Monday, September 28, 2015

Обраќање до Д-р Андон Чибишев!

Испровоцирани од дебатата на емисијата ПРОЦЕС на тема „За или против легализација на марихуаната во медицински цели“ на НОВА ТВ, сакаме да го споделиме јавно нашето мислење. Ние не се плашиме од вистината.



Кои Ви се тие „несериозни споредби“ докторе? Сериозно според Вас е само она што Вие го говорите? Колку години уште ќе треба болните од рак да ги труете со хемотерапија? Во ред докторе, има доста наркомани кои пробале Канабис, но не може ни да си замислите колку е поголем бројот на корисници на Марихуана, кои до крајот на својот живот нема да пробаат ниту алкохол, ниту цигари! Канабис не може да се злоупотреби, бидејќи од неговото користење има само добрини и придобивки и од Канабис никој не умрел, а од Вашите метадони и бупренофини умираат многу деца... 

Ниту сите хероинџии не започнале со Марихуана, ниту сите „марихуанџии“ не продолжиле на хорс!

Хероинските зависници и да пробале и користеле Канабис, тие не започнале да користат дроги заради Канабисот, туку заради нивната желба да експериментираат и заради нивната желба да се дрогираат! Од каде имате доказ за Вашата теорија? Од Хероин се умира, а од Канабис никој не умрел - ама баш буквално никој и никој не полудел, ниту пак се разболел од нешто поради Канабисот. Кај одреден мал број на луѓе со одредени психички нарушувања, истите може да бидат нагласени под дејство на Канабис, но оваа појава е краткотрајна и кај нив од претходно постоело ментално нарушување. Сепак, има тон докази дека со Канабис се лекуваат нарко-зависници во некои реномирани приватни клиники во светот и дека се лекуваат психо-соматски нарушувања и разновидни психички растројства со Канабис. Канабисот не му наштетил на никој со здрава и зрела психа - ова го потврдија и професорите во своите излагања на вчерашниот семинар!

Докторе, никој не умрел од срцев удар предизвикан од ТРЕВА! Ајде кажете кој е тој што умрел на ваков начин!? Капа ќе ви симнеме и ќе ви се поклониме јавно. И покрај тоа што Сатива врстите на Канабис знаат да предизвикаат еуфорија, поради своето енергетско дејство и постои потенцијална можност да го забрзаат срцебиењето - никој не добил срцеви проблеми поради тоа. 

Вие упорно го хејтате рекреативното користење на Канабис, а тоа всушност се сведува на медицинско користење. Терминот „МЕДИЦИНКА МАРИХУАНА“ е воведен заради таквите како Вас, т.е. за побрза и полесна легализација. Пушењето џоинт без тутун е чиста, здрава и превентивна навика - слично како на јадењето лук или прополис, јадењето лимони и тн... Џоинтот не е штетен, бидејќи Канабисот е лековит и пушењето на цветовите од ова растение претставува само една од многуте форми на консумирање Канабис (канабиноиди), покрај: оралното користење, ректалното користење, вепорајзингот и површинското користење (на кожа) на препаради, екстракти и деривати од Канабис, а исто така ова растение се јаде готвено, но и сурово, во вид на сокови, смудиа, сосови кои немаат психоактивно дејство бидејќи ТХЦ се активира на повисоки температури. 

Ако се направи статистика кој пуши во Република Македонија, почитуван докторе, нема да Ви одговара таа статискита, бидејќи нема да Ви се верува колку луѓе во оваа држава пушат трева или пушеле трева или барем еднаш во животот пробале! Зошто секогаш чекаме на други држави? Бидејќи сме заостанати во умовите или...? Зошто не бидеме некогаш први во нешто на Балканот?! Зошто упорно го негирате фактот дека тутунот убива и од тутун многу луѓе годишно умираат. Да, и од месо и од шеќер умираат многу луѓе годишно, како што велите, но тоа само го потврдува фактот дека дури и водата е поопасна од Марихуаната, бидејќи од вода може човек да умре - да се предозира, што не е случај со Канабисот. „Предозирањата“ од Трева не се смртоносни, туку само може понекогаш да бидат малку непријатни и тоа за многу мал процент на лица!

ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА Е СПАС ЗА СИТЕ НАС! - нови работни места за граѓаните, а побогата држава од даноците од продажбата на Трева.

Ве сфаќаме потполно, вие работите за пари, а ние ова го правиме од добра волја - има разлика. Докторската професија колку и да велите дека е хумана, сите доктори пред се` работат за пари и се само слуги на фармацевтската мафија - фарМАФИЈАТА, а таа нема ќар доколку секој е здрав. Таа создава консументи.

