Tuesday, October 10, 2017

Зошто треба да се јаде суров канабис? + сладок рецепт

Го започнувам текстов со една непоколеблива, универзална, беспрекорна и непобитна вистина: Канабисот е супер-храна! Ова уникатно растение содржи над 400 различни корисни компоненти. Бројот на витамини, есенцијални масла и киселини во канабисот го натерале експертот д-р Вилијам Кортни (William Courtney) да го нарече канабисот „неопходен дел во исхраната“. Канабисот е посебно растение во полето на исхраната бидејќи содржи екстремно високи концентрации на канабиноидни киселини кои се премногу важни за основните функции на клетките во нашиот организам

Канабиноидни киселини

Канабисот е супер здрава вегетаријанска храна! ;)
Две од примарните канабиноидни киселини кои се досега проучувани се ТНС-а и СВD-а. Со загревањето на овие киселини при пушење, испарување и готвење, тие се доведуваат до малку поразлични компоненти - ТНС станува психоактивен и  CBD-а станува канабиноид СВD. Овој процес на доведување до нивна „активна“ форма кој се нарекува декарбоксилација би требало веќе да го знаеме од часовите по хемија во основно училиште, но бидејќи ни го испуштија тој дел од образовниот систем, ние се погриживме на овој блог детално да го објасниме тој процес со кој се соочуваме постојанио кога ќе запалиме џоинт. А, сега спремно и мирно да продолжиме со повисока наука за канабисот. Активните ТНС и СВD имаат свои предности и еден недостаток: телото може да користи само со мали количини на овие активни канабиноиди, затоа што рецепторите се заситуваат до одредено ниво.


Најдобро објаснето од д-р Кортни: „Имаме серија на врсти од канабис наречена ACDC. „АC“ значи алтернативен канабиноид, а тој е канабидиолот на кој му е обрнато повеќе внимание во последно време бидејќи е силна антивоспалителна компонента. И „DC“ значи хранлив канабис. Ако го загрееме, внесуваме доза од 10 мг, а со незагреен, внесен суров, внесуваме доза од 1-2,000 мг“.


Стонерската комедија Harold & Kumar go to White Casle
При јадење на суров канабис, нашето тело може да процесира многу големи количини на ТНС-а и СВD-а без никаков проблем. И потоа преку биохемиски реакции ги претвора во хранливи состојки потребни за метаболизмот. Исклучително важно е да се конзумираат овие канабиноидни киселини бидејќи им помагаат на клетките да комуницираат помеѓу себе преку ендоканабиноидниот систем. Исто така, конзумирањето на поголеми количини на канабиноидни киселини е клучно за превенција на хронични болести предизвикани од ендоканабиноидна дефициенција. Најчести последици се: мигрена, глауком, фибромијалгија, синдром на иритирано црево... и многу други.


Д-р Кортни тврди дека високите дози на сурови ТНС-а и СВD-а се многу поефективни од нивните загреани верзии кога доаѓаат до израз нивните:
- антивоспалитени својства;
- антидијабетични својства и 
- антиисхемични својства (исхемија настанува кога крвните садови се стеснуваат и кислородот не стигнува до сите делови од телото).


Сопругата на д-р Кортни
Д-р Кортни нагласува цедење или блендирање на листовите од канабисот или во комбинација со други листести зеленчуци за подготовка на вкусна салата или смуди. Исто така, нè советува дека листовите од канабис може да се користат како природен зачин и се вкусна замена за магдонос или коријандер. Таа самата успеала да се избори со болеста Лупус токму со редовна секојдневна употреба на сок од суров цеден канабис, за што објаснува во новата доку серија за придобивките од канабисот наречена „The Sacred Plant“. Гледајте ги сите епизоди од The Sacred Plant! <3 Во филмот е прикажана сопругата на д-р Кортни, како идна мајка која си подготвува сок од суров цеден канабис секој ден :) На овој начин таа третира Лупус и неколку други состојби...



