Friday, August 26, 2016

Најисплатливо е самостојно да си го правите маслото од канабис во својот дом

Aнализа од домашно направено масло
Маслото од канабис се користи за стрес, анксиозност, нервоза, депресија и мускулни болки, бидејќи канабиноидите дејствуваат невропротективно. Може да се користи и против гадење и повраќање, особено за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, за што се одговорни канабиноидите што помагаат во одржување на балансот на цревната флора. Ублажуваат и состојби на болка од различно потекло порaди изразеното противвоспалително и аналгезично дејство.

Екстрактите може да се користат за превенција од кардиоваскуларни болести - дејствуваат вазорелаксантно и помагаат при регулирањето на крвниот притисок, ја подобруваат работата на срцето, дејствуваат кардиопротективно и антиисхемично, може да помогнат во регулирањето на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогнат во регулирањето на покачената концентрација на гликоза во крвта.

Македонско зелено злато од Облешево!
Од пред неколку месеци, во аптеките низ државата започна да се продава многу разреден екстракт од канабис „Каноил“ произведен од фармацевтската компанија „Реплек“, но граѓаните се пожалија на високите цени и слабата концентрација на супстанциите ТХЦ и ЦБД, кои се користат за лечење. Како што изјавува Утрински весник, во аптеките во земјава од 24 август 2016 (среда) во продажба, конечно се најде и „медицинското масло“ од канабис со малку зголемена концентрација од првиот производ, најавено од страна на Агенцијата за лекови како „јакото масло“, кое со само со лекарски рецепт од доктор ќе може да го купат само болни со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детската возраст. Станува збор за препаратот „Канобил канц“, маслени екстракти од билката канабис, кои во својот состав содржат строго контролирана концентрација на активните компоненти ТХЦ (тетрахидроканабинол) и ЦБД (канабидиол) и според упатството за употреба се наменети за пациенти со малигни заболувања. Производителот тврди дека едниот препарат содржи 300 милиграми ТХЦ+ 300 мг ЦБД во пакување од 120 милилитри, додека другиот има 600 мг ТХЦ+ 600 мг ЦБД во пакување од 240 милилитри. За жал, како „послабото“, така и ова „појаково“ масло - ја немаат моќта целосно да се спротивстават на многу заболувања, што може успешно да се излечат со помош на високо концентрирано масло направено во домашни услови.

Канабисот се јаде суров како зеленчук
Освен ова масло, во продажба ќе бидат пуштени и други фармацевтски форми од послабото масло, кое веќе е во слободна продажба. Во Агенцијата за лекови се надеваат дека ќе паднат цените на овие препарати, зашто веќе има две барања за производство на марихуана, која ќе се користи за производство на масло. Овие фармацевтски производи со марихуана ја немаат моќта да излечат рак. За сега, само домашно произведеното масло од канабис од појаките сорти со седативно дејство може да излечи рак. Купувањето на маслото од канабис на црниот пазар е многу ризично и затоа најдобро е да си го направите сами во својот дом.

По божемната легализацијата на канабисот во Македонија за медицински цели, односно по монополизацијата, активистот Филип Достовски од здружението што се бори за легализација на лекот во Македонија Зелена Алтернатива од Скопје, два пати `и погледнал на смртта во очи. Прв пат кога на 15 годишна возраст му бил дијагностициран рак и се излечил со конвенционални методи. Вториот пат пак, решил тоа да го направи со масло од канабис со неверојатен успех што до неодамна, во Македонија беше забрането за употреба. Филип до ден денес со домашно изработен екстракт од канабис го превенира ракот кај себе. Тој реално гледа на новиот производ на Реплек, ги кажува неговите предности, но и недостатоци, а отсега како што вели за Телевизија 21 ќе работи на тоа како поефективно да се употребува маслото од канабис. За маслото од канабис што веќе се продава во аптеките вели дека не е лошо, но е прескапо во однос на квалитетот.

