Три супстанции далеку поопасни од марихуаната се најлесно достапни во секоја продавница. Тутунот, алкохолот и шеќерот се три легални супстанци што создаваат повеќе зависност од тревата, а исто така постои и поголема веројатност да предизвикаат заболувања
Канабисот е побезбеден од пивото |
Анкетата спроведена од NBC News и The Wall Street Journal, откри дека сè повеќе и повеќе луѓе почнуваат да се согласуваат дека канабисот е побезбеден од „секојдневните“ производи како пивото и цигарите. Кој би помислил? Само 9% од луѓето ја рангираа марихуаната како најштетна од четирите понудени супстанцу, речиси половина од анкетираните 41% го одбраа тутунот, 24% го наведоа алкохолот и 21% сметаат дека шеќерот е најопасен. Со оглед на долгогодишното прикривање на здравствените придобивки на марихуаната и ширење дезинформации и лаги за ова лековито растение, овие резултати се изненадувачки за властите.
Канабисот е побезбеден од шеќерот |
Коноп е се соочува со државни контроли; одгледувањето во многу држави бара дозвола што во основа е невозможна да се добие. Сепак, производите од коноп успеваат да останат легални. Додатоците и лековите од коноп можат исто така да помогнат за да се поддржи доброто здравје. Попречувањето на конопот, секако, не e толку сериозно ако случајот со канабисот. Канабисот е погрешно демонизиран речиси еден век, за среќа конечно почнавме да се освестуваме. Некои лекари дури се согласуваат дека алкохолот е поопасен од канабисот. Д-р Арон Керол (Aaron Carroll), професор по педијатрија на Медицинскиот факултет во Индијана, за CBS News изјави дека, додека тој смета дека првиот одговор секогаш треба да биде дека ниту една од овие опции, тој сепак верува дека алкохолот е полош.
Џоинтот е побезбеден од цигарите |
Керол рече: „Откако ќе ги поминете сите податоци и ќе погледнете што е поопасно во скоро секоја мерка што ќе ја изберете, канабисот навистина изгледа како да е побезбеден од алкохолот“. Тој исто така додава дека криминалните активности во кои е вклучена марихуаната, имаат врска со нејзината нелегалност и нелегалната дистрибуција, и дека нема многу насилни злосторства извршени од консументите на канабис. Анализите исто така потврдуваат дека во земјите каде што канабисот е легализиран, стапката на криминал се намалила значително. Спротивно на тоа, има многу голем број на кривични дела кои вклучуваат алкохол како компонента. Алкохолот е познат по тоа што придонесува за насилни напади, тепачки, одмази, што дури можат да завршат и трагично. Керол вели: „Тој (алкохолот) е далеку полош од она што се случува со тревата“.
Кликни на сликата. Повеќе за терпини |
Покрај тоа што не предизвикува криминал во општеството, а законот ги криминализира корисниците, иако позитивно влијае врз младите како што велат и други истражувања, тревата исто така, се чини дека создава многу помалку зависност од цигарите, шеќерот и алкохолот. Истражувањата покажуваат дека само 9 проценти од луѓето кои експериментираат со тревата може да станат зависни. Спротивно на тоа, повеќе од 20 проценти од луѓето кои експериментираат со алкохол ќе станат зависни или ќе го злоупотребуваат, а канабисот не може да биде злоупотребен. Значи, во реалноста, алкохолот и цигарите имаат далеку поголема веројатност да предизвикаат проблеми подоцна во животот. Единствената вистинска причина зошто алкохолот и тутунот вообичаено се „прифатени“ од општеството е поради тоа што веќе долго време беа дел од нашата култура. Марихуаната се третира исто како што алкохолот бил третиран за време на забраната. Забраната за алкохол завршила во 1933 година, а марихуаната од 1850 до 1936 година бил примарна билка од којашто се правеле најкористените лекови за третирање на повеќе од 100 различни болести и здравствени состојби во САД! Нели е време за промена?
Автор: MoniQue Konopova
Извор: Newstarget
No comments:
Post a Comment