Tuesday, October 3, 2017

Конопот ја обновува ДНК + сладок рецепт!

Дали знаеш дека деоксирибонуклеинската киселина ДНК може да се оштети, но и да се регенерира? ДНК е наследниот материјал во клетките на сите организми и секоја една клетка во своето јадро има ДНК спакувана во 23 пара на хромозоми


Конопот може да го спаси Светов!
Користењето канабис е запишано во нашите гени! Најголемиот број на гени ги содржат информациите потребни за синтеза на сите протеини, а останатиот помал број на гени синтетизираат други молекули кои им помагаат на клетките да ги склопат протеините. Патот од ген до протеин е комплексен и е интензивно контролиран во секоја клетка. Се состои од два чекори транскрипција и транслација - заедно познати како генска експресија. При процесот на транскрипција информацијата од ДНК на генот се пренесува во сличен молекул наречен РНК (рибонуклеинска киселина) која се наоѓа во јадрото на клетката (и ДНК и РНК се изградени од синџири на нуклеотидни бази). Типот на РНК кој ја содржи информацијата за синтеза на протеини се нарекува информациона РНК бидејќи ја пренесува информацијата од ДНК од јадрото во цитоплазмата на клетката.


Џоинт и сурови семки од какао од авторот
Гените ја насочуваат синтезата на протеините. На пример, протеинот (синџир од амино киселини) може да биде ензим кој катализира одредена хемиска реакција во телото или да служи во функција на зајакнување на имуниот систем. ДНК може да се оштети на повеќе начини. Водата, воздухот (преку геоинженерство, барај chemtrails) и храната (приготвена со бура од вештачки засладувачи, бои и конзерванси) се загадени до тој степен што не се сомневам дека нивното негативно влијание врз нашата ДНК е веќе одразено. Други начини на кои може да се оштети ДНК се: оксидација, УВ зрачење од сонцето, Х-зраци, вируси, растителни токсини и хемикалии произведени од човекот како хлорин, јаглеводороди, чад, загадување. Некои последици од оштетена ДНК се: предвремено стареење, рак, диабетес мелитус (diabetes mellitus) (дијабетесот сам по себе ја оштетува ДНК), Алцхајмерова болест, синдром на хроничен замор и др.

Клетките не можат да функционираат правилно ако ДНК се оштети но, преку хемиски реакции можат да направат осврт при оштетувањето. Коноповото семе и маслото од конопово семе претставуваат круцијален фактор при обновувањето на ДНК. Конопот се состои од 65% протеини од кои 35% отпаѓаат на протеинот едестин. Овој протеин е најблизок до човековиот глобулин и лесно се дигестира во телото. Едестинот е главен фактор во обновувањето на ДНК бидејќи клетките го користат за да го корегираат оштетувањето на ДНК. Бидејќи конопот е најобилниот извор на едестин протеинот и е одговорен за зајакнување на имуниот систем, тој е совршен додаток во исхраната. Па, бидејќи сите на некој начин имаме оштетена ДНК, да не чекаме да го интегрираме коноповото семе во нашата секојдневна исхрана! Јас веднаш имам еден „сладок непсихоактивен 420 рецепт“ за сите вие кои постојано сакате да бидите најоптимално здрави и се грижите да оставите квалитетни гени во своето потомство. Овој рецепт е за сите, особено за оние кои самошто одлучиле да ги регенерираат своите гени со помош на канабис, при читањето на овој едукативен текст.


+ сладок 420 РЕЦЕПТ: КОНОПОВИ БОМБИЦИ
Состојки:
* 1 филџан урми (одлична алтернатива на рафиниран шеќер);
* 3 кафени лажички излупено семе од коноп; 
* 3/4 филџан мелени бадеми;
* 1/2 кафена лажичка цимет;
* 1 полна кафена лажичка прав од сурово какао;
* ванила по вкус


Начин на подготовка:
-Ако урмите не се меки се оставаат 2 часа вода да омекнат и потоа остави ги да се исушат. Додај ги семките од коноп (и малку ванила за вкус). Изблендирај со толчник и измешај. Додај ги циметот и бадемите. Измешај со лажица притискајќи надолу. Додај го какаото и продолжи да мешаш додека не се измеша сè заедно. Потоа формирај ги бомбиците и „сролај ги“ во кокосови трошки и насладувај се!

*Урмите, бадемите и какаото се обилен извор на антиоксиданси, витамини и минерали, а особено какото кое претставува еден од најмоќните - ако не и најмоќниот антиоксиданс на планетата (значи за да се негува младоста исклучително важно е да конзумираме канабис и какао често). Бидејќи во Македонија не се произведува какао и не се увезува органско и непреработено какао - онакво какво што доаѓа од природата, користиме индустријализирано какао...


Домашна задача за проширување на свеста :)
(одговори на следниве прашања)
1. Дали мислите дека е во ред Македонија да не увезува природно и непреработено какао и слични продукти кои СУПЕРИОРНО му служат на човекот за ОПТИМАЛНО здравје?
2. Замисли ја комбинацијата од какао кое те чува млад и канабис кој ти ја изострува свеста преку поттикнување на пинеалната жлезда...

Автор: Никола Станчески (физиолог)
Извори: Herb, Wake Up World

No comments:

Post a Comment