Tuesday, August 7, 2018

Овие храбри луѓе тврдат дека маслото од канабис го победило нивниот рак

„Лекарот користеше убави тактики на заплашување против мене, со што ќе ме убеди да направам хемотерапија. Ова е ваша единствена опција, времето е ограничено и тоа е агресивен рапиден рак, дали не сакате да бидете тука за вашите деца кога ќе пораснат?“ - вели Флеминг. Но, хемотерапијата заврши речиси како убиство за Флеминг, побрзо од самиот рак


Augusta Fleming го победи ракот со помош на РСО!
На Oгаста Флеминг (Augusta Fleming), 29-годишна мајка на две деца ѝ бил дијагностициран рак само неколку месеци по раѓањето на нејзината втора ќерка во 2014 година. Таа била болна во текот на целата бременост. На крајот на краиштата, таа се смета себеси за олицетворение на здравје: редовно вежбање, здрава храна, пред сè органски производи и јога. Беше сè во ред, сè додека ќерката на Флеминг учеше да ползи... Па, кога бебето беше поставено на торзото на нејзината мајка и се искачи кон градите, предизвика таа да почувствува силна болка. На местото каде бебето предизвика притисок, мајката успеја да детектира и пронајде грутка на вратот. Неопходна беше истрајност преку неколку серии на тестови, бирократија на здравствено осигурување и негативните лекари, кои на Флеминг на крајот ѝ рекоа дека е во ред, за потоа конечно да откријат дека нејзиното тело се бори против третиот стадиум на лимфом. „Лекарот користеше убави тактики на заплашување против мене, со што ќе ме убеди да направам хемотерапија. Ова е ваша единствена опција, времето е ограничено и тоа е агресивен рапиден рак, дали не сакате да бидете тука за вашите деца кога ќе пораснат?“ - вели Флеминг.


Но, хемотерапијата заврши речиси како убиство за Флеминг, побрзо од самиот рак. Еден од лековите за хемотерапија, Блеомицин (Bleomycin), предизвикал белите дробови на Флеминг да се полнат со коагулирана крв. Згора на тоа, таа имаше пневмонија. Таа беше во и надвор од болница неколку недели, дозирана со разредувачи на крв и со сите видови на антибиотици. „Моите бели дробови минуваа низ пекол“ - вели Флеминг. „Се здобив со 40 килограми, бев тешко болна, а тоа беше токсичноста од хемотерапијата“ - додава таа. Иако нејзиниот онколог во Тенеси ѝ кажа дека тоа е направено со хемотерапија, извештајот од радиологија не покажа никакво намалување на туморот. Знаеше дека треба да проба нешто друго, па затоа таа побегна во Колорадо - каде што долго време сонувала да живее - во потрага по природно и најбезбедно решение - канабис.


Огаста во болница со токсикација од хемотерапија (Блеомицин)
Набргу потоа, таа почна да учи за еден вид масло од канабис, за кое некој ѝ рекол дека е за лекување на рак: еден вид „чудотворно масло“, најчесто наречено Рик Симпсон Масло (RSO). Нејзиниот прв ден во Колорадо таа отиде во диспанзерот за да добие што повеќе информации за тоа. И потоа, полна со надеж, ја започна нејзината прва серија на третмани: 90-дневно снабдување на „Солзите на Фениксот“ (Phoenix Tears - еден вид на РСО кое може самите да си го подготвите во својот дом) таа го набави за 3,000 долари. Три месеци подоцна, PET скенот на Флеминг покажа: „нема докази за болест“! Повеќе од една година подоцна, нејзините клетки на ракот сè уште се „неактивни“. Таа не се смета за „излечена“, но резултатите се ветувачки. Невозможно е да се добие точен број на пациенти со рак кои имаат или тврдат дека имаат успех со РСО, но Флеминг е секако, најмалку една од илјадници лица со слични среќни приказни... Сепак, факт е дека канабисот е лек, а хемотерапијата е неефикасен отров. 


Што е тоа Рик Симпсон масло (Rick Simpson Oil - RSO)?

