Како што споменавме во нашата претходна терпенска серија, има повеќе од 100 терпени во само еден цвет од канабис. Терпените играат клучна улога во разликувањето на вкусот и ефектот на некои врсти канабис. Еве некои од најпознатите преостанати нетипични терпени:
Како мирисаат одредени терпени? |
* MYRCENE
Мирценот е најзастапен терпен во канабисот, каде што најчесто се наоѓа во природата. Всушност, една студија покажала дека мирценот содржи дури 65% од вкупниот теренски профил во некои врсти. Мирисот често потсетува на земјени ноти слични на каранфилче. Исто така, има овошна арома како црвено грозје. Видови кои содржат 0,5% од овој терпен се обично индики со седативен ефект. Исто така е пријавено дека мирценот е корисен за намалување на воспалението и хронична болка, поради што обично се препорачува како додаток за време на третмани против рак. Видови кои се богати со мирцен се: Skunk XL, White Widow и Special Kush.
Совет за искусни корисници: Мангото содржи мирцен и го зајакнува ефектот на ТХЦ! Ако сакате да почувствувате посилен хај од марихуана, земете манго и јадете го околу 45 минути пред пушењето канабис или консумирањето канабис на некој друг начин. Мангото содржи значителна количина на мирцен, па затоа јадењето пред конзумирање канабис ќе ги зајакне ефектите на ТХЦ и ќе ја зголеми стапката на апсорпција.
Мангото содржи мирцен и го зајакнува ефектот на ТХЦ |
* EUCALYPTOL
Исто така познат како cineole, еукалиптолот е примарен терпен на дрвото еукалиптус. Тоа има препознатливи ментолни и ладни тонови во својот мирис, но повеќето видови на канабис не содржат големи количини од него. Обично сочинуваат околу 0,06% од врстите со целосен терпенски профил. Овој терпен се користи во козметиката, како и во медицината. Кога станува збор за неговата медицинска вредност, еукалиптолот ја ублажува болката, но исто така го забавува растот на бактериите и габите. Иако сè уште е во раните фази од истражувањето, овој терпен покажа некои поволни ефекти и врз Алцхајмеровата болест. Еукалиптолот може да се најде во врстите: Super Silver Haze и Headband.
* TRANS NEROLIDO
Ова е секундарен терпен, најчесто пронајден во цвеќињата како што се: јасмин, лимонска трева и масло од чајно дрво. Мирисот на транс-неролидолот потсетува на мешавина од роза, цитрус и јаболка и може да се опише во целина како шумски, цитрусен и цветен мирис. Овој терпен е најдобро познат по своите антипаразитски, антиоксидативни, антифунгални, антиканцерогени и антимикробни својства. Видовите канабис како: Island Jack Herer, Sweet Skunk и Skywalker OG, се богати со неролидол.
* CAMPHENE
Најдобар начин за да се опише мирисот на камфенот се иглолисни дрва, мокра земја и влажни шуми. Камфеновата арома честопати се меша со мирценот, што го претставува оној препознатлив мирис на марихуаната како нејзин заштитен знак. Од медицинска гледна точка овој терпен има голем потенцијал. Кога се меша со витамин Ц, станува моќен антиоксиданс. Тој е широко користен во конвенционалната медицина како лек за проблеми со кожата, како што се егзема и псоријаза. Нејзиниот најголем потенцијал лежи во неговата способност да ги намали нивоата на холестерол и триглицериди во крвта, што дополнително го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Камфенот е присутен во врстите: Ghost OG, Strawberry Banana и Mendocino Purps.
* BORNEOL
Борнеолот, со миризлив ментол мирис, може да се најде во билките како рузмарин, нане и камфорово дрво. Овој терпен е добар природен отстранувач на инсекти, што го прави одлично во спречувањето на болестите како што е вирусот Западен Нил, пренесен од крлежи, болви, комарци итн. Една студија покажа дека борнеолот ги убива клетките на ракот на дојка. Исто така, широко се користи во Кинеската традиционална медицина, поконкретно во акупунктурата. Видови канабис со висок процент на борнеол се: Amnesia Haze, Golden Haze и K13 Haze.
* VALENCENE
Овој терпен го доби своето име од слатките Валенсија портокали - каде што е пронајден во големи количини. Со своите слатки цитрусни ароми и вкусови, се користи како отстрашувач на инсекти, исто така. Овој терпен може да се најде во видови канабис како: Tangie и Agent Orange.
* GERANIOL
Покрај канабисот, гераниолот може да се најде во лимоните и тутунот. Неговиот мирис потсетува роза, трева, праски и сливи. Тој обично се користи во ароматичните производи за бањи и лосиони за тело. Гераниолот покажа многу потенцијал како невропротектант и антиоксиданс. Тој е присутен во видовите канабис како: Amnezia Haze, Great White Shark, Afghani, Headband, Island Sweet Skunk, OG Shark и Master Kush.
* * *
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
Автор: MoniQue Konopova
Извор: Cannacon.org
No comments:
Post a Comment