Showing posts with label потенцијал. Show all posts
Showing posts with label потенцијал. Show all posts

Thursday, August 16, 2018

Терапевтско-медицинскиот потенцијал на 6 најпопуларни канабиноиди

Канабиноидите се разновидна класа на хемиски активни соединенија од различна природа: произведени во растенија како Канабис и некои други растенија - фитоканабиноиди, ендогени (ендоканабиноиди) како во човечкото и животинското мајчино млеко, но и вештачки создадени лабораториски синтетички канабиноиди, а кои може да се врзат за рецепторите од нашите вродени ендоканабиноидни системи и да нè излечат од многу болести кои настануваат поради ендоканабиноиден дефицит, но и да ја спречат нивната појава



Тие даваат позитивни физиолошки ефекти главно преку нивната способност да дејствуваат на рецепторите во човечкиот ендоканабиноиден систем (ECS), првенствено преку нивните интеракции со CB1 и CB2 рецепторите. Порталот Hempedification тврди дека до денес 113 канабиноиди се изолирани од билката канабис, од кои многу се поврзани со потенцијалните медицински добивки, почнувајќи од убивање на клетките на ракот, па сè до намалување на болката, стопирање на епилептични конвулзии, депресија и анксиозност. Канабисот содржи богатство на соединенија со потенцијални медицински придобивки, но мора да се истакне дека изолирани не се толку ефикасни, поради спречување на „ефектот на придружба“ (т.е. содејството, моментот кога сите активни состојки од канабисот меѓусебно си помагаат). Ајде да ги разгледаме медицинско-терапевтските намени на шест најпознати канабиноиди, кои го потврдуваат неверојатниот медицински потенцијал на растението Канабис:


1. ТХЦ-Тетрахидроканабинол (THC – Tetrahydrocannabinol) 

ФДА го одобри ТХЦ за третман на: анорексија кај пациенти со СИДА, гадење и повраќање кај пациенти со рак кои користат хемотерапија, мускулна спастичност кај мултиплекс склерозата (кога се комбинира со канабидиол). Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ТХЦ за третман на: мускулна спастичност по повреда на 'рбетниот столб, фибромијалгија, периферна невропатска болка, глауком, посттрауматско стресно нарушување (ПТСД). Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ТХЦ за третман на: повеќекратни карциноми, нарушувања на спиењето, зависност од опијати, депресија.


2. ЦБД - Канабидиол (CBD – Cannabidiol)

Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ЦБД за третман на: Епилепсија, Паркинсонова болест, болка, анксиозност, инфламаторно заболување на цревата (IBD), Кронова болест, шизофренија, мускулна спастичност кај мултиплекс склероза, глиобластома (кога се комбинирани со ТХЦ). Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ЦБД за лекување на: Алцхајмерова болест, Хантингтонова болест (Huntington’s disease), хипоксично-исхемична повреда, депресија, повеќекратни карциноми, гадење, воспалителни болести, ревматоиден артритис, бактериска инфекција отпорна на антибиотици, кардиоваскуларни заболувања, компликации поврзани со дијабетес.


3. ТХЦВ - Тетрахидроканабиварин (THCV – Tetrahydrocannabivarin)

Предклиничките докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на THCV за третман на: Дебелина, дијабетес тип 2, Алцхајмерова болест, остеопороза, Паркинсонова болест, епилепсија, анксиозност, ПТСН.


4. ЦБН - Канабинол (CBN – Cannabinol)

Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBN за третман на нарушувања на спиењето. Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBN за третман на: Бактериска инфекција отпорна на антибиотици, болка, алергиски заболувања на дишните патишта, Кронова болест, ревматоиден артритис, губење апетит, напади.


5. ЦБГ - Канабигерол (CBG – Cannabigerol)

Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBG за третман на: псоријаза и егзема. Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBG за третман на: глауком, невропатска болка, бактериска инфекција отпорна на антибиотици, воспалителни болести на цревата, Улцерозен колитис, Кронова болест, мултиплекс склероза, повеќекратни карциноми, автоимун енцефаломиелитис, губење апетит, анорексија и булимија.


6. ЦБЦ - Канабихромен (CBC – Cannabichromene)

Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ЦБЦ за лекување на: разни видови на рак, остеоартритис, воспаление (кога се комбинираат со ТХЦ), акни, депресија (кога се комбинираат со ТХЦ и ЦБД). Една студија во 1981 година покажа дека ЦБЦ беше вториот најистакнат канабиоид пронајден во канабисот.







