Showing posts with label цигара. Show all posts
Showing posts with label цигара. Show all posts

Monday, February 11, 2019

Оваа паметна електронска цигара за канабис ги помни вашите отпечатоци од прсти и комуницира со вашиот лекар

Благодарение на напредната технологија, но и на растечкиот интерес од страна на пациентите кои користат канабис, уредите за испарување преземаат карактеристики на паметните телефони и користат апликации за оптимизирање на искуството. Дознајте повеќе за најновата генерација префинети „смарт“ испарувачи, т.е. вепорајзери за канабис што неодамна се појавија на пазарот


Овие елегантни електронски цигари се наменети за новата софистицирана и елитна генерација на корисници на канабис, корисници кои не преферираат виткање на канабисот во форма на џоинт или пак, полнење луленца или бонгови. Да им појаснам на неупатените, испарувачите функционираат со загревање на цветот од канабис или конценртатот (екстрактот) до точка каде што активираните канабиноиди можат да се вдишат во форма на пареа. Повеќето корисници го сметаат овој начин, многу помалку груб за нивните бели дробови, отколку чадот од канабис вдишан од  запален џоинт. Предизвикот за производителите на вепорајзери е намалувањето на големината на висококвалитетните елементи за загревање, но од друга страна поголема издржливост на батеријата. Сега испарувачите ги преземаат функциите на паметни телефони и користат апликации за оптимизирање на искуството. Lifespot Health Ltd. австралиска медицинска компанија за дијагностицирање и мониторинг, неодамна објави Bluetooth-поврзан испарувач на канабис, кој се отклучува со отпечатокот од прст на сопственикот, ја прилагодува јачината на дозата на екранот и ги споделува податоците со медицинските професионалци во реално време за постојан надзор на здравствената состојба на пациентот.


Не мислам дека некој има целосно интегриран систем како нашиот“ - изјави неизвршниот претседател на Lifespot Health, Родни Хенингтон (Rodney Hannington), за Yahoo Finance Канада. „Како што корисникот вапоризира, тие можат да ја погодат целта на нивната болка и можеме да следиме колку тие вдишуваат и дали нивната болка е олеснета или не“ - додава тој. Lifespot Health ја поврза својата BodyTel технологија за следење на пациентот со на пакет на целосна медицинска опрема започнувајќи од сензори за срце, па сè до монитори за шеќер во крвта. Компанијата соработува со германскиот производител на испарувачи од септември минатата година, наречена Seng-Vital, која произведува Canamed bluetooth vaping системи. Хенингтон изјави дека медицинскиот уред Cannamed ќе се продава преку медицински клиники за околу 200 американски долари, плус надоместоци за апликацијата, т.е. услугите за обработка на податоците. Lifespot Health, исто така, во моментов работи со две други компании во Канада и САД за брендирање и продавање на рекреативни верзии на испарувачите со цена од 100 до 150 долари.


Облаци од испарените податоци

Дозволувајќи лекарите активно да ги следат навиките за употреба на канабис кај пациентите со помош на овие уреди, а дури и да го исклучат уредот од далечина ако сметаат дека е злоупотребен, звучи навистина напредно. Хенингтон инсистира на тоа дека блиската комуникација е оправдана, со оглед на недостатокот на ригорозни клинички испитувања на различните медицински канабис апликации, па со помош на овие уреди медицинската јавност ќе има попрегелден увид во тоа како канабисот навистина делува. Сепак, приватноста е голема загриженост, со оглед на тоа што медицинскиот и рекреативниот канабис останува нелегален во многу делови од светот. Хенингтон уверува дека Lifespot Health ги обработува своите медицински податоци на начин „компатибилен со пациентите“. Откако ќе се постигне доволен број на корисници, податоците би можеле да обезбедат вреден увид во трендовите на консумирање и ублажување на болката, рече тој. Многу теоратичари веруваат дека вапоризирањето ќе стане најпосакуван начин за консумирање медицински канабис. Во октомври минатата година , Aurora Cannabis Inc. го откри Aurora Cloud, првата линија на ЦБД масла за вапоризирање компатибилна со Health Canada, од лиценциран производител. Извршниот директор Тери Бут (Terry Booth) рече дека новиот производ ѝ се обраќа на неисполнета потреба на пазарот.