Aнализа на микс од 3 сорти
Првата слика е анализа од домашно направено масло и се однесува за 1 милитар масло...значи во 1 милилитар масло од првата сорта има 800 милиграми ТХЦ... Втората анализа е микс од 3 сорти и има 650 милиграми ТХЦ.. За повеќето видови канцер се користи по 1 мл на ден поделено во 3 дози.. На втората слика се прикажани маслата кои ќе бидат на рецепт... Дигитроните во рака, па рачунајте сами..... И да се разбереме... Овие масла ако ги користиш на пример немаш сајдефекти од хемо и од зрачење, супер е за веќе излечени од рак, за превенција, супер е за многу работи...ама вистинските антитумор ефекти се постигнуваат со тоа од 120 мл да го испиеш за еден месец, му доаѓа 10 мг ТХЦ на ден, што е супер за да МНОГУ ПОВЕЌЕ ТХЦ..значи овие масла се ОГРОМЕН напредок од оние претходните, ама Македонија може многу боље...“ - истакнува активистот Филип Достовски од Зелена Алтернатива.

Промоцијата на новото масло на Реплек
И двата препарати се производство на фармацевтската куќа „Реплек фарм“, прва фирма која на македонскиот пазар го донесе ова лековито масло, а кои веќе беа промовирани пред лекарската јавност. Овие лекови ќе можат да се набават во аптека исклучиво на рецепт од лекар специјалист. Препаратите ќе се продаваат по астрономски цени од 5.544 денари за „Канобил канц 300“ и 9.240 денари за „Канобил канц 600“. На промоцијата на Реплек присутни двајца без тројца... 

Бев на промоцијата на Реплек и можам да заклучам дека во земјава не станува збор за легализација туку за монополизација. ќе биде 4000 ден, а на поголемото 7000 ден, плус рецепт. Д-р Милан, поздрав до него (со Претпоставувам сега ќе бидат уште поригорозни? И што правиме за другите болести и состојби кај кои канабисот докажано дава резултати? Од психосоматски до бла бла? И што правиме со прехранбени продукти (брашно, млеко, зејтин)? Важно они се заштитија од нелегалната конкуренција кај најпрофитабилниот пазар (канцер пазарот). Цена на 120 мл мала реплика на неговите мудрости), да не беа тие џанаци и наркомани со своите нестандардизирани екстракции, тие доктори, политичари и пандури уште ќе шетаа по земјава со целата своја глупост и ароганција мислејќи дека марихуаната е штетна и предизвикува шизофренија“ - вели активистот Еди Истер.

Реплек не ја кажува целата вистина - не кажува дека оваа разредена концентрација на канабиноиди не е во состојба да му се спротивстави на канцерот. Тие тврдат дека „Во зависност од болеста, месечно требаат по 2-3 пакувања“ - вели Дарковска-Серафимовска, а со таа концентрација потребни се многу повеќе пакувања за третирање било што. Црниот пазар за квалитетно и потентно канабисово масло што лекува рак, на овој начин нема да се сузбие. „Како резултат на многуте напори на Владата, голем број лекари и здруженија, граѓаните конечно го добија канабисот за легална употреба во медицински цели. Препаратите се произведени по највисоки стандарди, со стандардизирани суровини од европско потекло. Најважно е дека пациентите кои имаат потреба од овој тип на препарати, конечно, добија можност да набават проверени, исклучително квалитетни, безбедни и строго контролирани производи“ - велат од „Реплек фарм“.


Достовски уште тврди дека сортата на канабис што расте во Источна Македонија делува на сите автоимуни болести но и на дијабетес, на алергии, убоди од инсекти, на изгореници. „Имаме суво злато без пари, а ние маслото го увезуваме“ - вели Достовски, кој тврди дека конопот што расте во Источна Македонија може да се употребува или како помош или како лек за повеќе болести. Поради залагањето за легализација на марихуаната Достовски неколку пати имал проблеми со полицијата, но како што вели тој, се` ќе се реши кога ќе му дојде времето. 

Македонскиот див коноп
Тој, заедно со уште еден член од организацијата пред три недели беше приведен, па пуштен. Но, оттогаш, како што вели Достовски, не знае што се случува, иако му било кажано дека ќе биде повикан пред истражен судија. „Јас уште тогаш им кажав на полицајците, ако сакаат да ме спречат да го правам ова, тогаш нека ме затворат доживотно, бидејќи јас ќе продолжам да им помагам на луѓето“ - вели одлучно Достовски. Тој вели дека помош од него бараат млади и стари, богати и сиромашни, јавни личности и тотално анонимни граѓани, па дури и лекари кои го негираат медицинското дејство на канабисот.

