Wednesday, February 28, 2018

Канабис активист бара помилување и отштета за оние со пресуди за канабис

Со цел марихуаната да стане легална во јули, истакнат активист за канабис ја повикува Канадската Влада да ги исчисти криминалните досиеја на оние кои се осудени за прекршоци поврзани со ова растение и да ги компензираат ако лежеле во затвор!


Активистот Дана Ларсен
Ако јас бев на чело, би ги избришал сите пресуди за било каков прекршок поврзан со канабис“ - изјави активистот Дана Ларсен (Dana Larsen) за CTV News. „Што се однесува до мене, забраната за канабис отсекогаш била погрешна и неморална. Ларсен рече дека даноците собрани во првите неколку години по легализацијата треба да се стават во фонд кој ќе се користи за надоместување на оние кои биле оштетени од забраната за канабис. Би можеле да создадеме формула на толку многу долари на ден за времето што го поминавте во затвор.“ - додава тој.

Има многу Канаѓани кои биле шест месеци или две години во затвор за едноставно поседување на канабис... Целта е да се извиниме и да ја признаеме штетата“ - објаснува Ларсен. Самиот Ларсен беше обвинет во 2016 година за шверц на семиња со марихуана со масни киселини, но никогаш не бил осуден. Градоначалникот на Сиетл во четвртокот објави дека ќе побара од судовите да ги избришат пресудите за прекршочна постапка, наведувајќи дека постоењето на криминално досие претставува пречка за добивање кредит, за добивање добри работни места.


Минатиот месец, градот Сан Франсиско објави дека ќе го стори истото, иако официјални лица во Калифорнија, кои ја легализираа рекреативната марихуана во јануари, рекоа дека ќе размислат за помилување од случај до случај. Според канадскиот закон, оние кои биле осудени за едноставно поседување до 30 грама, во моментот може да аплицираат за да добијат помилување пет години по завршувањето на казната. Отава не ги отфрли понатамошните реформи, но само по завршувањето на легализацијата.


Ние не сакаме да ги охрабриме луѓето, на каков било начин, додека не се смени законот“ - рече премиерот Џастин Трудо (Justin Trudeau) во јануари. „Откако законот ќе се смени, ние, секако, ќе размислиме за правичноста на начин кој е одговорен да се движиме напред“ - додава тој. Адвокатот на кривичната одбрана, Пол Пирсон (Paul Pearson), вели дека делата со марихуана имаат тенденција диспропорционално да ги засегаат малцинствата и сиромашните. „Има смисла за обид за исправка некоја од неправдите“ - рече тој. „Мислам дека аргументот е: ние никогаш не требаше да им отвориме криминално досие на овие луѓе“ - додава тој. 


Мајк Бабинс (Mike Babins), косопственик на Друштвото на евергрин канабис во Ванкувер (Evergreen Cannabis Society in Vancouver), во принцип се согласува со идејата за извинување или признание од страна на сојузната влада. „Мислам дека треба да се погледне секој случај поединечно и да кажеме каква е намерата?“ - објасни Бабинс. „Малку се помрачни случаите кога зборуваме за луѓе кои се занимаваат со трговија со наркотици... во комерцијален размер“ - додаде Пол Пирсон. 

Според статистичките податоци од федералната влада, 11.970 британскии Колумбијци беа обвинети за прекршоци поврзани со канабис само во 2016 година. Почнувајќи од ова лето, британските Колумбијци на возраст од 19 години ќе можат легално да купат марихуана преку продавници под власта или од лиценцирани приватни трговци. Претходно оваа недела провинцијата објави неколку правила кои ќе ја регулираат продажбата на дрога во Британска Колумбија, вклучувајќи дека рекреативната марихуана не смее да се продава во исти продавници кадешто се продава алкохол.





Автор: Кристина Т.
Извор: Ctv news

No comments:

Post a Comment