Showing posts with label вапоризирање. Show all posts
Showing posts with label вапоризирање. Show all posts

Monday, February 11, 2019

Оваа паметна електронска цигара за канабис ги помни вашите отпечатоци од прсти и комуницира со вашиот лекар

Благодарение на напредната технологија, но и на растечкиот интерес од страна на пациентите кои користат канабис, уредите за испарување преземаат карактеристики на паметните телефони и користат апликации за оптимизирање на искуството. Дознајте повеќе за најновата генерација префинети „смарт“ испарувачи, т.е. вепорајзери за канабис што неодамна се појавија на пазарот


Овие елегантни електронски цигари се наменети за новата софистицирана и елитна генерација на корисници на канабис, корисници кои не преферираат виткање на канабисот во форма на џоинт или пак, полнење луленца или бонгови. Да им појаснам на неупатените, испарувачите функционираат со загревање на цветот од канабис или конценртатот (екстрактот) до точка каде што активираните канабиноиди можат да се вдишат во форма на пареа. Повеќето корисници го сметаат овој начин, многу помалку груб за нивните бели дробови, отколку чадот од канабис вдишан од  запален џоинт. Предизвикот за производителите на вепорајзери е намалувањето на големината на висококвалитетните елементи за загревање, но од друга страна поголема издржливост на батеријата. Сега испарувачите ги преземаат функциите на паметни телефони и користат апликации за оптимизирање на искуството. Lifespot Health Ltd. австралиска медицинска компанија за дијагностицирање и мониторинг, неодамна објави Bluetooth-поврзан испарувач на канабис, кој се отклучува со отпечатокот од прст на сопственикот, ја прилагодува јачината на дозата на екранот и ги споделува податоците со медицинските професионалци во реално време за постојан надзор на здравствената состојба на пациентот.


Не мислам дека некој има целосно интегриран систем како нашиот“ - изјави неизвршниот претседател на Lifespot Health, Родни Хенингтон (Rodney Hannington), за Yahoo Finance Канада. „Како што корисникот вапоризира, тие можат да ја погодат целта на нивната болка и можеме да следиме колку тие вдишуваат и дали нивната болка е олеснета или не“ - додава тој. Lifespot Health ја поврза својата BodyTel технологија за следење на пациентот со на пакет на целосна медицинска опрема започнувајќи од сензори за срце, па сè до монитори за шеќер во крвта. Компанијата соработува со германскиот производител на испарувачи од септември минатата година, наречена Seng-Vital, која произведува Canamed bluetooth vaping системи. Хенингтон изјави дека медицинскиот уред Cannamed ќе се продава преку медицински клиники за околу 200 американски долари, плус надоместоци за апликацијата, т.е. услугите за обработка на податоците. Lifespot Health, исто така, во моментов работи со две други компании во Канада и САД за брендирање и продавање на рекреативни верзии на испарувачите со цена од 100 до 150 долари.


Облаци од испарените податоци

Дозволувајќи лекарите активно да ги следат навиките за употреба на канабис кај пациентите со помош на овие уреди, а дури и да го исклучат уредот од далечина ако сметаат дека е злоупотребен, звучи навистина напредно. Хенингтон инсистира на тоа дека блиската комуникација е оправдана, со оглед на недостатокот на ригорозни клинички испитувања на различните медицински канабис апликации, па со помош на овие уреди медицинската јавност ќе има попрегелден увид во тоа како канабисот навистина делува. Сепак, приватноста е голема загриженост, со оглед на тоа што медицинскиот и рекреативниот канабис останува нелегален во многу делови од светот. Хенингтон уверува дека Lifespot Health ги обработува своите медицински податоци на начин „компатибилен со пациентите“. Откако ќе се постигне доволен број на корисници, податоците би можеле да обезбедат вреден увид во трендовите на консумирање и ублажување на болката, рече тој. Многу теоратичари веруваат дека вапоризирањето ќе стане најпосакуван начин за консумирање медицински канабис. Во октомври минатата година , Aurora Cannabis Inc. го откри Aurora Cloud, првата линија на ЦБД масла за вапоризирање компатибилна со Health Canada, од лиценциран производител. Извршниот директор Тери Бут (Terry Booth) рече дека новиот производ ѝ се обраќа на неисполнета потреба на пазарот.


