Showing posts with label состав. Show all posts
Showing posts with label состав. Show all posts

Thursday, August 9, 2018

Што се тоа канабис флавоноиди и за што служат овие биоактивни состојки?

Кога ги разгледуваме биоактивните соединенија кои биле откриени во канабисот, а кои се над 200 на број, честопати пошироко разбраните фитоканабиноиди и терпенти имаат тенденција да бидат постојано во фокусот на вниманието. Но, ова не се единствените важни соединенија произведени од канабис билката. Флавоноидите сочинуваат околу 10% од овие познати соединенија со околу 20 разни видови канафлавини отркриени во канабисот


Флавоноидите не се единствени кај билката канабис. Научниците идентификуваа илјадници од нив во природата: од цвеќиња, до овошје и зеленчук. Сепак, постојат некои за кои се знае дека се наоѓаат само во рамките на канабисот. Овие се познати како канафлавини (cannaflavins). Слично на терпените, флавоноидите имаат улога во тоа како го восприемаме канабисот преку нашите сетила. Всушност, флавоноидите се меѓу најкомплетните соединенија што се наоѓаат во растението канабис.


Флавоноидите постојат насекаде во природата

Флавоноидите се составени од групи на полифенолни соединенија кои делуваат како секундарни метаболити за огромен број на растенија и габи. Со над 6.000 видови на откриени флавоноиди, нивните функции опфаќаат разновиден спектар. Флавоноидите исто така влијаат врз пигментацијата на канабисот, исто како што се случува и кај други цветови. Зборот „флавоноид“ всушност, произлегува од латинскиот термин „flavus“, кој се однесува на жолтата боја во нијанса како што се појавува во природата. Ова има смисла имајќи предвид дека примарната функција на флавоноидите е да се обезбеди пигментација од бои на растенијата, особено во цвеќиња, со цел привлекување на опрашувачи. Многу растенија, вклучувајќи го и големото мноштво на овошја и зеленчуци што не содржат зелена пигментација, ги должат нивните светли бои делумно на флавоноидите. Тие, исто така, се делумно одговорни за заштита на растенијата од елементите како што се: потенцијално штетните УВ зраци, штетници и болести.


Флавоноидите му даваат карактер на канабисот!

Вкусовите и аромите на канабисот според многумина се последица на терпените. Сепак, флавоноидите, исто така, играат важна улога во обезбедувањето на препознатливите квалитети кои ги вреднуваме за да правиме разлика помеѓу сортите. И мирисот и вкусот се присутни во канабисот поради синергистичките квалитети што терпените и флавоноидите меѓусебно ги делат. Покрај тоа, флавоноидите влијаат и врз пигментацијата на канабисот, исто како и кај другите цветни растенија. Оние убави, длабоко пурпурни врсти на канабис го должат нивното обојување на флавоноидите познати како антоксантини (anthoxanthins) или антоцијани (anthocyanins). Во други растенија како што се бобинки, антоцијанот може да предизвика црвена, виолетова или дури сина боја во зависност од нивоата на pH вредноста.


Флавоноидите се фармаколошки активни соединенија

Покрај обезбедувањето на пигментација од бои, мирис, вкус и заштита од штетни влијанија, истражувањата покажаа дека флавоноидите исто така се високо фармаколошки активни, вклучувајќи ги и прелиминарните истражувања кои укажуваат на лековитите придобивки на канафлавините пронајдени исклучиво во канабисот. Земете го на пример флавоноидот кверцетин (quercetin), кој може да се најде во многу овошја и зеленчуци. Ова соединение е познато по своите анти-габични и антиоксидативни својства. Катехините (catechins), од друга страна пак, се флавоноиди пронајдени во какаото, чаевите и плодови како капини, исто така се познати како антиоксиданси со придобивки за здравјето особено за кардиоваскуларните органи. Во канабисот канафлавинот А (cannaflavin A) е фармаколошки активен, со студии кои покажуваат дека има антиинфламаторни својства кои можат да бидат посилни од оние кои се наоѓаат во фармацевтскиот Аспирин! Канафлавините Б и Ц (Cannaflavin B & C), исто така, се изучуваат за нивните потенцијални медицински придобивки. Други високо-активни флавоноиди пронајдени во канабисот вклучуваат: Ориентин (Orientin), Кверцетин (Quercetin), Силимарин (Silymarin) и Камферол (Kaempferol), сите со антиинфламаторни, анти-габични, антиоксидативни и антиканцерогени потенцијали - ќе видиме каде ќе нѐ одведат идните студии... Дали флавоноидите ги зголемуваат својствата на канабиноидите или ја модулираат нивната ефикасност? - не е целосно познато и тоа ќе бара понатамошно истражување.


