Showing posts with label пациенти. Show all posts
Showing posts with label пациенти. Show all posts

Saturday, May 2, 2020

Израелска болница ќе започне со лекување на пациенти болни од коронавирус со канабис!

ТЕЛ АВИВ - Во пресрет на светската пандемија од коронавирус - во канабисот е спасот! Израелска болница ќе започне со тестирање на пациенти засегнати од вирусот КОВИД-19 со медицински канабис, за кој е познато дека има антивирусни и антибиотски својства, како дел од новиот експериментален третман



Иако за целосно излекување од некоја сериозна болест или за стабилизирање на состојбата кај одредени медицински дијагнози потребни се сите активни состојки од канабисот, поради придружниот ефект и нивното меѓусебно содејство, сепак истражувачите решија да го испитаат ефектот само на комерцијално популарниот канабиноид канабидиол кај пациенти позитивни на Коронавирус. Тоа е не-психоактивна компонента во канабисот, исто така позната како CBD, која може да го забави ширењето на вирусот ковид-19 и да спречи пациентите кои се во умерена состојба, да не преминат во критична состојба. Десетици пациенти со КОВИД-19 во умерена состојба во Медицинскиот центар Ичилов во Тел Авив се очекува да бидат (из)лекувани.


Барак Коен (Barak Cohen), искусен анестезиолог, кој е одговорен за управување со одговорот на коронавирусот во болницата, истакна дека третманот ќе ги ублажи симптомите со употреба на „компонента од растението канабис што се смета за безбедна и не создава зависност“. Одделно, истражувачите од универзитетот во Тел Авив започнаа со развој на лек базиран на CBD, за кој се покажа дека е ефикасен против воспаление на клетките на белите дробови инфицирани со коронавирус. Институтот за технологија Technion во Хаифа, исто така работи на развивање на два комплементарни лекови засновани на разни врсти канабис за борба против вирусот. Првиот ќе се обиде да го намали имунолошкиот одговор на пациентот, додека вториот има за цел да го забави текот на болеста со намалување на експресијата на рецепторот, протеин што му овозможува на вирусот да прима и испушта супстанции надвор од клетката. 


Професорот Дуди Меири
Нашата лабораторија е одобрена да работи како лабораторија за коронавирус и во моментов промовираме две студии засновани на постоечки студии за канабис“ - изјави за порталот Calcalist професорот Дуди Меири (Dudi Meiri), кој го води тимот на Технион. „Прво, ќе се обидеме да ги идентификуваме имуните клетки на растението кои се способни да го потиснат имунолошкиот одговор на коронавирусот, што предизвикува воспаление и заболувања. Молекулите на канабис растенијата имаат способност да ја намалат реакцијата на имунолошкиот систем без целосно да го потиснат, а со тоа да обезбедат подобар комплементарен третман од стероидите, кои целосно го потиснуваат имунолошкиот систем“ - додаде тој.


Во втората студија д-р Меири ќе се фокусира на рецепторот што му овозможува на вирусот да го инјектира својот генетски израз во човечките клетки и да се размножува. „Постои процес што го испитува ефектот на молекулите на канабис врз протеините“ - објасни тој. „Сега истражуваме кои од нив се релевантни за истиот рецептор, со цел да се намали неговиот израз, отежнувајќи го вирусот да влезе во клетката и да се размножува“ - заклучува д-р Меири.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Breitbart

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Wednesday, March 6, 2019

Од искуствата на пациентите: Лошата исхрана, некористење квалитетно канабисово масло и стресот се причина за канцер!

Од искуствата на пациентите: „Лошата исхрана, некористење квалитетно масло и нервозите се причина за појава на канцерот и за враќање на болеста“ - вели тој. Нашиов пријател со принципот на „обиди и грешки“, со пробување на разни видови на диети и алтернативни совети, самиот дошол до одредени заклучоци


Тој тврди дека Витаминот Ц е пресуден, но од органско потекло, не оној синтетичкиот! „Моника ова е 100 % точно. Значи лоша прехрана и нервозите се причина за канцери, ова ти го говорам од лично искуство. Значи, кога ќе почнеш да заболуваш од канцер, симптомите се следни: лош метаболизам, а тоа значи лошо варење и постојана глад, експлозии во желудник, изметот менува боја, па потоа и менува состојба, па престанува да мириса... Сите овие 3 работи се случуваат кај човек со канцер. Она што јас мислам е добитна комбинација, е домашно масло од индика канабис, Катодна (Кетогена) диета и премногу Ц витамин“ - вели нашиот пријател.


