Friday, March 2, 2018

Алкохолот го оштетува мозокот повеќе од канабисот, открива студија

За разлика од алкохолот, марихуаната не влијае на сивата или белата маса во мозокот. Сивата материја овозможува функција на мозокот; белата материја ја контролира комуникација. Алкохолот го оштетува мозокот повеќе од канабисот, тврди едно ново истражување


Како канабисот делува врз мозокот и телото?
Иако истражувачите додаваат дека истражувањата за ефектите на канабисот сè уште се многу ограничени, статистиките покажуваат дека во САД, 44% од оние над 12 години користеле марихуана во одреден период од животот. Пет држави во САД го легализирале канабисот за широка употреба, вклучувајќи го и Орегон. За разлика од алкохолот, марихуаната не влијае на големината или интегритетот на белата или сивата материја во мозокот, дури и по неколку годишната изложеност, покажа студијата. Сивата материја овозможува мозокот да функционира, додека белата ја контролира комуникацијата помеѓу нервните кластери. За разлика од алкохолот, за канабисот е докажано спротивното - дека го обновува мозокот, т.е. дека ја поттикнува неврогенезата!


Главниот професор на студијата објавена во зборникот Addiction, Кент Хатчисон (Kent Hutchison) од Универзитетот во Колорадо Боулдер, рече: „Додека марихуаната, исто така, може да има некои негативни последици, дефинитивно не е близу негативните последици од алкохолот“. Научниците додаваат, сепак, истражувањата за менталните ефекти од канабисот сè уште се во зародиш. Водечкиот автор Рејчел Тајер (Rachel Thayer) истакна: „Особено за употребата на марихуана, сè уште има толку многу што не знаеме како влијае врз мозокот“. Во САД, 44 проценти од оние на возраст од 12 или повеќе години користеле канабис во одреден период од својот живот. Вашингтон, Орегон, Калифорнија, Алјаска и Колорадо ја легализираа марихуаната за медицинска или рекреативна употреба.
Професорот Hutchison додаде: „Кога ќе ги погледнете истражувањата од поблиску, ќе видите дека многу од нив веројатно не се точни. Кога ќе ги погледнете овие истражувања години наназат, ќе видите дека една студија ќе поднесе извештај дека употребата на марихуана е поврзана со намалување на обемот на хипокампусот (регион на мозокот поврзан со меморијата и емоциите). Следните студии наоколу, велат дека употребата на марихуана е поврзана со промените во малиот мозок. Поентата е во тоа што не постои конзистентност во сите овие студии во однос на реалните структури на мозокот. Сè уште имаме многу работа“.


Не постои конзистентност во сите овие студии“ - додават авторите. И покрај нивните наоди, истражувачите додаваат дека има уште многу незнаење за безбедноста при користење на марихуаната. И покрај тоа што нивните наоди се позитивни, истражувачите исто така додаваат дека има долг пат пред канабисот, најверојатно, да биде широко прифатен од страна на науката. Професорот Hutchison заклучи: „Со оглед на тоа што се случува во реалниот свет со движењето за легализација, сѐ уште имаме многу работа да завршиме“.


Автор: Кристина Т.
Извор: DailyMail

No comments:

Post a Comment