Одредете го вашиот „хај“

Голем број неискусни корисници ќе ја тестираат нивната толеранција за канабис за првпат, како што сè повеќе правни системи ја либерализираат политиката за медицинска и рекреативна употреба на канабисот. Способноста за постојано одбирање на вистинската доза е клучна карактеристика на Lifespot Health и други производители, како што е Gofire Inc. со седиште во Денвер, вградена во нивните уреди. Одредувањето на правилното поставување на уредот во секое време може да значи разлика помеѓу нежниот „ХАЈ“ (надуваност/напушеност) и неколку часовното стонирање на вашиот кауч. Токму затоа придобивките од активирање на овој вапорајзер со отпечатоци се очигледни... Иако канабисот е безбеден лек без несакани токсични и смртни последици, со помош на персонализацијата на овој уред, децата и „пријателите“ не можат да ви го „украдат“ лекот, затоа што не можат да го вдишат она што не можат да го отклучат. Lifespot Health, исто така, ја разгледува можноста за развивање на геолокациските функционалности кои би можеле да ги спречат корисниците да го користат во одредени области. Функцијата со потсетник за повторно полнење е следна идеја на компанијата. „Ние можеме да го следиме обемот на корисникот“ - рече Хенингтон. „Потоа на нивниот паметен телефон можеме да им речеме: ‚Ќе ти снема за неколку дена. Дали сакате да нарачате повеќе канабис?‘“ - заклучува тој.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Yahoo Finance

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

За оваа мајка со тежок облик на егзема канабисовото масло е незаменливо ЧУДО!

Медицинската марихуана лекува и спречува пневмонија и други респираторни инфекции

Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!

Saturday, September 1, 2018

Марихуана или тутун: кој чад претставува поголем ризик за вашето здравје?

Долгорочната употреба на тутун и изложеноста на чадот од истиот има докажани штетни ефекти по здравјето, редовното пушење марихуана пак, може долгорочно да го подобри твоето целокупно здравје. Кога доаѓа до пушење, истражувањата докажуваат дека тутунот е далеку поштетен за белите дробови од марихуаната. Пушењето цигари предизвикува околу 80% од сите смртни случаи од хронично опструктивна болест на белите дробови, додека чадот од марихуана помага во ублажувањето на симптомите од болестите на белите дробови, а помага и во нивното лекување


* Престанете да ја споредувате марихуаната со алкохолот и цигарите!
Чад од марихуана и чад од тутун

Пушењето цигари предизвикува повеќе од 480.000 смртни случаи годишно само во САД, што е скоро еден на секои пет смртни случаи. Центарот за контрола на болести во САД известува дека пушењето цигари е почеста причина за смрт отколку смрт предизвикана од сообраќајни несреќи, алкохол, ХИВ, нелегални синтетички супстанци и огнено оружје – заедно! Во Journal of Harm Reduction во 2005 година истражувачите на канабисот дискутирале дека иако чадот и тутунот и канабисот поседуваат слични хемиски својства, не се еднакво карциногени и секако, поседуваат различни фармаколошки активности, особено поради тоа што во чадот од канабисот има активни антиканцерогени состојки наречени канабиноиди, велат студиите. Значи, додека чадот од марихуаната ги минимализира карциногените патеки, тутуновиот чад ги зголемува. Можеби ова е и причината поради која има 0 смртни случаи од марихуана во споредба со тутунот - 480.000, алкохол – 25.692, предозирање со препишани аналгетици – 16.651.... Во секој случај, вапоризаторите се најбезбедната варијанта на пушење марихуана!