Флавоноидите можат да бидат синергистички во канабисот

Ефектот на придружба“ (The entourage effect) е широко употребуван термин кој ја опишува синергистичката природа на многуте фармаколошки активни соединенија во канабисот. Нашите тела (и телата на многу животни) се опремени со ендоканабиноиден систем, огромна мрежа на рецептори кои го покриваат речиси секој орган и систем во нас - систем кој ги регулира сите останати системи во нашиот организам. Канабиноидите се врзуваат за овие рецептори за да произведат различни ефекти, кои понатаму се под влијание на терпените, канабиноидите и останатите состојки од канабисот. Причината зошто одредени комбинации на овие биомолекули нè прави да се чувствуваме различно и токму одредени комбинации од нив се најпотребни за конкретни дијагнози, се должи на синергичните својства на овие различни соединенија. Канабидиолот (CBD), на пример, ги модулира ефектите на ТХЦ во крвно-мозочната бариера. Се верува дека флавоноидите имаат слични синергистички способности. Без разлика дали тие ги подобруваат својствата на канабиноидите или ја модулираат нивната ефикасност ова бара понатамошно истражување.


Флавоноидите не се многу проучувани до сега

Истакнат од страна на С. Бен-Шабат (S. Ben-Shabat) и д-р Рафаел Мешулам (Raphael Mechoulam) во 1998 година, „ефектот на придружба“ стана познат во истражувањето на канабисот. Д-р Мешулам, како и други научници како Итан Русо (Ethan Russo) и Џејмс Макпартленд (James MacPartland) се меѓу ретките кои денес работат врз откривањето на тајните на флавоноидите кои природно постојат во канабисот. Сепак, истражувањата за флавоноидите од канабисот и понатаму значително се совпаѓаат, особено во САД, поради строгите федерални блокади кои го спречуваат истражувањето на канабисот во целост. Со цел подобро да се разбере улогата што ја играат канабис-флавоноидите, исклучително е важно владините акции да бидат укинати не само во САД, за да се овозможи понатамошно истражување и со тоа поттикнување на научниците активно да работат на случајот. Како и да е, истражувачите продолжуваат да откриваат нови откритија во хемиското профилирање на билката канабис, овозможувајќи ни подобро разбирање на сложено-едноставните канабис мистерии.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
















Автор и Новинар, Уредник на блогот 
и Претседател на здружението 420 Македонија: MoniQue Konopova

Thursday, July 26, 2018

Уште нешто за терпените... Да повториме за најпознатите терпени и да научиме за уште неколку други!

На нашиов блог веќе доста зборувавме за терпените, за нивните основни и останати својства, нивното биомедицинско значење, зборувавме за тоа кои се примарни, а кои секундарни терпени... Сега сакаме малку да се потсетиме за некои од нив, затоа што повторувањето е мајка на знаењето, но и да го дополниме она што сме го пропуштиле и секако да кажеме уште нешто за останатите не толку популарни терпени, затоа што човекот учи додека е жив! :)


Терпенско тркало
* ЛИМОНЕНОТ (Limonene) е втор најзастапен терапен во сите видови на канабис, но не сите видови мора да го имаат. Како што вели неговото име, лимоненот дава мирисни ноти од цитрус кој личи на лимони, што не е изненадување бидејќи сите агруми содржат големи количини на ова соединение. Лимоненот се користи во козметиката и во производите за чистење. За терапевтски цели, познато е дека лимоненот го подобрува расположението и го намалува стресот. Истражувачите исто така откриле дека има антифунгални и антибактериски својства, а едно истражување дури покажало дека има улога во намалувањето на големината на туморите. Лимоненот има цитрусна арома која се наоѓа во кората на овошјето, рузмаринот, смреката и пеперминтот. Лимонен е познат по своите ефекти за појачување на хајот и помага да се подигне расположението и да се намали стресот. Затоа, се верува дека е од корист за анксиозност и депресија, како и кај воспалението, болката и лекувањето рак. Високо ниво на лимонен може да се најде во следниве врсти: O.G. Kush, Sour Diesel, Super Lemon Haze, Durban Poison, Jack Herer и Jack the Ripper, потоа Super Lemon Haze, Sour Diesel и Strawberry Banana.

