Од многуте активни состојки во марихуаната, канабиноидите - чудотворните молекули кои ја обезбедуваат медицинската ефикасност на растението - не се целата слика! Некои корисници на канабис најчесто се свесни за терпените, состојките до одредена мера спроедливи со канабиноидите, а кои му го даваат на цветот од билката канабис неодоливиот и специфичен мирис
Зошто некои туфки мирисаат како цитруси, како лимони? |
Она што повеќето не знаат е дека терпените, исто така, даваат терапевтски олеснувања, исто како и нивните братучеди канабиноидите. Терпените се произведуваат во посебни секреторни клетки во рамките на трихомите на растението. Тоа се микроскопските смолести жлездички кои ги покриваат цветовите како снежна покривка, а понекогаш и лисјата. Ова е исто така, местото каде што се создаваат сите канабиноиди, како ТХЦ и ЦБД и сите останати. Во природата постојат околу 20.000 терпени, а повеќе од 200 се идентификувани во канабисот.
* Уште нешто за терпените... да повториме за најпознатите терпени и да научиме за уште неколку други!
Како аминокиселините, терпените се моќни градежни блокови во рамките на физиологијата на растението, кои помагаат во производството на витамини, хормони, пигменти, смоли и - ДА - најважниот дел од билката - канабиноидите. Канабис растенијата ослободуваат повеќе терпени кога температурите се повисоки. Покрај аромата, терпените играат неколку улоги, вклучувајќи заштита на растението канабис против предатори како инсекти и животни. Овие специјални молекули сочинуваат околу 10 до 20 проценти од вкупната смола во трихомот. Се проценува дека 10 до 30 проценти од смолата од марихуана доаѓа токму од терпените.
Разбирање на трихомот Лимонен
Лимонен е терпен кој пренесува мирис на цитруси-агруми (портокал, мандарина, лимон, лимета или грејпфрут-цитрон), смрека, рузмарин или мента. Лимоните и другите агруми содржат големи количества лимонен, особено во кората. Така, кога некој ќе почувствува арома на цитрус во канабисот (или која било друга растителна материја), станува збор за буквално истата состојка што го произведува овој мирис во цитрусните овошни плодови. Додека пријатните киселки ароми секако се посакувани од страна на рекреативните корисници, пациентите, пред сè сериозно болните, сè повеќе се интересираат за лековитиот потенцијал што во себе го крие овој терпен. Кога животот ќе ви подари лимони - направете си лимонада!
Како мирценот, лимоненот има неколку медицински придобивки. Се покажало дека помага кај дигестивните проблеми особено со варењето на храната, помага при олеснувањето на депресијата и се покажа дека поседува антибактериски и анти-габични својства. Лимоненот исто така има антиинфламаторно дејство, што го прави ефикасен кај голем број состојби. Негова највредна особина е тоа што тој е анти-пролифератив, што значи дека е ефикасен антиканцероген лек! Анти-туморските својства на лимоненот го генерираа најголемото внимание од страна на медиумите. Овој терапевтски терпен е познат по тоа што помага во борбата против анксиозноста, па дури и го третира рефлуксот (прекумерна желудочна киселина). Лимоненот може да го подобри расположението и дури е откриено дека ги раствора жолчните камења.
Научни студии за Лимонен
Како и во сите области на проучување на медицинските квалитети на канабисот, потребно е да се спроведат повеќе истражувања за подобро разбирање на својствата на терпените како лимонен. Додека човечките испитувања се во недостаток, фактот што лимонен не се појавува во Прилог I од Законот за контролирани супстанции во САД (за разлика од THC, CBN и канабисот сам по себе), лесно е истиот да се добие и легално може да се користи во студиите за научни цели. Студијата спроведена во 2011 година на Универзитетот во Аризона и објавена во зборникот Oncology Reviews покажа дека лимоненот има антиканцерогени својства и е модулатор во рамките на имунолошкиот систем на телото. Студијата заклучува: „... опсервациите од клеточната култура, животните и епидемиолошките студии го поддржуваат присуството на антиканцерогени својства во кора од цитрус“.
Студијата спроведена во 2013 година во Центарот за рак на Универзитетот во Аризона и објавена во зборникот Cancer Prevention Research (Истражувања за превенција на канцери) откри дека лимоненот е ефикасен во спречувањето на пролиферацијата на клетките на ракот и намалувањето на големината на туморот. Овој човечки опит вклучувал 43 жени кои неодамна биле дијагностицирани со рак на дојка. Следната студија во 2015 година покажа слични резултати. Студијата спроведена во 2014 година во Франција и објавена во списанието Антивоспалителни и антиалергиски агенси во медицинската хемија (Anti-inflammatory and Anti-allergy Agents in Medicinal Chemistry) објави дека лимоненот има антиинфламаторни својства, што го прави значаен за лекување на рак (воспалителна состојба). Студијата откри дека лимоненот поседува „изненадувачка“ способност да ги спречи туморите да го нападнат околното ткиво со намалување на нивната способност да создадат нови крвни садови. Овој моќен терпен, исто така, покажа дека игра голема улога во заздравувањето и регенерацијата на кожата и ткивата.
Луѓето кои живеат во држави кадешто канабисот е нелегален, најчесто се принудени најлековитата билка да ја набавуваат од црниот пазар и со тоа законот да ги третира како криминалци. Поради тоа обично не се во можност да имаат увид во тоа што го купуваат и ретко имаат можност да одберат конкретна врста... Сепак, неколку видови покажале дека содржат поголеми количини на терпенот лимонен од други. За оние среќници кои живеат во држави со легални диспанзери и продавници за канабис, следниве врсти можат да ви обезбедат солидна доза на лимонен:
* OG Kush: Урамнотежена хибридна врста која обезбедува тотална релаксација на умот и телото. Олеснува од болката и анксиозноста без да предизвика поспаност;
* Lemon OG Kush: Индика доминант со брзо дејствување кое обезбедува ослободување од стрес, вклучувајќи релаксација, стимулација на апетитот и покачување на расположението (се бори против депресија);
* Jack the Ripper: моќен хибрид кој создава дебел, груб чад и дава интензивна еуфорија, а покрај од акутна и хронична болка, нуди олеснување и од стресот;
* Lemon Diesel: балансиран хибрид кој прво обезбедува брзо дејство на сатива, проследено со релаксација на телото како индика;
* Lemon C4: хибрид кој обезбедува среќа и церебрална релаксација;
* Sour Diesel: моќен сатива-доминантен хибрид кој обезбедува олеснување од стрес, анксиозност, болка и депресија и обезбедува долготрајно дејство.
Кога животот ќе ви подари лимони - направете си лимонада! Пронајдете ги соодветните „лимони“ за вас и добро исцедете ги ;) - Ваша МониК
Автор: MoniQue Konopova
Извор: Massroots
No comments:
Post a Comment