Saturday, June 30, 2018

Воведна лекција за трихоми и нивните основни својства

Што се тоа трихоми? Што во врска со нивната содржина? Што во врска со нивната улога? Како и сите делови од канабисовото растение, така и трихомите, сами по себе се посебни на свој начин, специфични за нешто и величествени!


Кога ќе ги погледнете цветовите на марихуаната, ќе забележите дека постојат мали кристално блескави топченца по површината во кои се соджи лекот. Читајќи литература за канабисот многу често го среќаваме поимот трихоми и единственото нешто што во кој и да е контекст е напишано за нив е кратка дефиниција дека претставуваат жлезди преполни со смола од активните состојки, во вид на микроструктури кои ги има во голем број околу пупките од цветот, но и на листовите. Ќе откријам една тајна за нив - имено токму овие магични топчести жлездички се показател дали канабисовите цветови се подготвени за берба, доколку од бели се претворат во килибарно-кафени.


Значи, трихомите се оние малечки и кристални влакненца кои ги покриваат туфките и со себе го носат најдобриот дел од лековитите состојки, а тоа се канабиноидите, терпените и флавоноидите. Имено, хашишот се прави токму од овие малечки кристални влакненца поради тоа што тие ја содржат скоро целата смола на растението, што го прави и доста леплив вид на екстракт! Значи, најимпактантната карактеристика на трихомите е нивната способност да ги создаваат канабиноидите и терпените, иако долго време научниците мислеле дека ТХЦ со останатите канабиноиди се создаваат во зелените ткива на растението и се транспортираат до трихомите за време на цветањето. Но, не е така!



Сите делови од канабисовото растение имаат барем малку ТХЦ во него,  додека туфките имаат 25-30% ТХЦ од сувата маса, поради тоа што сите делови од туфката се прекриени со трихоми, од внатрешното стебло, па се до околните ливчиња. Ова е сè што ќе кажеме за трихомите засега... За домашно, разгледајте ги трихомите на вашите канабисови цветчиња и направете добри фотки и испратете ни ги за да ги објавиме на ФБ страницата, до наредниот текст – продолжение на овој серијал за трихоми. Да ѝ оддадеме симболичен гест на почит и поклон кон оваа Универзумска карактеристика на растението Канабис, моќта да ја создава материјата која претставува лек и ресетирање за духот, умот и телото, посебно во овој период од колективната човечка свесност! Најавувам дека наредниот текст ќе зборува повеќе за морфологијата, физиологијата и разни останати карактеристики на трихомите.





Извор: Leafly, HERB

No comments:

Post a Comment