* ТЕРПИНЕОЛ (Terpineol) - Аромата на терпинеолот најдобро може да се опише како цветна, потсетувајќи на јорговaните и виолетовите цвеќиња, цветот на јаболко и малку цитрус. Терпинеол има вкус како анасон и нане. Терпинеолот има пријатен мирис, сличен на јоргованот и е честа состојка во парфемите, козметика и засилувачите на вкус. Оваа состојка релаксира во голема мера и обично е одговорна за поттикнување на опуштениот седативен ефект. Медицинските придобивки од терпинеолот, исто така вклучуваат антибиотични и антиоксидативни својства. Може да се најде во следниве врсти: Girl Scout Cookies, Jack Herer и OG Kush.

* АЛФА ПИНЕНЕ и БЕТА ПИНЕНЕ (Alpha-pinene и Beta-pinene) - овие два терпена мирисаат на борови дрвја, а тоа се растенијата каде што може да се најдат во големи количини. Токму затоа мирисот на шума потсетува на голема количина канабис :) Други растенија богати со пинен вклучуваат рузмарин, кора од портокал, босилек, магдонос и канабис. Како и многу други, пинените терпени имаат антиинфламаторно дејство врз луѓето. Но, уште поважно, тие помагаат да се подобрат протокот на воздух и респираторните функции, го олеснува дишењето истовремено помагајќи да се намали загубата на моментална краткотрајна меморија поврзана со ефектот на THC. Aко видот на канабис е богат со алфа и бета пинен, тој всушност може да помогне при астма. Пиненот, исто така, им помага на пациентите со артритис, Кронова болест и рак. Можете да најдете pinene во врстите како: Jack Herer, Strawberry Cough, Blue Dream, Island Sweet Skunk, Dutch Treat и Romulan.

Зошто канабисот мириса баш така?
* АЛФА БИСАБОЛОЛ (Alpha-bisabolol - levomenol) има пријатни цветни ароми, а исто така може да се најде и кај цвеќињата од камилица и кај кандеја дрвото. Овој терпен се користи првенствено во козметичката индустрија, но во последно време го привлече вниманието на истражувачите, бидејќи покажал медицински придобивки за третирање на многу болести со помош на канабис терапија. Алфа-бисабололот се покажа како ефикасен во лекувањето на бактериски инфекции и рани и е одличен антиоксидант со анти-иритивни и аналгетски својства. Го има во изобилство во врстите како: Harle-Tsu, Pink Kush, Headband, OG Shark и
ACDC.


* МИРЦЕН (Myrcene) еден од основните терпени во канабисот, има мукусен мирис и е присутен и во мангото, лимонска трева, мајчина душица и хмељот. Мирценот е познат како релаксатор, бидејќи продуцира седативен ефект. Овој ултра-релаксирачки ефект го прави мирценот одличен за депресија, несоница и анксиозност, но исто така има и терапевтска вредност кај болката и воспалението и има антисептички, антибактериски и антифунгални својства. Освен тоа, овој канабис терпен ја има способноста да ја подобри психоактивноста на ТХЦ и се наоѓа во врстите како: Granddaddy Purple, Northern Lights и Trainwreck.

* БЕТА КАРИОФИЛЕН (B-caryophyllene) се карактеризира со својата зачинета, арома на пиперки. Очигледно е пронајден во црниот пипер, но исто така е присутен во лукот и циметот. Овој терпен има различни потенцијални медицински вредности, вклучувајќи помош при болка, анксиозност, депресија, чиреви, воспаленија, мускулни грчеви и несоница. Б-кариофиленот има ефекти на ослободување од стрес и може да помогне во лекувањето на зависностите. Го има во следните видови: GG4 (aka Gorilla Glue ), White Widow и Chemdawg.

* ЛИНАЛОЛ (Linalool) е познат по својот цветен мирис на лаванда. Цветот на лавандата се знае дека е релаксирачки поради терпенот линалол, кој има смирувачки, ефекти кои го подобруваат расположението, па затоа се користи за анксиозност, депресија и несоница. Линалолот, исто така, може да се користи за воспаление, невродегенерација и конвулзии. Овој терпен во изобилство се наоѓа во: Headband и Kosher Kush. 

* ХУМУЛЕН (Humulene) има земјена арома која е честа појава во хмељот, растението (цилантро) cilantro и босилек. Има анти-воспалителни особини кои можат да помогнат во олеснување на болката. Тоj е, исто така, познат потиснувач на апетитот. Хулуленот се наоѓа во видовите: Death Star, Sour Diesel и Headband.