Зошто не ги земете пред вид случаите на излечените пациенти во светот и кај нас!? Зошто упорно ги негирате?! Медицината треба да се базира пред се` на искуството, а не само на сувопарна теорија! Медицината пред вид треба да зема се` што им помага на луѓето. Сметате дека Канабис не смее да се тестира на луѓе, а лековите може да бидат тестирани на луѓе за пари. Знаеме дека и кај нас се спроведуваат тестирања на одредени лекови врз луѓе. Не сакате да се спроведуваат тестирања за Канабис, бидејќи се плашите, а од што? Веројатно заради својот личен профит... Пратениците се пратени од народот, за да се борат за народот, а не против него! Не се плука онаму од каде што се доаѓа!

Докторите постојано треба да прават up-grade на своите знаења, а не да тапкаат во место. Зошто не дојдовте вчера на семинарот? Срамота што пропуштивте ваква неповторлива прилика... За среќа ние активистите сме многу вредни деца и снимките од семинарот ќе може да си ги погледнеш со своите колеги-доктори од твојата фела на YouTube каналот на Зелена Алтернатива ;)


Sunday, September 27, 2015

Анатемата фрлена врз Конопот во Македонија, веќе е оттргната!


Презадоволни сме од Вториот по ред семинар во Македонија за Канабис/Коноп, кој се одржа денес во ГТЦ, Кино Милениум со почеток од 12:00 часот. Салата беше преполна! Семинарот траеше до 19:00 часот и на крајот цел час секој од присутните имаше прилика да постави прашање, на кое добиваше исцрпен одговор. Многу од присутните ги споделија своите искуства со масло од Канабис - се разбира позитивни искуства, бидејќи нема логика да биде поинаку - конопот лекува и не наштетува! Секоја чест за организаторите! РЕСПЕКТ ЗА ЗЕЛЕНА АЛТЕРНАТИВА! Ретко каде во светов ваквите научни збиднувања се бесплатни!

Презадоволни сме што можевме да присуствуваме на ваков величествен настан и што има огромен напредок во јавното мнение - анатемата фрлена врз растението Коноп, конечно се повлекува!!! Луѓето се се` повеќе информирани и едуцирани на оваа тема. Наскоро и прашањето за лег./декр. на Коноповите растенија ќе успееме со заеднички сили да го ставиме на дневен ред во Собранието, кое нели постои за нашето добро.

Посетителите на семинарот исто така се презадоволни: „Одлична организација на Семинарот! По толку неспорни сведоштва на врвни експерти треба итно да уследи кампања со собирање на потписи за донесување закон за декриминализирање на производството и користењето на канабисот!“ - изјави една од присутните посетители. Од професорите дознавме дека многу од научните студии и други публикации за Канабисот, може да се најдат на страницата WEB OF SCIENCE. Од професорите исто така дознавме дека: „Се' што не е направено од метал или од стакло, може да биде направено од КОНОП!“ - Д-р Пол Хорнби. Живееме во свет на супститути на ова растение!!!

Хуанито Луксетич не се плашеше денес јавно да проговори за своето лично искуство со Канабисот, т.е. со екстрактот од Канабисовите цветови (смолата од Канабис), исто така познато како „Канабисово масло“ или „Маслото на Рик Симпсон“ (Phoenix Tears Oil). Хуанито 4 години се дружи со ова растение и токму ова растение му помогна да стане од постела, што не му се пишуваше да продолжел да се лекува на конвенционален начин - со вештачки создадени лекови од страна на човекот... Тој има МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА и веројатно ќе треба и понатаму во својот живот да го користи ова растение. Како и да е, Хуанито ОДИ и се чувствува прекрасно и тој исто како и ние - Канабисот го смета за зеленчук - за здрава храна.

Цел живот мора да се прехрануваме за да опстанеме и за да не умреме, па таков е и случајот со Канабисот! Цел живот јадеме и консумираме разни водиви на билки и растенија, Канабисот е само една билка плус, која тој треба да ја консумира, а треба да ја консумира секој со цел да спречиме еден куп потенцијални болести кои настануваат поради канабиноиден дефицит во организмот на човекот. Ние се восхитуваме на неговата храброст, упорност и пожртвуваност, бидејќи тој сака сите да дознаат за овој природен лек, кој нему лично му помогнал, а им помогнал и на неговите блиски пријатели. Можете да ја проследите и споделите неговата страница - http://www.konopljapomaze.com/.

