Како што веројатно веќе знаете, за разлика од водата, компирот и многуте најпродавани фармацевтски лекови, практично е невозможно предозирањето со марихуана!!! Нема да можете да го сфатите овој извонреден атрибут на тревата, ако не се едуцирате малку повеќе на оваа тема. За да разберете како е невозможно од канабис летално (смртно) да се предозирате, треба да го сфатите фактот дека човечкото тело всушност произведува сопствени „ендогени“ канабиноиди - наречени „ендоканабиноиди“
Еве како функционира ЕКС - ендоканабиноидниот систем |
„Канабиноидните рецептори се пронајдени во секој животински вид сè до сунѓерите“ - изјави доктор Доналд Абрамс (Donald Abrams), Директор на хематологија/онкологија во Општата болница во Сан Франциско и водечки научник за медицинска марихуана. Д-р Абрамс даде прекрасно интервју за порталот VICE и дискутираше за канабиноидните рецептори во првата епизода на Weediquette, емисијата на VICE за сите нешта за марихуаната на нивниот нов телевизиски канал - VICELAND. Епизодата ги истражува потенцијалните терапевтски придобивки на ТХЦ кај деца со сериозни болести. Кога ќе се спореди со несаканите ефекти на другите (фармацевтски/конвенционални) лекови кои обично им се препишани на децата со рак, одлуката на родителите за администрирање на големи дози на висококонцентрирано масло од канабис сомногу ТХЦ на нивните болни деца, се чини дека секогаш не само што е подобар, туку вистинскиот избор!
Прво идентификуван во доцните 1980-ти, таканаречениот ендоканабиноиден систем се состои од CB1 рецептори, претежно лоцирани во нервниот систем, сврзното ткиво, жлездите и органите; и CB2 рецептори, коишто првенствено се наоѓаат во имунолошкиот систем и исто така се присутни во виталните органи како: слезината, црниот дроб, срцето, бубрезите, коските, крвните садови, лимфните клетки, ендокрините жлезди и репродуктивните органи. Овие рецептори може да се стимулираат и модулираат со соединенија наречени ендоканабиноиди кои се произведуваат природно во телото, како што е анандамид (ананда е санскритскиот збор за блаженство); Потоа со ингестирање на збир од тесно поврзани фитоканабиноиди (канабиноиди од растително потекло) како што се тетрахидроканабинолот (THC) или канабидиолот (CBD); или со внесување на синтетички канабиноиди произведени во лабораторија (синтетичките канабиноиди имаат бројни несакани последици, затоа што не се од природно потекло). По поврзувањето со рецепторите во телото што ги соединуваат како брава и клуч, овие ендо, фито и/или синтетички канабиноиди произведуваат широк спектар на физиолошки ефекти, менувајќи, т.е. регулирајќи сè: од крвниот притисок, преку реакцијата на болка, подобрување на меморијата, до подобрување на апетитот и подобрувањето на свеста.
„Ендогениот канабиноиден систем, именуван по растението што доведе до негово откривање, можеби е најважниот физиолошки систем вклучен во воспоставувањето и одржувањето на здравјето на луѓето“ - вели д-р Дастин Сулак (Dustin Sulak), водечки лекар за тоа што некои ја нарекоа „канабинопатичната медицина“, за време на предавањата на конвенцијата NORML 2010. „Во секое ткиво, канабиноидниот систем врши различни задачи“ - рече тој. „Но, целта е секогаш иста: хомеостаза, одржување на стабилно внатрешно опкружување и покрај флуктуациите во надворешното опкружување“ - заклучува тој. Гледајте ги сите епизоди на „Weediquette“, не само „Weediquette“ епизода 1 - „Stoned Kids“, на едукативниот непристрасен телевизиски канал VICELAND. Помислете на ендоканабиноидниот систем како оперативен систем на „коренот“ на вашето тело - еден вид централна процесорска единица која го регулира и менува функционирањето на многу други важни системи и ја одржува рамнотежата.