RSO е концентрирана форма на масло од канабис и беше првично ре-измислена и користена за лекување на ракот од страна на самиот активист Рик Симпсон, канадски инженер кој во 1997 година со помош на маслото си го спаси својот живот. Откако се сетил дека некаде некогаш на радио слушнал како канабиноидите имаат антиканцерогени својства, тој решил да го пронајде рецептот за подготовка на екстракт од канабис. И покрај исчезнувањето на туморите по кожата, откако тој намерно секојдневно го нанесуваше маслото, неговиот лекар одби да признае дека канабисот е лек. И покрај тоа што сега тој ѝ помага на глобалната заедница на луѓе кои тврдат дека РСО ги излечило од нивниот рак, Симпсон со текот на годините се соочи со огромен отпор, со прогон, напади и апсења од страна на канадското законодавство. Само домашното масло содржи цел спектар на активни состојки. 


Домашно изработени РСО капсули! НАПРАВИ ГИ САМ/А!
Тој моментално живее во Хрватска и оттогаш објавил две книги, „Приказната за Рик Симпсон“ (The Rick Simpson Story) и „Одговорот на природата за ракот“ (Nature’s Answer for Cancer), објавени на повеќе јазици и има добиено повеќе од половина милион следбеници само на Фејсбук. Самиот RSO е прилично едноставен за да се направи, само е потребно сув канабис растителен цветен материјал, околу 600 грама (препорачана врста indica) и околу 7 литри растворувач (се препорачува 99% изопропил алкохол, но може да се користат и бутан, медицински бензин, етанол 96% или други растворувачи). Алкохолот се препорачува за домашна употреба, поради тоа што е најмалку токсичен растворувач, но исто така лесно запалив! (ВНИМАВАЈТЕ!). Само овие две состојки произведуваат 60 мл RSO, кои треба да се искористат во 90-дневната програма за лекување на било каков вид на рак, обично орално, но може и ректално во форма на супозитории, кои треба да си ги направите сами. 


Огаста пред да започне со маслото
Со текот на годините, излегуваат голем број студии кои укажуваат на тоа дека канабисот може, всушност ефикасно да третира одредени видови на рак. Студија од 2013 година од Католичкиот универзитет од Корејското Министерство за внатрешна медицина (Catholic University of Korea’s Department of Internal Medicine) откри дека канабиноидите можат да ги убијат клетките на ракот на желудникот, додека извештајот од Националниот институт за рак покажа дека канабисот може да го запре или да го забави растот на одредени случаи на рак на белите дробови. Други студии покажаа дека канабиноидите можат да го инхибираат растот на туморот кај ракот на мозокот, да го инхибираат клеточното дишење кај оралните канцери и да ја редуцираат пролиферацијата на клетките на ракот на дојката. 


Во најмала рака, канабисот често го подобрува квалитетот на животот на пациентот! Кај многу пациенти со рак кои се плашат да се потпрат само на природата, канабисот нуди остварлива и безбедна алтернатива на токсичниот коктел од опиоиди и други лекови кои создаваат зависност, користени за да се справат со симптомите на хемотерапијата, операцијата и/или зрачењето. Но, во овој момент и покрај секојдневните бројни докази за успешноста на канабисот, науката која го испитува канабисот како лек за одредени видови на рак и како третман за помош при симптомите на повеќе традиционални терапии, се смета за прелиминарна... 


Застојот во науката не запира некои храбри единки од страсно застапување и залагање за промена врз основа на лично искуство. Френк Браун (Frank Brown), сопственик на диспанзерот во Лос Анџелес LA Kush Dispensary, вели дека излекувал околу 750 пациенти со канцер со помош на РСО во последните две и пол години. Кога пациентите со рак се наоѓаат во 4 етапа и бараат алтернативи, особено кога лекарите велат дека нема ништо што можат да направат, тие бараат медицинска марихуана, вели Браун. Поголемиот дел од пациентите кои го поддржуваат неговиот диспанзер, го користат канабисот заедно со третманот препишан од нивните лекари. „Ова е во прилог на цела комбинација со исхрана и со таа комбинација, многумина одат во ремисија или го продолжуваат својот живот“ - вели Браун. „Имавме неколку пациенти кои им беше одредено помалку од еден месец да живеат, а потоа имаат убав квалитет на живот од една и пол година“ - додава тој. Иако секој пациент со рак е различен и секој рак е различен, скоро 140 пациенти се во ремисија, следејќи го режимот на РСО заедно со западната медицина и внимателна исхрана. „Тоа е цел животен стил“ - заклучува Браун.