Одредете го вашиот „хај“

Голем број неискусни корисници ќе ја тестираат нивната толеранција за канабис за првпат, како што сè повеќе правни системи ја либерализираат политиката за медицинска и рекреативна употреба на канабисот. Способноста за постојано одбирање на вистинската доза е клучна карактеристика на Lifespot Health и други производители, како што е Gofire Inc. со седиште во Денвер, вградена во нивните уреди. Одредувањето на правилното поставување на уредот во секое време може да значи разлика помеѓу нежниот „ХАЈ“ (надуваност/напушеност) и неколку часовното стонирање на вашиот кауч. Токму затоа придобивките од активирање на овој вапорајзер со отпечатоци се очигледни... Иако канабисот е безбеден лек без несакани токсични и смртни последици, со помош на персонализацијата на овој уред, децата и „пријателите“ не можат да ви го „украдат“ лекот, затоа што не можат да го вдишат она што не можат да го отклучат. Lifespot Health, исто така, ја разгледува можноста за развивање на геолокациските функционалности кои би можеле да ги спречат корисниците да го користат во одредени области. Функцијата со потсетник за повторно полнење е следна идеја на компанијата. „Ние можеме да го следиме обемот на корисникот“ - рече Хенингтон. „Потоа на нивниот паметен телефон можеме да им речеме: ‚Ќе ти снема за неколку дена. Дали сакате да нарачате повеќе канабис?‘“ - заклучува тој.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Yahoo Finance

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

За оваа мајка со тежок облик на егзема канабисовото масло е незаменливо ЧУДО!

Медицинската марихуана лекува и спречува пневмонија и други респираторни инфекции

Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!

Thursday, January 24, 2019

Велосипедист извозе 19.000 милји вапоризирајќи канабис!

Роџер Бојд (Roger Boyd) од Велика Британија возел велосипед низ Европа, Нов Зеланд, Непал, Индија и Австралија, запирајќи на секои 20 минути за да вапоризира, за да го разбие митот дека корисниците се мрзливи! „Нема граници за моите дневни количества - на трева или на далечина“ - истакна тој


Бојд за време на пауза :)
Роџер Бојд кој ја води страницата на фејсбук за поддршка на легализацијата на канабисот наречена Healthy Stoner, сака да се надува и да го вози својот велосипед. Толку многу што овој Англичанец ги помина последните три години возејќи над 19.000 милји преку гранични линии и континентални поделби, воедно конзумирајќи канабис на секое запирање. Според Bristol Post, Бојд ја започнал својата Tour De Dank во 2015 година, откако се префрлил од пушењето трева на користење пренослив вапоризатор (испарувач). Со новооткриената моќ на белите дробови, Бојд тргна да го побие митот дека корисниците на канабис се мрзливи, документирајќи ги неговите авантури во велосипедот и канабисот на својот блог Healthy-Stoner.com. Досега, Бојд возел низ Европа, Австралија, Нов Зеланд и Индија, за време на дожд, лапавица и снег, низ автопати и над планините.


Велосипедот на Бојд
Возејќи повеќе од 100 милји секој ден, Ленс Армстронг (Lance Armstrong) рече дека Бојд застанувал на секои 20 милји за да вапоризира, овозможувајќи му да остане надуван за време на целото патување. „Отсекогаш сум сакал да излезам со мојот велосипед и да вежбам додека сум надуван“ - изјави Бојд за Бристол Пост. „Идејата за мојот велосипедски маратон низ светот се појави една ноќ, но немаше многу на интернет за вежбање и вапоризирање. Постои негативна перцепција за луѓето кои користат канабис, во споредба со оние кои користат алкохол. Но, алкохолот е многу поштетен - таму има нерамнотежа. Совршено сум луциден и безбеден кога се возам, а [марихуаната] ми помага да ги јадам милјите“.


По патот, Бојд рече дека наишол на безброј други стонери - на различни места како Сибир и Непал - кои му се придружиле на импровизираните пушачки сесии. И со својот сакан велосипед („Тој е толку силен и има рогови, па го нареков Rhino [носорог]“ - вели Бојд) покрај себе, Boyd нема планови за забавување на темпото во скоро време. Отфрлен од турнеја на Блискиот Исток поради нивните сурови закони за канабис, Бојд веќе го планира својот следен индика ајронмен. Меѓутоа, овој пат, сепак, сака да ги искористи зелените брзини на Северна Америка и планира да се повлече на панамерикански патеки низ САД и Канада, па вели дека тоа ќе потрае некаде од 18-20 месеци. За претстојната авантура, британскиот опсесивен велосипедист и канабис ентузијаст ќе побара спонзори за поголема промоција на неговата иницијатива. Сепак, со или без финансирање, Бојд ќе продолжи да вози и ќе продолжи да пафка!


