Thursday, August 9, 2018

Што се тоа канабис флавоноиди и за што служат овие биоактивни состојки?

Кога ги разгледуваме биоактивните соединенија кои биле откриени во канабисот, а кои се над 200 на број, честопати пошироко разбраните фитоканабиноиди и терпенти имаат тенденција да бидат постојано во фокусот на вниманието. Но, ова не се единствените важни соединенија произведени од канабис билката. Флавоноидите сочинуваат околу 10% од овие познати соединенија со околу 20 разни видови канафлавини отркриени во канабисот


Флавоноидите не се единствени кај билката канабис. Научниците идентификуваа илјадници од нив во природата: од цвеќиња, до овошје и зеленчук. Сепак, постојат некои за кои се знае дека се наоѓаат само во рамките на канабисот. Овие се познати како канафлавини (cannaflavins). Слично на терпените, флавоноидите имаат улога во тоа како го восприемаме канабисот преку нашите сетила. Всушност, флавоноидите се меѓу најкомплетните соединенија што се наоѓаат во растението канабис.


Флавоноидите постојат насекаде во природата

Флавоноидите се составени од групи на полифенолни соединенија кои делуваат како секундарни метаболити за огромен број на растенија и габи. Со над 6.000 видови на откриени флавоноиди, нивните функции опфаќаат разновиден спектар. Флавоноидите исто така влијаат врз пигментацијата на канабисот, исто како што се случува и кај други цветови. Зборот „флавоноид“ всушност, произлегува од латинскиот термин „flavus“, кој се однесува на жолтата боја во нијанса како што се појавува во природата. Ова има смисла имајќи предвид дека примарната функција на флавоноидите е да се обезбеди пигментација од бои на растенијата, особено во цвеќиња, со цел привлекување на опрашувачи. Многу растенија, вклучувајќи го и големото мноштво на овошја и зеленчуци што не содржат зелена пигментација, ги должат нивните светли бои делумно на флавоноидите. Тие, исто така, се делумно одговорни за заштита на растенијата од елементите како што се: потенцијално штетните УВ зраци, штетници и болести.


Флавоноидите му даваат карактер на канабисот!

Вкусовите и аромите на канабисот според многумина се последица на терпените. Сепак, флавоноидите, исто така, играат важна улога во обезбедувањето на препознатливите квалитети кои ги вреднуваме за да правиме разлика помеѓу сортите. И мирисот и вкусот се присутни во канабисот поради синергистичките квалитети што терпените и флавоноидите меѓусебно ги делат. Покрај тоа, флавоноидите влијаат и врз пигментацијата на канабисот, исто како и кај другите цветни растенија. Оние убави, длабоко пурпурни врсти на канабис го должат нивното обојување на флавоноидите познати како антоксантини (anthoxanthins) или антоцијани (anthocyanins). Во други растенија како што се бобинки, антоцијанот може да предизвика црвена, виолетова или дури сина боја во зависност од нивоата на pH вредноста.


Флавоноидите се фармаколошки активни соединенија

Покрај обезбедувањето на пигментација од бои, мирис, вкус и заштита од штетни влијанија, истражувањата покажаа дека флавоноидите исто така се високо фармаколошки активни, вклучувајќи ги и прелиминарните истражувања кои укажуваат на лековитите придобивки на канафлавините пронајдени исклучиво во канабисот. Земете го на пример флавоноидот кверцетин (quercetin), кој може да се најде во многу овошја и зеленчуци. Ова соединение е познато по своите анти-габични и антиоксидативни својства. Катехините (catechins), од друга страна пак, се флавоноиди пронајдени во какаото, чаевите и плодови како капини, исто така се познати како антиоксиданси со придобивки за здравјето особено за кардиоваскуларните органи. Во канабисот канафлавинот А (cannaflavin A) е фармаколошки активен, со студии кои покажуваат дека има антиинфламаторни својства кои можат да бидат посилни од оние кои се наоѓаат во фармацевтскиот Аспирин! Канафлавините Б и Ц (Cannaflavin B & C), исто така, се изучуваат за нивните потенцијални медицински придобивки. Други високо-активни флавоноиди пронајдени во канабисот вклучуваат: Ориентин (Orientin), Кверцетин (Quercetin), Силимарин (Silymarin) и Камферол (Kaempferol), сите со антиинфламаторни, анти-габични, антиоксидативни и антиканцерогени потенцијали - ќе видиме каде ќе нѐ одведат идните студии... Дали флавоноидите ги зголемуваат својствата на канабиноидите или ја модулираат нивната ефикасност? - не е целосно познато и тоа ќе бара понатамошно истражување.


Флавоноидите можат да бидат синергистички во канабисот

Ефектот на придружба“ (The entourage effect) е широко употребуван термин кој ја опишува синергистичката природа на многуте фармаколошки активни соединенија во канабисот. Нашите тела (и телата на многу животни) се опремени со ендоканабиноиден систем, огромна мрежа на рецептори кои го покриваат речиси секој орган и систем во нас - систем кој ги регулира сите останати системи во нашиот организам. Канабиноидите се врзуваат за овие рецептори за да произведат различни ефекти, кои понатаму се под влијание на терпените, канабиноидите и останатите состојки од канабисот. Причината зошто одредени комбинации на овие биомолекули нè прави да се чувствуваме различно и токму одредени комбинации од нив се најпотребни за конкретни дијагнози, се должи на синергичните својства на овие различни соединенија. Канабидиолот (CBD), на пример, ги модулира ефектите на ТХЦ во крвно-мозочната бариера. Се верува дека флавоноидите имаат слични синергистички способности. Без разлика дали тие ги подобруваат својствата на канабиноидите или ја модулираат нивната ефикасност ова бара понатамошно истражување.


Флавоноидите не се многу проучувани до сега

Истакнат од страна на С. Бен-Шабат (S. Ben-Shabat) и д-р Рафаел Мешулам (Raphael Mechoulam) во 1998 година, „ефектот на придружба“ стана познат во истражувањето на канабисот. Д-р Мешулам, како и други научници како Итан Русо (Ethan Russo) и Џејмс Макпартленд (James MacPartland) се меѓу ретките кои денес работат врз откривањето на тајните на флавоноидите кои природно постојат во канабисот. Сепак, истражувањата за флавоноидите од канабисот и понатаму значително се совпаѓаат, особено во САД, поради строгите федерални блокади кои го спречуваат истражувањето на канабисот во целост. Со цел подобро да се разбере улогата што ја играат канабис-флавоноидите, исклучително е важно владините акции да бидат укинати не само во САД, за да се овозможи понатамошно истражување и со тоа поттикнување на научниците активно да работат на случајот. Како и да е, истражувачите продолжуваат да откриваат нови откритија во хемиското профилирање на билката канабис, овозможувајќи ни подобро разбирање на сложено-едноставните канабис мистерии.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
















Автор и Новинар, Уредник на блогот 
и Претседател на здружението 420 Македонија: MoniQue Konopova

No comments:

Post a Comment