Tuesday, September 19, 2017

Кјуринг - „лекување“ на цветовите од канабисот со употреба на вода

Водениот кјуринг е брз начин за лекување на туфките по сушењето, но со сосем поинаков пристап

Воден кјуринг се употребува на пример за врсти како Super Skunk, односно врсти со понепријатен вкус. Имајте доверба во оние цветови кои поминале воден кјуринг само од искусни одгледувачи, затоа што некои може оваа техника да ја употребат за да ја прикријат мувлата кај скапаните туфки.


Поентата на водениот кјуринг е наместо по пат на природните процеси на разложување на хлорофилот, нутритивните елементи и шеќери (кои доколку останат во туфките - предизвикуваат груб чад, а поради тоа потешко се пуши), вие ги разложувате во вода. Бидејќи канабиноидните состојки на база на масти нема да се разложат во вода, овој процес во тревката го остава само она што го барате.


Позитивната страна на овој обратен начин на кјуринг е тоа што е многу побрз и дава екстремно мазен чад. Искусните одгледувачи кои ја практикуваат оваа техника тврдат дека чадот од марихуаната која поминала низ воден кјуринг мириса многу поубаво од вообичаено кога е запалена. Недостатокот на оваа техника е што водено „излечената“ трева потешко поминува на пазарот, затоа што цветовите не изгледаат баш најубаво, губат на мирис и на тежина! Но, сепак, како што се губи тежината (волуменот), се зголемува потентноста на канабисот (лековитите состојки се поконцентрирани во цветовите со воден кјуринг). Друга негативна страна е што тревата мора по втор пат да се суши!



Како изгледа водениот кјуринг?

Едноставно ставете ги пупките во водонепропустна тегла и пополнете ја до крај со чиста, ладна вода од обратна осмоза. Ако туфките пловат на површина, потопете ги. Менувајте ја водата најмалку еднаш дневно, по можност два пати на ден околу 5 дена. Потоа отстранете ја водата и исушете ги туфките. Внимавајте убаво да ја исушите тревата, затоа што може да се појави мувла! Се препорачува сушење во сушара и редовно ротирање на цветовите по овој кјуринг. Целиот процес трае околу 10-12 дена.


Извор: Herb

No comments:

Post a Comment