На нашиов блог веќе доста зборувавме за терпените, за нивните основни и останати својства, нивното биомедицинско значење, зборувавме за тоа кои се примарни, а кои секундарни терпени... Сега сакаме малку да се потсетиме за некои од нив, затоа што повторувањето е мајка на знаењето, но и да го дополниме она што сме го пропуштиле и секако да кажеме уште нешто за останатите не толку популарни терпени, затоа што човекот учи додека е жив! :)
Терпенско тркало |
* ЛИМОНЕНОТ (Limonene) е втор најзастапен терапен во сите видови на канабис, но не сите видови мора да го имаат. Како што вели неговото име, лимоненот дава мирисни ноти од цитрус кој личи на лимони, што не е изненадување бидејќи сите агруми содржат големи количини на ова соединение. Лимоненот се користи во козметиката и во производите за чистење. За терапевтски цели, познато е дека лимоненот го подобрува расположението и го намалува стресот. Истражувачите исто така откриле дека има антифунгални и антибактериски својства, а едно истражување дури покажало дека има улога во намалувањето на големината на туморите. Лимоненот има цитрусна арома која се наоѓа во кората на овошјето, рузмаринот, смреката и пеперминтот. Лимонен е познат по своите ефекти за појачување на хајот и помага да се подигне расположението и да се намали стресот. Затоа, се верува дека е од корист за анксиозност и депресија, како и кај воспалението, болката и лекувањето рак. Високо ниво на лимонен може да се најде во следниве врсти: O.G. Kush, Sour Diesel, Super Lemon Haze, Durban Poison, Jack Herer и Jack the Ripper, потоа Super Lemon Haze, Sour Diesel и Strawberry Banana.
* ТЕРПИНЕОЛ (Terpineol) - Аромата на терпинеолот најдобро може да се опише како цветна, потсетувајќи на јорговaните и виолетовите цвеќиња, цветот на јаболко и малку цитрус. Терпинеол има вкус како анасон и нане. Терпинеолот има пријатен мирис, сличен на јоргованот и е честа состојка во парфемите, козметика и засилувачите на вкус. Оваа состојка релаксира во голема мера и обично е одговорна за поттикнување на опуштениот седативен ефект. Медицинските придобивки од терпинеолот, исто така вклучуваат антибиотични и антиоксидативни својства. Може да се најде во следниве врсти: Girl Scout Cookies, Jack Herer и OG Kush.
* АЛФА ПИНЕНЕ и БЕТА ПИНЕНЕ (Alpha-pinene и Beta-pinene) - овие два терпена мирисаат на борови дрвја, а тоа се растенијата каде што може да се најдат во големи количини. Токму затоа мирисот на шума потсетува на голема количина канабис :) Други растенија богати со пинен вклучуваат рузмарин, кора од портокал, босилек, магдонос и канабис. Како и многу други, пинените терпени имаат антиинфламаторно дејство врз луѓето. Но, уште поважно, тие помагаат да се подобрат протокот на воздух и респираторните функции, го олеснува дишењето истовремено помагајќи да се намали загубата на моментална краткотрајна меморија поврзана со ефектот на THC. Aко видот на канабис е богат со алфа и бета пинен, тој всушност може да помогне при астма. Пиненот, исто така, им помага на пациентите со артритис, Кронова болест и рак. Можете да најдете pinene во врстите како: Jack Herer, Strawberry Cough, Blue Dream, Island Sweet Skunk, Dutch Treat и Romulan.
Зошто канабисот мириса баш така? |
* АЛФА БИСАБОЛОЛ (Alpha-bisabolol - levomenol) има пријатни цветни ароми, а исто така може да се најде и кај цвеќињата од камилица и кај кандеја дрвото. Овој терпен се користи првенствено во козметичката индустрија, но во последно време го привлече вниманието на истражувачите, бидејќи покажал медицински придобивки за третирање на многу болести со помош на канабис терапија. Алфа-бисабололот се покажа како ефикасен во лекувањето на бактериски инфекции и рани и е одличен антиоксидант со анти-иритивни и аналгетски својства. Го има во изобилство во врстите како: Harle-Tsu, Pink Kush, Headband, OG Shark и
ACDC.
* МИРЦЕН (Myrcene) еден од основните терпени во канабисот, има мукусен мирис и е присутен и во мангото, лимонска трева, мајчина душица и хмељот. Мирценот е познат како релаксатор, бидејќи продуцира седативен ефект. Овој ултра-релаксирачки ефект го прави мирценот одличен за депресија, несоница и анксиозност, но исто така има и терапевтска вредност кај болката и воспалението и има антисептички, антибактериски и антифунгални својства. Освен тоа, овој канабис терпен ја има способноста да ја подобри психоактивноста на ТХЦ и се наоѓа во врстите како: Granddaddy Purple, Northern Lights и Trainwreck.
* БЕТА КАРИОФИЛЕН (B-caryophyllene) се карактеризира со својата зачинета, арома на пиперки. Очигледно е пронајден во црниот пипер, но исто така е присутен во лукот и циметот. Овој терпен има различни потенцијални медицински вредности, вклучувајќи помош при болка, анксиозност, депресија, чиреви, воспаленија, мускулни грчеви и несоница. Б-кариофиленот има ефекти на ослободување од стрес и може да помогне во лекувањето на зависностите. Го има во следните видови: GG4 (aka Gorilla Glue ), White Widow и Chemdawg.
* ЛИНАЛОЛ (Linalool) е познат по својот цветен мирис на лаванда. Цветот на лавандата се знае дека е релаксирачки поради терпенот линалол, кој има смирувачки, ефекти кои го подобруваат расположението, па затоа се користи за анксиозност, депресија и несоница. Линалолот, исто така, може да се користи за воспаление, невродегенерација и конвулзии. Овој терпен во изобилство се наоѓа во: Headband и Kosher Kush.
* ХУМУЛЕН (Humulene) има земјена арома која е честа појава во хмељот, растението (цилантро) cilantro и босилек. Има анти-воспалителни особини кои можат да помогнат во олеснување на болката. Тоj е, исто така, познат потиснувач на апетитот. Хулуленот се наоѓа во видовите: Death Star, Sour Diesel и Headband.
* ОЦИМЕН (Ocimene) мириса на билен чај и се наоѓа во нането, магдоносот, биберот, босилекот и орхидеите. Овој канабис терпен има антивирусни, антифунгални, антисептични и антибактериски својства. Плус, може да има медицинска вредност како декондестант. Оцименот може да се најде во: Durban Poison и Sensi Star.
* ТЕРПИНОЛЕН (Terpinolene) исто така, има борова арома, но мириса повеќе на цветни и билни ароми, за разлика од алфа пиненот. Терпиноленот може да се најде кај зимзелените дрва, како и јаболката, кимот и морското оревче. Тој има седативни ефекти и тони на потенцијална медицинска вредност, вклучувајќи и антиоксидантни, антибактериски и антифунгални својства. Терпиноленот најчесто се среќава во канабис врстите: Agent Orange и Dutch Treat.
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
Автор: Кристина Т.
Извори: Cannacon.org, HERB
No comments:
Post a Comment