Септември е најпогоден месец во годината за берење на дивиот коноп, односно канабис, вели Филип Достовски за Радио МОФ. Според него, во Македонија има квалитетен див коноп од кој може да се прави масло во сечиј дом, најпогодно за лекување на епилептични напади и кај мали деца, иако законски се` уште е нелегално физички лица да ја берат оваа билка и да го приготвуваат овој лек. Според него околините на Скопје, Тетово, Битола, Кочани, Гевгелија и Прилеп се места каде може да се забележи квалитетен коноп што расте слободно.

Ова масло може многу да ти помогне,
но нема да те излечи од канцер...
Од оваа недела и во следните 4 или 5 недели може да се собира нашата дива сорта... Рецептот за маслото побарајте го на Youtube.. ’how to make RSO oil‘... Маслото од оваа сорта е супер за епилепсија, за анксиозност, за биполар... Видете на Google: CBD type treatment.. Лисјата можете да ги искористите за смудија и салати... Сo среќа“ - додава Филип во групата на здружението. Ние би додале дека листовите се идеални и за правење чаеви.

Во Македонија има повеќе региони каде може да се најде див коноп, но тоа се повеќе сорти. Има диви автохтони сорти, кои растат природно, но има и остатоци од индустрискиот коноп кој се одгледувал за време на Југославија. Тој повеќе расте во висина и има само мал дел од супстанцијата која се користи за лечење. Во нашите сорти и тој индустриски коноп, речиси воопшто нема од психотропната супстанца ТХЦ, или малку, додека во изобилство содржат ЦБД. Тоа е супстанцијата која многу добро лечи епилепсија, биполарно растројство, анксиозност, несоница и слично, додека ТХЦ повеќе се користи при лечење на рак“ - објаснува Достовски.

До конечниот продукт, односно маслото, има неколку фази, вели тој. Прво е берењето, за кое Достовски смета дека е најпогодно овој период. Тој објаснува дека кога растението вегетира, односно не е во фаза на цветање, не е лековито. „Речиси сите сорти, кога и да ги засадиш цветаат во исто време и се берат од први септември до први октомври. Конкретно нашата сорта веќе од среда може да се бере“ - вели Достовски.

Како што се намалува денот, во средината на јуни, така овој вид на растение почнува да цвета во наредните осум до 12 недели, појаснува тој. Според она што го забележале на терен како организација, сортите на коноп кои ги има во државата се разликуваат, па така, семките од конопот кој би се нашол во Тетово се ситни и потемни, додека семките во Кочани се посветли. „По берењето, растението треба да се исуши десетина дена, во мрачна просторија и проветрена просторија, а потоа почнува приготвувањето на маслото“ - продолжува да објаснува активистот.

На интернет може да се најдат илјадници примери за тоа како се прави масло од канабис. Причината за ова, според Достовски, е бидејќи се разликуваат сортите на канабис и видот на болеста што се третира. Но, како најдобар пример го посочи рецептот на Канаѓанецот Рик Симпсон, кој во светот е познат како најголем поборник за легализација на канабисот во медицински цели и човек кој бесплатно со целито свет го сподели рецептот за правење на ова масло што лекува рак. Со него, вели Достовски, луѓето може да направат екстрат во своите домови.


Се разликува начинот на приготовка во зависност од тоа дали станува збор за мачкање на кожа или треба орално да се внесе“ - потенцира Филип. Според него, луѓето кои самоиницијативно ќе решат да го направат маслото, прво мора добро да се информираат за фазите на приготвување. „Прво, за да се направи маслото треба растворувач што ќе ја раствори смолата од растението, а потоа растението се фрла. Како растворувач може да се користат секакви хемикалии, само важно е да бидат без адитиви, како чист алкохол, бензин, ацетон, бидејќи во спротивно, тие може да бидат токсични и да останат во маслото“ - напоменува Достовски.

Од кујната на Филип Достовски :)
Потоа, продолжува, растворувачот мора да испари, а тоа се прави на висока температура за на крај, смолата да остане во тенџерето. Следен е процесот на активација, кој исто така се одвива на висока температура и е важен, бидејќи без да се изврши овој процес, молекулите на ТХЦ и ЦБД нема да бидат во својата активна состојба, а со тоа не се лековити. По активацијата, се добива ТХЦ и ЦБД. „Луѓето не се запознаени со третата фаза и затоа често не прават добро масло. Тие ја вадат смолата од растението, но не знаат дека треба да се активира. Тој процес на активација се случува кога на пример се пуши џоинт од самиот чад. Истата количина на канабис што е ставена во цигара може сам човек да ја изеде и воопшто да нема никакво психоактивно, дејство бидејќи во таа состојба не е психоактивно“ - заклучува Филип Достовски.