Мартин Ли (Martin Lee), автор на „Smoke Signals: A Social History of Marijuana“ („Димни сигнали: општествената историја на марихуаната“), во својата книга забележува дека канабиноидните рецептори се повеќе изобилство во мозокот отколку кој било друг вид рецептор на невротрансмитер и „функционираат како суптилни сензорни уреди, мали вибрирачки скенери кои постојано се подготвуваат да ги земат биохемиските знаци кои течат низ течностите околу секоја клетка ... Кога ќе му се допадне ТХЦ или нејзините ендогени роднини, овие рецептори предизвикуваат каскада на биохемиски промени на клеточно ниво што става кочници врз прекумерната физиолошка активност. Ендоканабиноидите се единствените невротрансмитери кои се вклучени во „ретроградната сигнализација“, форма на интрацелуларна комуникација која го спречува имунолошкиот одговор, го намалува воспалението, ја релаксира мускулатурата, го намалува крвниот притисок, ги проширува бронхијалните премини и ги нормализира престимулираните нерви. Ретроградната сигнализација служи како механизам за инхибиторна повратна информација, кој им кажува на другите невротрансмитери, кога тие се отпуштаат премногу брзо“ - објаснува тој.
Откривањето на ендоканабиноидниот систем започнало длабока промена во разбирањето на медицинската наука за невролошкото функционирање. Во студијата од 2006 година објавена во Фармаколошки преглед, Националниот истражувачки институт за здравство (Pharmacological Review, National Institute of Health), истражувачот д-р Пал Пакер (Pal Pacher), го објасни когнитивниот скок што се одвиваше. „Во изминатата деценија, ендоканабиноидниот систем е вмешан во сè поголем број на физиолошки функции, како во централниот, така и во периферниот нервен систем и во периферните органи“ - пишува д-р Пакер. „Модулирањето на активноста на ендоканабиноидниот систем се покажа дека има терапевтско ветување во широк спектар на различни болести и патолошки состојби, почнувајќи од нарушувања на расположението и анксиозноста, нарушувања на движењето како Паркинсонова и Хантингтонова болест, невропатска болка, мултиплекс склероза и повреда на 'рбетниот мозок, рак, артериосклероза, миокарден инфаркт, мозочен удар, хипертензија, глауком, дебелина/метаболичен синдром и остеопороза, за да се именуваат само неколку“ - додава тој.
Но, што се случува кога намерно ја нарушувате способноста на телото да го стимулира ендоканабиноидниот систем со употреба на навидум безбедните конвенционални лекови препишани од доктор? Целиот организам може да ни се поремети, а во краен случај може да дојде до смрт, како што беше откриено кога Големата Фармација го тестираше Римонабант (Rimonabant), лек против дебелина дизајниран да создаде еден вид „обратен манчис“ со спречување на канабиноидите (ендо или фито) од врзувањето кон CB1 и CB2 рецепторите. „Munchies“ е термин што означува предизвикување на глад, што е честа последица од консумирањето марихуана - ова е природен процес - поради забрзан метаболизам и ненормално е создавањето на синтетички лекови коишто го нарушуваат нормалниот тек на метаболизмот и воедно на целиот наш организам. Оние кои се запишале во планираната 33-месечна студија за Римонабант, пријавиле намалувањето на вкупниот апетит при земање на лекот, но исто така покажале зголемување на депресивното расположение и со тоа зголемен ризик од самоубиство, толку изразено што студијата била прекината по малку од една година. Резултатот од студијата биле четири самоубиства! :(
Од канабис сè уште никој не умрел и ретко кој научник на Балканов се решава да го тестира, а придобивките се безбројни не само во полето на медицината! „Пациентите кои земаат Римонабант пријавиле дека се чувствуваат депресивни и имаат сериозни размислувања за извршување на самоубиство“ - објави Психологија денес (Psychology Today). Канабисот секогаш дава желба за живот и воопшто не предизвикува самоубиствени мисли. „Тоа беше како пациентите да ја изгубиле способноста да искусат задоволство ...“ - [што] им кажува на невролозите дека нашиот ендоген систем за марихуана вообичаено е вклучен, директно или индиректно, во контролирањето на нашето расположение и ни овозможува да доживееме задоволство. Антагонизирањето (спречувањето) на активностите од оваа хемикалија во мозокот доведуваат до депресија со можни опасни последици. За повеќе информации за ендоканабиноидниот систем и за родителите кои го тестираат канабисот како третман за педијатриски карцином, изгледајте ја внимателно првата епизода насловена „Stoned Kids“ (надувани деца), првата епизода на серијата Weediquette на VICELAND. Едуцирајте се и погледнете ги сите останати епизоди од оваа прекрасна едукативна серија, којашто нашиот тим 420 Macedonia им ја препорачува за како домашна задача на сите македонски даватели на здравствени услуги!!!
Автор: Кристина Т.
Извор: VICE
No comments:
Post a Comment