Според него, во принцип човек кој одбегнува стресни ситуации, не се нервира, живее здраво и размислува здраво - многу се мали шансите да заболи од канцер: „На утро чај од глуварче и во суштина според мене тоа е решението! Според моето искуство, јас мислам дека проблемот прво настанува во метаболизмот, па подоцна прави некакви мутации кај клетлите. Значи не може од канцер да заболи човек кој е по природа стабилен, се храни здраво и со многу масти. Најисправна храна за канцер е прехрана со природни масти, а тоа е таа катодна диета. Значи јас еден период користев многу масло, но се ослонував на зеленчук и овошје и свежа храна која е без масти. Бев екстра, но не оздравев! И повторно ми се врати болеста...“ - објаснува тој.


За жал неговата моментална финансиска ситуација не му дозволува да користи поквалитетен екстракт, со повеќе ТХЦ... „Сега користам многу лошо масло од канабис. Но, со сменет начин на исхрана, јас се чувствувам солидно. Затоа мислам дека храната е пресудна. Она што е исто од суштинско значење е Ц Витаминот во големи количества! Секогаш кога го користев чувствував подобрување. Кога и да престанам, ми се случува да ми испука кожата на рацете, како земја која не видела вода 3 години“ - објаснува овој паталец... 


Според мене причини за канцер, да сумираме се:
Лоша храна, лош начин на сфаќање на нештата (токсичниот начин на размислување) и електрониката која постојано зарачи во наша близина и има негативен ефект врз нас“ - вели тој.

Решение:
  1. Квалитетно канабисово масло (домашно изработено);
  2. Природна храна со многу масти;
  3. Органски Ц витамин;
  4. Куркума;
  5. Црно семе и понатаму ме мрзи да набројувам :) 
Земај ја изјвата, само сега за сега те молам ради семејство, не со мое вистинско име, а кога ќе оздравам, официјално ќе ти излезам здравје и во студио во живо, позз“ - заклучува тој.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Од личната комуникација со пациентите

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Monday, August 20, 2018

Овој човек прави масло од канабис и го дава бесплатно за да им помогне на болните лица

Се проценува дека над милион луѓе во Велика Британија се потпираат на медицинска марихуана за олеснување на болката. Во еден приградски дом, во необичен модерен станбен имот во Бирмингам, 42-годишниот инвеститор на имоти, Сатнам Бенс (Satnam Bains), тивко ги дестилира литрите од сопственото масло од канабис во импровизирана гаражна лабораторија кое го подарува на смртно болните лица 


Бенс почна да го води својот бизнис и научи како се прави масло откако на неговиот помал брат, минатата година, му беше дијагностициран редок вид на рак на бубрезите. „Дојде од никаде. Тој имаше само 32 години и беше високостручен градежен инженер“ - рече Сатнам. „Немаше многу што лекарите би можеле да направат за разлика од тоа што ќе го испратат дома со пеколен лек и морфиум кој мораше да се администрира за хроничната болка“ - додава тој. 

Неколку недели подоцна, еден пријател го спомна маслото од канабис, а Сатнам му даде 1 грам од лекот за 50 фунти од дилер на улица. „Мојот брат беше на морфиум околу шест недели, кога јас ставив една мала капка масло во топло млеко и целосно го трансформирав“ - истакнува тој. „Во рок од еден час тој беше исправен во својот кревет и изгледаше жив“ - саклучува Бенс. 

Бенс е еден од стотиците обични луѓе кои формираат подземни мрежи за размена на совети и упатства за тоа како да се направи и добие масло од канабис за медицински цели. Иако Велика Британија е најголемиот извозник на медицински канабис во светот, останува нелегално за лекот да се одгледува дома или да се снабдува за олеснување на симптомите на хронични болести кои се движат од рак до ХИВ. Се проценува дека повеќе од еден милиони луѓе во Велика Британија се потпираат на медицинската марихуана за олеснување на болката или како дел од палијативната грижа за хронични болести, но оние што имаат потреба моментално ризикуваат затворска казна ако се свртат кон црниот пазар на интернет или купуваат од улични дилери на дрога.