Да не ни беа потребни канабиноидите, ние немаше да поседуваме ендоканабиноиден систем со ендоканабиноидни рецептори, а исто така и во мајчиното млеко немаше да има канабиноиди! Канабисот постои со причина - за да го користиме! :) Тој не е синтетичко хемиско соединение создадено заради профит, туку природно растение, кое е забрането заради профит. Луѓето полудуваат на стари години, рано умираат, се разболуваат од Алцхајмер и тн. токму поради дефицит од канабиноиди во нивниот систем и поради тоа што никогаш во својот живот не внеле THC, ниту CBD... 

Штета што пропуштивте ваква несекојдневна прилика за едукација и размена на контакти и искуства. За среќа снимките од предавањата наскоро ќе бидат јавно достапни на YouTube каналот на Зелена Алтернатива. Уште еднаш Респект за Зелена Алтернатива и за професорите: Д-р Пол Хорнби, Д-р Лумир Ондреј Хануш и за Г-динот Рик Симпсон, кои не` просветлија со нивните конкретни предавања!

Ние нема да престанеме да информираме се` додека сме живи. Продолжете да ја следите вистината за лековитата билка и продолжете и вие да ја споделувате таа вистина понатаму...
Секој треба да знае за лековитата моќ на Светата Билка Канабис!!! Благодарност за сите присутни. Продолжете да ја споделувате вистината за природниот лек, кој постои на оваа планета уште од пред да постои фар-МАФИЈАТА!

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ДОЗИРЊЕТОhttp://phoenixtears.ca/dosage-information/
ПРОТОКОЛОТ на РИК СИМПСОНhttp://donate.hempcures.work/
Рецензија за овој настан од Дневник.

Monday, September 21, 2015

Втор канабис семинар во Македонија 27.09.2015, кино МИЛЕНИУМ, Скопје организиран од Зелена Алтернатива

Здружението „Зелена Алтернатива“ има особена чест и задоволство и оваа година да ве покани на семинарот на тема:

„Канабис: Теорија и пракса“
Елитата на Медицинскиот Канабис на едно место.


Семинарот ќе се одржи во кино Милениум, во недела, 27ми септември во 12:00 часот.
Картите за семинарот што ќе се одржи во недела во Кино Милениум се бесплатни, а може да се подигнат на билетара утре (сабота - 26.09.15) цел ден од 10:00 до 22:00 вечер! 
Предавачи на семинарот се: Рик Симпсон, Лумир Хануш и Пол Хорнби.
Рик Симпсон не е во можност лично да присуствува така да ќе говори преку Skype.

Др. Лумир Хануш во првиот дел од неговото обраќање ќе говори за ендоканабидоидите и компатибилноста на човечкиот организам и Канабисот. Во вториот дел ќе ни одговори на прашањето: Дали имаме доволно знаење за третманот со Канабис - стари и нови сознанија за медицинската вредност на Канабисот во лечењето на болни. Многу интересно ќе биде излагањето на др. Пол Хорнби: под наслов: Важноста на CBD-то (The importance of CBD).

Тој ќе се сконцентрира на важноста на CBD (канабидол), вториот по важност канабидоид во канабисот кој има огромна улога во модерните третмани со канабис. Тој ќе има осврт кон CBD-то екстрактирано од нашиот „македонски див коноп“ кој секоја есен залудно скапува по полињата и покрај патиштата во Македонија. Ќе зборува за важноста на ова македонско национално богатство во медицината и во лекувањето на болни и потенцијалот што овој ендемичен подвид на канабис би го имал на глобалниот-светски пазар.

Покрај овие светски експерти за медицински канабис на семинарот ќе присуствува и говори и Хуанито Луксетиќ од Хрватска. Тој долго време се бори со Мултиплекс Склероза и е тука за да ги сподели своите искуства со болните и заинтересираните во Македонија. Тој е воедно и многу гласен активист за легализација на медицинскиот канабис.

Целта на семинарот е овие долгогодишни истражувачи на канабисот и неговата примена во медицината да ги споделат своите искуства со македонската јавност. Се надеваме дека овој настан ќе придонесе за што побрзо носење на закон за легализација на конопот т.е. канабисот за медицински цели, се со цел да се излезе во пресрет на болните кои што го користат ова растение и неговите производи како лек.

Зелена Алтернатива ќе ги објави деталите околу семинарот во наредните неколку дена. Точното време, резервациите, подигањето на карти и деталната програма. Повеќе информации од понеделник на Facebook групата на Зелена Алтернатива. Овојпат бројката на посетители ќе биде поголема!





Ве покануваме и вие да бидете дел од овој научен собир.
Недела, 27ми септември 2015, кино МИЛЕНИУМ - Скопје.

