Tuesday, July 3, 2018

Различни видови на трихоми од канабис и нивните секундарни својства

Канабис ентузијастите ги сакаат лепливите кристали на нивните цветови, но многу малку ја знаат вистинската моќ на трихомите... Слојот врз канабисот што наликува на снежна кристална покривка, познат како трихоми, служи за многу цели, вклучувајќи зачувување на растенијата од прекумерна сончева светлина и предатори, а исто така и за производство на активните состојки канабиноиди кои се одговорни за медицинско-рекреативното дејство


Има ли нешто поубаво? ^_^
Видови на трихоми

Трихомите (малите светкави лепливи топченца), секако, не се единствени ботанички формации присутни исклучиво на растението канабис, туку се јавуваат и кај други растенија и тие можат да опслужуваат различни функции во зависност од растението. Некои месојадни растенија дури и користат трихоми за да го фатат својот плен. Трихомите од канабис се широко категоризирани во две категории: жлездени (glandular - гландуларни) и не-жлездени (non-glandular) - негландуларни, заедно со повеќе под-категории за секоја од нив. Не-жлездените трихоми се одговорни за заштита на билката канабис. Тие служат за различни функции, вклучувајќи ги и чувањето од штетните животни и инсекти, истовремено спречувајќи мувла и габи да се формираат и размножуваат на растението канабис и помагајќи ѝ на билката да ја задржи својата влага. По структура овие трихоми можат да бидат едноклеточни или повеќеклеточни


Погледни ја билката со лупа! Воодушеви се!
Овие трихоми се наоѓаат на лисјата на растенијата, на краевите и на стеблата и до одреден степен на самите цвеќиња. Не-жлездените трихоми делуваат како одбранбен штит од интензивни УВ зраци кои би можеле да бидат штетни за една билка, помагајќи да се одржи растението канабис здраво и енергично дури и во сув летен ден. Не-жлездените едноклеточни трихоми се првите кои се развиваат во билката канабис. Овие мали влакна им помагаат на билките да ја задржат влагата на исклучително топли температури. Исто така, откриени рано во развојот на растението се кристолитските трихоми (chrystolithic trichomes - влакненцата), кои се малку поголеми од едноклеточните трихоми. На листовите се наоѓаат кристолитски трихоми и се верува дека ги спречуваат разните видови на предатори.


Едуцирај се!
Жлездените трихоми произведуваат и складираат смола и се извор на терпенскиот профил на растението и неговата содржина на канабиноиди како THC, CBD и др. Тие се наоѓаат во изобилство на здравите женски растенија од канабисот: оние што ги пушиме, вапоризираме, јадеме или користиме ректално или топично со мачкање - за да уживаме во лекувањето со марихуана. За разлика од нивните не-глодуларни колеги, жлездените трихоми се секогаш повеќеклеточни. Постојат три под-категории на жлездените трихоми. Capitate-stalked трихомите се најважни за нашето искуство со канабисот, бидејќи тие носат најмногу канабиноиди, терпени и други есенцијални масла. Тие, исто така, произведуваат канабиноиди, но во многу помала мера од capitate-stalked трихомите. Bulbous трихомите се мали и практично невидливи за голо око и тие не се извор на канабиноиди и терпени.



Постојат повеќе варијанти на трихоми...
Бои на трихомите

Трихомите созреваат за време на различните фази на растечкиот циклус на канабисот и нивната боја е еден од основните показатели за тоа кога е време за жетва на растението. Во почеток за време на фазите на раст, трихомите се проѕирни. Кога се претвораат во облачна или млечна нијанса, ова ја сигнализира кулминацијата на канабиноидната продукција. Додека трихомите почнуваат да се свртуваат кон килибарна нијанса, ова сигнализира дека е време да се оберат цветовите. Се препорачува брзо да се соберат за сушење, откако забележливо количество трихоми се претворува во килибарно-кафена боја, бидејќи предолгото чекање всушност може да предизвика квалитетот на трихомите да се деградира значително. Тоа може да резултира со помалку од оптимална жетва. Едноставно, вашите цветови ќе бидат во најпотентниот момент, кога сите трихоми се млечни и помалку од 10% штотуку почнале да добиваат килибарна нијанса.



Одржување на цветовите хидрирани

Сушената билка може да биде проблематична бидејќи трихомите не можат да продолжат да ги чуваат канабиноидите и терперните коишто се одговорни за медицинското чувство и неодолив вкус и мирис. И покрај тоа што е од клучно значење за една билка да има здрава обвивка од трихоми за време на нејзиниот развој за заштита, исто така е многу корисно да се одржи навлажнувањето на канабисот дури и откако е подготвен за да се пуши, така што топлината, светлината и кислородот не ги деградираат трихомите и што би го направил цветот помалку потентен. Поради оваа причина, во последно време потрошувачите на канабис се свртуваат кон регулаторите на влажност, за да ја сочуваат свежината на нивната билка долго по бербата, без да мораат да прават екстракти и тинктури од сувиот материјал пред да започне да ја губи својата јачина.


Топчести и влакнести трихоми
Integra Boost е еден пример за регулатор на влажност што може да се стави во тегла со сув цвет за да се задржи одредената влажност и да се спречи формирањето мувла на туфките. Овие мали паковки, исто така, обезбедуваат мазен чад, за разлика од грубоста на земање на голем здив кој гребе на грло од некоја сува билка која седи во тегла со недели или месеци. Integra Boost ги задржува терпените да не ја изгубат својата острина, што резултира со вкусен чад, сличен на чадот од штотуку обран и исушен цвет. Пакетите на Integra Boost обично се продаваат по околу 4 долари од парче, добро вреди да се зачува свежината на вашата омилена врста.



Собери го магичниот нежен прав и заштити го од влага!
Киф

Многу љубители на канабисот ги извлекуваат кристалните трихоми од цветовите на канабисот, со цел да произведат киф, прашокот што доаѓа од сува неактивирана смола. Кифот содржи висока концентрација на терпени и канабиноиди. Во суштина, пушиш прашок направен од трихоми без да го вдишеш остатокот од растението, што го засилува вкусот и медицинските квалитети на марихуаната. Овој сув вид на екстракт од канабис добиен по механички пат (на пр. со грендер во кој има мрежа) може да се добие преку механичко суво просејување познат на многу канабис ентузијасти. Овој кристален прав може директно да се вапоризира или подоцна може да се искористи на многу начини - на пример како зачин или најчесто со него се прска џоинтот за подобрен и помедицински ефект. Трихомите, исто така, може да се преработат во масло или восочен екстракт за дебинг или пресуван хашиш.


Читај повеќе:






Автор и Уредник, Претседател на здружението: MoniQue Konopova
Извор: Leafbuyer

No comments:

Post a Comment