби и апликации скоро насекаде. Познат e за лекување на замор и стрес, генерално се препорачува на пациентите кои имаат проблеми со анксиозност или депресија.

TERPINEOL - Терпинеол е терпен произведен од канабис Индика растенијата, тој е силен антибактериски и антифунгален агент. Оваа состојка е позната по својата антиинфламаторна акција, исто така. Се користи во третманот на ракот, бидејќи го минимизира растот на туморските клетки со потиснување на патеката NF-kB.

MYRCENE - Мирцен е најчестиот терпен во канабисот, тој е монотерпен. Одговорен за производство на силни аналгетски ефекти, микренот исто така се користи за создавање на седативен ефект. Состојкава има пријатна арома што ја прави корисна во производството на парфеми и други миризливи материјали.

PINENE - Пиненот се појавува како два природни изомери, тој исто така е монотерпен. Познат како алфа-пинен и бета-пинен, изомерите обично се добиваат како деривати од турпентин (turpentine). Како природен хербицид, соединението е познато исто така дека покажува значајни антибактериски и антибиотични својства.

Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Herb.delivery

Monday, July 16, 2018

БИСАБОЛОЛ: Медицинските придобивки на овој цветен секундарен терпен

Бисаболол (Bisabolol) е терпен најдобро познат по неговото присуство во канабисот и камилицата, но исто така тој има и доста терапевтски својства. Тој е секундарен терпен на канабисот кој исто така е познат како алфа-бисаболол или левоменол (levomenol) 

Хемиска структура на терпенот α-bisabolol (Levomenol)

Извесно време alpha-bisabolol (α-bisabolol) бил популарен поради употребата во козметиката како во производите за нега на кожа и парфемите, но сега ја зголемува својата популарност во канабис заедницата, поради тоа што овој терпен овозможува неколку прекрасни медицински придобивки како пропратен ефект на нашето омилено, најбезбедно и најлековито растение коноп. 



Бисаболол: Арома

Бисабололот има многу пријатна арома, поради што долго време се користи во индустријата за парфеми. Таа е слатка и цветна, а сепак блага и може дури да има и цитрусни ноти. Најславното растение во природата кое го содржи овој терпен е камилицата, потоа некои видови на жалфија и дрвото Candeia по потекло од Бразил.



Медицински придобивки: Антивоспалителни ефекти

Истражување од 2011 година го тестирало ова. Причинарта поради која алфа-бисаболол се користи како козметички додаток во многу производи за убавина е неговото смирувачко дејство. Ова истражување го открило точниот механизам на антивоспалителните својства од овој терпен. Поради тоа што воспалението е коренот на многу поголеми проблеми, пред се болки, но и нарушувања како: лупус, Кронова болест и воспаление на цревата; алфа-бисабололот е придонесувачки фактор за тоа како одредени сорти ги ублажуваат овие болести повеќе од други.



Се бори против ракот

Можеби највозбудливото откритие за овој терпен е дека може да се бори против ракот. Истражувања од 2011 и 2016 година откриле дека алфа-бисабололот го забавува растот на клетките на панкреатичен канцер. И истражување од 2012 година исто така открило дека и овој терпен се бори против клетки на акутната леукемија (рак на крв). Ова се докази дека не само активната состојка ТХЦ е единствениот убиец на ракот, туку дека сите состојки природно најдени во растението канабис меѓусебни синергично си помагаат и содејствуваат во борбата против сериозните болести настанати поради ендоканабиноиден дефицит. Овие откритија се ветувачки, но сепак потребни се повеќе такви истражувања за доутврдување на овие вистини.



Бисабололот е нивна заедничка особина!
Аналгетични и антибиотички својства

Поради многуте медицински ефекти, во 2009 година направено е тестирање на многуте фармацевтски улоги на овој терпен и тогаш е утврдено дека поседува и аналгетични и антибиотички својства. Истражување од 2017 година ги испитало антибиотичните ефекти на овој терпен и се открило дека алфа-бисабололот синергизирал во комбинација со други антибиотици правејќи ја таа комбинацијата посилна против бактерии како E. coli и S. aureus.


Искуството со бисаболол

Покрај многуте медицински употреби на овој терпен, се смета дека има и релаксирачки ефект кај ароматерапијата. Бисабололот помага при анксиозност и несоница. Но, бидејќи не е примарен терпен во канабисовото растение, нема да доминира кога се наоѓа во некоја сорта. Важно е да се види кои други терпени се присутни за да се направи канабиноиден профил. Значи, сите компоненти во канабисот придонесуваат во неговиот попратен ефект.



Во кои врсти канабис бисабололот е најзастапен?

Извор: HERB