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Marryjane

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Sunday, July 8, 2018

Кои се најдобрите билки за мешање со канабис како здрава алтернатива на тутунот?

Разгледавме уште неколку други здрави билки кои можете да ги додадете во лековитата мешавина за пушење или вапоризирање за подобрен вкус, помазен чад, а истовремено можете на тој начин да си помогнете доколку страдате од одредени дијагнози и здравствени состојби. Еве некои други билки коишто се ароматични, корисни и здрави за да се помешаат со цвет од канабис!


Марихуанила
Вапоризирањето - (vaping) се здоби со репутација дека е најздравиот и најчистиот начин на консумирање канабис и останати билки по пат на инхалација без да се вдишуваат сите нездрави канцерогени од чадот за време на пушењето. Веќе зборувавме за тоа дека канабисот може да се меша во џоинт со камилица наместо тутун или пак, со лаванда или нане - особено добро за прочистување на дишните патишта кај астматичари и хронични пушачи на цигари. Луѓето ги вапоризираат сите видови растенија поединечно, но многумина не знаат дека многу од вообичаените билки може да се поврзат со канабисот за подобрен и полековит ефект. Билките како: кратом, лаванда и дамиана не само што можат да го подобрат вкусот на канабисот, особено ако имате понеквалитетна трева, како и за да обезбедите дополнителни придобивки. 


Сите овие билки имаат пријатни ефекти кога се вапоризираат или пушат сами, па природно, искуството се интензивира кога се меша со марихуана. Според д-р Иан Мичел (Ian Mitchell), лекар и клинички асистент-професор на Универзитетот во Британска Колумбија во Ванкувер, канабисот обично се вапоризира на температура од 175 - 200 °C. Оваа температура може и пожелно е да се прилагоди кога канабисот е комбиниран со други билки. Најдобро е да се најде средна основна температура којашто би била најоптимална за секоја од нив. Доколку консумирате органски одгледан и соодветно исушен и соодветно чуван канабис, нема причина за никаква грижа. Сепак, мораме да предупредиме дека пожелно е да консултирате билкар или натуропатски специјалист, пред да експериментирате со големи количини од некои од останативе билки самостојно или во комбинација со најбезбедната билка на светов - коноп.


Кратом
1. КРАТОМ

Кратом (Kratom - Mitragyna speciosa) е тропско зимзелено дрво од Југоисточна Азија. Кратомот е една од најпопуларните билки кои може да се пушат и вапоризираат заедно со канабисот. Кратомот се користи со векови, но само неодамна стана повеќе мејнстрим во западниот свет. Сам по себе, кратомот предизвикува лесен хај кај некои корисници, но многу помал од оној што ќе се почувствува после пушењето канабис. Сепак, мешањето на двете билки би можело да отвори нов свет на духовна поврзаност и психоделични вибрации. Повеќето корисници кои се обиделе да ги комбинираат, добиваат состојба при која кратомот помага значително да ги подобри ефектите на канабисот. Идеалната температура за вапоризација на кратомот е 175 - 200 °C, што е во согласност со најдобрата температура за канабис. Се разбира, чувството ќе варира од човек до човек. Сепак, познат факт е дека кратомот и канабисот имаат слични медицински придобивки. Канабисот секогаш ќе биде супериорен во однос на кратомот и другите билки на речиси секој начин (не само поради тоа што содржи незаменлива палета од активни состојки канабиноиди, терпени и флавоноиди), сепак многумина кои не можат да пушат трева заради која било причина, користат кратом како замена. Здравствените придобивки, исто така, може да се зголемат кога кратомот се консумира заедно со марихуаната:

- Намалување на болката;
- Мускулна релаксација;
- Ослободување од стрес;
- Олеснување на анксиозноста;
- Чувства на еуфорија;
- Способност за спиење.