Како што изјавуваат од Нова Македонија, во ќе се понудат и супозитории и таблети за џвакање со мала доза ТХЦ, кои ќе може да се купат без рецепт. Марија Дарковска-Серафимовска директорката на Агенцијата за лекови вели дека веќе има две компании што поднеле барање до Министерство за здравство за производство на марихуана и сега е во тек проверка за тоа дали ги исполнуваат условите, т.е. се чека тоа да го утврди комисија. Доколку добијат дозвола, првите производи при оранжериско производство би ги имале за околу шест месеци. Од нив потоа се бере цветот, се обработува и со добива масло. Секое растение ќе има свој баркод, а контролите ќе бидат големи. „Верувам дека овие компании понатаму сами ќе произведуваат масло. Со зголемувањето на конкуренцијата очекуваме и пад на цените на маслото“ - вели таа. Ова може да го сфатиме како најава за пад на цената на канабисовиот цвет? :)

Thursday, August 18, 2016

Протоколот на Рик Симпсон - CURE FOR CANCER!

Првата страница
За да им се помогне на што е можно повеќе луѓе, „Протоколот на Рик Симпсон“ (CURE FOR CANCER - The Rick Simpson Protocol) напишан од Jindřich Bayer е БЕСПЛАТЕН. Но, добредојдени се донациите за да се помогне во преведувањето на оваа книга на повеќе јазици. Ова е првото пишано упатство за тоа како да се користи канабисово масло во лекувањето на рак и други болести кај луѓето и животните. 

Оваа книга е создадена како производ на безгранична љубов, но за истата да се преведе во над 300 јазици и за да се напишат повеќе книги на оваа тема, за тој процес потребна е поддршката од луѓето како ти! Затоа ве замолуваме барем за минимална донација за овие информации да стигнат што е можно побрзо до сите болни ширум светот. Содржи над 100 страници со информации, факти, прашања и одговори, рецепти, процедури, совети и искуства на пациенти. 

До сега симнати се 9136 копии!
Дознајте се` што сте сакале да знаете за овој лек, како и за начините на користење на истиот. За да добиете БЕСПЛАТНА КОПИЈА во PDF формат од скриптата, одете на оваа страница (http://donate.hempcures.work/) и внесете ја вашата e-mail адреса во белото прозорче и кликнете SUBMIT. До сега симнати се 9136 копии од книгата! :) Ве замолуваме да го споделите овој пост! Твојот SHARE може некому да му го спаси животот. Бидете хумани за да имате убав живот <3

Оди на http://donate.hempcures.work/





Превземено од http://donate.hempcures.work/

Tuesday, August 16, 2016

Синтетички канабиноиди за редукција на остеоартритис

Едно ново научно истражување покажува дека третманот со новосоздадениот синтетички канабиноид ги редуцира дефектите во `рскавицата предизвикани од болеста остеоартритис


Последиците од остеоартритис
Наодите од истражувањето од месец април оваа година објавено во US National Library of Medicine National Institutes of Health (Американската национална библиотека на националниот медицински институт за здравјето) се совпаѓаат со досегашното практично искуство на пациентите што сугерира дека благодарение на своето аналгетското и противвоспалително својство, канабисот може да помогне во борбата со остеоартритисот или евентуално да ги ублажи болките, непријатноста и негативните симптоми од ова дегенеративно заболување на зглобовите.

WIN-55 е само можна алтернатива на природниот канабис

Истражувањата продолжуваат! :)
Навистина е трагично кога научниците создаваат нови супстанци по вештачки пат за да истражат некоја природна супстанца! Природата не може синтетички да се создаде, ниту пак замени и само природните растителни канабиноиди се оние кои му се потребни на нашиот ендоканабиноиден систем што го поседува секој човек исто како лимфниот систем! Но, од една страна научниците не се целосно виновни за ова. Законската регулатива ги принудува да импровизираат, затоа што никој не сака да ја ризикува сопствената слобода. Затоа треба сите активно да се вклучиме во борбата за легализација на канабисот, за да овозможиме легален пристап до ова растение за сите луѓе, пред се` болните и истражувачите!  