* ОЦИМЕН (Ocimene) мириса на билен чај и се наоѓа во нането, магдоносот, биберот, босилекот и орхидеите. Овој канабис терпен има антивирусни, антифунгални, антисептични и антибактериски својства. Плус, може да има медицинска вредност како декондестант. Оцименот може да се најде во: Durban Poison и Sensi Star.

* ТЕРПИНОЛЕН (Terpinolene) исто така, има борова арома, но мириса повеќе на цветни и билни ароми, за разлика од алфа пиненот. Терпиноленот може да се најде кај зимзелените дрва, како и јаболката, кимот и морското оревче. Тој има седативни ефекти и тони на потенцијална медицинска вредност, вклучувајќи и антиоксидантни, антибактериски и антифунгални својства. Терпиноленот најчесто се среќава во канабис врстите: Agent Orange и Dutch Treat.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Автор: Кристина Т.
Извори: Cannacon.org, HERB

Wednesday, July 25, 2018

Кои се основните, а кои секундарните терпени во канабисот?

Многу познавачи на канабисот веруваат дека можат да ги предвидат ефектите на цвеќето со испитување на структурата на туфката и анализа на аромата, слично како експертите за вино. Врз основа на составот на канабисот во однос на канабиноидите и терпените може да дознаете кои врсти се најсоодветни за вас



Канабис терпени се миризливи масла произведени во смолените жлезди на цвеќето на канабисот или трихоми, на истото место се создаваат канабиноидите како THC и CBD. Терпените се причината зошто некои пупки имаат овошен мирис и мирисаат како боровинки, а други се лути или кисели... Секој вид има свој уникатен терпенски профил, а со тоа и препознатлив мирис. Канабисот е многу повеќе од ТХЦ и ЦБД. Колку повеќе знаете за терпените, толку поуспешно можете да препознавате вид на пупка, да знаете да се лекувате себе или некој друг правилно и да го подобрите вашето расположение и целокупно здравје.


Терпените од канабисот работат со врзување на рецепторите во мозокот за да произведат различни ефекти. Слично на тоа како што канабиноидите комуницираат со телото, канабис терпените, исто така, комуницираат со ендоканабиноидниот систем, влијаат на серотонинот и допаминот. Плус, терпените на канабисот комуницираат синегрично едни со други канабиноиди, често ги менуваат нивните ефекти и создаваат нови искуства. Овој процес е вообичаено познат како „ефект на придружба“ (entourage effect), бидејќи тоа е интеракцијата на сите соединенија во канабисот што го создаваат лековитото искуство. 


Постојат над 100 различни канабис терпени и тие се категоризирани како примарни или секундарни. Но, канабисот не е единствено растение кое содржи терпени; ароматичните билки, цвеќињата и овошјето исто така содржат терпеноиди кои им даваат различни карактеристични мириси. Во природата, терпените на растенијата имаат еволуциски цели, како да ги одвратат предаторите како што се инсектите или да ги заштитат растенијата од еколошки стрес. Ајде повторно да погледнеме кои се најистакнатите основни и секундарни терпени на канабисот за да почнеме да ги препознаваме мирисите!


Кои се ОСНОВНИТЕ ТЕРПЕНИ на канабисот?

Примарните канабис-терпени се оние кои се најчести и најмногу влијаат на тоа како еден вид канабис мириса. Многумина, исто така, веруваат дека ефектите на канабисот главно се движат од примарните терпени. Постои една изрека во индустријата за канабис споредувајќи ги ефектите на канабисот со возење автомобил: „Ако канабиноидите како THC и CBD се педалите за гас, тогаш терпените се воланот“. Најчести примарни канабис терпени се: Алфа-пинен (a-Pinene), Мирцен (Myrcene), Лимонен (Limonene), Б-кариофилен (B-caryophyllene), Линалол (Linalool), Хумулен (Humulene), Оцимен (Ocimene), Терпинолен (Terpinolene).


Кои се СЕКУНДАРНИ ТЕРПЕНИ на канабисот?

Секундарните терпени се присутни во растението канабис во помали количини. Тие не можат да имаат толку силно влијание како примарните терпени на канабисот, но дефинитивно прават разлика. Поради ефектот на придружба и начинот на кој секундарните терпени се комбинираат и комуницираат со примарните терпени и различни канабиноиди, тие играат важна улога во диктирањето на видот. Некои вообичаени секундарни терпени вклучуваат: Феландрен (Phellandrene), Терпинен (Terpinene), Борнеол (Borneol), Фитол (Phytol), Карен (Carene), Фенхол (Fenchol), Бисаболол (Bisabolol), Камфен (Camphene), плус уште десетици...


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 



Автор: Кристина Т.
Извор: HERB