Но, диспаритетот помеѓу извозот на лекови од канабис во Велика Британија и неговите сопствени закони, сè уште е во центарот на вниманието откако серијата случаи со висок профил придонесоа за промена на јавното мислење и на крајот, владина политика. Несреќникот со епилепсија, малиот Били Колдвел, чија употреба на масло од канабис му помогна да ја намали фреквенцијата на неговите живото-загрозувачки епилептични конвулзивни напади, делумно го поттикнаа министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид (Sajid Javid), да објави легислатива со која се дозволува маслото од канабис да биде препишано од лекарите.

Во меѓувреме, Бенс е на мисија да го направи и дистрибуира скапоценото масло бесплатно и покрај максималната затворска казна од 14 години ако биде фатен од страна на полицијата. Тој вели дека бил инспириран од промената што ја видел кај неговиот брат: „Во текот на неделите (откако почна да зема масло од канабис) му помогна повторно да го врати апетитот, бидејќи морфиумот го натера да се чувствува гладен, но и да не може да јаде“. Во рок од осум месеци тој ја зголемил дозата на 10 капки дневно до тој степен што морфиумот повеќе не бил потребен. „Тоа беше ништо помалку од чудо и си помислив: Морам да научам како да го правам ова самиот, бидејќи бев уморен од одење по дилери на дрога“ Седејќи во неговата гаража, во куќата што ја дели со своите родители, Бенс рече дека разговарал со еден локален дилер кој му рекол дека направил масло за неговата мајка која имала Паркинсонова болест.

Тој ме научи како да го направам тоа и во текот на повеќе месеци го усовршив процесот за да го извлечам маслото најдобро колку што можев“ - рече Бенс. „Бев во контакт со нелегални домашни одгледувачи кои беа среќни да продаваат, па дури и ми ги даваа своите остатоци“ - додава тој. Марихуаната содржи преку 113 различни хемиски соединенија познати како канабиноиди. Најпознатите канабиноиди се THC (тетрахидроканабинол) и CBD (канабидиол). THC е одговорен за познатиот хај од канабисот, додека CBD помага да се балансираат ефектите на THC и да се обезбеди опсег на олеснување на симптомите и да се извлече целосниот медицински потенцијал од растението поради синергичниот ефект на сите активни состојки кои природно постојат во растението.

Во принцип, CBD се смета за целосно безбедна состојка. Студиите покажаа дека CBD е антиконвулзивен лек и постојат добри докази од клиничките испитувања дека фармацевтските препарати можат да ги третираат двете тешки форми на детска епилепсија, но ТХЦ треба да биде макар во трагови за препаратите да се најефикасни. Но, владата не се согласува целосно. Во коментарот објавен на нивната веб-страница, портпаролот на Агенцијата за регулација на медицината и здравствената заштита (MHRA) изјави: „Додека MHRA го дала своето мислење дека производите кои содржат канабидиол (CBD) што се користат за медицински цели се лекови, исто така, внимателно се разгледани потребите на поединци кои користат CBD производи за лекување или управување со симптомите на медицински состојби. Нашата примарна грижа е безбедноста на пациентот и сакаме да повториме дека поединците кои користат производи од канабидиол (CBD) за лекување или управување со симптомите на медицински состојби треба да разговараат за нивниот третман со нивниот лекар“.

Гледајќи тајно кон местото каде што неговиот татко седи во друга соба, Бенс го објасни макотрпниот и сложениот од прилика осум часовен процес од суровиот цвет од канабис, па сè до масло. „Моите родители не се многу среќни поради тоа што го правам, поради мирисот и затоа што се плашат дека ќе бидам фатен и испратен во затвор, но во исто време знаат дека тоа помогнало и на мојот брат. Тие само ме игнорираат и ме оставаат засега“ - вели Бенс. Процесот вклучува 2-3 перења на марихуаната во кофа исполнета со алкохолен растворувач (96%<), а потоа смесата внимателно се просејува и се цеди преку серија филтри за кафе, пред да се стави густата течност на шпорет за да испари алкохолот и за на самиот крај да се додадат неколку капки дестилирана вода. Бенс рече дека прави серија на секои неколку недели, со 600-800 гр марихуана што произведува околу 60 грама масло (цела Рик Симпсон терапија за 90 дена). Пациентите треба да започнат со мали дози (околу пола зрнце ориз) три пати на ден (на 8 часа) и постепено да ја дуплираат дозата на секои 4 дена, додека да стигнат до грам на ден (па и повеќе). Еден грам од маслото на улица во Британија вообичаено се продава до 70 фунти, а кај нас во Македонија од 30 до 80 евра за 1 мл.