Ги истражуваме супстанците на другите планети, а за истражување на канабисот се создава вештачки канабис! СРАМОТА! :(

Уште колку истражувања ќе бидат потребни?!
Синтетичкиот канабиноид WIN-55 создаден е од страна на човекот во лабораторија по хемиски вештачки пат и во формата во која што е создаден го нема во ниту едно органско растение, ниту пак некаде во природата. Тој е агонист на CB1 рецепторите во нашиот ендоканабиноиден систем што секој од нас го поседува. Оваа алтернатива на природниот канабис, развиена е како можен нестероиден антиинфламаторен лек и хемиски гледано има многу мала сличност со природниот тетрахидроканабинол – THC што во големи концентрации го има во зрелите цветови на индика врстите.

Постојат два главни типа на артритис и тоа остеоартритис и ревматоиден артритис. Остеоартритисот е почеста и помалку тешка форма на болеста и како што покажува статистиката од оваа хронична појава страдаат повеќе од 20 милиони Американци. Распаѓањето на заедничката заштитна `рскавица во зглобовите може да биде предизвикано од многу причини: наследно, дебелина, повреда...

Ендоканабиноидни рецептори - сите ги имаме!
Покрај многуте други досегашни студии што исто така ја потврдуваат корисноста на канабиноидите, се` уште не постојат доволно научни докази дека канабисот е добар лек за ова заболување и за други заболувања, пред се` поради малите размери на студиите. Една од причините зошто истражувачите мора да создаваат синтетички канабиноиди за своите истражувања е нелегалноста на конопот и неможноста легално да вршат истражувања врз ова растение. Сепак и покрај сето тоа, оваа студија спроведена од страна на истражувачите од The Second Xiangya Hospital of Central South University in China’s Hunan province (Втората болница во Џаниа од Централно-јужниот Универзитет во провинцијата Хунан во Кина), обезбедува доволно докази за да се поддржи „новиот механизам“ со кој канабиноидите можат да го спречат распаѓањето на `рскавицата кај остеоартритисот.

Билката за спас на Светов!
Науката сега веќе демонстрираше дека компонентата THC од канабисот е доста ефикасен аналгетик. Состојката CBD (Канабидиол) има уникатни имуномодуларни придобивки и го поддржува лекувањето на артритисот“ - уште во далечната 2005 година истакна Д-р Етан Русо (Ethan Russo) невролог кој е ангажиран како главен медицински советник за GW Pharmaceuticals и воедно е претседател на  International Cannabinoid Research Society (Меѓународното истражувачко општество за канабиоиди). Тој е еден од најпознатите и најпосветените истражувачи на медицинскиот канабис во САД, поборник за употребата на канабис кај повеќе здравствени состојби, не само за артритисот.

Постојат доста експериментални докази што покажуваат дека канабисот може да биде ефикасен во третирањето на болките кај артритисот, како и воспалението и помошта со заморот“ - објаснува Д-р Џејсон Мекдугал (Jason McDougall) професор по фармакологија и анестезија и претседател на Scientific Advisory Committee of the Arthritis Society (Научниот советодавен комитет на артритис општеството). „Понатамошни истражувања за медицинскиот канабис се неопходни за да ги разбереме различните подгрупи на пациенти кои можат да се лекуваат со медицински канабис“ - додава тој. За жал, синтетичките канабиноиди можат да бидат многу опасни по здравјето и животот, што никогаш не е случај со фитоканабиноидите од органски одгледаниот канабис!

Sunday, August 7, 2016

Орално или ректално внесување на дозата канабисово масло?

Кога маслото се користи во форма на супозитории, медицинските канабиноиди што маслото ги содржи одат веднаш во крвниот систем и го изминуваат црниот дроб


