Thursday, June 15, 2017

Молекуларниот биолог Д-р Боб Меламед на 24 јуни во Скопје ќе одговара на вашите прашања за канабисот!

Д-р Роберт Меламед
Професорот Д-р Боб, Роберт Меламед (Robert Melamede) од Колорадо е еден од најавените гости на претстојната јавна дебата за канабис, којашто ќе се одржи на 24 јуни во Градскиот парк во Скопје (на Школка) со почеток во 4:20 часот.

Според најавите, на настанот ќе учествуваат неколку еминетни доктори, професори и научници од странство. Дебата е промовирана под името „Коноп – 1.000 зошто, 1.001 затоа“, а е отворена за сите заинтересирани кои секојдневно користат, се лекуваат, препишуваат и произведуваат екстракти од канабис и се очекува слободно поставување на прашања и разрешување на секакви дилеми.

На настанот се најавени докторите: Пол Хорнби (Канада), Роберт Меламед (САД), Лумир Хануш (Израел), како и докторите Нико Беќароски, Милан Ристевски (директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје) и Аспазија Софијанова (директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје).

Роберт Меламед е доктор по молекуларна биологија и биохемија на Градскиот Универзитет во Њујорк. Признаен е како еден од водечките авторитети за терапевтска употреба на канабисот и тој е автор или ко-автор на голем број на дела, студии и научни трудови на различни научни теми. Тој е член на неколку научни комитети (Меѓународна асоцијација на Канабисот како лек, Научен советодавен одбор на Американците за безбеден пристап, „Sensible Colorado“, научен советник „Cannabis Therapeutics“).

Д-р Меламед исто така работи во редакцијата на Меѓународната асоцијација за консумација на канабисот како лек, како и на голем број други државни амбуланти и граѓански групи за застапување на пациентите. Д-р Боб има докторирано молекуларна биологија и биохемија на Градскиот Универзитет во Њујорк. Тој се пензионираше како претседател на биолошкото одделение на Универзитетот во Колорадо Спрингс во 2005 година, каде што продолжува да ги изучува и истражува канабиноидите, ракот и поправката на ДНК-то.


No comments:

Post a Comment