Зависност од тутун и зависност од марихуана

Тутунот предизвикува голема зависност поради присуството на никотинот. Слично како кокаинот и хероинот, никотинот го менува начинот на кој работи мозокот кај пушачите и предизвикува стрвност. Се верува дека никотинската зависност е она што го прави откажувањето од цигарите толку тешко. Други истражувања потврдуваат дека никотинот во тутунот може да ги затврдне артериите што доведува до здравствени проблеми со срцето. Марихуаната, пак, не содржи никотин или пак, друга состојка која предизвикува зависност, па затоа зависноста од канабис е речиси невозможна. Според Државниот институт за злоупотреба на лекови во САД, марихуаната не води до зависност, а ова си го знаеме од личното искуство. Најпарадоксално е тоа што канабисот не само што не создава зависнот, напротив - може да помогне во борбата со никотинската зависнот и другите видови на зависности, како на пример од опијати.


Никотин VS. THC

Како што видовме, штетните ефекти на никотинот се добро докажани. Како споредба, за тетрахидроканабинолот се знае дека има бројни здравствени придобивки. Докажано е и дека ТНС е бронхијален дилататор, односно ја има способноста за проширување на алвеолите во белите дробови и помагање во чистењето на нечистотија, шлајм и чад, додека катранот од цигарите ги запушува белите дробови. 


Канцер

Тутунот е обележан како причина број 1 за канцер. Пушење цигари (и пасивно и активно) предизвикува канцер на: бели дробови, дебело црево, грло на матка, ректум, црн дроб, бубрези, грло, хранопровод, панкреас, желудник, жолчно ќесе и уста. Државниот Институт за Канцер во САД заклучува дека не постои безбедно ниво за употреба на тутун. За разлика од чадот од тутунот, истражувањата не успеале никако да најдат врска меѓу изложеноста на чад од марихуана од пушење и канцер на белите дробови или црниот дроб. Наспроти тоа, докажано е со многу продолжени животи дека ТНС всушност е антикарциноген! 


Белодробна функција

Постојат многу истражувања кои ги поврзуваат изложеноста на чад од цигари со поголем ризик од канцер на бели дробови кај возрасни луѓе и со зголемен број на респираторни инфекции и симптоми кај деца. Но, нема резултати кои го поврзуваат чадот од канабисот со штетни ефекти врз белодробната функција. Универзитетот Емори во Атланта спровел истражување со кое докажале дека изложеноста на чад од марихуана дури и за продолжени периоди не е поврзано со штетни ефекти за работата на белите дробови и целокупното здравје.


Да заклучиме...

Врз основа на мноштвото истражувања спомнати во овој текст, прилично е јасно дека регулациите за марихуаната не се за наше добро... Не постојат истражувања кои ја поврзале марихуаната со несакани здравствени ефекти како што е случајот кај пушењето тутун. Канабисот е сметан за лек откако постои човечкиот род и затоа рестрикциите непотребно им го одземаат на луѓето она што може да им претставува примарна и единствена природна опција за лекување и нормален здрав живот. Сите кои сакаат да консумираат канабис пушејќи го, а не сакаат да внесуваат во своето тело никотин и останати хемикалии од тутунот, може да ја прочитаат нашата серија од статии за тоа како да си сролаат здрав џоинт со други билки, наместо со штетен тутун!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:












Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Vapingdaily

Wednesday, July 4, 2018

Сролај џоинт помешан со камилица или лист од коноп, наместо со штетен тутун!

