Friday, July 20, 2018

Терпените играат клучна улога во разликувањето на вкусот и ефектот на некои врсти канабис

Излачени во истите жлезди кои продуцираат канабиноиди како ТХЦ и ЦБД, терпените се ароматични маслени молекули кои го одредуваат вкусот кај видовите на канабис како: цитрус, јаготка, нане и бор... Некои терпени предизвикуваат релаксација и ослободување од стрес, а други фокус и сосредоточеност


Како и кај другите растенија и цвеќиња со силен мирис, развојот на терпените во канабисот започнал за адаптивни потреби: да избегнуваат и бркаат предатори и да намамуваат опрашувачи. Во развитокот на терпените кај едно растение влијаат повеќе фактори како климата, временските услови, возраста и созревањето, оплодувачи, тип на почва дури и периодот од денот. Во канабисовото растение идентифицирани се повеќе од 100 различни типови на терпени, а секоја врста на канабис има тенденција кон уникатен тип на терпени и композиција.


Богатата палета на вкусови на канабис е доста впечатлива, но веројатно најфасцинантната карактеристика на терпените е нивната способност за синергистично делување со други компоненти на растението, како канабиноидите. Во минатите неколку декади, најголем дел на видовите на канабис се израстени да содржат високи нивоа на ТХЦ и како резултат на тоа другите канабиноиди како ЦБД на некои места се доведени до траги. Поради ова, многумина веруваат дека терпените играат клучна улога во диференцијацијата на ефектот кај различни врсти на канабис.


Разни видови терпени и нивната арома
Подолу се опишани основните карактеристики на само неколку од најзастапените терпени. За пиненот и бисабололот имаме зборувано доволно, а за лимоненот ќе подготвиме подетален текст, а ќе пишуваме понатаму и за некои останати не толку познати терпени. Свиткајте еден кец или двојка, уживајте и едуцирајте се, но не заборавајте да го споделите и овој текст за да ја подигнеме свеста за лековитите својства на канабисот! ;)


* LINALOOL - Линалол е терпен кој се среќава во многу цвеќиња и зачини. Тоа е монотерпеноид кој има два енанотиомери. Соединението наоѓа максимална употреба како анксиолит, тоа е како анти-анксиозен лек. Има навистина силни седативни ефекти и е популарен лек за анксиозност и депресија. Овој терпен е одговорен за препознатливиот мирис на марихуана со лутки и цветни ноти. Се наоѓа и во лавандата, нането, циметот и коријандерот, па како и овие ароматични растенија поседува многу силни смирувачки и релаксирачки својства. Пациенти со артритис, депресија, епилептични напади, несоница и канцер пронашле олеснување во овој восхитувачки терпен. Врсти кои соджат линалол се Amnesia Haze, Special Kush, Lavender, LA Confidential и OG Shark.


* CARYOPHYLLENE - Најдобро познат по неговите луткасти и забиберени ноти, кариофиленот се среќава во црн пипер, цимет, каранфилче и зачини како орегано, босилек и рузмарин. Поради тоа што бета-кариофиленот се врзува за ЦБ2 рецепторите, го користат како состојка во кремови против воспаление. Кариофиленот е единствениот терпен кој се врзува за канабиноидните рецептори! Покрај неговите аналгетски и антианксиозни својства, некои истражувања откриле дека кариофиленот има ветувачка улога при рехабилитацијата од алкохол, што е и научно докажано со експеримент врз стаорци. Се среќава во следниве врсти на канабис:  Super Silver Haze, Skywalker и Rock Star.

* HUMULENE - Хумуленот е првиот терпен откриен во хмељот. Неговата арома содржи земјени, дрвни и зачинети ноти. Се среќава во каранфилче, жалфија и црн пипер. Хумуленот е антипролиферативен, односно спречува раст на клетки од канцер и е ефективен во намалувањето на апетитот што го прави потенцијална алатка за губење на тежината. Исто така, го намалува воспалението, ја ублажува болката и се бори против бактериски инфекции. Го има во: White Widow, Headband, Girl Scout Cookies, Sour Diesel, Pink Kush и Skywalker OG.

DELTA-3 KAREN - (Δ3-Caren) - Ароматераписките масла се познати дека содржат високо ниво на овој терпен. Прекумерните течности од очите, носот или устата можат да се излечат со него многу лесно. Сувата уста и очи, можат да се излечат со користење на ова природно и органско соединение. Исто така го има во рузмаринот, борот и кедронската смола (cedar resin). Се наоѓа во рузмарин, босилек, пиперки бабури, кедар и бор со слатка арома која потсетува на чемпресово дрво. Овој терпен е најдобар во заздравуње на скршени коски, што им дава надеж на пациенти со остеопороза, артритис и фибромијалгија. Она што е интересно за вој терпен е тоа дека го стимулира сеќавањето и го подобрува заджувањето на меморијата, а ова е главен правец во пронаоѓање на лек за Алцхајмерова болест.

CAMPHENE - Најдобар опис за мирисот на камфенот се борови иглички, земја со мирис на мошус и влажна шума. Медицински, камфенот има голем потенцијал - помешан со витамин Ц, станува моќен антиоксиданс! Се користи во кремови за третирање на кожни нарушувања како егзема и псоријаза. Ги намалува нивоата на холестерол и триглицериди во крвта, а со тоа и ризикот од кардиоваскуларни болести. Се среќава во врстите: Ghost OG, Strawberry Banana, Mendocino Purps.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:  








Извор: Cannacon

No comments:

Post a Comment