Се смета дека канабиноидите треба да се аплицираат поблиску до заболеното место, па според тоа дијагнозите до половината подобро е да се третираат орално (воедно болести на усната шуплина, рак на грло итн.), а дијагнозите од половината надолу - ректално со чепчиња (плус рак на дебело и тенко црево, цревни воспаленија и сл.), болестите на матката најдобро е да се третираат со чепчињата кои ќе се користат како вагиналети; болестите на кожата се третираат топично (со мачкање). Многумина денес сметаат дека пациентите треба да ја ставаат дозата што ја консумираат под јазикот, или дека треба да ја ставаат дозата на непцата (дозата треба да се проголта, а во устата се чува извесно време само доколку заболувањето е во усната шуплина/грлото). „Иако методите како овој може да ги внесат медицинските канабиноиди во телото на пациентот, јас навистина не се согласувам со овие методи, затоа што маслата често може да имаат лош вкус кој во устата може да трае подолго време. Јас чувствувам дека едноставното ставање на дозата во устата на пациентот, од корист ќе бидат оние кои имаат инфекции на непцата и проблеми од оваа природа, но во повеќето случаи верувам дека нивната доза треба едноставно да се проголта“ - истакнува Рик Симпсон на неговата официјалната страница PhoenixTears.ca.


Домашно изработена канабис-супозиторија
Правилното масло е густа мрсна супстанца, па кога ја консумирам мојата доза, јас едноставно ја ставам на мојот прст, а потоа ја ставам на моите заби, по што пијам студена вода, а потоа го користам мојот јазик за да го отстранам маслото од од моите заби, а потоа го проголтувам. Употребувајќи го овој метод, јас обично можам да ги земам моите дози без непријатниот вкус на маслото и мислам дека повеќето пациенти би сакале да го прават истото, но постојат исто така други едноставни методи кои можат да бидат употребени за да се избегне лошиот вкус“ - објаснува Рик.


Неколку совети за подготовка на дозата

Доста лесни за подготовка - потребен е калап
Дозата што пациентот треба да ја прими може да биде ставена на мало парченце леб и лебчето потоа може да се поклопи за да се покрие дозата. Потоа се става во устата на пациентот и може едноставно да се проголта со вода како пилула. Друг добар метод за да се избегне вкусот е ставањето на дозата помеѓу две тенки резанки овошје, како банани, а потоа ставете ја така подготвената доза во устата на пациентот за да може целосно да се проголта. Некои аптеки имаат празни гел капсули и дозата на пациентот може да се стави во нив и потоа да се користат како супозитории или може да се земаат преку устата како капсули. Вака состојките од маслото започнуваат да се апсорбираат од телото веднаш во желудникот, а вкусот на маслото практично тотално не се забележува.


Рик нагласува дека доколку екстрактот е подготвуван на правилен начин, често тој нема непријатен вкус што ќе трае долго, „но, едноставните методи што јас ги објаснив треба да им помогнат на пациентите да ги консумираат своите дози полесно“. Пеонтата на целата процедура е да се внесе маслото во телото на пациентот на најлесен и најпријатен можен начин „па, сметам дека следејќи ги методите што ги опишав, треба да им се посвети сериозно внимание“ - доава тој.


Кој начин е подобар и за кои случаи?

Одбери го својот метод!
Доста извесно време, многумина покажаа интерес за користење на овој природен лек во супозиторна форма, затоа што мислат дека на овој начин тие можат да го избегнат хајот и за некои ова е вистина. „Јас исто така го користев ова масло во супозиторна форма, но кога земав доста голема доза на овој начин, јас не можам да речам дека не ги почувствував ефектите. Јас всушност сметам дека во некои случаи користењето на канабис-супозитории е многу добра идеја, затоа што верувам дека маслото треба да биде ставено што е можно поблиску до здравствениот проблем што се третира“ - вели Рик Симпсон.

Канабисовото масло исто така може да се
консумира и во вид на домашно подготвени капсули
Затоа некој што боледува од нешто како рак на простата или дебело црево, јас верувам дека може да биде покорисно за нивните здравствени проблеми, користењето на маслото на овој начин. Но, за оние кои боледуваат од болести како рак на желудникот или црниот дроб и сл. јас верувам дека покорисно ќе биде маслото да се консумира преку уста. Но, сепак, сум видел многу пациенти со истиве медицински проблеми кои се излечиле со орално консумирање (преку уста), па го оставам методот што сакате да го користите сами да си го одберете“ - вели тој.

Кога маслото се користи во форма на супозитории, медицинските канабиноиди што маслото ги содржи одат веднаш во крвниот систем и го изминуваат црниот дроб. Ако имате намера да користите супозитории за лекување на вашите медицински проблеми, тогаш супозиториите треба да содржат иста количина на масло што нормално би се внесло преку уста и дозата треба да се зголемува на ист начин.