Кантарион
2. КАНТАРИОН

Кантарионот (St. John's Wort - Hypericum) е дел од семејството Hypericaceae кое првично се појавило во делови од Азија и Европа. Во моментов, се шири низ целиот свет и расте во многу различни региони во дивината. Оваа билка функционира како многу лесен инхибитор на моноамино оксидаза (mild monoamine oxidase inhibitor - MAOI). Ова е нежна и лесна билка, всушност и со толку малку несакани ефекти, често се препишува како стабилизатор на расположение за деца. Се знае дека МАОИ ги намалува потребните нивоа за дозирање за други најчесто фармацевтски лекови за да делуваат во вашиот систем најсоодветно. Но, кои се сличностите со канабисот? И канабисот и кантарионот се многу ефективни антидепресивни и анти-анксиозни лекови. Кога се поврзуваат, пациентите чувствуваат речиси непосредно олеснување кое трае со часови. За легалниот кантарион е познато дека ги влошува симптомите на ADD и ADHD, но докажано е дека нелегалниот канабис помага да се подобрат симптомите кај овие нарушувања. Кантарионот треба да биде вапоризиран на ниски температури, околу 100 - 150 °C. Најдобро е да се вапоризира канабисот прво на 175 - 200 °C, проследено со кантарион. Ако сакате истовремено да ги вапоризирате тогаш страницата Zamnesia препорачува средна температура од 160 - 175 °C.



Пасифлора
3. MARIHUANILLA СО PASSIONFLOWER

Една суптилна мешавина на марихуанила (Leonurus Sibiricus), пасифлора (Passiflora - Passion Flower) и канабис е уште еден микс кој неодамна стана доста популарен. Тие имаат мазен и сладок вкус, но не го влошуваат вкусот на канабисот, а хајот се разликува од користењето на конопот самостојно. Ефектот корисниците го опишуваат како зголемена енергија. Има смисла имајќи предвид дека честопати пасифлората се користи со други природни психоделици за истите да се зајакнат и да се продолжат нивните ефекти. Некои луѓе избираат да ја исклучат пасифлората и да ја користат само марихуанилата во мешавина од канабис како замена за тутун. Преферираната температура за да се вапоризира пасифлора е 150 - 160 °C, а за марихуанила е 150 - 175 °C.


Кана



4. КАНА

Каната (Kanna - Sceletium tortuosum) е растение со мали, бели цветови, а потекнува од Африка. Нема многу забележани медицински придобивки за каната, а се користи за анксиозно олеснување, но психоделичните ефекти се добро документирани. Комбинирањето на каната со канабисот може да даде возбудливо надреално чувство, но користењето на премногу кана може да доведе до некои живописни халуцинации и гадење. Мешавината на канабис и кана треба да се вапоризира на температура од 185 - 190 °C за да се почувствуваат полните ефекти од двете билки.


Дамиана




5. ДАМИАНА

Дамианата (Damiana - Turnera diffusa) е грмушка со прилично жолти цветови кои потекнуваат од Јужен Тексас, Мексико и Јужна Америка. Оваа билка главно се користи како стимулант, но исто така е познато дека е моќен афродизијак, кој може да биде добра или лоша работа во зависност од ситуацијата. Оваа легална билка со ефекти слични на оние на канабисот, често се користи како замена или надополнување на прекрасните зелени цветови од канабисот. Вкусот добро се меша со марихуаната и ги подобрува релаксирачките и еуфоричните чувства кои се чувствуваат кога се консумираат. Имајте на ум дека вкусот може да се задржи некое извесно време по употребата. Некои канабис ентузијасти го обожуваат само вкусот на канабисот, па затоа може да го вапоризираат прво канабисот или да користат одделни уреди за секоја билка. Оптималната температура за дамианата, сама или заедно со канабисот е 175 - 200 °C.


Ашваганда
6. АШВАГАНДА

Ашваганда (Ashwagandha - Withania somnifera) е адаптогеничен корен. Адаптоген е медицинска билка која му помага на вашето тело да реагира на стрес. Овој корен се користи во индиската ајурведска медицина и од неодамна расте полупарноста на ова растение и на Запад. Некои студии покажаа дека ашвагандата има анти-анксиозни и антидепресивни својства. Оваа билка е научно докажана спротивност на анти-анксиозните конвенционални лекови лоразепам (Ativan) и антидепресивот имипрамин (Tofranil) кај испитувањата на животни. Истражувањата покажаа дека Ashwagandha има анти-анксиозни и антидепресивни ефекти кои се споредливи со двата лека. Ова ги наведе авторите на студијата да заклучат дека Ашваганда има природен потенцијал како стабилизатор на расположението. Традиционално, билката се користи за борба против замор, недостаток на енергија и тешкотии со концентрацијата, затоа мешањето со канабисот ги помага ефектите на двете билки.