Сите што имаат проблем со никотинска зависнот, не мора да се откажуваат од пушењето. Доволно е да го променат составот на „цигарата“, т.е. да го заменат тутунот што создава зависност со канабисот којшто ја нема таа особина или да се префрлат на вапоризирање


Погоре напишаново во комбинација со авто-хипнози и медитации кои можат да им помогнат на зависниците од никотин да ги променат шаблоните на зависноста од тутун во мозокот прават чуда. Доволно е да додадете малку сув цвет од канабис во вашиот џоинт и што е најважно, доколку канабисот ви е прејак за да го пушите чист, туфчето не морате засекогаш да го мешате со тутун, особено доколку постепено се откажувате од цигари, туку може да посегнете и по поздрава варијанта - малку чај од камилица или сув лист од коноп - преполн со ЦБД или пак, малку чај од нане, зелен чај или да пробате со некој друг билен органски чај - веќе испробано од наша страна :)


Лековитите билки наспроти штетното растение тутун
Доколку сакате да го намалите токсичното дејство на тутунот, можете цигарите да ги намачкате со малку масло од канабис. Постојат научни студии кои ја потврдуваат корисноста од мешање на канабис со тутун и кои ја потврдуваат нетоксичноста на тутунот благодарение на потентното медицинско дејство на канабисот, како една студија од 2009 година. Таа покажа дека комбинирањето на тутун и канабис создава повеќе достапно ТХЦ. Ова значи дека многу брзо ќе ги почувствувате ефектите на канабисот и повеќе ќе ви биде достапно од активната состојка за користење од страна на вашето тело. Ова не значи дека го оправдуваме консумирањето тутун, но и не го осудуваме - станува збор за слобода на избор. Сепак, сакаме аргументирано да Ви укажеме што е поздраво.


Масло намачкано на цигара
Како и да е, пушењето џоинт измешан со тутун не е најмедицинската варијанта на белодробно консумирање на лековитите активни состојки од канабисот. Поздраво е вапоризирањето на цветот и екстрактите во електронски цигари или специјални бонгови и вапоризатори. Ако сте љубител на џоинт со тутун, мораме да Ве посоветуваме да ставате што е можно помалку тутун од цигара или да користите органски и хемиски необработен тутун. Тутунот е познат карциноген. Кога се меша канабисот со тутун, го зголемувате вкупниот износ на канцерогени во секое вдишување, иако до одредена сте заштитени од антиканцерогеното дејство на канабиноидите. 


На тутунот не му се припишуваат никакви антиканцерогени својства, а исто така медицината потврдува дека нема ниту една здравствена придобивка од пушењето цигари, за што сведочат и одвратните фотографии на кутиите. Наместо тоа, тутунот веќе долго време е силно поврзан со појавата и развојот на ракот. Додавањето мала количина канабис во вашата цигара го намалува вашиот вкупен внес на тутун, бидејќи делува како антидотум на штетното дејство од тутуновиот лист. На овој начин го заменувате познатиот канцероген со нешто значително поздраво и антиканцерогено.


Во Универзумот не постојат случајности, па по препорака на една наша пријателка од Ниш пробавме џоинт во кој измешавме прекрасен лековит цвет од канабис и чај од камилица (без тутун) и WOW!!! Бевме воодушевени и вчудоневиени! Не само што имаше поубав и помазен вкус, помалку гребеше на грло, мирисаше поубаво... Исто така, го почувствувавме и смирувачкото дејство на камилицата. Науката никаде не вели дека пушењето камилица е штетно, напротив. Кога одгледувате канабис, не заборавајте да ги исушите листовите и да си ги чувате токму за мешање (тие изобилуваат со ЦБД), доколку чистиот канабис ви е прејак, а мешавината со камилица не ви се допаѓа или сте противник на цигарите и едноставно не сакате да ги купувате и внесувате во вашето пресвето тело.


Канабисот е ЛЕК без разлика како се консумира!

Читај повеќе:

Дејството на канабисот зависи и од начинот на консумирање

Шерил Шуман од „Мајки за марихуана“ го менува светот - џоинт во секое време

Мајките и марихуаната: 7 познати личности отворено зборуваат за пушењето марихуана како родител

Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!

Како да исушиш мокра марихуана? Неколку интересни совети

Нова научна студија вели дека пушењето канабис од страна на идните мајки е сосем во ред!

Зошто луѓето треба да престанат да ја споредуваат марихуаната со алкохолот и цигарите?


Автор: MoniQue Konopova
Извор: HERB