Како се подготвуваат чепчињата?


Супозиториите се доста едноставни за подготовка, на сè што треба да внимавате е количеството на канабисово масло во нив. Па, на почетокот можеби ќе треба да вложите малку повеќе напор за да ја погодите точната доза. Вообичаено аптеките треба да поседуваат капали за супозитории (можете да ги нарачате на Интернет) и се` што треба да направите е да земете супстанца како цврсто растително масло од дрвото Шеј (Shea butter), органско кокосово масло или органски путер од какао и да го загревате додека не стане течно, до степен кога можете да го додадете канабисовото масло и да ги наполните калапите. Добра идеја е да се наполнат калапите, откако биле чувани во фрижидер. Тоа побрзо ќе `и овозможи на супстанцата што сега ја содржат да се стврдне и откако тоа ќе се случи, тие се готови за употреба. 

Лесни за подготовка и консумирање
Како што истакнав сметам дека супозиториите имаат своја примена, но јас мислам дека овој метод одзема доста време и мора да се биде внимателен околу количината на маслото што се става во нив, па затоа се` уште пеферирам дозата да ја примам преку уста“ - додава Рик. Треба исто така да се спомене дека канабисовото масло има многу својства против стареење, а исто така може да ги регенерира и подмлади виталните органи, но и да го зајакне имуниот систем. Па, не бидете зачудени доколку пациентот што го користи започне да изгледа помладо и сите други проблеми што ги имале со своите бубрези или други витални органи, исто така едноставно исчезнат.

Кога луѓето го консумираат маслото, ми се допаѓа кога ги гледам во нивната комфор зона, но вистината е - колку побрзо го земеш маслото, толку ти се поголеми шансите за да преживееш, доколку боледуваш од сериозна здравствена состојба како што е ракот - заклучува Рик Симпсон.

Thursday, August 4, 2016

Воведни инструкции за дозирање на канабисово масло

Обично потребни се 90 дена за просечен човек да ја прими целосната терапија со канабисово масло од 60 грама (60 мл) масло (екстракт/смола): „Сугерирам луѓето да започнат со три дози дневно со големина на половина зрно сув ориз“ - вели Рик Симпсон


Активистот за слободен канабис Рик Симпсон
Сугерирам луѓето да започнат со три дози дневно со големина на половина зрно сув ориз. Пациентот треба да ја внесува оваа доза на секои 8 часа, рано наутро, па потоа попладне, а последната дневна доза треба да биде примена еден час пред спиење“ - вели Рик Симпсон. Поединечната доза се дуплира на секои 4 дена. Исто така, треба да се напомене дека кога пациентот ќе започне да зема масло, тој/таа не ги чувствува ефектите до околу еден час од земањето на дозата, затоа бидете свесни за овој факт. „Дозата за почетници какви што јас ви ги опишувам ќе биде еднаква на 1/4 од капка“ - додава тој на официјалната страница на PhoenixTears.ca.

По 4 дена со оваа шема на дозирање (3 пати на ден со големина од 1/2 зрно ориз), повеќето од луѓето потоа се спремни да ја зголемат нивната доза со дуплирање на количината на истата на секои 4 часа. Следејќи ја оваа едноставна процедура, многу од пациентите се изјасниле дека не го почувствувале хајот што ова масло може да го предизвика. Но, вистината е дека секој е различен и секој има индивидуално различна толерантна граница. Па, оттука некои ќе бидат подготвени да ги зголемат дозите побрзо, отколку други. Во реалноста, дури и пациентите да го почувствува хајот, тоа нема да им наштети на ниту еден можен начин, под услов екстрактот што го примаат да е произведен од седативните органски индика врсти, што Рик Симпсон ги препорачува и доколку маслото е произведено на соодветен начин. 

За просечна личност потребни се од 3 до 5 недели за да се стигне до точката кога веќе ќе можат да земаат по грам дневно (1 мл дневно). Откако ќе ја достигнат оваа доза, тие треба да продолжат со ова темпо сè додека нивната медицинска состојба не се стабилизира и не се постигне посакуваниот исход. „Ова значи дека откако пациентот се навикне на консумирањето масло, секоја доза што ја прима ќе биде еднаква на 8-9 капки на секои 8 часа и во многу случаи, јас сум видел пациенти кои немале никаков проблем со внесување дури и на многу повеќе“ - истакнува Рик. Тоа е доза од приближно две зрна ориз што соодветствува на една капка. Па, откако пациентот е навикнат на употребата на маслото, тој всушност внесува доза која е еднаква на 16-18 зрна ориз по доза.