Канабисот претставува хранлиз извор на енергија

Хранливите состојки ги стимулираат и зајакнуваат телесните функции на сите живи организми. На пример, телото не може да го синтетизира антидепресивниот невротрансмитер серотонин без присуство на Б-витамини. Како и другите листести зеленчуци така и канабисот содржи изобилие на хранливи состојки и протеини кога се внесува како доматот, краставицата и слични сурови зеленчуци, па затоа и законски треба да биде третиран токму како сите други билки, т.е. треба да биде декриминализиран. А најважни од тие хранливи состојки од канабисот се:

1. Терпени - есенцијални масла кои го одредуваат уникатниот вкус и арома на различните врсти канабис. Во комбинација со канабиноидите, нивните медицински придобивки се зголемуваат. При внес на суров канабис, бројот и квалитет на терпените кои се внесуваат драматично ќе порасне. Ова е супер новост за секој кој мисли дека му треба здравствен „ремонт“. Најчести терпени во канабисот се:

- Линалол (Linalool) - му дава на канабисот цветна арома слична на лаванда. Поседува антивоспалителни, аналгетични и антиконвулзивни својства;

- Пинен (Pinene) - има силна борова арома. Го заштитува нервниот систем и значително ја зајакнува неговата функција;

- Лимонен (Limonene) - го поседуваат сортите со цитрусна арома, како на пример сортата Lemon Haze. Спречува гастроинтестинални проблеми, го зајакнува метаболизмот и го намалува лошиот холестерол. 

2. Омега 3, Омега 6 и 9 масни киселини

Време е да го промениш составот на плескавиците ;)
Покрај тоа што содржат многу протеини, листот и семето од коноп имаат совршен сооднос на Омега 3 и 6 и 9 есенцијални масни киселини. Ова е многу важно бидејќи телото само по себе не ги синтетизира овие масни киселини, туку тие мора да се внесат преку исхрана! Есенцијалните масни киселини се клучни за здрав мозок бидејќи мозокот се состои од 60% масти и нам ни треба постојан внес на правилните типови на масти за да го заштитиме овој орган од невродегенеративни болести и за истиот да може најоптимално да функционира. Есенцијалните масни киселини се клучни за одржување баланс во ендоканабиноидниот систем.

3. Есенцијални амино киселини

Канабисот е побезбеден од спанаќот! ;)
Нашето тело не може да ги синтетизира овие амино киселини само по себе и тие мора да се внесат преку исхраната. Потребни се за фунционирање на клетките: одржуваwе на нејзината структура, обновување на оштетените ткива и за пренос на хранливите состојки, т.е. да постигнување внатреклеточна хомеостаза. Овие амино киселини ги има и во листовите, но најконцентрирани се во семето.

Патем, мојот омилен дел :) Антиоксидансите се клучни за спречување на клеточно оштетување! Кога Владата на САД во 2003 ги открила неверојатните антиоксидативни и неврозаштитни својства на канабиноидите, го забранила неговото користење. А, она што поточно го откриле е тоа дека СВD е помошен антиоксиданс од витамините Ц и Е за кои што до предмалку мислев дека се можеби најсилните антиоксиданси. 


+ Сладок рецепт - сок од лубеница и канабис - ЛУБЕХУАНА!!!

Потребни состојки:

- не многу голема лубеница;
- половина чаша дестилирана вода;
-четвртина чаша кафеав шеќер;
- еден исцеден лимон;
- 4 лажички тинктура од канабис;
- 6 ливчиња нане.

Подготовка:

Лубеницата се сече на мали коцки и се става во блендер. Се додаваат водата, шеќерот и сокот од лимон и се блендира 30 секунди или сè додека не се изблендира целосно. Се филтрира сокот од лубеницата преку цедалка, а пулпата се изостава. Се додаваат, мешајќи, тинктурата од канабис и ливчињата нане. Се остава да се излади во фрижидер или се служи веднаш со мраз. УХ, КОЕ ОСВЕЖУВАЊЕ!!!


Извор: HERB

No comments:

Post a Comment