 
Разгледајте го каналот на YouTube на Зелена Алтернатива. Таму ќе ги најдете предавањата од Првиот семинар за демистификација на канабисот.

Споделете го овој пост со вашите Facebook пријатели!

Friday, September 18, 2015

Колорадо го преполни својот буџет од легално продаваната Марихуана!

Колорадо стана првата држава која собира повеќе даноци од продажба на Марихуана, отколку од Алкохол!

Статистичките податоци од 2014-2015 година откриваат дека државата Колорадо собрала 70 милиони долари од даноци од продажба на Марихуана, а само 42 милиони долари од продажбата на алкохол.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО КОЛОРАДО - Туфки и појадок!“ Туризмот во Колорадо е во полн ек! Оние кои живеат од туризам, на своите гости не им нудат само ноќевање и појадок, туку и квалитетен Канабис! Гостите се презадоволни и секогаш сакаат да се вратат повторно.

Годишните даночни приходи Mарихуана во САД!
Според најновите статистики објавени од страна на Одделението за државни приходи на Колорадо, оваа држава во историјата се запиша како првата американска држава која остварува годишен приход од даноци од легалната продажба на Марихуана, поголем отколку севкупната сума на прилив од даноците од продажба на алкохолни пијалаци. Извештајот ги разгледуваше собраните даноци од први јули 2014 година се` до 30-ти јуни 2015 година.

Мејсон Тиверт (Mason Tvert), директор на комуникациите за Marijuana Policy Project и ко-директор на иницијативата од 2012 година за регулирање и оданочување на Марихуаната како алкохолот во Колорадо, изјави дека даноците од Марихуана се „неверојатно продуктивни во текот на изминатата година“.

Легализацијата значи отворање на нови работни места!
„Тоа е лудо колку од приходите на нашата држава биле фрлани во канта со форсирањето на продажбата на Марихуана во подземниот пазар“ - рече Тиверт. „Уште полудо е тоа што толку многу држави продолжуваат да го прават тоа. Приходите од даноци се само една од многуте добри причини за замена на забраната на Марихуана со регулациски систем“ - додаде тој. Даночните обврзници во Колорадо според нивната законска регулатива, мораат да ги одобрат новите даноци врз основа на проценетите суми и државната потрошувачка.

The Denver Post истакна дека иако даночните приходи од продажбата на Марихуана не ги надминале проектираните бројки, „вкупната државна потрошувачка ги надмина првичните проценки, поради подобрувањето на економијата“.

Канабисот е ЛЕК не само за болните. Канабисот е ЛЕК ЗА БОЛНАТА ЕКОНОМИЈА!

Во септември 2014 година, истражувачкиот новинар Ben Swann ги разгледа документите на Федералната Влада во врска со Марихуаната користена за медицински цели и тој откри дека иако Владата глуми дека Канабисот не е лек, таа всушност го поседува патентот дека Канабиноидите лекуваат.

Sunday, September 13, 2015

Семејствата ги споделуваат своите искуства и живи докази дека Канабисот е чудотворен ЛЕК!

Теоријата ретко соодветствува со праксата. Наместо да чекаме на (искривоколчени) научни истражувања, бидејќи досегашните се наводно неуверливи, може да започнеме да се водиме од искуството. Не постои поголем доказ за нешто од искуството. Не постои поголем и порелевантен доказ од вистинските ЖИВИ примери на успешно излечени пациенти со помош на Канабис и производи од Канабис. Не постои поголем доказ дека Марихуаната е безопасна, дека не е воопшто штетна од овие вистински приказни, бидејќи повеќето од тие пациенти се деца и тоа многу мали деца и бебиња! Кога една билка не му штети на едно новороденче и мало дете, како тогаш може да му наштети на било кој друг? Секое дете заслужува среќно и нормално детство!

Проследете ги сведоштвата на едни сега веќе среќни родители!

Родителите на Колин се пресреќни
што пробаа својот син да го лекуваат со Марихуана!
Дајан Улрик (Diane Ulrick): Нашиот син Колин (Colin) има скоро 11 години и боледува од синдромот Smith - Magenis. Тоа е ретко генетско пореметување. Тој има епи-напади и експлозивни кризи.

Чед Улрик (Chad Ulrick): Докторите велат дека повеќе немаат што да му дадат - тие го пробале секој можен лек што постои.

