Sunday, October 22, 2017

Како да се спречи мувлата во затворени одгледувалишта? Indoor врсти отпорни на мувла

Најдобриот начин за да се контролира влажноста е да си го дизајнирате просторот наменет за внатрешно одгледување уште на самиот почеток ;) Најважното нешто кога станува збор за одржување на влажноста на определено ниво, со цел условите да не станат премногу влажни, е да се постави ефикасен издувен систем за вентилација!


Добар систем за вентилација
Поставете добри вентилатори внатре во одгледувачкиот простор за подобра циркулација и осигурајте се дека воздухот струи истовремено под и директно над вашите билки. Со тоа се превенира формирањето на застоен воздух и секаква можна стагнација на воздухот. Бидете свесни за целокупната растителна маса и лисната маса, како и за тоа секој лист од вашата билка постојано додава повеќе влага во воздухот. Колку повеќе лисја има вашето растение, толку повеќе вода пие, а целата вода се ослободува како пареа во вашиот растечки простор! Набавете солиден уред за мониторирање на температурата/влажноста и не заборавајте да го проверувате/надгледувате кога ќе ги проверувате вашите билки.  


Не се фокусирајте на вредностите од сликава :)
Прегледувајте ги растенијата, а особено дебелите големи туфки на редовна основа (секој ден). Ако забележите дека листовите коишто растат од туфките наеднаш започнуваат да се сушат и да и да се виткаат, додека остатокот од растението изгледа добро, тоа е еден од главните првични знаци дека можеби вашите цветови фатиле мувла... Ако се соочите со мувлосани туфки, ако е возможно обидете се да го оберете целото растение што е можно ПОСКОРО! Вие веќе имате спори од мувлата во вашиот простор и таму очигледно имало идеални услови за развој на мувлата, па сега треба да се фокусирате на заштита на она што е можно, т. е. да ја спречите целосната можна загуба на вашиот принос.

Не дозволувајте вашите билки да живеат во екосистем којшто е престуден или претопол за нив. Одредени типови мувла (како белата прашкаста мувла) подобро се развиваат на жешки, застоени услови од 27 °C и повеќе. Повеќето од други врсти на мувла (влакнестата бела мувла, гниењето на туфките итн.) најдобро растат во студени услови од околу 20 °C. Ако е возможно обидете се да ги одржите билките на удобна собна температура од околу 24 °C во ситуации кога е влажно.


Дефолијација (defoliation)!

Дефолијација
Наједноставен начин за спречување на мувлата е да отстраните некои (најчесто долни) лисја од вашите растенија ако вашите растенија се екстра големи и листести. Ако на дното од вашиот растечки простор билките не добиваат доволно светлина, тогаш шансите дека нема соодветен проток на воздух се зголемени. Во тој случај, може да биде добра идеја да се исчистат дополнителни лисја и пупки кон дното на билката. Ова исто така ви дава шанса да ги отстраните пупките кои се ретки и не се развиваат убаво, па растението може да се фокусира со повеќе енергија на врвните туфки, кои всушност добиваат пристап до светлината. Колку помалку вегетативна маса во просторот, толку е намалена влажноста. Но, важно е да не претераш со дефолијацијата на растенијата, бидејќи тоа исто така може драматично да ги намали вашите приноси. 


Поздрав од Александар Пешев, Лондон (мувла)
Само дефолирајте ги многу листестите растенија и фокусирајте се на отстранувањето на лисјата кои или не добиваат никакво светло (кон дното и средината на растението), како и големите листови наречени „вентилатори“ кои блокираат многу од туфките да примаат директна сончева/електрична светлина. Листовите го поттикнуваат растот на растението, а во втората половина од фазата на цветање вашата билка нема да создава повеќе лисја. Затоа, избегнувајте да го соголувате вашето растение за време кога не растат нови лисја и уште сте недели од жетвата. Отстранувањето на премногу лисја може да ги намали вашите приноси и да ги зголеми шансите вашите туфки да ја променат бојата. Тоа е затоа што лисјата обезбедуваат одредена количина на заштита на вашите пупки со тоа што прво ќе ја апсорбираат штетата (како изгореници од хранливи материи, изгореници од светлина и недостатоци). Кога нема листови, оштетувањето прво се појавува кај туфките!


Врсти канабис наменети за затворени простори отпорни на мувла 

Moby Dick
Иако ништо не може да ги реши лошите одгледувачки практики ако самите не се потрудите, некои видови се повеќе отпорни на мувла од другите. Ако растете во помал простор или ако живеете во некој дел од светот кој повремено станува многу влажен, тогаш најдобар избор за вас се врстите поотпорни на мувла! Забелешка: Видовите со пократки цветни периоди имаат помала веројатност да добијат мувла, бидејќи пупките не трошат толку време во фазата на цветање. Еве два вида марихуана кои се отпорни на мувла и се погодни за одгледување во затворен простор, а во продолжение може да погледнете видеа од одгледувачот Александар Пешев од Лондон со кој во следниот текст ќе направиме кратко интервју за неговото искуство со мувлата:

1.) Моби Дик (Moby Dick) - Многу леснa врста за растење, многу е отпорна на мувла, а исто така многу потентна. Мириса малку како мента, но исто така, се опишува дека има старошколски (old school) сканк вкус сличен на популарните сатива пупки од почетокот на 90-тите години. Дава големи приноси, исто така! :)

2.) Свит Тут (Sweet Tooth) [сладок заб] - Во Калифорнија, овој вид е многу популарен во диспанзерите и често се продава по многу високи цени! Добро, сега можете да го одгледувате и дома! Има сладок вкус/вкус којшто потсетува на чоколадо, а ефектите се моќни. Како бонус е отпорен на мувла, благодарение на неговите хавајски корени!

Super Sweet Tooth







Автор: MoniQue Konopova
Извор: Grow Weed Easy

No comments:

Post a Comment