Рузмарин
7. РУЗМАРИН

Рузмаринот (Rosemary - Rosmarinus officinalis), канабисот и црниот бибер - сите содржат терпен наречен бета-кариофилен (beta-caryophyllene - BCP). Неодамнешните истражувања покажаа дека овој терпен се поврзува со канабиноидните рецептори. Поточно BCP се врзува за клеточниот рецептор наречен канабиноиден рецептор 2 (CB2). Овој клеточен рецептор помага во регулирањето на имунолошката функција и воспалението. Постојат и докази дека граничниот премин може да ги ублажи симптомите на депресија и анксиозност. Кога се комбинира со ЦБД, бета-кариофиленот може дури и да помогне во лекувањето зависност. Значи, додавањето на многу рузмарин и црн пипер во мешавината за пушење е одличен начин за засилување на терапевтските ефекти на сите три од овие билки.


Свети бозел
8. СВЕТИ БОЗЕЛ

Оваа билка (Holy Basil - Ocimum tenuiflorum) се нарекува и Тулси (Tulsi). Светиот бозел е уште еден убиец на стресот. Исто така, се смета дека е добар за акните. Можете да направите едноставен екстракт од оваа билка во вид на масло, слично како маслото од канабис. Ова може да се примени локално како третман за акни, што го надополнува ефектот што канабисот го има врз лекувањето на кожата и спречувањето на кожните состојби и проблеми, како мозолчињата. Ако сте повеќе заинтересирани за анти-анксиозните и анти-стресните својства на билкава, треба да знаете дека ова е уште едно растение со корени во индиската ајурведска медицина (Ayurvedic medicine). За светиот бозел е откриено дека ги намалува нивоата на кортизол (стрес хормон) кај животинските модели. Оваа билка, исто така, има потенцијал како антидијабетски природен лек.


Црн кохош
9. ЦРН КОХОШ

Оваа билка (Black cohosh - Actaea racemosa) се препорачува за дамите во менопауза. Канабисот има потенцијал во олеснување на промени во расположението и брановите на топлина за време на менопаузата, а истото важи и за црниот кохош. За оваа билка е познато дека промовира рамнотежа во ендокриниот систем, кој ги регулира хормоните. Таа содржи фитоестроген, за кој се смета дека природно заменува дел од она што е изгубено за време на менопаузалниот период. Најчесто се користи како екстракт, кој можете да го консумирате орално. Канабисот, од друга страна, го подобрува ендоканабиноидниот систем, кој делумно е регулиран со естроген. Значи, земањето на двете билки заедно може да помогне да го направите вашето секојдневно расположение малку повесело и посмирено.


Ехинацеа
10. ЕХИНАЦЕА

Ехинацеата (Echinacea - Coneflower) содржи соединенија кои се слични на CBD кај некои функции. Овие соединенија се нарекуваат N-acylethanolamines (NAEs) и тие комуницираат со ензимот кој ги разложува ендоканабиноидите во телото (природниот канабис на телото, т.е. канабиноидите од човечка природа, наспроти фитоканабиноидите од растението канабис). Ова го подобрува ендоканабиноидниот тон. Одредени N-ацилетаноламини во ехинацеата, исто така, го вклучуваат CB2 рецепторот. Ова се канабимиметички соединенија. Значи дека овие соединенија делуваат како канабиноиди и го ангажираат ендоканабиноидниот систем, па ајде што не ја забраните и ехинацеата?!? Ехинацеата често се користи за обична настинка. Се смета дека ја зголемува имунолошката функција, го намалува воспалението и делува како антиоксиданс. Билката може да има и ефекти на ослободување од болка. Постојат некои прилично моќни соединенија во ова растение. Тие можат да ви помогнат да се релаксирате, да ја намалите болката и воспалението и да го зајакнете имунолошкиот систем за да ја намалите инфекцијата.


Иако е најдобро да разговарате со експерти од алтернативната медицина пред да консумирате преголеми количества лековити билки, инкорпорирањето на повеќе растенија, зеленчуци и овошја во вашиот живот е сигурен начин за промовирање на добро здравје на долг рок. Дали сте користеле некоја од овие билки во комбинација со канабис или самостојно и какви се вашите искуства? Што сте успејале да излечите со нивната употреба? Споделете со нас!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Автор и Уредник, Претседателна здружението 420 Македонија
Моника Ристеска - MoniQue Konopova
Извори: Zamnesia, HERB