Darren Miller со неговото РСО
Поради психоактивноста на лекот Браун предупредува дека за пациенти кои имаат мало искуство со канабис, може да биде потребно извесно време на почетокот од терапијата за да се изгради толеранција и да се навикнат на лекот. Во Лос Анџелес Куш, РСО се состои од околу 63 до 67 проценти ТХЦ, но за канцери потребно е над 80% ТХЦ. Општо земено, Браун препорачува пациентите да земаат грам до грам и половина дневно за три месеци или додека не видат позитивни резултати, а потоа грам неделно до крајот на нивниот живот. 


Во Лос Анџелес Куш, маслото чини околу 60 долари за грам. Но, за многу пациенти, како што е Флеминг, трошоците може да бидат толку претерани што на крајот ќе научат да прават RSO самостојно. „Се чувствувам поразено, сигурно ќе умрам. Кога отидов во болница, беше откриено дека имам неколку белодробни емболии. Ова беше првпат докторите да не веруваат дека ќе успеам да го направам маслото преку ноќ... Им докажав дека не се во право“ - изјавува Огаста Флеминг.


Додека првичната терапија на Огаста од РСО купено за 3,000 долари беше значително поевтина од нејзините дванаесет круга на хемотерапија, кои чинеа 120,000 долари, цената за маслото сепак и понатаму не беше пристапна за неа. Во тоа време, после нејзиното блиско смртно искуство со хемотерапија, Флеминг тешко можеше да дише кога одеше од нејзиниот автомобил до влезната врата од нејзиниот дом. Во меѓувреме, таа исто така страдаше од кризи од повлекување на опијати, благодарение на тоа што ѝ беше даван морфиум и речиси дваесетина други „лекови“ дневно. „Маслото ми помогна да спијам и да јадам, бидејќи хемотерапијата ми го ограби целосно апетитот и често ми се гадеше од јадење“ - се сеќава Флеминг. Со тоа што ѝ овозможило да живее поактивен начин на живот, РСО исто така ѝ помогнало да изгуби 70 килограми, што е честа среќна приказна кај пациентите со рак кои ги менуваат опиоидите со канабис. 


Флеминг на врвот на Маниту во Колорадо на 5-ти јуни 2018 година
Менторот на Флеминг, Дарен Милер (Darren Miller), кој целосно го излекувал својот рак со РСО и првично го купил во диспанзерот на Браун, ја научил како да го направи маслото сама. Милер (53) е чудо од човек, кој сега научи стотици луѓе како да направат РСО. Само неколку дена откако му беше дијагностициран рак во јули 2015 година, тој имаше операција за да се спаси од срцева инсуфициенција, а подоцна следеа шест круга хемотерапија за палијативна нега.


И покрај тоа, неговиот лекар му кажа дека има помалку од три месеци да живее. Сепак, до ноември, Милер се сметал себеси за излечен откако се лекувал со РСО. „Тоа беше на 26 јануари 2016 година, кога докторите ме скенираа и ми рекоа дека никогаш не би можеле да кажат дека имам рак“ - вели тој. До ден денес, тој јаде околу еден грам RSO неделно. Во моментов, ќерките на Флеминг сега имаат три и пет години, а храбрата мама Огаста Флеминг продолжува да го зема маслото, превентивна доза на РСО и е посветена на холистички начин на живеење. Таа е онеспособена - хемотерапијата ја остави со оштетување на нервите на левата страна на нејзиното тело, што ѝ го отежнува користењето на нозете - но, таа не се откажува и е фокусирана на уметност и фотографија, нејзините најголеми страсти и продолжува да ги мотивира сите да не се плашат да се лекуваат со канабис и верува дека целосно ќе закрепне од канабисот.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Автор: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Ehealthmagz

No comments:

Post a Comment