Македонските лекари постојано треба да се едуцираат за канабисот, нашата земји да ги испраќа во странство на обуки каде што марихуаната веќе одамна е легализирана/декриминализирана, наместо да си продолжуваат да работат во заблуди и да се едуцираат од нас активистите и новинарите. Медицинското друштво во Масачусетс обезбедува континуирана медицинска едукација за здравствените работници ширум светот и се смета за орган за медицинско образование и неодамна објави дека ќе понуди курс за користењето на канабисот за различни медицински цели
Друштвото користи наставна програма развиена од The Answer Page, веќе добро познат снабдувач на медицинско образование. Поголемиот дел од ваквите програми за медицинската марихуана од страна на државата, строго ја контролираат употребата, производството и дистрибуцијата на канабисот и медицинските производи кои содржат канабис, што е добро поради тоа што се воведуваат одредени стандарди, но сепак има низа недостатоци. Поради премногу брзиот развој на индустријата за медицинската марихуана, лекарите и останатите здравствени работници може да се соочат со потешкотии во тоа да останат во тек со потенцијалните употреби и придобивки на производите од марихуана.
Објаснување како марихуаната може да помогне за медицинските состојби
И лекарите-противници треба да го разбираат канабисот! |
Сеопфатната програма за канабис дава вовед во канабиноидите и нивните реакции во ендоканабиноидниот систем. Оваа информација дава основа за тоа како медицинската марихуана работи во мозокот и може да се користи за менување на дисфункциите кои во крајна линија произлегуваат од активноста на мозокот. Ендоканабиноидниот систем е дел од мозокот и централниот нервен систем кој го регулира апетитот, расположението и меморијата. Тука се случуваат примарните ефекти од медицинската марихуана.
Со тоа што ја менува рамнотежата на некои хемикалии кои природно се појавуваат во ендокриниот систем, канабисот може да се користи за:
* Намалување на нападите;
* Отстранување на болките;
* Олеснување при гадење.
Исто така, ги намалува симптомите на разни онеспособувачки состојби кои досега не можеле да се третираат.
Едуцирајте се за ЕНДОКАНАБИНОИДЕН СИСТЕМ! |
Програмата на Масачусетс има за цел научно докажаните информации да им ги прикаже на лекарите и останатите здравствени работници, кои се консултираат со своите пациенти во врска со медицинската марихуана. Многу лекари ја поздравуваат можноста да го истражат третманот со канабис за нивните пациенти кои страдаат од симптоми кои не се контролираат со останатите третмани кои им се веќе достапни. Курсот од 16 чекори за медицинската марихуана ги опфаќа физичките и психолошките ефекти на марихуаната врз телото. Онлајн програмата исто така ги едуцира лекарите за историјата на канабисот и им дава насоки за тоа кога треба да се препорача третман со медицинска марихуана.
Кој треба да ја користи програмата за медицинска марихуана на Масачусетс?
Законот во Масачусетс ги заштитува лекарите! |
Сеопфатниот наставен план за канабисот (Comprehensive Cannabis Curriculum) е поставен онлајн во 16 модули. Секој модул обезбедува континуирана медицинска едукација која може да се применува на различни теми за истражување. Здравствени работници кои можат да научат многу од овој курс се:
* Лекарите;
* Лекарските асистенти;
* Фармацевтите.
Сите здравствени работници кои лекуваат пациенти можат да имаат придобивки од сеопфатниот наставен план за канабисот. Државата Масачусетс неодамна ја легализираше рекреативната употреба на марихуаната. Дури и лекарите кои не ја препорачуваат медицинската марихуана треба да имаат поголемо разбирање за нејзините ефекти врз човечкото тело. Доколку имате пациенти кои самите се лекуваат на овој начин, треба да го истражите лекот кој тие го избрале.
Придобивки на лекарите од познавањето на медицинската марихуана
Биди добар доктор! Биди секогаш во тек! ;) |
Една од најголемите придобивки од овој курс е тоа што докторите ќе бидат постојано во тек со најновите и најточни информации за тоа како делува канабисот. Многу информации кои сега се достапни за употребата на канабисот за медицински цели се обезбедени од страна на производителите или дистрибутерите кои имаат финансиски интерес да ги убедат лекарите да го препорачуваат на своите пациенти. Информациите имаат за цел да им помогнат на лекарите во лекувањето на своите пациенти. Производите од медицински канабис претставуваат нова алатка за лекарите да обезбедат повеќе опции за третирање не само на сериозни медицински состојби.
Марихуаната служи и како лек за хроничните болести, но може да се користи и за да се намали страдањето и да се подобри квалитетот на животот на пациентот. Истражувањата на канабисот се делумно возможни, поради нецелосното разбирање на науката за мозокот, а исто така поради законската регулатива... Учењето повеќе за тоа како работат канабиноидите може да им помогне на лекарите во целокупното разбирање на хроничните болести кои предизвикуваат напади, грчеви и болки. Канабисот не може да наштети, па затоа почитувани лекари секогаш вреди да се обидете своите пациенти да ги лекувате на природен начин и да му дадете шанса на канабисот од алтернативен да стане примарен лек!
Подобар начин за справување со болката
Освести се! |
Справувањето со болките е нешто што лекарите „се борат“ да го обезбедат за своите пациенти. Подоброто разбирање за тоа како болката се перцепира и може да биде блокирана од мозокот, им помага на лекарите да внесат надеж кај пациентите кои страдаат од хронични болести. Нападите честопати ги оставаат лекарите немоќни за ефикасно лекување на пациентите. Дознавањето повеќе за потенцијалната употреба на канабисот за лекување на нападите е нова алатка за користење во борбата против нападите. Третманите за повреди на мозокот, вклучувајќи ги и акутните и долготрајните симптоми, може да се подобрат со дознавањето за тоа како канабиноидите можат да помогнат во процесот на лекувањето, а искуството потврдува дека можат само да помогнат - канабиноидите не можат да наштетат.
Биди промената што сакаш да ја видиш!!! |
Сеопфатниот наставен план ќе им овозможи на лекарите да им помогнат на своите пациенти и да ги задоволат барањата за континуирано медицинско образование. Медицинската употреба на канабисот и неговите разновидни екстракти датираат уште од многу одамна. Современата медицинска употреба на канабисот од неодамна со незапирливо темпо се развива преку државни закони кои го прават канабисот достапен само за лицата со одредени здравствени проблеми. Но, што со пациентите кои имаат потреба од канабис, а не боледуваат од сериозни дијагнози?
Многу од канабиноидите, кои се активни состојки пронајдени во канабисот се одамна откриени. Нивните специфични употреби како и придобивките, сè уште се изучуваат и документираат и за жал на фармафијата којашто го кочи овој процес - сè уште НЕМА НИТУ ЕДЕН РЕГИСТРИРАН СЛУЧАЈ НА СМРТ ОД ТРЕВА, ниту пак некакво нарушување на здравјето... Ова е првата работа што треба да ја знаат лекарите - КАНАБИСОТ ВООПШТО НЕ Е ТОКСИЧЕН!
Автор: Ангела Т.
Извор: Marijuana Doctors
No comments:
Post a Comment