Својствата на најпопуларните канабиноиди од конопот

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА:













Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Hempedification

Wednesday, January 17, 2018

Го креваме од пепел производството на коноп! Кратка ретроспектива од Хрватска

Го креваме од пепел производството на коноп, па свесни сме дека на земјоделците им требаат повеќе информации за производство на канабис! Затоа сакаме да се потсетиме за некои достигнувања во земјоделството на ова поле од соседството. Приносот од индустриски коноп во Хрватска во 2014 година изнесуваше 35 илјади куни од 1 ха, па да видиме што уште се случуваше таа година, што ќе ни помогне полесно конопот да го вратиме и на нашите полиња


ЃAКОВО - „Овозможуваме одгледување на канабис за индустриски цели“ - Владата најави на својот профил на ФБ, поднесувајќи Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за сузбивање на злоупотреба на дроги. Владата го менува истиот поради големиот интерес на фармерите, претприемачите и странските инвеститори кои велат: „Овозможете максимална употреба на индустриски канабис“ - бидејќи во нашата актуелна практика тој се користи само за исхрана на луѓето и животните, а остатокот од растението се фрла. Меѓу првите кои реагираа на промената на законот во корист на конопот е данскиот инвеститор кој планира да ја изгради првата фабрика за обработка на коноп во овој дел од Европа, а потоа и фабрика за машини и опрема за нејзино отстранување и преработка, во долината на Пожега.



Потребни на светскиот пазар

„Светскиот пазар е гладен за индустриски коноп“ - вели високиот дански инвеститор во Република Хрватска, Јан Лунд Ларсен. И споменатиот Предлог на Закон, Член 3, став 1 се менува и гласи: „Забрането е одгледување на растенија од кои може да се добијат лекови и производство, поседување и промет на лекови, растенија и делови од растенија од кои може да се добијат лекови и супстанции кои можат да се користат за производство на дрога, освен под одредени услови на законот во медицински, прехрамбени, индустриски, ветеринарски, здравствено-истраживачки и наставни цели“ Поборник на овој амандман појаснува: „Овој член ќе дозволи одгледување на коноп за индустриски цели (текстил, градежништво), за што стеблата на конопот ќе се користат за да се овозможи размножување на коноп и за индустриски цели“ Конечно! – извикуваат многумина за враќањето на конопот на полињата, бидејќи од него може да се произведе над 50.000 различнини производи и може да се примени во речиси секоја индустрија. 


Селаните заинтересирани

А, како теренот реагира на менувањето на законите поради индустрискиот канабис? Својата иднина во производството на конопот, заедно со другите традиционални култури, исто така ја гледа и Шандор Сабо од Каранка. „Размислувам повеќе за префрлување барем дел од производството кон такви култури... Со конопот би стартувал на мали површини“ – размислува Сабо. „Реакциите на законските измени се многу позитивни, сите очекувавме конечно да добиеме нешто профитабилно, а конопот е тоа. Според пресметките, приходите од коноп ќе бидат околу 35.000 куни од ха! Претставниците на данската компанија ја претставија својата инвестиција со коноп и сè повеќе охрабруваат. Интересот за коноп е апсолутен, бидејќи сите досегашни култури се потценети...“ - оптимист е Звонко Пипиќ од Југо Поље. 


Да го вратиме конопот на нашите полиња!
Нова шанса за поплавените

Земјоделците во поплавената област ја следат либерализацијата и легализацијата на канабисот и признаваат дека се заинтересирани за размножување. „Знаеме дека ова е исклучително корисно растение кое има огромен економски потенцијал, а по катастрофата што ја претрпевме и штетата што ја претрпевме, ние сме подготвени да создадеме нешто што е неспоредливо. Сега, кога земјоделците во Цвелферија се во голема неволја, мислам дека голем број од нив ќе се преориентираат на одгледување на канабис, само треба да ја знаеме пресметката, кој е уделот и заработката, бидејќи, се разбира, ние сме заинтересирани за сè што е атрактивно и каде може да се заработи“ - вели Антун Голубовиќ, од Ѓуриќ. Гунијците веруваат дека тоа би било многу корисно ако некој е информиран и едуциран во детали за тоа. „Имаме информации дека конопот, освен како главна култура, може да се употреби и како претходна култура која ги штити полињата и ја чисти почвата од различни метали и пестициди, така што ние сме многу отворени и подготвени за нова култура на нашите полиња“ - вели Марко од Рајево Сеље. 


Во Черновци постоешенајголемата фабрика за волна. „Во последните денови е смешно и малку гротескно да ги слушаме приказните што сите добро ги познаваме – како ни е конопот потребен и корисен, бидејќи во времето кога бевме предупредени да го сториме тоа, никој не сакаше да нѐ слуша и самиот Кудељар исчезна заедно со технологијата за размножување и обработка на коноп. Да се подигне од пепел сега нешто што свесно е уништено за нас и денешните неразбирливи одлуки е исклучително тешко, бидејќи со текот на времето овој регион беше преориентиран на друг вид производство и одгледување на сточна храна. Сите знаеме дека за ова се потребни огромни инвестиции што можат да си дозволат само неколку, што го отежнува верувањето дека оваа активност ќе може да се ревитализира во оваа област, која исто така беше еден вид хрватски бренд за одгледување на лен и коноп“ – огорчено зборува Дорќич. 


Автор: Кате К.
Извор: Zeleno Zlato