Во некои случаи дури имам видено пациенти кои воопшто не се плашеле од овој лек, ја јадеа целосната 60 грамска терапија за еден месец и потоа многумина од нив беа прогласени за излечени од рак. Користејќи ја методата што јас ја објаснувам, на телото му овозможуваме време за да изгради толеранција на овој лек полека и кога пациентот станува навикнат на ефектите од маслото, многу од пациентите всушност потврдуваат дека тие уживаат земајќи го. Сите имаме различна толеранција за секој лек и вашата големина или телесна тежина има мала врска со толеранцијата на канабисово масло, дури и децата можат да ги земаат истите дози како и возрасните, без штетни ефекти“ - вели Рик.


Одржување на дозата - превенција

На крајот од канабис-терапијата, повеќето од луѓето продолжуваат да го користат маслото, но со многу смалена доза. Околу 1-2 грама месечно би биле одлична количина за одржување на резултатот, само капка или две навечер пред спиење е сè што генерално е потребно за да се одржи добро здравје. „Често ме прашуваат дали ова масло мора да биде земано со храна, но од моето искуство, се чини дека разликата е мала, па јас го оставам тоа на пациентот сам да одлучи. Јас чувствувам дека постои мала потреба кај повеќето случаи за некој да се предозира со маслото, освен ако тие всушност имаат состојби опасни по живот, како што е 4-та фаза на рак, којашто го става нивниот живот во опасност и тие сакаат болеста да ја стават побрзо под контрола. 


Дури и во некои случаи како овој, обично не е потребно да се предозира со маслото, но доколку некој одлучи така, тогаш јас немам навистина никаков проблем кога тие земаат одвишок на масло“ - вели Рик. Бидејќи во реалноста, за разлика од многу фармацевтски лекови со кои нè снабдуваат нашите медицински системи, предозирањето со канабисово масло навистина никому не му прави никаква штета, а во никој случај не може да доведе до смрт.

Главниот спореден ефект од овој лек е сонот и одморот, што игра многу важна улога во процесот на лекувањето. Вообичаено, по еден час од земање на дозата, маслото ви кажува да легнете и да се одморите. Не обидувајте се да се борите со седативниот ефект на маслото, само легнете во удобна позиција, потоа овозможете му на маслото да ви го даде одморот и релаксацијата што ви е потребна за да се излечите брзо и правилно. Ефектите од маслото може да предизвикаат блага расеаност и често пацинетите се малку несигурни на своите нозе, кога започнуваат да го користат овој природен лек. Но, откако пациентот ќе ја изгради толеранцијата, овие ефекти брзо исчезнуваат. Обично во рок од 3 до 4 недели, заморот во текот на денот поврзан со овој начин на лекување, со текот на времето исчезнува, но пациентот продолжува да спие квалитетно и цврсто во текот на ноќта.

Јас исто така сугерирам пациентите да не управуваат со своите автомобили, сè додека не се навикнат на своето масло, по што тие тогаш се во можност повторно да возат безбедно. Откако еднаш се навикнеш на ефектите од маслото, тоа не ја нарушува вашата способност да управувате на никој начин, затоа што за разлика од алкохолот и многуте конвенционални лекови, маслото не ги нарушува моторните способности“ - заклучува Рик Симпсон. Генерално според протоколот на Рик Симпсон треба да се примат 10 мл екстракт со над 80% ТХЦ во првиот месец, 20 мл вториот месец, 30 мл третиот месец (вкупно 60 мл во 90 дена), но дозирњето се прилагодува индивидуално: кога ситуацијата не е алармантна, дозата од секое квадратче може да се подели на 3 дела, но кога станува збор за сериозна дијагноза и оштетувања од операција/хемо или метастази или поодминат стадиум на канцер, тогаш секое квадратче треба да претставува поединечна доза и да се прима 3 пати на ден и на секои 4 дена поединечната доза да се дуплира (во тие случаи колку повеќе масло се прими во пократок временски период - толку подобро за пациентот).




* Текстот е превземен од официјалната страница на Рик Симпсон - phoenixtears.ca