Tuesday, June 12, 2018

„Јас ќе продолжам да одгледувам канабис“ - изјавува уапсената фризерка од Шефилд

Фризерка од Шефилд во Велика Британија, која беше уапсена под сомневање дека се занимава со производство на канабис, вети дека ќе продолжи да го расте лекот за кој вели дека ѝ помага да ѝ ги олесни долгорочните здравствени проблеми


Лиза се гордее со тоа што е корисник на канабис
Лиза Ендрјус (Lisa Andrews) која има 41 година од Китс Роуд во Фокс Хил, беше уапсена на 25 април, како дел од полициската операција што резултираше со 40.000 фунти за нелегални дроги во областа. Полицајците велат дека пронајдоа 50 растенија од билката канабис во нејзината куќа, но Лиза вели дека тие ѝ требаат за да го направи маслото за кое се надева дека ќе ѝ го олесни нејзиното страдање. Таа сега вети дека ќе им се спротивстави на властите и ќе продолжи да го користи и расте канабисот, класифициран таму како дрога од класа Б - тврдејќи дека нема друг избор освен да го прекрши законот. Таа рече: „Јас сум граѓанин кој ги почитува законите - никогаш не сум добила ниту еден билет за пребрзо возење или парична казна“. 


Лиза вели дека почнала да ја расте тревата, откако го загубила фризерскиот бизнис, што за неа претставувал примарен извор на примања. Таа вели дека тревата ѝ помага кај голем број сериозни состојби од кои страда - вклучувајќи проблеми со срцето, висок крвен притисок, анксиозност, депресија, лоша циркулација и гадење. „Не можам да си дозволам да продолжам да го купувам, но знам за фактот дека ми помага за мојата состојба“ - додава таа. „Ако не можат да ме излечат, јас ќе го направам самостојно - јас сум интелигентна дама и знам што е добро за моето тело“ - дообјаснува Лиза. 


Таа вели дека ситуацијата е дури и повеќе од нелогична и неправедна со оглед на износот на канабис што Велика Британија го произведува секоја година за медицински и научни цели. „Во 2016 година Велика Британија произведе 95 тони канабис - тие се најголемиот дилер во светот“ - вели таа. „Сепак, тие велат дека воопшто нема медицинска или терапевтска вредност. Зошто тогаш произведуваат толку многу од тоа? Тоа е незамисливо за Владата да каже дека не сака да го одобри, но сепак да ја извезува во остатокот од светот“ - додава таа. Полицијата ја уапси Лиза за поседување канабис и за одгледување и таа и понатаму е под истрага. Таа вели дека ќе продолжи да го расте лекот и дури стапи во контакт со полицијата од Јужен Јоркшир за да побара појаснување на законот, но досега нема одговор.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Thestar

No comments:

Post a Comment