Дајан Улрик: Психијатрите одбиваат да го видат, бидејќи тој не може да каже што му е. Тие не сакаат да го прегледаат и да ги третираат неговите кризи и анксиозни напади. Ние се чудевме и си велевме: „Што треба сега ние да сториме со него?“. Неговите медикаменти престанаа да делуваат, а серолозите сугерираа медицинска Марихуана за неговото однесување. Колин започна да користи медицинска Марихуана на девет годишна возраст, па поминаа веќе две години. Ние користиме Канабисово масло. Понекогаш го ставаме во капсули. Ние сфативме дека тоа функционира подобро со едноставно нанесување на павлака. И Колин започна да покажува одредени подобрувања. Епи-нападите и однесувањето - тоа (маслото) ги поправи нештата за коишто ние мислевме дека никогаш нема да биде возможно да се поправат. Сега тој може да се сконцентрира; може да седне и да го слуша учителот и всушност да учи одредени знаци и учи да зборува.

Чед Улрик: Неговиот учител знае се` за неговиот случај. Тој потполно не` поддржува бидејќи го гледа ефектот што е постигнат.

Дајан Улрик: Тоа е нашиот и неговиот живот. Ние се плашевме дека ќе бидеме приморани да го ставиме под посебен надзор, доколку не може да го прими својот лек. Ова е нашиот лек; Ова е неговиот лек. Ние се чувствуваме како криминалци, а ние не треба да бидеме криминалци заради тоа што сакаме да го лекуваме нашиот син, кога психијатрите и докторите не можат повеќе да ни помогнат. Сега треба да помогнеме ние и нашата држава Мишиген.

Страшна несреќа е кога имаш болно дете.
Уште пострашна несреќа е кога имаш дете болно од ретка болест...
Но, среќа во несреќа е кога знаеш дека постои ПРИРОДЕН ЛЕК кој за жал се` уште е забранет. Сепак, подобро е да бидеш нелегално излечен, отколку легално мртов!!!

Wednesday, September 9, 2015

ЛЕКализација за просперитетна Македонија (Интервју со Пикисипи - САФ)


Loza.mk: На концертот имавте мал говор за борбата против ракот и легализација на древната билка. Си земам за право да Ве прашам – дали сметате дека канабисот, или конопот – според нашите стари, треба да се декриминализира или ограничи за медицинска употреба?

Пикисипи: Лекализација е дефинитивно потребна! Декриминализација исто така! Зошто тутунот е легален, а од него умираат секоја година милиони луѓе ширум светот, а конопот е нелегален? Освен во медицински употреби може да се исползува и како индустриска суровина за еден куп човечки потребштини (хартија, облека, гориво, козметика, итн.). Зошто да не ги следиме потезите на прогресивните земји кои со Легализација / ЛЕКализација постигнуваат одлични резултати во борба против ракот, епилепсијата, еден куп психосоматски и останати тешки заболувања за кои современата медицината нема одговор!? Зошто на некои луѓе им се ускратува правото на живот и правото на Лек? Зошто не бидеме први на Балканот кои ќе го направат тој потег? Македонија произведувала 1/3 од Афионот и Конопот што го произведувала Отоманската империја! Која друга земја има афион (дрога) на својот амблем? Каде на друго место се давале пити афион како мираз? Зошто сме толку неискрени спрема самите себеси? Зошто толкаво лицемерие!? Зошто Владата мисли дека туристите ќе дојдат во Македонија оти сега имаме неколку споменици повеќе (зарем другите немаат историја)? Во Амстердам одат милиони туристи годишно и никој не оди за да се слика покрај некоја статуа или фонтана. Замислете Стојаково и Добрејци и целиот МКД регион какви модели би им понудиле на туристите кои ќе дојдат на лекување, прошетка, агротуризам… Или каков туристички центар ќе биде Охрид ако го легализираме Конопот? Зошто секогаш сме последни во се` и сешто? Па ете, нека го погледнат примерот на државите Колорадо и Вашингтон во пуританска и конзервативна САД, каде имаат суфицит од неколку милијарди долари данок, па државата гради училишта и факултети со парите од медицинскиот коноп, а криминалот паднал за 30 проценти. И плус еден куп задоволни луѓе на кои денот им поминува полесно од секојдневниот стрес со кој сме сите соочени, да не спомнувам колку луѓе заболени од канцер ќе бидат спасени низ целиот свет од Канабисовото масло кое би го прозведувала еколошки чистата Македонија!? Колку луѓе што се навлечени на психолептици и антидепресиви ќе имаат подобар и полесен живот ако барем се лекализира Конопот? Зошто упорно се прават реклами во кои конопот се прикажува како најголемо зло, кога нашите баби и дедовци го саделе и конзумирале од памтивек… Аман! ЛЕКАЛИЗАЦИЈА!

Преземено од Loza.mk.
Целото интервју може да го прочитате тука.