Monday, October 30, 2017

Други растенија кои содржат состојки слични на канабиноидите, но не се канабис

Марихуаната доби централно место како едно од најкорисните лековити растенија на планетава, впрочем се покажа дека е најкорисното од сите (над 50 илјади регистрирани употреби)  и најбезбедното од сите (0 смртни случаи). Но, дали знаевте дека постојат и други растенија, цвеќиња, билки и зачини коишто исто така содржат соединенија слични на канабиноидите? ДА!

Чоколадата го зголемува износот на анандамид во телото
Канабиноидите се природни хемиски соединенија кошто се поврзуваат со најголемиот регулаторен систем во нашето тело наречен Ендоканабиноиден систем (ЕКС). ЕКС е одговорен за одржување на хомеостазата во телото. Хомеостазата е совршен внатрешен баланс кој е потребен за оптимално здравје. Подолу е листа на растенија коишто не се марихуана, коишто се легални и кои исто така се имаат улога во ендоканабиноидниот систем, сепак ништо не може да ја замени терапевтската моќ и нетоксичноста на канабисот... Канабис растението го отвори патот за откривање на ендоканабиноидниот систем во нашите тела. Сега ботаничарите и природните научници сметаат дека молекулите слични на канабиноидите во растенијата се поприсутни отколку што првично се сметаше. Сите растенија наведени погоре имаат вредни терапевтски својства. Многу од нив се користат како традиционални лекови со векови. Ние само што започнуваме да разбираме зошто тие се покажаа како толку корисни.


Echinacea
ЕХИНАЦЕА (Echinacea)

Медицинските употреби на ехинацеата се добро познати и далеку достижни. Ова растение може да направи по малку од сè - од борба против обична настинка до олеснување на симптоми на анксиозност, замор, артритис, мигрена и други болести. Се чини дека некои видови на ехинацеа содржат соединенија кои го стимулираат ЕКС слично како канабиноидите. Поконкретно, тие содржат канабимиметици (cannabimimetics). Овие хербални канабимиметици се малку поинакви од оние што се наоѓаат во марихуана растението. Овие соединенија се познати како N-алкил амиди (N-alkyl amides - NAAs). Канабимиметиците во растението ехинацеа комуницираат со CB2 рецепторот. Овој рецептор во голема мера е одговорен за регулирање на имунолошкиот систем и воспалителниот одговор. Во канабисот, психоактивниот канабиноид ТХЦ е примарен стимулатор на CB2 рецепторот. Афинитетот на TХЦ со овој рецептор е делумно поради тоа што се очекува да биде ефикасен во лекувањето на нарушувањата поврзани со воспаленија. Исто така, познато е и дека растението Oxeye (Heliopsis helianthoides) ги содржи овие видови на канабимиметици.


Acmella oleracea
ЕЛЕКТРИЧНА МАРГАРИТКА - (Acmella oleracea)

Исто така познат како растение за забоболка, по потекло од Амазон може да биде претворена во силен гел против болки. Официјалните испитувања на овој гел базиран на растителна основа спроведени од Универзитетот Кембриџ откриле дека растението било успешно во блокирањето на рецепторите за болки во нервните завршетоци. Канабиноидните соединенија познати како N-изобутиламиди (N-Isobutylamides) делуваат на CB2 рецепторот, со тоа што ова цвеќе со чуден изглед го прави моќен лек против болки и воспалителни процеси. Оваа билка е толку моќна, што во моментов се смета за нов лек по избор за стоматолозите кои работат со болни заболувања, како што се осмиците (умниците). 


Helichrysum umbraculigerum
HELICHRYSUM UMBRACULIGERUM

Оваа маргарита која е по потекло од Јужна Африка содржи соединение слично на канабигерол (CBG). CBG има антидепресивни својства, го стабилизира на расположението и има анти-воспалителни својства. За време на предавањето на годишниот состанок на Меѓународната организација за канабиноидни истражувања, италијанскиот хемичар за природни производи, Џовани Апендино (Giovanni Appendino), објави дека сортата хелиризиум се користела „како конопот, за да се создадат испарувања во ритуалните церемонии“ во африканската фармакологија. Тој, исто така, сугерираше дека соединенијата во ова растение може да имаат „психотропско дејство... слично на канабиноидите“.


Radula marginata
ЛИВЕРВОРТ (Radula marginata)

Излегува дека може да има друга верзија на THC во светот. Оваа Новозеландска ливерворт содржи перротетиненска киселина (perrottetinenic acid). Прво е откриена во 2002 година, а најважно е тоа што оваа киселина е неверојатно слична на THC. Дури се очекува да дејствува и на CB1 рецепторот. CB1 рецепторот е примарно место за врзување на THC и е она што му дава на соединението психоактивни ефекти. Досега не се пријавени никакви психоактивни ефекти за оваа сорта растение. Но, растението историски се користи како природен третман за бронхитис, како и за проблеми со жолчното кесе, црниот дроб и мочниот меур. Ова навестува дека постои голема медицинска вредност во овие лишаи.


Theobroma cacao
ЧОКОЛАДА - (Theobroma cacao)

Познато е меѓу пушачите на канабис дека ако консумирате темна чоколада пред да се надувате, тоа го зголемува вашиот хај. Ова е затоа што чоколадата содржи соединенија кои се поврзуваат со ендоканабиноидниот систем. Слично на непсихоактивниот ЦБД пронајден во марихуаната, чоколадата содржи соединенија кои комуницираат со одреден ензим во телото. Овој ензим е познат како FAAH. FAAH е одговорен за распаѓањето на ендоканабиноидот познат како анандамид во нашите тела. Анандамид е нашата природна верзија на ТХЦ. Соединенијата во чоколадата го блокираат овој ензим, зголемувајќи го износот на анандамид во телото. Ова нè прави да се чувствуваме среќни, опуштени и генерално добро. Понатаму, во 1996 година, истражувачите од Институтот за невронаука во Сан Диего, откриле дека две одделни соединенија во чоколадата делуваат како канабиноиди во телото, но нејасно било дали делуваат преку директен или индиректен ангажман со канабиноидните рецептори. 


Piper nigrum
ЦРН БИБЕР (Piper nigrum)

Некои видови марихуана како Hash Plant имаат вкус и арома на бибер. Причината за ова? Тие содржат високи нивоа на одреден терпен, наречен бета-кариофилен (beta-caryophyllene - BCP). Терпен е ароматска молекула што се наоѓа во етеричните масла од растенијата. Не е изненадувачки, овој посебен вкус исто така се наоѓа во црниот бибер. Речиси неодамна беше откриено дека BCP всушност функционира како канабиноид. Како и многу други растителни соединенија наведени во оваа статија, BCP има врзувачки афинитет со CB2 рецепторот. Истражувањата сугерираат дека антиинфламаторните соединенија на овој терпен го прават терапевтски вреден за лекување на состојби како што се артритис и остеопороза. Други истражувања покажаа дека BCP може да ја зголеми ефикасноста на лековите против рак. Ова се само неколку растенија кои се покажаа дека се врзуваат со ендоканабиноидниот систем. Неколку други се Перуанска мака и Кинески рододендрон

Автор: К. К.
Извор: HERB

No comments:

Post a Comment