Јас го собирам во пластични шприцеви за орална употреба или мешам со маслиново масло за локална употреба“ - вели тој. „Јас немам пари од ова и секоја серија ме чини доста. Сè што сакам е да лекувам толку многу луѓе колку што можам и ги замолувам да се молат за мојот брат. Ако излекувам доволно луѓе, чувствувам дека Бог ќе го излекува и мојот брат. Успеав да стапам во контакт со многу корисници на масло на различни социјални медиумски платформи и им го давам на луѓето бесплатно или за номинална исплата“. Одгледувањето и снабдувањето со канабис, без разлика дали е за медицински цели, во Британија е нелегално со Закон за злоупотреба на дроги и носи максимална казна од 14 години затвор и парична казна.

Авинаш Тахрор (Avinash Tahroor) од добротворната организација Charity Release, рече: „Иако ретко се користат максималните казни, можно е да се добие затворска казна дури и ако нема финансиска корист за лицето кое го извршило прекршокот. Според овој драконски закон, илјадници пациенти се непотребно криминализирани секоја година за едноставно поседување или одгледување на лекот што им е неопходен“. Но, Бенс вели дека е подготвен да ги преземе промените и ризиците: „Ги знам ризиците што ги преземам, но сакам да мислам дека законот нема да биде толку груб за мене, бидејќи јас го правам тоа од вистински причини. Дури и да бев затворен, би рекле дека вреди, бидејќи знам дека им помогнав на многу луѓе“.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Новинар: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Huffingtonpost.co.uk

Tuesday, October 24, 2017

Waldos 420 - еден нов и поинаков бренд на облека во Македонија

Нов бренд на облека во Македонија! :)
4:20 културата започнала кога 5 средношколци кои меѓусебно се нарекувале „Waldos“ затоа што омиленото место за пушење џоинт секој ден после часови им бил еден ѕид (wall) покрај нивното училиште. Мистериозната приказна за „Waldos“ е дека оваа екипа имала план на есен 1971 година да најдат скриено богатство, односно поле марихуана кое го барале со помош на мапа направена од сопственикот на богатството. Омиленото место кадешто се сретнувале им била статуата на Луј Пастер (Louis Pasteur), а договорени биле да се чекаат таму во 4:20 поручек - тие оделе во авантура, односно во потрага по скриеното „богатство“.


Да не заборавиме од каде дошла фразата 4:20 ;)
Секој труд дава плод, иако не секогаш веднаш. Waldos не успејале да го пронајдат богатството, сепак навиката да се собираат во истото време, да се дружат, групно да консумираат канабис и разменуваат идеи - останала - ДО ДЕН ДЕНЕС! Како меѓусебен интерен слоган ја користеле фразата „4:20 Louis“, што по неколку неуспешни обиди да го најдат азното ја преименувале т.е ја скратиле фразата на само „4:20“. Денес оваа фраза не само младите, туку сите ја користат како интернационален код што означува (време за) пушење (консумирање) канабис во глобала. Waldos не успејале да го пронајдат богатството, но ни го покажале на сите патот по кој треба да одиме за да го ослободиме канабисот.


FB/MyMood420
Благодарение на пионерите Waldos, април 20 (20.04) станал меѓународен празник на марихуаната и секоја година ширум светот на тој ден корисниците на марихуана, особено пациентите кои страдаат од канцер, епилепсија и други болести излечиви со канабис, а за кои медицината сè уште нема решение, протестираат на јавни места против законската регулатива која во многу држави и понатаму го демонизира овој Божји лек што не може да наштети, а само може да помогне. За време на протестите џоинти се палат не само во 4:20! Благодарение на Waldos „4:20“ станало симбол, па иако Waldos се во сите од нас, сепак за да не им го заборавиме името, се појави нов македонски бренд на облека - Waldos 4:20 брендираната облека којашто поддржува талентирани street артисти, отсега достапна и кај нас во Македонија :) Можете да ги контактирате преку нивната FB страница или пак, на нивниот e-mail: 420mymood@gmail.com. Погледнете го промотивното видео во продолжение: