Хранливата вредност и исцелителната моќ на свежиот суров канабис е една од најдобро сочуваните тајни на минатиот век. Наодите покажуваат дека потребата за канабис ни е запишана во гените, со што може да се објасни зашто некои луѓе толку многу сакаат канабис, додека други немаат некоја посебна потреба од билката
Канабисот е дел од нас! |
Состојките во билката се соединуваат со една од најважните мрежи на невротрансмитери кај луѓето и другите животни (цицачи). Оваа мрежа се нарекува ендоканабиноиден систем (ЕКС). ЕКС е она што го премостува мозокот со телото. Овој систем е одговорен за исклучително широк спектар на телесни функции, вклучувајќи висцерална сензација. Едноставно кажано, висцерална сензација е твоето чудно „чувство во стомакот“. Тоа е она што ви овозможува да почувствувате пеперутки во стомакот или болка по прејадување. Бидејќи канабисот во суштина е мистериозна и чудотворна билка, тоа беше само прашање на време кога пропагандата против канабисот засновата на лаги - ќе згасне. Тоа е она што се случува денес. Ова видео ги прозива „владите“ кои не прават ништо, туку им штетат на населението со цел личен профит и корупција на државата.
ECS, исто така, ви помага да учите од вашата околина, помагајќи ви да одредите што да запомните и што да заборавите. ECS е составен од мали комуникациски молекули кои слетуваат на специфични рецепторни локации на површината на вашите клетки. Овие комуникациски молекули се нарекуваат ендоканабиноиди и тие ни помагаат да обработиме и да одговориме на нашата околина за да ја одржиме оптималната рамнотежа во телото. Канабисот е толку уникатно и вредно лековито растение, бидејќи соединенијата во тревата, како познатиот психоактивен тетрахидроканабинол (THC), директно го ангажираат ендоканабиноидниот систем.
Забелешка од уредникот на Consciouslifenews, Роберт О'Лери (Robert O’Leary) кој имал постојан интерес за алтернативни здравствени производи и модалитети уште од почетокот на 1970-тите и тој видел како тие буквално ги трансформираат луѓето од недостаток на здравје до живописно здравје: Посебна благодарност до д-р Рима Лајбо (Rima Laibow) што ме упати на ова важно видео во неодамнешниот е-маил од нејзина страна. Импликациите од оваа вест се толку монументални и далекусежни, јас би сугерирал дека тоа е една од најважните вести досега. Уште еднаш, лагите од некои од нашите најголеми бизниси и организации, па дури и нашата Влада, доаѓаат на виделина. Ве молиме погледнете го ова видео за да разберете повеќе, а потоа ве молиме преземете акција за да го раширите вирално и да започнете дискусија во вашите локални заедници за оваа важна тема.
Кажано со други зборови, канабисот се поврзува со голем систем во телото што ја регулира хармоничната интеракција на нашите органски системи и нашиот мозок. За некои, тоа може да изгледа како ужасно голема случајност дека една трева сама по себе го држи клучот за отклучување на таквата огромна мрежа на невротрансмитери. Градежните блокови на оваа мрежа се кодирани од страна на нашата ДНК. Генетиката и Дезоксирибонуклеинската киселина не мора да ве направат љубител на канабис. Наместо тоа, овие фактори го одредуваат изгледот на ECS во вашето тело и колку добро вашето тело може да произведе сопствени ендоканабиноиди.
Постои зголемен број на докази кои сугерираат дека некои луѓе може да бидат генетски посклони да посегнат по канабис од другите. Во оваа смисла, да, употребата на канабис е запишана во нашата ДНК. Како што пишува уредникот на New York Times, околу 20 проценти од светското население на тест испаднало позитивно за присуството на овој „ген на доброто чувство“. Овој ген спречува распаѓање на ендоканабиноидот наречен анандамид, кој е природен ТХЦ произведен од нашето тело. Всушност, зборот ananda доаѓа од санскритскиот збор за „блаженство“.
Среќниците што го добиле овој генетски благослов со своето раѓање може да имаат помала веројатност да бидат вознемирени, депресивни и анксиозни и поголема веројатност да бидат посмирени. Сепак, теоријата вели дека кај овие луѓе, исто така, може да биде помалку веројатно да станат хронични потрошувачи на канабис. Ете го одговорот зошто некои луѓе имаат поголема потреба од канабис или се страствени љубители, а зошто некои не и ова е само уште една потврда дека канабисот е лек за болни и здрави, кај кои оваа билка им е од круцијално значење за остварување на најоптимална благосостојба. Дополнителние истражувања од 2016 година откриле дека постојат специфични гени кои би можеле да го направат лицето поверојатно да стане обожувател на билката.
* * *
Избор на уредникот (поврзани статии):
Автор и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извори: Medicinalcannabisnews, Herb
No comments:
Post a Comment